дома блог страница 3309

Ова е добитниот тикет кој на прилепчанец му донесе џип и 5.000 евра (ФОТО)

Maрјан Колчакоски од Прилеп беше најсреќен на наградната игра од “Моцарт Обложувалници”. Toj на последниот ден од наградната игра погоди најголема квота и ќе вози џип “Hyundai Tucson”.

На својот тикет уплатен за само 20 денари, Марјан погоди квота 11892,63 коефициент и покрај џипот освои добивка во висина од 303.265 денари.

„Се чувствувам одлично. Редовно играв и на крајот имав среќа да ја погодам најголемата квота и да го добијам џипот.“ – изјави Марјан Колчакоски, мајсторот кој ја погоди најголемата квота на натпреварот “ПОГОДИ ЈА НАЈГОЛЕМАТА КВОТА и освои Hyundai Tucson” од Моцарт обложувалници.

Погледнете за каква мајсторија станува збор:

Напнато во Охрид! Нанче на протестот за Алипашината џамија: “Не ни треба kpв, туку разум”

Михаил Трендафилов – Нанче од „Совест“ вели дека Охрид се топи, а тие ќе бидат запишани во историјата дека ја предале Македонија. Нанче рече дека тие сакале легален начин да се заврши работата, а не крв да падне.

На протестот протестираа жители на Охрид, кои даваа поддршка да се реши прашањето за Алипашината џамија. Протестот се одржа пред седиштето на Општина Охрид – објави порталот “Охрид 1”.

„Тие сакаат да ни стават нешто, за да кажат колку се големи. Овие се два голија. Секоја чест за ние што се собравме тука, а нечест за сите оние кои се кријат на Фејсбук и портали за да не ги сликаат. Нас крв не ни треба, туку разум и ум. Во Охрид сме 90 проценти христијани, а 10 муслимани. Тие раководат. 10 на 1 а тие се посилни. Тоа е затоа што и позиција и опозиција се борат кој повеќе да стави во џеб“, рече Нанче од Совест за џамијата.

Видео прилогот од протестот во Охрид погледнете го ТУКА

Изминатиот викенд санкционирани 143 возачи на подрачјето од СВР Битола: Забележани секаков вид на прекршоци

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, за време на викендот извршиле засилени сообраќајни контроли и притоа контролирани се 1284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, седумина не користеле сигурносен појас, а дозволената брзина ја надминале 95 возачи.

Под дејство на алкохол биле петмина возачи, а четворица возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Од сообраќај се исклучени 22 возила затоа што биле нерегистрирани.

Заеднички тренинг и меморандум за соработка меѓу џудо клубот “Бушидо”-Прилеп и џудо клубот”Кожувчанка”

Џудо клубот “Бушидо” вчера одржа заеднички тренинг со гостите од џудо клубот “Кожувчанка” од Кавадарци. Двата клуба потпишаа меморандум за соработка, односно збратимување на двата клуба.

Бушидо ги започна подготовките за Меѓународниот турнир во Велико Градиште, Србија, кој ќе се одржи на 8 и 9 јуни 2019 година.

ВМРО-ДПМНЕ: “Во една година второ пoнишување за Прилеп и прилепчани! СДСМ Прилеп пред одлука” (ВИДЕО)

Предавството кое Зоран Заев и СДСМ го извршија на државно ниво, сега неговите пулени го спроведуваат и на локално ниво. Имено, на седницата на Советот на општина Прилеп, која е закажана за среда, се предлага промена на Статутот на општината, каде зборовите “Република Македонија” ќе се заменат со “Република Северна Македонија” – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“После воведената двојазичност, ова е второ понижување на градот херој и генерации на борци кои потекнуваат од Прилеп. Сите тие се бореле за слобода и независност на една држава, а тоа е Република Македонија.
Никој од нив не познавал никаква Северна и не го положил животот за ваква обезличена држава и народ.

Илија Јованоски и Миле Талески, луѓето кои денес ја предводат општина Прилеп, добија мандат од граѓаните за ветените проекти, а не за промена на името и ставање дополнителен гнев врз граѓаните.

Довербата од прилепчани тие ја добија за изградба на затворен базен, за 20% пониски сметки за вода, за изградба на двете ветени обиколници, за нови градинки и училишта, за реконструкција на Старата чаршија, рекреативен центар кај вештачкото езеро, и така натаму.

Она што сега го спроведуваат е соучество во понижувањето на државата и граѓаните, кое никој нема да им го прости. Прилеп е град на горди луѓе и град кој секогаш знае да казни!

Ги прашуваме Јованоски и Талески, дали промената на името на општина Прилеп ќе придонесе за побрза гасификација на градот? Дали промената на името ќе донесе нови фабрики во индустриските зони Прилеп 1 и 2 и индустриската зона кај Алинци? Дали со додавањето на “Северна” ќе се решиме од бројниот непотизам во институциите?

Почитувани,

Веќе е јасно зошто овие луѓе се донесени на функција и која е нивната задача и цел. Во нивниот мандат и нивниот бележник на активности има само едно, а тоа е поништување на се’ што е македонско.

За среќа, силата е во вас, граѓаните! Вие сте тие кои давате и земате и кои за овие предавства ги казнивте на претседателските избори. Деновите на овие луѓе се избројани и заедно со вас ќе ги поразиме уште посилно!”

Цената на нафтата оди нагоре: Од ноќеска нова цена на дизелот

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ на бензиските станици на „Макпетрол“ ќе се продаваат по повисоки цени. Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.

Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

-Законот е донесен, останува на Регулаторна комисија да ги одреди цените на горивата, доколку пак Регулаторната комисија не ги одреди, тогаш сме подготвени да ги одредиме, посочија од команијата при најавувањето дека од утре ќе бидфе пуштена во употреба реновираната бензиска станица на влезот во Куманово.

Од „Макпетрол“ најавија дека ќе ги модернизираат и останатите станици во државата.

Тамара: Имавме 100.000 евра на располагање, ни беше многу тешко да обезбедиме се’

Maкедонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, вчеравечер беше пречекана со овации на скопскиот аеродром од каде што веднаш се упати во “1TВ” каде што имаше отворено студио во нејзина чест и се дискутираше на тема Евровизија.

Пејачката околу 12 часот и 30 минути влезе во студиото, а на врата беше пречекана од сопственикот на телевизијата кој и подари 10 илјади евра за да започне со интернационална кариера.

Инаку во рамки на отвореното студио Тамара најпрвин се заблагодари на цела македонска јавност за поддршката, а во еден момент откри и колку изнесувал нејзиниот буџет за Евровизија.

Луѓе, ние имавме се на се 100 илјади евра, од кои 34.000 дадовме за учество. Ни останаа околу 60 и нешто и со тие пари требаше да обезбедиме се. Ни беше многу тешко, откри Тамара која заврши на осмата позицијата на Евровизија.

Извор: “Лидер”

(Видео) ИМА САМО 12 ГОДИНИ, А ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ: За роденден си купи BMW вредно над 150.000 евра!

Се вика Натанана Санунрат и работи како блогерка за убавина, а првото нејзино видео кое беше објавено на YouTube го сними на само 4 години.

Ја следат над 292.000 корисници на споменатата видео платфopма, а нејзините видео снимки имаат речиси 11 милиони прегледи. Овие бројки се гратис влезница за малата „јутјуберка“ за некои од најпрестижните модни настани на светот, како Лондонската недела на модата во 2018 година.

„Се шминкам секој ден од мојата четврта година, па едноставно почнав да снимам видеа и да ги објавувам на социјалните мрежи“, вели Натанана за Daily Mail.

Сепак, најмногу внимание и следбеници привлече кога за својот неодамнешен 12. роденден си се почести со ново BMW 7, вредно над 150.000 евра. Таа е премлада за да има возачка дозвола, а не е ни доволно висока за да ги достигне педалите од возилото, па новиот автомобил ќе го возат нејзините родители кои се и нејзина најголема поддршка во нејзината „работа“.

„Горди сме на неа и на тоа што со својата работа успеа да си купи автомобил, а ние засега ќе го возиме за да ја носиме на разните манифестации и настани на кои ја канат. Мислам дека нејзиниот прв вистински автомобил, оној кој таа ќе може да го вози, ќе биде Porsche“, вели нејзината мајка Натча.

“Собранието дускутираше за казната на една прилепска голема фирма”

Драган Цуклев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара на денешната седница, точката 21 од дневен ред за заштита на конкуренција да се симне, бидејќи комисијата за заштита на конкуренција е надлежна за спроведување на законот за заштита на конкуренција и со таа цел врши спречување на сите облици за санкционирање на сите облици на нарушена конкуренција.

Минатата година имаше обид да се прикрие кога беше разгледуван годишниот извештај на комисијата за заштита на конкуренција да се прикрие енормното намалување на изречената глоба од два 2.700.000 евра на 70.000 евра, појасни Цуклев.

На барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се добие сета документација во врска со овој случај, во смисол судска одлука. Но им беше одговорено дека ќе го добијат со извештајот за 2018 година кој ќе биде разгледуван 2019 година. Годинава конечно разгледаната глоба од 70.000 евра претставува 97% намалување на првично изречената глоба, ја има во годишниот извештај меѓутоа само како решение кое потполно исто и се повикува на истите ставови и точки, членови од законот за заштита од конкуренцијата како и првично изречената глоба од 2.700.000 евра, истакна Цуклев при што додаде дека на веб страната нема ниту никакви податоци и сето тоа е закочена година ипол.

Цуклев се обрати до пратениците ако сакаат ова Собрание да има увид во работата на комисијата како и за оваа комисија и законот повторно да почне да се разгледува во комисијата, а да се тргне од дневен ред од собранието.

Прилепчанец ќе вози џип од “Моцарт”: На последниот ден од нагpaднaта игра Марјан погоди нajгoлeма квoтa

Maрјан Колчакоски од Прилеп беше најсреќен на наградната игра од “Моцарт Обложувалници”. Toj на последниот ден од наградната игра погоди најголема квота и ќе вози џип “Hyundai Tucson”.

На својот тикет уплатен за само 20 денари, Марјан погоди квота 11892,63 коефициент и покрај џипот освои добивка во висина од 303.265 денари.

Секоја чест за најновиот мајстор од Прилеп!

Ова е добитниот тикет кој на Марјан му донесе “Hyundai Tucson”