Ако ви се масти косата, еве како може лесно да ја одржувате чиста и до 7 дена. Постојат неколку трикови кои може да ви бидат од корист.
Со фен исушете го коренот на косата. Вака косата помалку ќе ви се масти и ќе има волумен. Исушете го само коренот а остатокот осавете да се суши природно.
Користете капа за туширање. Кога се туширате носете капа за туширање, така ќе спречите влагата да направи хаос од вашата коса.
Шампон за суво миење. Пред спиење испрскајте, па наутро вашата коса ќе има волумен. Обидете се и помалку да ги провлекувате прстите низ косата, зашто така побрзо се масти.
Ракометарите на РК Прилеп, синоќа на домашен терен претрпеа нов катастрофален пораз. Овој пат од Радовиш, а крајниот резултат на семафорот беше 32:54 (13:25 на полувремето).
Гостинските ракометари на натпреварот постигнувале по речиси еден гол во секоја минута од натпреварот.
РК Прилеп се наоѓа на претпоследното место од плеј аут табелата и му претстои бараж натпревар за опстанок во најелитното ракометно друштво.
Состојбата во клубот не е ниту малку сјајна, а за тоа пишуваат и дел од поранешните ракометари и познати имиња на вицешампионската генерација на Тутунски Комбинат.
Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, југозападно од градот Прилеп. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.
До селото се пристигнува преку стариот пат за Битола, каде доколку доаѓате од Прилеп, се врти десно веднаш под депонијата Алинци.
По тесниот пат најпрво се стигнува до Веселчани, а веднаш потоа е и Загорани. Манастирот Св. Никола е оддалечен на само 500 метри над селото, а околу него изобилува зеленило.
Она што е интересно е дека околу манастирот, а и во неговите темели, се забележуваат остатоци од некое дамнешно време.
Локалните жителите велат дека на тоа место имало ранохристијанска базилика, а црквата е градена на тие темели.
Вчера пак на денот кога се празнува пренесувањето на моштите на Свети Николај во Бари, или кај народот познат како Летен Свети Никола, во манастирот вриеше од народ.
Мештаните и жители од околните населени места, како и од Прилеп и подалеку, ја славеа манастирската слава.
Беше убаво, со македонска музика и оро, се редеа песни и сите беа среќни и задоволни.
Вистинска катастрофа била избегната во центарот на Скопје, на бензинската пумпа која се наоѓа наспроти соборниот храм. На бензинската пумпа избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија, полицијата го блокирала пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска – објави порталот “Лидер”.
Херојот на денот е еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.
За неговиот херојски чин, за “Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.
-Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита. – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.
До “Лидер” граѓаните доставија и видео од хаосот кој се случувал на улиците на Скопје.
Претседателот на СДСМ и премиер на државата, Зоран Заев, денеска на прес конференција изјави дека сите 78 претседатели на општински организации на партијата се разрешени, а ги охрабри сите оние претседатели каде СДСМ победи на изборите повторно да се пријават на конкурсот за избор.
“Дозволете ми да ја искористам можноста да објавам почеток на промените коишто граѓаните ги очекуваат. Синоќа донесов одлуки, денеска е ред да ги споделам, ќе бидат изработени решенијата од страна на администрацијата во Социјалдемократскиот сојуз и во текот на денот ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е, се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на Социјалдемократскиот сојуз. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија. На сите оние претседатели на општински организации каде што се победи на изборите, апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс што веќе уште идната седница ќе биде објавен во постапка”, истакна Заев.
“Следуваат следните чекори во делот на промените, како ќе се носат така ќе ги објавуваме до граѓаните и до јавноста, токму преку вас медиумите.Како што реков, почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, а тоа се јавните претпријатија, министерствата, владата и сите владини институции, а во политичкиот дел во мојата политичка партија, таму каде што јас сум директно надлежен, а тоа во изборот на претседателите на општинските организации, одлуката ја донесов, синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството, затоа тоа што тоа е мое право. Конечната одлука е токму таа, сите претседатели на општински организации, вкупно 78 претседатели на општински организации од 80 општини се разрешени и органите и телата на партијата веднаш ќе донесат одлука за отпочнување на постапка за избор на ново раководство. Со разрешувањето на претседателите на општинските организации паѓаат извршните одбори на локално ниво заради тоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани постојат за да бидат добра алка на премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што претстои пред нас”, додаде претседателот на СДСМ.
Помеѓу овие претседатели на општински организации е и Миле Талески од Прилеп, кој воедно е и претседател на Советот на Општина Прилеп.
Маркукуле пред извесно време, дознавајќи од извори блиски на СДСМ, дозна за промената на Талески, па сега се поставува прашањето кој ќе биде негов заменик и ќе работи на консолидација на партијата на локално ниво.
Потсетуваме дека СДСМ на претседателските избори во Прилеп доживеа висок пораз од околу 1.600 гласови, или резултат кој беше за над 5.000 гласови послаб од оној на локалните избори во 2017 година.
До нашата редакција пристигна видео од читател, на кое може да се види дека рампата на железничкиот премин во населбата Сточен пазар во Прилеп не работи.
Видеото е снимено во 2:20 часот по полноќ, а со оглед на тоа дека на патот има возила, малку фалело да настане несреќа.
Шпански брачен пар две години немал мирен сон и не можеле како луѓе да се наспијат поради постојаните гласни звуци кои доаѓале од ѕидовите од нивниот дом.
По две години без сон и ненаспани, решиле да го урнат ѕидот во спалната и таму нашле огромно гнездо со пчели. Имало над 80.000 пчели, што живееле во ѕидот на нивната спална соба во гратчето Пинос Пуенте во близина на Гренада.
Тие го повикале локалниот пчелар, кому му требале седум часа за да ја извади кошницата, да ги осклободи пчелите и неповредени да ги врати во природа.
Според пчеларот, причина за ваквата појава се климатските промени и се помалиот број дрва, каде пчелите може да се населат.
Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш изјави дека во куполата на американското складиште со paдиoakтивен отпад во Пацификот, се појавиле пукнатини. Забележано е и дека владата на Маршаловите острови нема средства за реконструкција на куполата.
Paдиoakтивниот отпад од нуклеарните испитувања на САД, спроведени за време на Студената вojна би можел да влезе во водите на Пацификот од бетонската купола која е во распаѓање, вели Гутереш.
Кога би слушнале звук на змија во пустина, нашите инстинкти би не натерале да се свртиме во друг правец или да скокнеме и да застанеме на едно место, доколу звукот е во близина.
Најмоќен предупредувачки звук имаат токму ѕвечарките. Но што всушност го произведува тој звук? Сите знаеме дека има специфична опашка, но многумина ги интересира што има во неа. Погледнете во видеото и откријте: