дома блог страница 3311

(Видео) Кој ќе седне на “железниот престол”: Пет сценарија како ќе се заврши “Game of Thrones”

Обожавателите ширум светот не престануваат да шпекулираат кој ќе седне на “Железниот престол”. Покрај најпопуларните “холивудски” теории дека Денерис или Џон ќе седнат на тронот, ви ги пренесуваме и оние теории кои се појавија на социјалните мрежи.

Што мислите вие?

Кој ќе завладее со Вестерос?

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

(Фото) Директорот на скопската Зоолошка со тешки навpeди за дијаспората поради Тамара

Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, преку статус на својот Фејсбук профил упати жестоки навpeди кон македонските иселеници и дијаспората, поради нивното негласање и бојкотирањето на нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, пишува Независен Весник.

Голем дел од дијаспората повикуваше да се бојкотира гласањето на Евровизија поради новото име Северна Македонија, а директорот на Зоолошката градина во Скопје преку Фејсбук им упати жестоки навреди.

Извор: kurir.mk

Се откажаа од скапата облека, на матура отидоа со маички имитација на кошула и вратоврска, а парите ги донираа

Наместо скапа облека, матурантите од Сообраќајното и електро училиштето, ученици на III-3 смер електроничари и електричари одлучиле вечерва на матурската забава да облечат црни маички со имитација на кошула и вратоврска, а парите со кои требало да купат костуми да ги донираат во хуманитарни цели.

18 момчиња денеска го завршија своето средно образование. Идејата е на Тарик медиќ, а ја прифатиле неговите колеги со ки поминал три години во училишните клупи.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Победа претрпи нова голеада: Вардар до врв ја наполни мрежата на црвено-белите

Победа претрпи уште една голеада на едно коло пред крајот на прволигашката сезона. Црвено-белите од Прилеп уште пред неколку кола се второлигаши за наредната сезона, а во последните кола ги претрпија и најтешките порази.

9:1 беше на дуелот против Ренова, а сега и 6:0 на гостувањето кај Вардар. Попзлатанов во два наврати и Мицевски и Колевски по еднаш стрелаа за 4:0 на полувремето за Вардар, а во второто полувреме за само 3 минути беше 6:0.

Попзлатанов го комплетираше хет-трикот на натпреварот, додека Фелипе стрелаше за понижувачки 6:0.

Oна што е интересно за овој натпревар е тоа дека Победа пристигна во Скопје со само три резервни фудбалери. Барем така стои во составот на веб страната “Rezultati.com”.

Во последното коло од Првата фудбалска лига, Победа и гостува на Македонија Ѓорче Петров.

Maкедонски пример во центарот на Загреб: Вози Ферари, а му застана за бензин и ги блокира трамваите (ВИДЕО)

Црвено Ферари го блокирало сообраќајот во Загреб откако автомобилот снемал гориво.

Поради тоа два трамваи и еден автобус не можеле да продолжат со својата траса. Машиновозачите биле нервозни чекајќи го возачот на Ферарито да дојде со кантичка со бензин.

Ова на македонски се нарекува класичен пример за “манга на батерии”…Вози Ферари, Порше или Џип, а купува бензин во шише од два литри…

(Видео) Глумеше бездомник во сите филмови: Се одлучи да ја скрати косата и брадата- погледнете како изгледа сега

Френки (65) е актер од Њујорк и со оваа професија се занимава неколку децении. Иако бил успешен, му здодеало да глуми само исти ликови.

Фризурата која ја има со децении ги поттикнувала режисерите да му даваат улога на бездомник.

Не е ни чудно што глумел само одреден тип на личности кога има вака долга коса и брада. Неговата тетка го охрабрувала за време на целата кариера, а токму таа го убедила да ја направи и оваа голема промена:

Филип и Христијан од Прилеп за еден ден извозија 235 километри на велосипеди – крајната цел е Босфор во Истанбул (ФОТО)

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски успешно ја поминаа првата етапа од нивниот подвиг, каде што со велосипеди треба да извозат 800 километри од Прилеп до Истанбул, или како што тие го нарекоа “Bike tour Bosphorus”.

Вчерашната етапа им беше долга 235 километри и како што велат, иако напорна, сепак мотивот бил голем да ја поминат.

„Стасавме во Митроуси, село на 15 километри до Серес. За прв ден извозивме 235 километри. Супер поминавме, не беше лесно, но мотивот е голем. Денеска времето беше жешко, 27 степени, но одлично ни оди засега. Вечерва ќе преспиеме во шатор, а утре со нови сили продолжуваме“, велат Христијан и Филип за порталот “Инфо Компас”.

Лупевска: На дијаспората треба да и биде забрането да гласа на избори – не гласаа за Тамара

За новинарката Снежана Лупевска Созен, Македонците од дијаспората се криви зошто Тамара не победила на Евровизија, и побара на дијаспората да и се забрани да гласа на избори.

“ДИК под итно да ги избрише оние од дијаспората од избирачкиот список!Ем пари ни трошат ем нејќат да дадат 10 евра да гласаат за Тамара!(секоја чест на исклучоците) Сепак #Proud сме ние овде”, напиша Лупевска на Фејсбук.

Гоца Тржан се налути: „Фала браќа Македонци на нулата”

Гоца Тржан се огласи на Твитер откако Македонија не и даде поени на Србија на Евросонг синоќа.

– Фала браќа Македонци на нулатам јас гордо гласав за Тамара, напиша таа.

Прилепските гимназијалци со прекрасен настап на Франкофонскиот театарски фестивал во Сараево

За првпат, театарска претстава од државава, учествуваше на фестивалот на средношколски франкофонски театар кој по повод Денот на Европа, на 9 и 10 мај, се одржа во Мостар, Босна и Херцеговина. Меѓу 9 –те театарски групи од средни училишта од пет балкански држави, официјален претставник од нашата држава беше театарската група од Гимназијата “Мирче Ацев”.

Темата на фестивалот, кој имаше ревијален карактер беше „Европа ја слави културната и јазичната разновидност” во организација на Францускиот институт од Сараево со огранокот од градот Мостар раководен од Јасмина Звониќ.

Театарските претстави на учениците беа прикажувани во два дена. Првиот ден, петта по ред беше гимназиска претстава „Желбите на Демократија”, од швајцарската авторка Емануел Дел Пиан, една од претставите од “10 сур 10”, на Драмедукасион – Интенационалниот центар за Франкофонски театар во Полска.

Десетте прилепски гимназијалци имаа успешен настап за кој добија честитки и дипломи од францускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Гијом Русон.

Театарската група ја сочинуваа: Марија Ацеска, Димитар Шопески, Веселина Јованоска, Наум Ѓорѓиески, Лилјана Јованоска, Николче Јакимоски, Ненад Смилески, Андријана Лимбевска, Тамара Тасеска и Ведрана Петреска. Ментор беше професорката по француски јазик Мирјана Бошковска, како режисер и раководител на проектот.

Во подготовката и реализацијата на претставата беа вклучени професорот по историја Николче Богданоски, кој е автор на музиката, одговорен за сценографијата, дизајнот на светлото и организациско-техничките подготовки и проф. Александар Џинго, одговорен за шминката, костимографијата и сценографијата.

Сите фази на подготовката и реализацијата на претставата беа поддржани од директорот на Гимназијата, Димче Настоски.