дома блог страница 3310

Oд евровизиската сцена директно на матура: Еве како изгледаше Антониа (ФОТО)

Девојката со ангелски глас која стана позната по нејзиното учество во Пинкови ѕвездички, Антониа Гиговска, еден од придружните вокали на Тамара Тодевска на Евросонг 2019, вчера славеше матура.

Таа не пристигна на скопскиот аеродром заедно со останатите од тимот на Тамара, туку вчера наутро заминала на аеродром за да се подготви за матурската забава. Тоа го кажа и Тамара по слетувањето, честитајќи и на Антонија затворање на едно погавје од нејзиното образование.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Во недела, 26 мај 2019, со почеток од 20.00 часот, ќе се одигра новата претстава „АРАПСКА НОЌ“, во режија на Зоја Бузалковска.

Влезници на билетарницата од театарот. Резервации на 076 442 378

Денеска е важен празник за христијаните- ова треба да го знаат сите верници во Бога

Денес се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота.

Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес.

Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.

ЧУДATА 3А СВETОТО МЕСТО ОСТРОГ, НЕ ПPEСТАНУВААТ: Таткото го ocтавил четвртото дете на пруга, а потоа се случило чyдo!

Манастирот Острог е свето место за кое може да се слушнат многубројни чудни приказни за лekување на бoлнитe. Токму таква е и приказната за едно девојче, кое пpoгледало после посетата на Острог.

Таа е родена 1960 година, како четврто, непocакувано дете. Таткото ја ocтавил на пруга, сакајќи да ympe. Меѓутоа еден добар човек го слушнал нејзиниот плaч и ја спacил. Заедно со сопругата го посвoилe оставеното девојче.

Сопружниците биле пресреќни со приновата, со оглед на тоа што нe можeле да имаат деца. Ја одгледале со многу љубов, трпение и пожpтвyваност. После два месеци забележале дека има пpoблем со видот. Контактирале лекap и нивните претпоставки се потврдиле.

Родителите ја воделе по разни лекapи, но, за нејзината болecт нeмaло лek. Потоа слушнале за манастирот Острог и решиле таму да побараат пoмoш.

Свештениците се молeлe над неа. Последната ноќ, девојчето сонувало ангел кој и рекол: „Дојди кон мене“.

Таа останала уште неколку дена во манастирот, а потоа почнала да гледа сенки и облици, за на крај целосно да пpoгледа!

Русин претвори ексклузивно бентли во тенк – погледнете што излезе (ВИДЕО)

Русите едноставно се заљубени во тенкови, и ова е доказ дека најрадикалните преработки доаѓаат од Русија. Некаде во Русија постои “Бентл Континентал GT”, кој едноставно е незапирлив.

Во видеото, видете како изгледаше сето тоа:

ФОТО: За матурантите Ангела и Дамјан аплаудира цел регион – Упатија силна порака (ФОТО)

Ангела Богојевиќ (18) и Дамјан Томиќ (19) деновиве се главна тема за јавноста ширум регионот, откако на социјалните мрежи ги објавија нивните фотографии од матура, па упатија силна порака дека сите сме исти и еднакви.

Дамјан кој што има мускулна дистрофија и е во инвалидска количка, облечен во преубаво одело на матурската вечер се појави со неговата другарка и и посвети неколку убави стихови, бааш онакви какви што беа убави и самите тие – принц и принцеза.

-Затоа што ти си принцеза од некој друг свет, рече за неа тој.

Тој за телеграф.рс додава дека ова никој не треба да го свати како сожалување, туку како поддршка.

-Најпрвин мислеше дека тоа е голема обврска и дека не може да се изведе, но јас сепак го направив тоа. Неговото воодушевување и воозбуденост ме исполнија и се потрудив да му биде една од најубавите вечери. Искрено не очекував толкава голема поддршка и медиумска покриеност од сите страни, дури во едни моменти ми беше и непријатно, раскажува Ангела, другарката на Дамјан.

Неделен хороскоп: Еве што ве очекува оваа работна недела, овој знак особено да внимава

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите.

Кариера

Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси, така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети.

Здравје

Не заборавете да се опуштите.

Рак 22.6-22.7

Љубов

Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа.

Кариера

Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете.

Здравје

Почнете да спортувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење.

Кариера

Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците.

Здравје

Најдете содржини што ви се допаѓаат.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот.

Кариера

Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место.

Здравје

Имајте трпение во секој аспект од животот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот.

Кариера

Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни.

Здравје

Внимавајте на квалитетот на исхраната.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро.

Кариера

Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата.

Здравје

Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе.

Кариера

Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење.

Здравје

Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома.

Кариера

Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи.

Здравје

Ќе истражувате се околу себе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Веројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба.

Кариера

Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални.

Здравје

Не може ништо да се постигне со сила.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист.

Кариера

Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача.

Здравје

Некои ќе уживаат со пријателите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината.

Кариера

Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе.

Здравје

Ќе ви недостига енергија. Штедете се.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани.

Кариера

Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина.

Здравје

Дефинирајте ги своите критериуми.

Вечерен поздрав од Прилеп: Убавина која грее срце и душа – црковен храм Св. Петка (ФОТО)

Црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп, зрачи со посебна убавина која ја грее душата и го гушка срцето.

Прилепчани се горди и имаат огромна почит кон овој храм, кој Прилеп го доби после 100 години од последната изградена црква.

Фото: “Дали Миле Талески ги видел новите базени во Прилеп или можеби ја чека метлата на 26-ти мај??”

Дождливото време деновиве им зададе огромни главоболки на граѓаните на делот од улицата “Андон Слабејко” во Прилеп.

Ова е само една од многуте улици кои мораат или да бидат целосно реконструирани, или итно да се поправат ударните дупки.

Граѓаните од оваа улица велат дека во вакви денови не можат да излезат од дома и слободно да се движат.

Неофицијално, како што дознаваме, за во недела 26 мај, посета на ОО СДСМ Прилеп има најавено Зоран Заев. Според тоа се поставува прашањето дали тогаш се очекува да “заигра” најавената метла??

Прилеп го има херојот на денот: Моторџија со стил! (ФОТО)

Во Прилеп забележан уникатен моторџија, со уникатна регистерска ознака.

Секоја чест за посебната декорација, која го прави овој човек возач со стил.