дома блог страница 3301

Се снима најновиот дел на “Терминатор”: Еве кој ќе глуми во него и како ќе изгледа (ВИДЕО)

Актерката Сара Конор повторно се појави во продолжението на најновиот филм на Терминатор. Пред два дена се појави и трејлерот за “Terminator: Dark Fate” .

Освен добро познатите ликови како Сара Конор, Арнолд Шварценегер и роботот Т-800, новото продолжение ќе ги донесе и новите ликови како Мекензи Дејвис која ја игра улогата на хибрид меѓу термионатор и човек. За прв пат ќе се појави и Габриел Луна, кој ја игра улогата на нов робот – убиец.

Во овој филм повторно се враќа Џејмс Камерон, кој ќе биде продуцент, ќе го режира Тим Милер. Иако ова е шесто продолжение на Терминатор, дејствието ќе биде продолжение на вториот дел.

Премиерата на филмот е најавена за ноември годинава.

Не се во прашање Грција, Бугарија и Црна Гора, но летувањето таму е багатела

Со години веќе летувате во Црна Гора, Грција или Бугарија, затоа што овие дестинации се едни од најповолните за граѓаните со понизок буџет.

Ова место е вистинското решение да посетите друга земја, а да потрошите помалку пари.

Се повеќе туристи од Балканот ја посетуваат оваа дестинација, а оние кои отишле таму ова место го нарекуваат “Нова Бугарија”, затоа што цените се приближно исти.

Примамливите цени за сместување и превоз се главен адут во рацете на, верувале или не, Романија.

Maмаја и Констанца се далеку подобри места и од Будва. Мамаја има жичара, аква парк и уште многу работи. Старите хотели се реновирани, а цените за храна се исти како кај нас.

Сместување можете да најдете од 6 евра по ноќевање, во зависност од тоа колку ѕвездички има хотелот. Исто така, сместување во приватни куќи и станови се најдува од 5 до 10 евра по ноќевање.

Препрека

Она што е единствена препрека на која можете да наидете доколку одлучите да летувате на романското море e тоа што македонските туристички агенции многу ретко организираат тури до таму, па ви преостанува вашето летување самостојно да го организирате.

Најпопуларни летувалишта во Романија се:

Констанца, која се наоѓа на крајниот исток од Романија, на брегот на Црното море

Мамаја, кое е најелитното романско летувалиште. Се наоѓа на брегот на Црното море во близина на најголемото романско летувалиште Констанца. Во Мамаја летува претежно млада популација.

За успех не се важни само годините: Стефанија од Прилеп е девојка која успева во се’, од режија до делегат на Обединети Нации (ФОТО)

Стефанија Стефаноска од Прилеп е матурантка во Гимназијата “Мирче Ацев”, која на само 18 годишна возраст има толку многу интереси, афинитети и подвизи. Пред извесно време се одигра претставата “Чорба од канаринец” која беше во нејзина режија, а наредната реприза е закажана за почетокот од јуни.

Се работи за современа комедија, базирана на една од вечните теми односно машко женските односи. Михајло и Елена (ликовите од претставата) после долгогодишно заедничко живеење одлучуваат да стапат во брак, но дали љубовта во бракот ќе им остане иста во бракот е прашањето порадие кое се полемизира во претставата. Елена сака да стапи во брак зошто верува дека нивниот однос би се зацврстил за разлика од Михајло кој што не сака да стапи во брак воден од стравот дека нема да биде исто како порано. Поради ова одлучуваат да пробаат компримиран брак.

Во претставата играат: Јована Трајковска и Марио Велковски, а истата е реализирана во соработка со литературниот сектор од гимназијата.

Кога се успесите во прашање за оваа млада девојка, ова не е ништо ново. Стефанија неодамна исто така беше и делегат на Обединетите нации на настан кој се одржа во Куала Лумпур, Малезија.

Еве за што конкретно станува збор и што ни раскажа Стефаноска за ова нејзино искуство:

“Испадна многу неочекувано имаше објавено повик од Обединетиве нации за делегат (1 од секоја држава) искрено не ни очекувавв да ме примат, се пријавив и едноставно бидна. Од 7243 апликаци, беше избрана баш мојата. После сите поминати интервјуа и испити, после еден месец го потврдија моето учество. Настанот се одржуваше во Куала Лумпур, Малезија. Конкретно овој настан се одржува за отврдување на стапките на образованието и донесување на одлуки за наредната тековна година. Одлуки кои што економски, социјално и од сите останати гледишта ќе ги исполни потребните односно тековните потреби и барања на државата во образовниот систем. Искрено лично се соочив со предизвик во моментите кога мораше да се преговара со делегатите од држави како Либија, Буркина Фасо, Јемен… Зошто едноставно она што беше за цел дадено (после долги пресметки и планирања со соодветниве државни органи), односно оние бенефити кои што Македонија имаше за цел да ги оствари, многу често знаеа да дојдат во судир. Потребни ни беа околу 14 часа непрестано дебатирање, додека не се стигна до краен заклучок кој што би бил поволен за мнозинството. Т.Е. многу кафе беше испиeно таа вечер/ден??. Во однос на мојата улога после моето враќање беше заклучено дека успешно ја извршив, повеќе од очекуваното”, вели Стефанија.

Покрај искуството во Малезија, Стефанија моментално работи и на проект од програмата на УСАИД, а еве за што станува збор:

“Се работи за проект со наслов “art therapy” таргет група се деца кои што биле жртви на семејно насилство. Се работи за стипендирана програм и соработка на УСАИД со НМСМ. Настанот требаше да се одржи почетокот на февруари, но бидејќи Стефанија си го пропушти авион од Малезија за Катар го преместив проектов за сега крајов на мај. За време на проектов целта е преку глума и цртање да им се помогни да се намали ефектот, односно да се подобри нивното психофизичко здравје. Преку анализа на филмски карактер да се дојди до анализа на нивни сопствени карактери. Крајна цел на проектот е снимање на 4 краткометражен филмој кои што ќе бидат претставени на малиот фестивал “Браќа Манаки” и одржување изложба”, вели таа.

Нејзините интереси и работа не застанува тука. Стефанија наредно се подготвува да замине во Кина каде ќе предава англиски јазик во средно училиште во Пекинг.

Руски тајкун се капи во лонец на оган и вели дека така се лечат голем број болести (ВИДЕО)

Бизарното видео наводно е снимено на еден ранч надвор од Москва, каде бизнисменот, кој заработил цело богатство после падот на СССР, се повлекол кога се уморил од градскиот живот.

Маж кој седи во голем котел над запален оган, може да звучи како детал од некоја мрачна приказна, но тоа навистина се наоѓа помеѓу содржините на јутјуб каналот на еден руски бизнисмен.

Во прашање е скандалозниот тајкун, Герман Стерлигов. На снимката објаснува дека ова е одличен начин да се “излечат различни болести”.

“Само седнете”, вели тој. Рецептот за “лековит гулаш” кој контроверзниот лик го готви вклучува и билки и многу сол.

Стерлигов е многу горд на својот лонец, кој според неговите зборови е стар 200 години и направен е од бакар.

(Видео) Како изгледа кога огромен питон ја променува кожата

Херпетологија е наука за влечугите, а херпетолозите се луѓето кои се занимаваат со неа. Тие имаат големи терариуми каде чуваат желки, гуштери и змии.

Меѓутоа и овие животни имаат свои потреби. Односно, кога змијата треба да ја промени својата која, херпетолозите се тука за да помогнат.

“Градоначалникот не помина со велосипедот по улицата каде има кратери од по 40 см?”

По повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Прилеп, традиционално по 14 – ти пат се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“ на која учествуваа повеќе од 500-тини љубители на велосипедизмот. Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Прилеп. Како и минатата година, така и оваа градоначалникот Илија Јованоски, беше дел од истата.

Бидејќи учествувал на вело турата, градоначалникот Јованоски ќе било добро да повозел со велосипедот и по споредните улици, каде има никнато кратери на секој чекор.

Како дестинација најблиска до центарот на градот му ја препорачуваме улицата “Андон Слабејко”.

(Видео) Кина воведува воз брз речиси колку авион: Еве кога ќе го пуштат во употреба!

Кина го претстави прототипот на магнетно левитацискиот воз, кој може да достигне брзина од 600 километри на час.

Кинеската телевизија го пренесуваше претставувањето на возот во Чингдау, кој е проект на кинеската државна компанија “Чајна рејлвеј ролинг сток”.

Koстадинов: “Пораката од граѓаните ја примивме со сериозност, следуваат седница на ЦО и нови промени”

Дозволете на почетокот да ви го честитам 24 мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј и денот на словенската писменост и култура, истакна на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник од владеачката партија.

Промените се тука, видливи и конкретни, пред очите на сите граѓани и пред целата јавност.Согласно одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, разрешени се 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ, односно сите претседатели на општинските организации на партијата.

СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни.

Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела.

Промените кои носат подобар живот за граѓаните продолжуваат, следуваат нови чекори. Ја известуваме јавноста дека во недела, во 18.00 часот ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, а за донесените одлуки јавноста навремено ќе биде информирана.

Пораката од граѓаните ја примивме со сериозност и постапуваме соодветно, темелно и навремено. Пред нас е предизвикот да научиме од сопствените слабости и да станеме уште подобри. Тоа е вредноста на новото време во нашето заедничко општество. Граѓаните реагираат, власта се поправа и служи уште подобро.

Убедени сме и ве уверуваме, дека во периодот што претстои ќе продолжиме уште попосветено да работиме на креирање мерки и политики што се во интерес на државата и сите нејзини граѓани, рече Костадинов.

СПAC ЗА ВАШИТЕ УШИ: Оваа течност ја имаме сите, ставете ја во уво 60 секунди и бoлкaтa иcчeзнува!

Многумина гpeшат кога ги чистат ушите и ушната школка бидејќи ушниот восок всушност не би требало да се остpaнува.

Можеби изгледа нeхигиeнски, но неговото формирање е приорден процес за зaштитa на внатрешното уво од разноразни бактepии.

Кога има пpeмногу вocок во увото, веројатно ќе доживeeте некои од следниве симптоми:

– чешање на внатрешното ушно каналче; чувство дека ушите се полни со нешто; вpтoглавица; зyeње во ушитe; лoш cлyх…

Еве еден домашен лek пpoтив ушниoт воcoк

– Ставете хидpoген пepокисд во вода. Бидете сигурни дека тоа ќе биде вода со пepоксинд кој комерцијално е достапен со јачина од 3%. Ставете неколку капки во увото и тресете ја главата за да помине во ушниот канал.

Соблечете го чорапот и проверете: Големината на прстите зборува многу за вашиот карактер

Без разлика дали вашиот втор прст е подолг од палецот, или малиот е необично мал, секоја карактеристика говори нешто за вас.

Во Кина веќе со илјада години се практикува „читање“ на стапалата. Се верува дека лицата со слични прсти имаат слични особини. Експертите тврдат дека стапалата можат да откријат многу за личноста, па дури и да ја предвидат иднината. Без разлика дали вашиот втор прст е подолг, или малиот прст е необично мал, секоја карактеристика говори нешто за вас. Иако ова толкување треба да го земете со резерва, сепак, ќе ви понуди забава.

1.ПАЛЕЦ

Ако палецот е подолг од останатите прсти

Тоа значи дека сте полни со идеи и дека знаете да размислувате надвор од рамките. Многу сте креативни што значи дека ќе создадете иднина каква што ја замислувате. Интелигентни сте – без разлика дали станува збор за наука, математика или јазици, што и да одберете, во тоа ќе брилирате.

Тешко ви е да се концентрирате па често ги оставате проектите недовршени. Ако сакате да успеете, ќе мора да се потрудите да ги завршите работите кои сте ги започнале.

Ако вашиот палецот е помал од останатите прсти, вие сте господар на мултитаскингот!

Исклучително сте ефикасни и брзо ги завршувате обврските што ви дава време да ја испланирате иднината. Добри сте во преговарање што значи дека обично го добивате она што го сакате. Им се допаѓате на луѓето и затоа лесно ги убедувате да се сложат со вашето мислење.

2.ВТОР ПРСТ

Ако вашиот втор прст е подолг од останатите прсти, тоа значи дека сте добри во водење на луѓето

Вториот прст е поврзан со лидерски вештини, па колку е подолг, толку сте подобри во водење на луѓето. Имате силни уверувања и се заземате за она во што верувате. Снаодливи сте и енергични, што значи дека знаете да го извлечете најдоброто од секоја ситуација. Секогаш покажувате силна желба и иницијатива поради што сте успешни во кариерата која сте ја одбрале.

Ако вашиот втор прст е пократок од останатите прсти, тоа значи дека не знаете да се заземете за себеси

Ова е знак дека не знаете секогаш да се заземете за себеси. Немате самодоверба и повеќе им верувате на луѓето околу вас. Вие секогаш размислувате однапред и ја планирате иднината.

3.ТРЕТ ПРСТ

Ако вашиот трет прст е подолг од останатите прсти значи дека сте перфекционист

Вие сте склони на перфекционизам, многу сте снаодливи и динамични, па поради тоа сте одличен член на тимот кој брзо ќе нпредува во кариерата. Премногу се фокусирате на работата, па мора понекогаш да си дозволите одмор и уживање.

Ако вашиот трет прст е пократок од останатите прсти тоа значи дека сте мрзлив

Вие сте мрзеливи и ви недостига иницијатива, па доколку сакате да ги исполните целите во иднина, мора да пронајдете мотивација. Вие сте поддршка за другите луѓе, уживате во животот и убавите работи.

4.ЧЕТВРТИ ПРСТ

Ако вашиот четврт прст е долг и прав значи дека знаете да слушате

Луѓето секојпат ви ги раскажуваат своите проблеми бидејќи знаете одлично да ги слушате. Семејството е најважната работа во вашиот живот и вашата иднина е тесно поврзана си нив. Вам не ви е многу потребно за да бидете среќни.

Ако вашиот четврт прст е пократок од останатите тоа значи дека сте насочени кон кариерата

Толку сте насочени кон кариерата што сте подготвени да жртвувате некои работи во животот поради неа. Вата 100% од себеси за да ги исполните вашите цели, а љубовниот живот не ви е приоритет.

5.МАЛ ПРСТ

Ако вашиот мал прст е премногу мал, тоа значи дека сте детинести

Вие имате премногу детинести карактеристики и сакате животот да ви биде забавен, не сакате одговорност.

Ако можете да мрдате со малиот прст одвоено од останатите, тоа значи дека сте импулсивни

Вие сте импулсивни и со авантуристички дух и го живеете животот во сегашноста, а не се грижите премногу за иднината. Неверојатно сте шармантни и вашиот магнетизам ги привлекува другите луѓе.

Ако не можете да го мрдате малиот прст одвоено од останатите, значи дека се’ планирате

Уживате во рутината и планирањето, вие сте на пат кон иднината која сте ја замислиле и не планирате да отстапите од тоа. Многу се лојални, луѓето сметаат дека сте досадни, но вие за себе мислите дека сте прекрасни.