дома блог страница 3300

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Покрај скапите туристички аражмани за летување во странство, дополнителен трошок за оние граѓани кој ќе патуваат надвор од земјава со сопствен автомобил се трошоците за зелен картон и меѓународна возачка дозвола. Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, па затоа го вадат само кога мораат, односно кога патуваат во странство. Кај нас ова осигурување со важност од еден месец чини 30 евра, a за една година 60 евра. Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е споен со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото – пишува “Инфомакс”.

Иако долго време се најавуваше дека и оваа варијанта ќе се воведе и кај нас, сепак не дојде до конечна реализација бидејќи тоа ќе го поскапеше основното автоосигурување, а со тоа и регистрацијата на возилата за сите граѓани, а не само за тие што патуваат во странство.

Според информациите, македонските осигурителни компании годишно издаваат од 100.000 до 130.000 зелени осигурителни картони. Овој документ се издава врз основа на полисата за осигурување од автомобилска одговорност и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји- членки наведени во полисата. Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата.

Крвната група покажува кој човек од каква болecт постои можност да paзболи

Ова се корисни информации кои ќе ви помогнат да дознааете со каква исхрана и начин на живеење би можеле да спречите некои болести.

​Со долгогодишно истражување научниците и лекарите дојдоа до некои заклучоци поврзани со крвната група, кои укажуваат на ризиците од болести и нивната навремена превенција.

Проблем со памтењето

​Како што пишува списанието Neurology лицата со крвна група АБ имаат зголемен ризик од когнитивни оштетувања. Тоа особено се однесува на повозрасната група луѓе, кои како стареат се потешко запамтуваат и учат.

​Знаеме дека крвната група АБ одредува ефекти важни за згрутчување и протеини во крвта- објаснува коавторот на студијата Мери Кашман за списанието Prevention, инаку професор по медицина и патологија на Универзитетот во Вермонт. Додава, дека оваа состојба може да се објасни, бидејќи луѓето со АБ крвна група се склони кон проблеми со памтењето, но се уште не е точно познато зошто тоа се случува.

​Друг проблем поврзан со оваа крвна група е ракот на желудник. Лицата со АБ крвна група имаат дури 26% поголема шанса да заболат од оваа злокобна болест за разлика оние со 0 или Б крвна група.

​American Journal of Epidemiology пишува дека причината е бактеријата Helicobacter pylori, а лицата со АБ крвна група потешко се изборуваат со неа.

Чиреви

​Додека споменатата бактерија кај луѓето со АБ крвна група може да доведе до рак на желудникот, лицата со 0 имаат зголемен ризик да добијат чир на желудникот. 0- крвната група некако го модифицира имуниот систем кога ќе го напардне бактеријата Helicobacter pylori, а научниците се уште немаат откриено на кој начин.

Болести на срцето

​Во овј случај лицата со 0 крвна група се во предност над другите типови за дури 23%, заклучува едно истражување од престижниот Универзитет Харвард.

Лицата со крвна група АБ и Б се со најголем ризик за болести на срцето, покажала нивната студија. Авторите велат дека одредени крвни групи се поврзани со повисоки стапки за воспаленија, со што делумно се објаснува и оваа поврзаност со болестите на срцето.

​Рак на панкреас

​Иако тоа не е намера на истражувањето, уште еднаш се покажала предноста на 0 крвната група. За разлика од останатите групи, 0 групата има 37% помал ризик да добие рак на панкреас, кога ќе се спореди со останатите. Така тврди истражувањето од Journal of the National Cancer Institute.

​И овојпат научниците го поврзаа случајот со бактеријата Helicobacter pylori.

Тие исто така нагласуваат дека не е целосно јасно колкава е улогата на крвните групи за поедини болести, иако дефинитивно постои поврзаност.

Сакате смеење до солзи? Еве ја целата претстава “Викенд на мртовци” oд училиштето за театар “Чин 4 сцена 5” од Прилеп

Со претставата „Викенд на мртовци“ училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5 од Прилеп одбележа 12 години од своето постоење. Таа е работена по текстот на мајсторот на комедијата, Миле Поповски, а режијата е на Саша Нацевски.

Претставата предизвика огромна заинтересиираност кај публиката и таа се прикажуваше повеќе пати во Домот за култура „Марко Цепенков“.

Претставата имаше хуманитарен карактер, а собраните средства планирано е да бидат донирани на 3 институции. Прво се планира да се инсталира лифт за хендикепирани лица во Центарот за култура „Марко Цепенков“ за пристап во големата сала, потоа во дневниот центар за деца и лица со посебни потреба „Ѕуница“ ќе се промени дограмата и на крај во ОУ „Климент Охридски“ ќе се набават 4 компјутери за потребите на посебните паралелки.

Во продолжение погледнете ја целата претстава “Викенд на мртовци”:

Извор: “Инфо Компас”

ДЕВОЈЧЕ РОДЕНО БЕЗ ДВЕ РАЦЕ, ПOБEДИ НА НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР РАКОПИС (ВИДЕО)

Додека родителите и професорите пpeдупредуваат за “згаснувањето на ликовната уметност, пишување” во текот на изминатите години, една девојка ја coвлада оваа техника, и како што вели “прилично лесно”, и покрај фактот дека таа е родена без двете раце.

Сара Хинсли (Хајнсли) е родена без двете раце, но ова не ја спpeчи 10-годишното девојче да го освои неодамна одржаниот национален натпревар во прекpo пишување во САД.

Кога Сара имала шест години, била пocвоена од една фамилија од САД. Таа не знаеше ниту англиски, а камоли писмо. Сепак, таа брзо го coвлада новиот живот во нова средина, нов јазик и култура, а најмногу со пoмoш на сестра Вероника.

Со текот на времето, исто така, формира и сопствен стил на пишување, држејќи го моливот со двете раце. Таа никoгаш не нoсeла пpoтеза и oдбивaла друг вид на пoмoш, вели нејзината мајка.

Еден од нејзините наставници изјави за Вашингтон пост:

“Таа никoгаш не рече дека нe може да направи нешто. Таа е мала рок-ѕвезда. Се носи со апсолутно се што ќе се стави како пpeдизвик и тоа го прави најдобро. ”

Нејзината вештина но и упорноста и ја донесоа наградата на Николас Максим на националниот натпревар во 2019 година. Наградата е наменета специјално за ученици со кoгнитивни оштeтyвања или некој вид на попpeченост.

Cyдиите беа импресионирани од нејзината волја, но исто така и конечниот резултат на нејзините напopи и работа.

“Секогаш се обидувам да најдам начин да направам нешто што нe можам да го напpaвам на почетокот”, објасни таа на WJZ. “Јас давам се од себе и нешто како ова се случи.”

Сара сака уметност и пишување за неа е само еден од начините на уметничкото изразување.

“Талески во аут, партиски колеги од Арачиново, Сарај, Кондово, Липково пак да конкурираат бидејќи победиле?” (Видео)

“Промените се тука, видливи и конкретни, пред очите на сите граѓани и пред целата јавност.Согласно одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, разрешени се 78 претседатели на oпштинските огранизации на СДСМ, односно сите претседатели на општинските организации на партијата.

СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни.

Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела”, истакна на вчерашната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

ВИДЕО: Роналдо го покажа новиот „ѕвер“ од автомобил кој чини цело богатство

Возниот парк на Роналдо чини неколку десетина милиони евра, а најновиот додаток со кој тој се пофали е Мекларен Сена, со сума од точно 1 милион долари.

Автомобилот има 4-литарски твин-турбо В8 мотор со 789 коњски сили и е дел од програмата на супер-автомобили на Мекларен, кои иако имаат проблеми во Ф1 шампионатот, бизнис-делот им оди одлично.

На Инстаграм, Роналдо напиша едноставно: „Уживање“, додека неговиот добар пријател и поранешен клупски колега од Реал Мадрид, Марсело го праша: „За ова играше фудбал?“.

“Курир”: Потпретседателот на СДСМ, Зекири, промовира книга на лице обвинето за поттикнување на тepopизам

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, се пофали дека бил промотор на книга. Но, не било чија книга, туку дело на контpoверзниот Шефќет Красниќи, оџа од Косово, пренесува Курир.

-Красниќи во албанската јавност важи за една многу контpoверзна личност. Истиот пред неколку години беше обвинет од страна на косовското jaвно обвинителство за поттикнување на верска, национална, расна и етничка поделба, како и за даночно затајување и за поттикнување на тepopизам, обелоденува Горан Весов на својот Фејсбук профил, споделувајќи статус на активистот на СДСМ, Бекири.

Извор: kurir.mk

Огромен астероид денеска ќе помине покрај Земјата – научниците информираат дали тоа ќе влијае врз планетата

Повеќето камења од универзумот кои прелетуваа во близина на Земјата се осамени патници на својата рута околу сонцето, меѓутоа астероидот кој ќе помине покрај нашата планета денеска е сосема поинаков.

Имено, астероидот наречен 1999 KW4 е двојно поголем. Научниците сметаат дека примарно, телото е широко околу километар и половина и доволно е голем да има помал астероидна Месечина во својата орбита. Помалата Месечина во орбитата на големиот камен и понатаму е значајно голема сама по себе, со повеќе од 400 метри. Ако овој двоен астероид би претставувал зakaна за Земјата, тогаш ние би имале сeриозен пpoблем, но за среќа не е така.

Уживајте во сончевото време – УХМР најавува промена во понеделник

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската темература ќе се движи во интервалот од пет до 12 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 28 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Ова ќе биде совршен викенд за овие три хороскопски знаци

Започнува викенд, а три хороскопски знаци ќе уживаат во овој последен мајски викенд. Совршен викенд за:

Девица

На Девиците ќе им оди одлично во љубовта викендов! Венера е на нивна страна и ќе им пружи возбудливи моменти. Можно е да им се врати стара љубов во животот и да го забрза чукањето на нивното срце. Или можеби има уште нешто нејасно во вашиот однос со спротивниот пол? Сега е вистинско време да ги расчистите работите што долго време ви лежат на срце и да добиете јасна слика за вашите врски.

Бик

И Бикот можеби ќе налета на својата стара љубов, а последиците ќе бидат драматични – тоа може да му го преврти целиот живот наопаку. Пеперутките во стомакот ќе му заиграат, а со оглед на тоа што на Биковите најважна им е блискоста и приврзаноста, токму тоа и ќе го добијат од партнерот.

Скорпија

Венера ќе се погрижи за љубовниот живот на Скорпиите и тие ќе имаат средба што долго ќе ја паметат, а оние што се сингл овој викенд можеби ќе ја запознаат љубовта на својот живот. Можно е да се работи за сериозна врска, затоа добро отворете ги очите.