дома блог страница 3302

Македонско евангелие кое се чува во градот Ремс и служело за крунисување на француските кралеви

Македонското евангелие е едно од најстарите постоечки писмени споменици на пергамент и сведоштво за македонскиот јазик, писмо и православните религиозни практики, кое според некои извори потекнува од XI век.се чува во катедралата Нотр Дам во РЕМС источно од Париз.

Оваа книга, од поранешните римски провинции (денес дел од таканаречена Франција), сметана е за света книга, подарена од обожествениот македонски народ на своите браќа Македонци во таа област, поврзани илјадници години со културниот центар на светот – Македонија.

Низ долгата историја, Македонскиот народ дури од камениот период на Зета Македонија, ги пренесува најновите достигнувања во науката и писменоста од Македонија во таа област, како и низ Зета Македонија Европа и пошироко низ светот.

Обожествениот македонски народ како божји народ, својата посветеност на Бог ја докажува со пренесеното писмо и знаење православно, пристигнато директно од Господ, со македонското евангелие напишано со божјта словарница Кирилица (или македонското писмо ЦУТНО) и Глаголицата создадена од македонскиот обожествен просветител Св. Кирил, со што уште еднаш се потврдува светоста на евангелието.

Во име на таа светост, пред оваа света книга се крунисувале и давале заклетва десетина кралеви, идентификувајќи се со македонскиот народ како богови на земјата. Тоа се од Луј VIII 1223 г., Хенри III како и неколку негови наследници вклучувајќи го и Луи XIV.

Евангелието се состои од 47 страници, од кои 16 се напишани на кирилица, а 31 на глаголица. Било богато украсена со злато, скапоцени камења и реликвии.

Кога во 1717 година рускиот цар Петар Велики го посетува Ремс, тој забележува дека во евангелието има и страници запишани со кирилична азбука и со неговиот разбирлив јазик македонскиот. Од тогаш престанува употребата на евангелието за крунисување на кралеви во таа поранешна Римска провинција денес наречена Франција.

Потеклото на евангелието е загадочно. Самите историски факти кои покажуваат дека словарниците кирилица и глаголица, нивниото потекло, темел и развој се наоѓаат длабоко во древениот македонски јазик, со писмени докази уште од пред 400.000 години (факти наведени од книгата Зета Македонија), како и фактот дека центарот на писменоста бил Охрид, можеме со сигурност да кажеме дека и самото евангелие потекнува од Македонија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Ќе не банкротира ли северномакедонскава Влада? „Сардич“ бара 350 милиони евра отштета од Македонија

Украинската компанија „Сардич“, на која Влaдата и ја одзеде концесијата за експлоатација на рудникот Казандол во Валандово поради незадоволување на стандардите, бара отштета од 350 милиони евра од Македонија, објави МКД.мк. Владата во спорот ја ангажирала адвокатската канцеларија „Вајт енд кејс“ од САД.

Адвокатската канцеларија е една од најуспешните кога станува збор за арбитражни постапки, а понуди биле доставени и од адвокатските канцеларии „Маер Браун“ (Маyer Brown) од Франција, „Орик“ (Оrrick) и „Мекдермот Вил енд Емри“ (McDermot Will&Emery) од СР Германија и „Дешерт“ (Dechert) од Франција. Во координативното тело на Владата за следење на арбитражни постапки членуваат вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите Драган Тевдовски и Крешник Бектеши, како и државниот правобранител Фахми Стафа. Од Владата не ја кажуваат цената за оваа услуга.

Пред повеќе од една година Владата еднострано го раскина Договорот за концесија, а инвеститорот реагираше дека ќе претрпи огромна материјална штета проценета на преку 380 милиони евра.

Според проектот на „Сардич“, Казандол требаше да биде прв современ рударски комплекс изграден на Балканот по 40 години и експлоатацијата на катоден бакар со чистота 99.99% требаше да започне уште лани.

Арбитражната постапка ќе се води пред Меѓународниот центар за инвестициски спорови во Вашингтон, САД.

Eксклузивно! Еве каква беше кореографијата на “Маракана” за прославата на 30-та титула од Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Старо новиот шампион на Србија, Црвена Ѕвезда, ја прослави 30-та титула за три ѕвездички на дресот во наредната сезона.

На Маракана црвено-белите триумфираа против Напредок со 3:0, а потоа започна славењето со песна на навивачката група Делии.

Црвена Ѕвезда оваа сезона ја заврши со 60 освоени бода, и тоа после губење на половина од поените поради плеј оф фазата која се игра во Српската фудбалска лига.

Во наредната сезона Ѕвезда одново ќе игра квалификации за Лига на шампиони.

Погледнете како изгледаше атмосферата на фудбалскиот стадион “Маракана” за време на доделувањето на титулата:

МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс за нов американски амбасадор

Сенатот на САД го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Северна Македонија. Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина.

Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од функцијата си замина во февруари годинава.

На претходното сослушување во Сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

(Фото) Колона возила на граничниот премин „Богородица“- за влез во Грција се чека и по еден час!

Македонците споениот викенд по повод денешниот празник „Св. Кирил и Методиј“ го искористија за одмор во соседна Грција.

Во моментов на граничниот премин „Богородица“ на македонска страна има голема колона на возила кои чекаат влез во Грција.

Како што пренесува порталот Курир, на македонската граница се чека дури и по 40, па се до 50-тина минути, што е неполн час.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Наутро сончево, попладне нecтабилно со дожд и гpмeжи!

Топло време со локален пopоен дожд не очекува за време на пpoдолжениот викенд.

Метеоролозите за денеска во попладневните часови најавуваат нecтабилно време со локален пopоен дожд, гpмeжи и зacилен ветер и температура до 26 степени.

Времето во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачнocт и со cлaб западен, а во источните делови умepен северозападен ветер. Попладне ќе биде нecтабилно со локален пopоен дожд, гpмeжи и зacилен ветер, особено во западните делови.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето и температура до 28 степени. Во недела попладне повторно ќе има локални вpнeжи од дожд и ретки гpмeжи и температура до 29 степени.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пooбилни, на места пopојни проследени со гpмeжи, зacилен ветер и ycлови за поjaва на гpaд.

Температурата ќе се искачи до 28-от степен. Најтопло ќе биде во среда со температура до 30 степени

Знаете ли што ќе се случи доколку престанете да пиете кафе?

Кофеинот го има во кафето, но и во многу други газирани пијалоци. Но, што ќе се случи ако престанеме да го конзумираме?

Кофеинот, кој е најчесто користениот стимуланс има свои добри страни како што се подобро паметење и поголема будност и свесност, но од друга страна пак многу луѓе истакнуваат дека нивниот живот се променил на подобро кога се откажале од кофеинот.

Во нашето тело се случуваат многу промени. Ќе бидете уморни (но само некое време).

Подгответе се на тоа дека првите 7-10 дена ќе се чувствувате лошо и постојано уморно како последица од намалувањето на кофеинот во организмот. Можете да чувствувате замор, главоболка и силни промени во расположението. Поради тоа би било добро на луѓето околу себе да им кажете дека се одвикнувате од кофеин за да можат да имаат поголемо разбирање за вас.

Ќе ослабете

Често не сме ни свесни колку калории внесуваме пиејќи пијалоци кои содржат кофеин. Не е проблем кофеинот туку количеството шеќер кој е додаден во пијалоците кои го содржат овој стимуланс.

Ќе имате повеќе енергија

Спиењето ќе ви се промени и ќе имате повеќе енергија во текот на денот. Ќе бидете и посмирени. Кофеинот е стимуланс кој го поттикнува нервниот систем, кој нè прави нервозни и подложни на стрес. Покрај тоа, тој го покачува крвниот притисок.

Метаболизмот ќе биде подобар

Кафето е нешто што многу влијае на нашиот метаболизам. Одвикнувањето од кафето гарантира подобро варење и подобар метаболизам.

Многумина велат дека е најдобриот светски фудбалер на сите времиња, а денеска изгледа непрепознатливо (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо Луис Назарио де Лима со девојката Селин Лок се на одмор на бреговите на Средоземното море. Тој и пред тоа имаше проблеми со килограмите, но се чини дека потполно се запуштил.

Поранешниот фудбалер е снимен на плажа, а некогашниот ќелавко сега има карава коса. Ронало три пати е прогласуван за најдобар играч на светот, а за неговиот Бразил постигнал 62. гола. Во врска е со 13 години помладата манекенка Селин веќе четири години.

Робен ја продолжува кариерата во Англија: Eве каде ќе настапува

Напаѓачот на Баерн Минхен, Арјен Робен, jа напушта Бундеслигата, и следна дестинација во неговата фудбалска кариерата е Премиер лигата, поточно Лестер сити.

Како што јавува „Дејли меил“, Робен во саботата, на финалето на германскиот куп, ќе го одигра последниот натпревар за Баварците, против РБ Лајпциг.

Истиот извор наведува дека поранешниот англиски шампион Лестер е најголемиот фаворит за трансфер на 35 годишниот холандски офанзивен играч.

Робен помина десет сезони со Баерн, период во кој одиграл 308 натпревари и постигнал 144 голови.

Христијанскиот свет ги празнува македонските просветители Св. Кирил и Методиј

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Именден празнуваат: Кирил, Киро, Методиј, Мето…

Во почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Кирил на 27/14 фев. и на св. Методиј на 19/6 април. Но подоцна се јавила потреба за нивен заеднички празник, едно затоа што тие се родени браќа и друго затоа што заедно извршувале иста дејност.

Најпрвин заедничкото празнување било на денот на упокојувањето на св. Методиј, како што е запишано во Станиславовиот пролог: „И се празнува нивниот спомен на 6 април и црквите многу празнуваат во нивниот спомен“.

Но, поради тоа што овој датум се паѓа во строгите велигденски пости кога црквата забранува свечено празнување, се нашло за попогодно ова празнување да биде пренесено на 11 мај (с.с.). При празнувањето на илјадагодишнината од Моравската мисија во 1863 година, Светиот серуски синод донел одлука, почнувајќи од таа година 11 мај (с.с.) да се празнува како црковен празник на преподобните Кирил и Методиј.

Потоа ова празнување било прифатено од сите словенски народи. Родени се во Солун во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а Константин бил седмо дете и е роден во 826/27 година.За постариот брат Методиј многу малку се знае. Не се знае дури ниту неговото крстено име, а името Методиј е добиено во монаштво.

Се знае дека завршил највисоки школи во Константинопол, дека во младоста ја избрал воената служба и десетина години бил управител на Словенско кнежевство во Македонија што било под власта на византискиот император и дека таму го напишал делото „Закон судниј људем“ („Закон за судење на луѓето„). Но ја напуштил оваа служба и заминал во манастирот на планината Олимп (Мала Азија) каде што се закалуѓерил.

Подоцна во овој манастир дошол и неговиот помал брат Константин со кого заедно учествувале во две значајни мисии: Хазарската и Моравската.Константин, пак, уште како дете го учел напамет познатиот христијански беседник Григориј Богослов, се истакнувал во учењето поради што бил забележан од царските советници, кои му овозможиле да се школува во познатата Магнаурска школа во Цариград којашто имала ранг на денешен универзитет.

Тука се афирмирал како извонреден мислител, богослов и апологет на христијанството. Во житијата се вели дека граматиката ја изучил за три месеци, дека го учел Хомер (Илијадата и Одисејата), дека кај Лава и Фотија ги учел дијалектиката, сите филозофски науки, потоа реториката, артиметиката, астрономијата, книжевноста, сите елински уметности итн.

По завршувањето на школата работел како библиотекар во познатата Патријаршиска библиотека во Цариград, од каде што заминал во еден манастир на Босфор. По престојот во манастирот бил поканет за професор на Магнаурската школа каде што станал познат професор по филозофија, поради што го добил прекарот Филозоф.Бидејќи се истакнал со познавање на црковните но и на световните прашања на 24 годишна возраст од страна на византискиот двор бил испратен во Арапската мисија кај Сарацените, којашто имала државно-политички и религиозен карактер.

Со Сарацените водел полемики по повеќе верски прашања, а се запознал и со нивниот живот и обичаите.Во 858-859 година Кирил, Методиј и повеќе други пратеници од Византија престојувале во Мисија кај Хазарите каде што требало да решат повеќе важни политички и верски прашања.

Овде ги нашле и моштите на папата Климент I, кој уживал голема почит кај Римјаните, а Кирил напишал и пофално слово за Климент и химна за него. По успешното завршување на оваа мисија, Методиј повторно заминал во својот манастир на Олимп, а Кирил во некој манастир во Цариград. За време на овој престој во Цариград тој се прославил со дешифрирањето на еден запис од чашата на еврејскиот цар Соломон која се чувала во црквата „Света Софија“ во Цариград.

Сепак, за двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија.

Имено, замолил да му испратат луѓе кои Божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. А тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Но тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.Во Моравија Кирил и Методиј биле пречекани со воодушевување од страна на кнезот Ростислав, но и со жесток отпор од страна на германските свештеници.

Тие ги обвинувале солунските браќа затоа што службата ја изведувале на словенски јазик, тврдејќи дека Божјото слово треба да се проповеда само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот.Поради ваквите пречки во работата двајцата браќа тргнале за Рим со намера, лично поред папата, да ја образложат својата дејност и да ги оспорат многуте клевети. На пат за Рим минале низ Панонија каде што кнезот Коцел бил одушевен од нивната служба и посакал и во неговото кнежевство службата да се изведува на разбирлив словенски јазик.

Потоа стигнале во Венеција каде што Кирил имал остра полемика во одбрана на правото сите народи, па и Словените, на свој јазик да ја изведуваат богослужбата. „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А Сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво?

Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ ‒ им рекол Кирил и додал дека и Персијанците, Ерменците, Арабјаните, Хазарите и други народи словото Божјо го проповедаат на свој јазик и дека е незамисливо дури и апсурдно тоа да се прави на јазик неразбирлив за верниците.Во Рим браќата биле пречекани со голема свеченост, уште повеќе што со себе ги носеле моштите на папата Климент I, коишто св. Кирил ги нашол за време на Хазарската мисија.

Во Рим во тоа време сè уште бил жив култот кон папата свети Климент I, кој маченички го завршил животот, поради што враќањето на неговите мошти во светиот град претставувало голем настан, а браќата биле почестени со големо внимание.Папата, тргнувајќи од некои интереси на папската столица, дозволил во неколку цркви во Рим да се изврши богослужба на словенски јазик, со што го признал овој јазик за службен во црквата.

Тој ги зел во заштита словенските книги, Методиј го произвел во свештеник, Константин во повисок калуѓерски ред (со што го добил името Кирил), повеќе ученици добиле свештенички звања, а Климент и Наум станале презвитери.По големите напори Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година на голема жалост на брат му Методиј и неговите ученици. Тука бил и погребан, така што и денес неговите мошти почиваат во Рим во црквата „Свети Климент“.

Оттука св. Методиј со своите ученици се вратил во Моравија, одел и во Панонија кај кнезот Коцел, но непријатностите не престанале. Две и пол години минал во затвор, а по ослободувањето (по директна интервенција на папата), морал постојано да оди во Рим и Цариград да се правда од клеветите и да реферира за постигнатите резултати. Чувствувајќи го својот крај во 884 година зел двајца свои ученици-брзописци и за шест месеци ја превел целата Библија на словенски јазик.

Починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград.По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. Германските свештеници со нив жестоко се пресметале. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани преку Дунав, на југ. Меѓу овие биле и светите Климент и Наум кои делото на своите учители со голема страст и знаење го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Грчката црква не го празнувала споменот на светите Кирил и Методиј. Словенските цркви, пак, споменот на смрта на св. Методиј го одбележувале на 6 април (с.с.) набргу по неговата смрт. Сведоштво за тоа е и „Асемановото евангелие“ (10-11 век) во кое датумот 6 април е забележан како „спомен на смртта на преподобниот наш отец Методиј, архиепископ на горна Моравија, брат на преподобниот Кирил Филозоф.“

Долго време споменот на св. Кирил Филозоф се одбележувал на 14 февруари (с.с.), а на 6 април (с.с.) се одбележувал заедничкиот спомен на двајцата браќа. Бидејќи овој празник е во велигденските пости кога не е дозволено повесело празнување потребен бил нов датум за таа цел.

Со указ на светиот Синод на Руската црква, по повод 1000 годишнината од првотро осветување на словенскиот јазик, во 1863 година решено е секоја година на 11 мај (с.с.) да се слави празникот на преподобните Кирил и Методиј, со ноќно бдение, со литургија и молебен и со служба која за таа цел била напишана истата година.Светите браќа Кирил и Методиј од страна на Светата црква се прогласени за рамноапостолни поради нивните заслуги за афирмацијата на христијанската вера.

„Најголема пофалба за нив, ‒ пишува Григор Прличев во Словото за св. Кирила и Методија, ‒ е оти папата, денешниот папа римски, оценувајќи ги нивните маки и трудови, оценувајќи ја величината на нивните дела, ги нарече рамноапостоли и издаде заповед, писмена заповед, строга повела по сето свое паство да го празнуваат сите денот на св. Кирил и Методија.“

Коментирајќи ја ваквата одлука на папата и на црквата воопшто Прличлев истакнува дека нивните заслуги се големи. „Иако биле болни тие многу направиле за афирмација на Христовата вера, тие пак се трудеа, неуморно се трудеа додека го извршија великото дело, коешто не би можеле да го извршат ни цареви, ни императори, ни самите можеби Христови апостоли, ниеден од апостолите не покрстил толку души колку св. Кирил и Методи.“

Во ова свое Слово коешто не е датирано, но веројатно е кажувано за време на неговото учителствување во Солун 1884-1890, Прличев во едно свое вдахновено расположение искажува умерение дека солунската гимназија „ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, што ќе бидат светила на нашите училишта, ќе бидат благолепие на нашите цркви, ќе бидат столпници на верата и ќе го прославуваат македонското име.“

Празникот на светите браќа Кирил и Методиј посвечено почнал да се празнува во 19 век. Марко Цепенков забележува дека овој празник силум се воведе во црквата (…) при подигнувањето на црковното прашање. Стефан Тановиќ во своите записи од Гевгелиско вели дека „Св. Кирил и Методиј“ е нов празник кој од скоро почнал да се споменува и да се слави. Го празнуваат само Србите и Бугарите, како Словени, додека Грците не сакат ни да слушнат за него. Во денешно време тенденцијата е заеднички да се празнуваат светите браќа како просветители на словенските народи.