дома блог страница 3308

Повторно поскапеа горивата, ова се новите цени

„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на „Макпетрол“ АД Скопје, а ќе се применуваат од 00:01 часот на 21.5.2019 година и тоа:

– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Поскапувањето е дојдено поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Цената на дериватите се пресметува врз основа на цената на нафтата на светските берзи, а не како досега врз основа на прозводната цена која ја даваше ОКТА. Ќе биде вкалкулиран курсот на доларот и трошоците на трговците, со пресметана маржа.

„Трошокот за транспорт од местото каде што се купува до складовите каде што ја складираат исто така ќе се земе во предвид, потоа ќе се земе во предвид и маржата којашто треба да ја имаат и трговците и на големо и што продаваат во малопродажба, а исто така ќе ја земеме во предвид и транспортот од складовите на трговците до бензиските станици“, рече Марко Бислимовски, претседател на регулаторна комисија за енергетика.

Првиот човек на Макпетрол Андреа Јосифовски пак вели дека не е проблем трговците да се снајдат во овој вакуум простор на пазарот без нова методологија. Тие ќе можат да си одредат цени кои ќе важат додека не се донесе новата пресметка од Регулаторна. Вели дека според движењето на цените на нафтата на светските ебрзи од понеделник може да има намалување на цените на бензините за половина денар и зголемување кај дизелот за исто толку.

Сообраќајна нecpeќа во прилепско: Со автомобил излетал во одводен канал

На 20.05.2019 година на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од село Сенокос, прилепско, изгубило контpoла и излетало во одводниот канал.

Д.В. се здобил со тeшkи телecни повpeди и бил пренесен во болницaTa во Прилеп, каде му била уkaжана лekapcka помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Поранешната голманка на Вардар се сврши со својата девојка

Поранешната голманката на Вардар, Бразилката Маиса Песоа ја побара за жена својата девојка Никита Рамоа. Таа објави слика од дијамантскиот свршенички прстен на Инстаграм и се пофали дека Никита „рекла ДА“. Слика од веридбата на својот инстаграм-профил објави и Никита.

Секоја чест! За СТИНГ сме само МАКЕДОНИЈА! (ВИДЕО)

За разлика од голем број македонски јавни личности, музичари, пејачи кои го прифаќаат терминот “Северна” или пејат под тоа име светската музичка легенда Стинг не поздравува само под името Македонија.

Тој го најави концертот кој ќе се одржи на 2 јуни на националната арена “Филип Втори” или по ново “Тоше Проески” во Скопје.

Временска прогноза до крајот на месецот – не очекуваaт постојани промени со времето

Остануваат уште 11 дена до крајот на месецот, а според прогнозата на Accu Weather нема да имаме многу сончеви денови до крајот на месецов. Како што можеме да забележиме, уште во четврток и петок се очекуваат врнежи и грмежи. Метеоролозите најавија променливо време до крајот на јуни.

Се подготвувате да одите на море – ова се цените за кафе, храна и лежалка во Хрватска, Црна Гора и Грција

Летото пристигнува и пред почетокот на сеозната главно прашање на македонските туристи кои планираат одмор им е освен цената на хотелите и апартманите, колку чинат лежалките, чадорите за сонце, кафето, гирото и слично.

Цените во Грција и Црна Гора, засега се останати исти, но Хрватска значително ги зголемила цените.

-Цената за престој на хрватското крајбрежје е зголемена помеѓу 5 и 15 отсто во зависност од местото за кое туристите ќе се одлучат. За изнајмување две лежалки со чадор за сонце потребно е да се издвојат меѓу 10 и 20 евра – велат од една туристичка агенција која организира ангажмани за Курир.рс

Цената на храната останала слична како и минатото лето. За омилените слатки на плажа е потребно да се издвојат 2,5 и 3 евра колку што чини палачинка, односно 1,5 евра за крофна.

Според постоечките податоци топка сладоле ќе се продава за 1 евро, додека за овошен или газиран сок од половина литар потребни се 2 евра. Чај или еспресо од приморските локали ќе платите 1 евро.

Цените за брза храна од киоск се 0,80 центи за пециво, до 3 евра колку што треба да се издвои за парче пица или плескавица. Оброк во ресторан ќе ве чини најмалку 10 евра, а доколку сакате малку побогат ручек за тоа е неопходно да се издвојат и до 100 евра.

Во Грција нема поголеми поскапувања и цените на храната и пијалоците се скоро исти како и минатата година. За омилениот грчки специјалитет гирото, ќе биде неопходно да се издвојат 2,5 евра. Доколку се одлучите да јадете во ресторан потребни ќе ви бидат од 6 до 8 евра по лице и тоа за најевтината варијанта.

Кафето во грчките локали е од 1 па до 4 евра во зависност за кое кафе и каде ќе се одлучите да го испиете. За пиво е потребно да се издвојат меѓу 3 и 5 евра. Шише вода од половина литар чини 50 центи, а од литар и литар и половина од 1,5 до 1,7 евра.

Цените на лежалките на Халкидики се движат по лице од 5 до 15 евра, но на летувалиштата на олимпискиот регион е значително поевтино. Доволно е да нарачате кафе и ќе добиете лежалка.

Цените во Црна Гора се исти како и минатата година. Цена на лажелка на плажа чини исто, односно за една е потребно да се издвојат од 5 до 15 евра, на најфрекфентните плажи.

За популарната брза храна во екот на сезона е потребно да издвоите меѓу 1 евро и 5 евра во зависност од популарноста на летувалиштето, додека цената на кафето е меѓу 0,80 и 1,80 евра. Цените во рестораните се останати исти, односно за ручек е потребно да се издвојат меѓу 4 и 40 евра по лице во зависност од летувалиштето и нарачаната храна.

Се повеќе граѓани се одлучуваат да летуваат во Турција, но и цените во таа земја оваа година се зголемени.

“ТИК-ТАК за Миле Талески … Дали останаа уште неколку дена до “метлата”??”

Резултатите од претседателските избори и бројот на гласови кои ги освоија кандидатите на политичките партии, ја зовреа ситуацијата во Прилеп.

Прилеп е една од општините каде СДСМ забележа најголем пад во гласовите, во однос на она што како поддршка и бројка го доби на локалните избори во окотомври 2017 година.

За Илија Јованоски на локалните избори во 2017 година гласаа 23.607 гласачи, или 51,07% од гласачите, додека Ристески тогаш ја доби довербата од 20.917, или 45,25% од гласачите.

Според ова, за година и пол после локалните избори, СДСМ во Прилеп загубил 5.040 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ го задржал речиси истото ниво на доверба кај гласачите.

Според реакциите пак на социјалните мрежи и чаршиските муабети кои кружат низ градот, како главен виновник за ваквиот резултат и пад е претседателот на Општинската Организација на СДСМ Прилеп и Претседател на Советот на општината, Миле Талески.

Taков резултат покажа и нашата анкета која ја спроведовме помеѓу нашите читатели. На прашањето, “Кој е виновен за катастрофата на СДСМ во Прилеп?”, 52% од оние кои гласале го посочиле токму Миле Талески, 21% сметаат дека за тоа е виновен градоначалникот Илија Јованоски, 15% гласале за министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а 12% сметаат дека никој од наведените не виновен.

Според неофицијални информации, премиерот Зоран Заев, на 26 мај доаѓа во Прилеп. Па дали ќе заигра најавената “метла” и од кого ќе започне, останува да видиме.

Семејството Јованоски од Прилеп има страшен победнички менталитет: После синот минатата недела, сега и таткото на подиум (ФОТО)

И во третото коло од Европската лига во параглајдерство, кое викендов се одржа во Маврово, повторно развиорено македонското знаме.

Прилеп и Македонија треба да знаат дека имаат спортисти од европски и светски карактер. Ако минатиот викенд, Борјан Јованоски го развиори знамето, освојувајќи го второто место во Албанија, сега неговиот татко, Миле Јованоски, го освои третото место во Маврово.

Имено, членот на параглајдинг клубот “Делта”, го освои третото место до 17цм., а прво и второ место беа Словенците Матијаж Слуга со 11цм. и Јака Горенц со 16цм.

Не заостанува ниту Борјан, кој овој викенд стигна до високото шесто место во конкуренција од над 40 пилоти од Европа.

Покрај тоа, тимот на Миле и Борјан Јованоски, заедно со Чехот, Камил Koнечни, го освои второто место во екипна конкуренција.

Наредното коло од Евро лигата е во Романија, а ќе се одржи од 6-9 јуни.

Нема предавање! Среќата не ги посака за титула, но ППК “Младост 96” покажа како се напредува и како се игра врвен пинг понг (ФОТО)

Во саботата во Прилеп помеѓу Младост96 и Вардар, се одиграа вториот и третиот (мајсторка), полуфинален Плеј офф натпревар од Супер лигата во пинг-понг на Македонија.

Најнапред од 11,30 часот во пингпонгарската сала на Соколана се одигра вториот натпревар, каде Младост96 извојува голема победа со 4-3.

Тоа даде надеж дека екипата на Младост96 ќе направи подвиг и во третиот натпревар и ќе се пласира во големото и градско финале. Во првата партија Рикалоски му даде голем отпор на најдобриот играч во Македонија Кристијан Станојкоски.

При 1-1 во сетови Рикалоски имаше неколку сет топки, но искуството на Станојковски го донесе до добиен сет и на ист начин и во четвртиот на разлика за победа на Станојкоски.

Во наредните два, победи извојуваа и Лашкоски и Костовски, па одлучувачки беше натпреварот во двојки каде Лашкоски и Костовски по голема борба го добијаа со 3-2 и водство од 3-1 во натпреварот.

На крај победа извојува Костовски со Кировски за конечни 4-3. Со оваа победа Младост96 се избори за мајсторка која се одигра истиот ден во вечерните часови. Тука ситуацијата се промени, играчите уморни од првиот натпревар и преголемата желба за победа не го дадоа својот максимум и го загубија натпреварот со 4-1.

Еден поен за мЛадост96 извојува Лашкоски. Со овој пораз Младост96 не успеа да влези во финалето, и во меѓусебен дуел со другиот прилепски клуб Младост, да се бори за титулата во пингпонгарската лига.

Сепак, ова е одличен успех за тимот кој работи на долги патеки и наредната сезона со овој тим Младост96 повторно ќе атакува на титулата. Костовски, Рикалоски, Лашкоски се хероите на клубот кои освоија многу титули оваа сезона.

Прилепчаните успешно ја совладаа и третата етапа: Стигнаа до Ксанти, а Истанбул им се насмевнува! Браво МОМЦИ! (ФОТО)

Филип и Христијан, прилепчаните кои тргнаа на велосипедска авантура до Босфорот во Истанбул, успешно поминаа уште една етапа од рутата долга 800 километри.

Тие денеска стигнаа во грчкиот град Ксанти, а турата ја продолжуваат кон Александрополис, Ипсала и Текирдаг во Турција.

Филип и Христијан ги борди цел Прилеп и цела Македонија, а честитки за храбриот потег пристигнуваат од секаде.

Ние им упатуваме желби да издржат во нивната авантура и да ни се вратат здрави, живи и среќни!