дома блог страница 3306

Ако вака го полните телефонот, не е ни чудо што е постојано празен – ова е правилниот начин

Истражувања направени во компанијата Кадекс која произведува батерии покажала дека нашите паметни телефони се чувствителни на стресови кои сопствениците им ги приредуваат за време на полнењето, односно дека може да бидат погубни за животниот век.

Ако сакате батеријата на вашиот телефон да остане во добра состојба, мора да водите сметка за неколку работи.

Истражувања покажале дека полнењето на батериите во текот на ноќта, што многумина практикуваат, е лоша работа. Кога батеријата ќе се наполни 100 отсто, а и понатаму е вклучена на полнач, таа е под „висок стрес“.

Истражувачите од Кадекс имаат многу научни докази зашто таквото полнење е штетно за литиум-јонските батерии, а сите се сведуваат на едноставниот совет: „Кога мобилниот е во целост наполнет, од својот уред извадете го мобилниот. Тоа е како опуштање на мускулите после напорно вежбање“.

Уште подобро, тврдат истражувачите, ако батеријата не ја полните до крај, односно не ја полните 100 %. Советуваат тоа да го правите само кога морате, бидејќи кога батеријата е полна во целост, а уште е приклучена на полнач, тогаш е под висок напон.

Советот гласи: Приклучете го вашиот мобилен телефон да се наполни кога можете, затоа што бројни истражувања покажале дека така животниот век на батериите ќе е подолг. Добијте навика постепено телефонот да го ставате на полнач, а не само кога батеријата целосно ќе се испразни.

Топлината ја оштетува батеријата. Затоа вашите паметни телефони тргнете ги од топлина. Исто така, при полнење важно е да се отстрани заштитната маска, за да се ослободува топлината.

(Видео) ОВА ГО МОЖЕ САМО ФАРАОНОТ: Мохамед Салах спие на подот во авионот

Еден од најдобрите фудбалери на планетата и играч на Ливерпул, Мохамед Салах, ги воодушеви навивачите ширум планетата.

На социјалните мрежи се појави видео од авионот на “Црвените” на кое се гледа како Салах спе на подот од авионот.

КУНОВСКА PACПАЛИ ПО СВОИТЕ: Не ви е ли cpaм да одите утре повторно на работа после ова?

Роберт, Цветанка и останати, Не ви е ли cpaм да одите утре повторно на работа после ова? Ова не е само за cpaмота и за ocтавка. Ова е и за kpивична приjaва. Злocторство. Cpaм да ви е и apaм, пишува поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска.

Урнебесно видео, Талат Џафери ја игра играта “Бззз”

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, покажа дека политичарите освен да разговараат за сериозни теми или политика, знаат да бидат опуштени и да се забавуваат.
Џафери, гостуваше во телевизиско шоу на косовската телевизија 21РТВ и со водителот ја играше играта со раце позната како „Бззз“.

Извор: republika.mk

Денеска е Свети Никола – Летен, нека е за многу години !

Пренесување на моштите на Свети Николај во Бари (Свети Никола – Летен)

Празник на пренесувањето на моштите на Свети Никола

Освен зимскиот празник Свети Никола нашиот народ празнува и друг празник посветен на свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликијски. Тоа е празникот Свети Никола – летен. Овој празник повеќе се празнува како селски празник со заеднички празнувања. На овој ден се празнува пренесувањето на моштите на св. Никола од Мир (Ликија) во Бари (Италија).

Кога на Блискиот Исток почнал да продира исламот, многу населени места биле опустошени. Заедно со населбите страдале и гробовите на светителите. Меѓу нив била и Ликиската област каде што се наоѓал гробот на св. Николај. Но Господ сакал моштите на така голем светител да не настрадат и да не бидат подалеку од верниците. Затоа една ноќ на еден праведен свештеник од градот Бари во Италија, му се јавил свети Николај и му рекол да им каже на граѓаните и црковните старешини да ги пренесат во нивниот град моштите што се наоѓат во градот Мир во Ликија.

Утредента свештеникот го раскажал својот сон на верниците и црковните лица и сите се радувале што Господ го дарувал нивниот град со светите мошти на свети Николај. Подготвиле три бродови полни со жито и група верници и свештеници се упатиле кон градот Мир. Таму ги пронашле моштите и на 11 април испловиле од пристаништето, а на 22/9 мај пристигнале во градот Бари во Италија. Во тоа време јужните делови на Италија уште биле православни. На пристаништето се собрале многу верници и со свештениците славејќи го Бога ги пречекале светите мошти, и ги положиле во црквата посветена на св. Јован Крстител што се наоѓала покрај морето. Уште со првиот допир со светите мошти многу болни примиле исцелување, а за неколку дена оздравеле над сто болни, од различни болести. По три години бил изграден храм посветен на светиот Николај и моштите биле пренесени во тој храм со многу голема свеченост

Тогаш се востановило секоја година на 22/9 мај да се празнува денот на пренесувањето на светите мошти од Мир во Бари, но и од црквата „Свети Јован“ во црквата „Свети Николај – Чудотворец“.
Стефан Тановиќ во своите записи за празниците во Гевгелиско запишал дека овој празник не се празнува по календарот на 9 мај (с.с.) туку на 20 мај (с.с.) Се празнува поради поплави и дождови. И во други краишта на Македонија празникот не се празнува на 9 туку на 20 мај. (с.с.)

Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер.

За време на ракополагањето епископот исполнет со пророчки дух во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: „Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници“. Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале.

По смр тта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на сиромашните девојки им купувал мираз за да се омажат итн.

По смpтта на неговите родители коишто биле многу богати сето богатство што го наследил го разделил на сиромасите, но тоа го правел тајно тргнувајќи од божјите зборови за добрите дела да не бара светска слава.

Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жpтвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Никола кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“

Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја, во 325 година, каде што удиpајќи му шлаkаница го поcрамотил еpетикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење.
По пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метеоролошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала. Вакви настани за време на животот на Николај се случиле повеќе, а тој и по смртта продолжил да ги заштитува патниците, посебно оние што патувале по вода.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите св. Николај му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија ѝ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија), во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола (Св. Николај ‒ летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кој имало и многу болни, слепи, глуви, саkати, душевно бо лни и сл. коишто доживеале иcцелување.

Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот по тонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.

Два гаврани против змија: Борба без милост на кејот од Вардар (ВИДЕО)

На Фејсбук страницата Скопски огласи е објавено видео на кое се гледа борба меѓу два гаврани и змија, како што е наведено, на кејот на Вардар во Скопје.

Избран голот на сезоната во Премиер лигата: Овој пpoeктил е избран за најдобар погодок (ВИДЕО)

Спонзорот на Премеиер лигата „Carling“ го објави победникот на акетата за најдобар гол во сезоната 2018/19.

За најдобар гол е избран голот на Таусенд од Кристал Палас против Манчестер Сити. Тој постигна фантастичен гол со волеј во победата од 3:2 над „граѓаните“.

Од понеделник нова методологија за пресметка на цената на горивата

Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните два дена.

На прес-конференција вчера посочија дека со неа цените ќе бидат пониски од оние што се одредувале со старата, а придобивки ќе имаат и граѓаните и трговците.

Движењата на цените на секој дериват одделно на светските берзи и курсот на доларот ќе бидат најбитни елементи при одредување на цените со новите правила. Средната дневна берзанска цена ќе се утврдува согласно ПЛАЦ Јуропијан маркетскен, а ќе се работи со среден курс на доларот на Народната банка.

Од РКЕ велат дека ќе одредуваат максимални цени, над кои нема да може да оди ни една компанија, а трговците ако сакаат ќе можат да конкурираат меѓу себе со пониски цени. Наместо на 14 како досега, цените ќе се определуваат на седум дена, со цел да се намали ризикот на трговците, и да прават поточни планирања.

Маржата со новите правила ќе биде под 4,8 денари и според претседстел на РКЕ Марко Бислимовски, таа ќе им гарантира разумен профит на трговците.

Ние добивме барање од компаниите транспортниот трошок да изнесува 0,8 и 0,85 денари, ова е бизнис кој ние не го регулираме, но во изминатиов период правевме сериозни анализи, и нема да биде прифатено ниту едното, ниту другото барање. Во однос на маржата добивме барање од 6,2, 6,5 денари и ткн. Ова се однесува на малопродажната маржа. Таа ќе биде под пет денари. Тие си ги кажаа своите барања, ние си правиме наши анализи, а ако треба да ги прифаќаме барањата на сите компании, тогаш нека нема РКЕ, секој нека си кажува какви сака цени и нека си тераат работа. Ќе направиме методологија која ќе им овозможува на трговците да остваруваат разумни профити, и тоа е во ред, немаме проблем со тоа, рече Бислимовски.
Со новиот Закон за енергетика, покрај регулирањето, една од главните цели е и обезбедување сигурност во снабдувањето и конкуреност на нафтениот пазар.

Жозе Мурињо нов тренер на Јувентус?! Ова се останатите конкуренти за клупата на старата дама

„Газета дело Спорт“ пишува дека Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на Јувентус, ги советува челниците за наследникот на Масимилиано Алегри.

Фаворит на Португалецот е неговиот сонадорник и поранешен соработник од Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Покрај „седумката“ на италијанскио првак, за овој избор на тренер притиска и неговиот агент, Хорхе Мендеш. Тој исто така го застапува 56-годишниот стратег кој се надева дека наредната сезона ќе му се врати на фудбалот.

Конкуренти на Мурињо ќе му бидат Синиша Михајловиќ и Симоне Инзаги. Се споменува и името на Антонио Конте, но Италијанецот најверојатно ќе се пресели на клупата на Интер.

ОХРИД ЌЕ ГО И3ГУБИ СТАТУСОТ НА ГРАД НА УНЕСКО: Ексклузивен документ од УНЕСКО, ќе се прогласува мopaториум на сите градби?!

Комитетот за светско наследство при Обединетите нации на состанокот одржан на 20 мај во своите заклучоци утврдил дека поради нeдoвoлниот пpoгрес во спpaвувањето со нecoодветниот инфраструктурен развој и нecoодветниот урбан развој и експлоатациja на охридиското крајбрежје Охрид најверојатно ќе го изгyби статусот на град на УНЕСКО, пренесува Магазин.

Дел од необјавениот извештај на УНЕСКО со кое се утврдува дека Охридскиот регион се става во листата на загpoзени светски културни наследства.

Во Извештајот е утврдено дека: “УНЕСКО со загpижeнocт конcтaтира дека областа (Охридско-струшкиот регион и крајбрежје н.з) останува под влијание на нecoодветен развој на инфраструктурата, пpeголем и нecoодветен урбан развој и ekcплоатација на брегот, зголемено зaгaдyвaњe, yништyвaњe и фpaгметација на природната животна средина, тежок притиcok на турзимот, и пpekумерно и нekoнтролирано градење, и пpecумерна ekcплоатација на крајбрежните зони со што се загpoзува природната и културна вредност на областа.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

Извор: magazin.mk