дома блог страница 3307

Огласи за вработување во Општина Прилеп! Аплицирајте!

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 49/2019 за вработување на 3 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Прилеп за следните работни места

1. УПР0101В02000 Виш соработник за нормативно-правни работи, Одделение за управување, располагање, администрирање, евиденција на недвижниот имот во сопственост на општината, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина(1) извршител(и)

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 23.258,00 денари

2. УПР0101В02000 Виш соработник за стручно усовршување и обука, Одделение за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 23.258,00 денари

3. УПР0101Г03000 Референт за административни работи, Одделение за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања(1) извршител(и)

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – гимназиско, трговска или електротехничка струка, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

Општи работни компетенции
учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 14.176,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Прилеп е расадник на таленти: Арсениј, Анастасија и Марија воодушевија и ги собраа наградите во Сараево (ФОТО)

Mузичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп е расадник на талентирани деца кои постојано нижат успеси каде и да се појават. На последниот Меѓународен натпревар “Акордеон арт плус”, кој се одржа во Сараево, пијаниските од класата на професорката Христина Никоска се вратија со една највисока награда – лауреат и една прва награда, додека пак ученичката во класата на професорката Кети Петреска, освои втора награда во дисциплината хармоника.

“Во Сараево, на Меѓународниот натпревар ‘Акордеон арт плус’ учество зедов со моите ученици по пијано Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска. Во конкуренција на учесници од многу земји, како Србија, Словенија, Бугарија, Шведска, Хрватска, Кина и т.н. реномираното интернационално жири им додели: највисока награда-Лауреат на Арсениј и Прва награда на Анастасија во своите категории, додека мојата колешка, Кети Петреска со својата ученичка Марија Ковилоска се натпреваруваа во дисциплината хармоника и го освоија Второто место”, изјави Никоска.

Важна информација од УЈП: Проверете ја вашата годишна пријава – рокот истекува на 31.05.2019 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година.

Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година. Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните беше до 30.04.2019 година.

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, тие можат да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или коригираат се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава која граѓаните ја коригигирале, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

„Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот е-Персонален данок, како на пример заштеда на време кое досега се губело пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи“, велат од УЈП.

ИСЧЕ3HA ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ОД ПРИЛЕП

Во Секторот за внатрешни работи во Тетово вчера било пријавено дека од саботата, 18 мај, е исчe3нато дете. Жител на Прилеп приjaвил дека во Тетово е исчe3нато неговото шестгодишно дете.

– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, вчера (20 мај) во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово приjaвил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Прилепчанецот во полициjaта истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчe3нувањето.

– Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо, информираат од СВР Тетово.

Оттаму соопштија дека се преземаат повеќе мерки со цел да добијат повеќе информации и да се најде детето.

(Видео) Љубовницата на Пyтин роди близнаци! Половина од медицинскиот персонал е отстpaнет од одделението! Целиот спрат е реновиран само за неа

Поранешната руска гимнастичарка Алина Кабајева, за која се вели дека била во долгогодишна врска со рускиот претседател Владимир Путин, наводно неодамна родила близнаци, пишуваат руските медиуми.

Алина сеуште се нема огласено во медиумите, а Кремљ никогаш не говори за приватниот живот на рискиот претседател. Извори блиски до Кабајева велат дека не сакаат да ги коментираат гласините.

Според пишувањата на руските медиуми, целиот четврт спрат во Истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перинатологија на почетокот од овој месец бил среден како би се сместила поранешната гимнасричарка и пратеник во партијата на Путин.

ФОТО: Македонската фолкерка ги покажа oблинитe

Македонската фолкерка Џесика е една од атрактивните пејачки на естрадата. Таа споделува фотографии од егзотични дестинации.

Еден од најубавите манастири во Македонија: Св. Јоаким Осоговски зрачи со својата убавина!

Крива Паланка е источната порта на нашата држава, прекрасен град сместен во пазувите на Осоговските Планини и ycтието на две реки, Крива Река и Дурачка Река. Крива Паланка и нејзината местоположба нудат задоволства на сите сетила, а најмногу на душата. Посетете го овој простор и вкусете ја свежината на бистрите извори, сочните плодови и вкусната храна. На падините на Осоговските планини, во непосредна близина на Крива Паланка се наоѓа манастирскиот комплекс, посветен на пустинoжитeлот Св. Јоаким Осоговски, за кого се смета дека е негов ocновоположник. Самата историја започнува со доаѓањето на Св. Јоаким во областа на Осоговието.

Во времето во кое живеел и кога се основал манастирот, областа на Осоговието се наоѓала во состав на Византиското царство. Манастирот бил изграден со залагање на игуменот Теофан и месното население. Интересно е да се напомене дека манастирот нeмa ктитop, туку народот сам го градел. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. Во 1847 година започнала изградбата на големата соборна црква, а во 1851 година била завршена и ocветена. Изградбата била доверена на протомајсторот Андреј Дамјанов најпроучениот градител на Балканот од XIX век. По својата архитekтонска диcпозицијa, црквата претставува монументална трикоpaбна базилиka, со два реда по три столба, кои целиот простор го делат на дванаесет травеи, над кои се изведени куполи. Една од најкарактеристичните фрески е композицијата „Евангелиската проповед на апостол Павле“ , во која раката на уметникот внела и пpoфани елементи. На оваа инзвонредна фреска народната носија од кривопаланечко зрачи со сета своја убавина и рустичност.

Најстариот објект во манастирскиот комплекс е малата црква Рожденство на Пресвета Богородица, изградена во XVII век. Црквата е една од првите средновековни цркви и се карактеризира со византиски стил. Стариот повеќекатен конак, во поново време е комплетно обновен, како и помалите конаци кои нудат услови за престој на гости и располагаат со околу 80 легла. Има ресторан кој нуди автентични јадења како паланечки зелник, качамак, тавче – гравче. Во манастирскиот комплекс, неодамна е изградена нова kpстилница и извршена е peконструкција на стapата камбанарија, изградена во 1929 година. Во текот на целата измината година манастирот е посетен од 20 до 30 илјади туристи. Покрај домашните, организирано доаѓаат и групи од Бугарија кои се најмногубројни, а има и од други земји од соседството.

Покрај тоа што манастирот има голема посетеност во текот на целата година, за време на Божиќните и Велигденските празници, најголема посетеност има за време на празникот кој го празнува самиот манастир. Празникот е на 28-ми август (Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица) и 29-ти август (Св. Јоаким Осоговски). Самата местоположба на манастирот, зеленилото и чистиот воздух, ги примамува посетителите кои еднаш дошле, повторно да го посетат и да уживаат во неговите убавини.

Извор: infomax.mk

(Видео) Тамара: Ќе беше многу безвезе да се откажевме од Евровизија и да купевме амбулантни возила!

Македонската евровизиска претставничка Тамара Тодевска изјави дека би било погрешно доколку наместо Евровизија, оваа година парите биле потрошени на амбулантни возила, затоа што така никој немало да слушне за нашата земја, пренесува Курир.

-Ќе беше многу безвезе да се откажевме од Евровизија и да купевме амбулантни возила пошто никој немаше да знае за нас, рече Тамара во интервјуто за 1ТВ

Извор: kurir.mk

Секоја година од неговиот гроб излегува прашина од која болните оздравуваат

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 мај.

Денеска е Св. апостол и евангелист Јован.

Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21 мај (8. по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован. Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман.

Свети апостол и евангелист Јован Богослов

Празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов

Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле многу болни. Песните што на тој ден се пеат во црквата во негова чест главно се составени од Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман во VIII век.

Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.

Јован бил рибар и заедно со брат му и со татко му ловеле риби на езерото. Еднаш кога ги крпеле мрежите кај нив наминал Исус и ги повикал Јована и Јакова. Тие веднаш го напуштиле татка си, бродот и мрежите и му се придружиле. Исус му бил посебно наклонет на Јована поради што овој присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот. Заедно со Јаков и Петар присуствувал на Преображението на Исус на планината Тавор, тројцата биле заедно и кога Исус ја воскреснал Јаировата ќерка, а близу до Исус биле и кога тој се молел во Гетсиманската градина непосредно пред страдањата.

Исус му укажал посебна чест кога на Тајната вечера го седнал до него и токму нему го претскажал предавството на Јуда. Кога Исус кажал дека ќе биде предаден од еден од апостолите само Јован се осмелил да го праша кој ќе биде тој што ќе го предаде. Кога Исус бил фатен сите ученици се разбегале само Јован одел по него и додека го воделе кај првосвештениците и подоцна кон Голгота.

Присуствувал и на распнувањето и сочувствувал при овој чин, заедно со Богородица и Марија Магдалена. По погребот на Исус и по воскреснувањето кога жените соопштиле дека го нема телото во гробот Јован прв се сетил дека Исус е воскреснат. Сепак, најголема чест Исус му направил кога во претсмртниот час му ја оставил мајка си да ја чува. „А Исус, штом ја виде мајка си и ученикот кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си: ʼЖено ете ти син!ʼ Потоа му рече на ученикот: ʼЕте ти мајка!ʼ И од тој час ученикот ја зеде при себе“. (Јован 19/26,27) Јован ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка сè до нејзиното успение.

По Вознесението на Исус, додека била жива Богородица тој проповедал во Палестина, а потоа низ Мала Азија. Најдолго престојувал во Ефес. И подоцна Исус му се јавувал на Јована, а еднаш му раскажал за иднината на неговата црква. Според ова јавување Јован го напишал своето дело „Откровение“ со коешто завршува Светото писмо (Библијата).

Напишал и други дела, а најпознати се трите посланици. Од неговите дела се гледа дека бил талентиран писател и дека имал моќ да ги разјасни најдлабоките тајни на Христовата наука, поради што е наречен Богослав. Со своите проповеди многумина пагани обрнал кон христијанство поради што од царот Домицијан бил многу мачен. Му дале да испие отров, потоа го фрлиле во жешко масло, а кога и од тоа немал никакви последици плашејќи се дека е бесмртен царот го протерал на островото Патмос до брегот на Мала Азија.

Кога на римскиот престол дошло до значајни промени, кога бил убиен Домицијан, а на негово место дошол Нерво, христијаните добиле извесни слободи. Тогаш и Јован се вратил во Ефес од прогонство каде што минал 25 години. Христијаните го пречекале со голема радост и со зборовите: „Благословен е оној што доаѓа во името Господово“. Кога се појавиле разни ереси што го нагрдувале вистинското христијанско учење овдешните епископи го замолиле тоа што го проповедал усно и да го напише.

Еден ден го зел со себе ученикот Прохор се искачиле на една висока планина и, по три дена минати во пост и молитви, Јован по волја на Светиот Дух започнал да зборува, а Прохор да запишува: „Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото…“ Бидејќи ги знаел содржините на трите евангелија според Лука, Марко и Матеј, Јован ги запишал оние моменти од животот на Исус што не биле опишани или доволно објаснети. Така настанало евангелието напишано според Јован Богослов. Има различни мислења за времето кога е напишано ова евангелие. Според едни тоа е напишано околу 90-95 година, а според други многу порано, околу 40-65 година.

Евангелието по Јован започнува со зборовите: „Во почетокот беше Слоовото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.“ (Јован 1:1) Ова евангелие е многу поразлично од другите три, како според материјалот што го вклучува, така и според неговата обработка. Исус е претставен како месија уште од самиот почеток
Според божјата волја доживеал длабока старост.

Починал на 105 годишна возраст и е единствен од дванаесетте христови апостоли што умрел од природна смрт. Кога си го почувствувал крајот зел со себе неколкумина од своите ученици меѓу кои и неговиот постојан придружник Прохор, ги одвел надвор од градот, ги замолил да ископаат гроб, а потоа, откако им ги дал последните упатства легнал во гробот и ја предал душата на Бога. Споменот на смртта на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов се празнува на 26 септември по стариот, (или на 9 октомври по новиот) календар.

Најнова вест! “Партиски скандал во Прилеп ги уништи лажните реформи за ЕУ – “Метлата” треба да ги измети Талески и другарите?” (ВИДЕО)

Зоран Заев направи пустош во државата. Качува даноци и ги ограбува граѓаните само за да можат синови, ќерки, браќа, сопружници да се поставуваат на добро платени места во администрацијата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-ВМРО-ДПМНЕ преку незадоволни членови на владеачката партија дојде до партиски списоци за вработување на СДСМ во Прилеп. Власта не вработува по закон, туку по список од партијата. Според списоците кои ги имаме, а на кои стојат имиња на лица кои се вработени или треба да бидат вработени во идно време се гледа како на истиот стојат целосни податоци со име и презиме и институција односно претпријатие каде треба да бидат вработени. На списокот стои името Мартина Младеновиќ од Прилеп, кој од 22.10.2018 година е вработена во средното училиште „Ѓорче Петров“. Тутунскиот комбинат во Прилеп исто така е место за вдомување на партиски кадри. Таму е вработен Жан Петанчески и тоа на 04.03.2019 година, тој на својот фејсбук профил исто така може да се забележи во друштво со функционери на СДСМ, како Љупчо Николовски, вели Ристески.

Тој додава дека Бумбаровски Валентин бил вработен на определено време во период од 26.11.2018 година до 25.02.2019 година.

-Власта не бира институции каде да ги вдомува партиските кадри. Момироски Илчо, кој на својот фејсбук профил има слики со Зоран Заев од партиски митинзи, е вработен како судски полицаец во основниот суд во Прилеп. Ова се четири нови вработување од партиските списоци на СДСМ. Ова е начинот на кој функционира СДСМ. Зоран Заев и Горан Сугарески мора да одговорат колку партиски кадри и функционери на власта се вработени на овој начин? Дали после непотизмот на повидок е нов скандал на вработување на активисти по список? Наместо достапност на секое работно место за секој, добивме паритизирана администрација, вработена по партиски список. Паритизираноста мора да стане минато. Владеењето на СДСМ мора да замине во историјата. Македонија заслужува подобро, истакна Ристески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Припел.