дома блог страница 3299

Сонце, ветер, дожд: Какво ќе биде времето следниве денови?

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува утре и во вторник. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преодно стабилизирање ќе има в среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Утринските температури ќе се движат од шест до 15 степени, а дневните од 16 до 31 степен.

(Видео) Македонска убавица растура на популарното талент шоу “Тhe Voice”: Ги вooдушеви Бој Џорџ, Кели Роланд и цела Австралија

Меди Крстевски е „македонското девојче“ кое редовно ја вooдyшевyва Австралиската публика по појавувањето на талент шоуто „Д Војс“ на кое покај останатите членови на жирито се и ултра-популарните Бој Џорџ и Кели Роланд.

Крстевски е родена во 2000. година, а својот 19 роденден го прослави со нејзиниот дечко Џексон Парфит, кој е исто така e натпреварувач на талент-шоуто.

Во Австралија, Крстевски е ѕвезда во издигнување пишуваат тамошните медиуми, а е доста популарна и кај тинејџерската популација во земјата.

ТВ серија која во гледаност ги надмина “Game of Thrones” и “Breaking Bad”: Едноставно мора да се проследи (ВИДЕО)

Новата ТВ серија “Чернобил” многу брзо после премиерата стана најгледаната ТВ содржина според податоците на IMDB, прескокнувајќи ги долгогодишните омилени серии во јавноста како што се “Game of Thrones” и “Breaking Bad”.

Моменталната оцена на серијата е 9.7

Серијата е дело на продукциската куќа “Sky Original” и е во пет делови. Приказната претставува драматизација на нуклеарната катастрофа oд 1986 година во нуклеарната централа Чернобил во Украина и последиците од истата.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Џеред Харис, Стелан Скарсгард, Емили Вотсон и Џеси Бикли. Досега истата доби 5 ѕвездички, а првата епизода за многу кратко време ја погледнале 2 милиони луѓе.

Скулптура како измислена за сите македонски градови: Погледнете што значи и ќе ви стане јасно (ФОТО)

Францускиот уметник Францес Бруно Каталано, создава прекрасни и несекојдневни скулптури кои ја симболизираат празнината која настанува во човекот кога ќе биде принуден да ја напушти својата земја, својот живот, своите пријатели, од било која причина.

Дали Македонија го доби најбогатото село во светот? Во кочанско ископано тон злато? (ВИДЕО)

Во кочанските села Жиганци, Уларци и Чешиново на големо кружат информации за пронајдено речиси 1 тон злато пронајдено при изградбата на патот Штип-Кочани.

Регионалната телевизија “ТВ Стар” направи прилог за оваа гласина или вистина, која ги раздвижи, како што се вели во прилогот, сите сопственици на ниви во селата.

Според березанските цени на килограм злато, што чини околу 20.000 евра, вредноста на пронајденото злато би била дваесет милиони евра, се вели во прилогот на “ТВ Стар”.

Да донираме за Мила: Од потребните 25.000 долари собрани се само 15.000

Да помогнеме на малата Мила. Од потребните 25 000 долари собрани се дури 15 000 долари. Останува да ја покажеме нашата хуманост и да помогеме да се соберат уште 10 000 долари.

Еве како беа дочекани прилепчаните кои на велосипед поминаа 850 километри од Прилеп до Истанбул (ФОТО)

Двајцата другари од Прилеп, Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, кои за 5 дена поминаа 850 километри на велосипед од Прилеп до Истанбул, се вратија дома.

Филип и Христијан успеаа во својот подвиг и со многу труд ја совладаа рутата кои тие ја нарекоа “Bike Tour Bosphorus” и станаа првите прилепчани, а можеби и Македонци кои успешно поминале толку долга релација, а за толку кратко време.

Нивните колеги од Здружението “Маркови точакџии”, чии членови се и Филип и Христијан, ги дочекаа со торта и им доделија медали за храброста и издржливоста.

(Фото галерија) “Панаѓур во сала “Македонија”, дуќанџиите и трговците во Прилеп “гневни” на Локалната??”

Викендов во спортската сала “Македонија” во Прилеп се одржува панаѓур, на кој се продава се’ и сешто.

Токму тоа секогаш ги лути прилепските дуќанџии и трговци во Старата прилепска чаршија, кои се гневни на одржувањето на вакви пазари.

“Наместо сите подеднакво да се бориме за лебот и заработката, се чини некои трговци се повластени и без давачки заработуваат на нашиот грб”, вели еден дуќанџија за Маркукуле кој ни ги испрати фотографиите.

Дуќанџиите велат дека ова е нелојална конкуренција, која мора да се запре или пак давачките кои важат за нив да важат за сите.

За плодност и среќа во бракот: Ноќта меѓу 6. и 7. август треба да преспиете во оваа црква

Место каде душата може да го најде својот мир и спокој, место каде птиците посилно пеат, место каде секој може да си ги пронајде своите мисли длабоко во себе, чудотворната моќ на ова место секој може да ја доживее на свој начин.

Во срцето на Националниот парк Пелистер, среде букова шума, на надморска висина од 1400 метри и на 2. километри од селото Маловишта, се наоѓа манастирот посветен на мајката на Пресвета Богородица, света Ана.

Постојат извори кои сведочат за неговото постоење уште во средината на 18. век. Денешната црква, пак, е изградена во 1936. година, додека конаците, во повеќе наврати, биле градени во дваесеттиот век.

Во деновите кога се слави, ова место е исполнето со верници од Битола, Ресен, но и од други места во Македонија, славејќи го 7. август, Успението на Света Ана.

Манастирскиот комплекс вечерта на 6. и дента на 7. август ќе ги прими сите добронамерници кои сакаат да и се помолат на Св. Ана, да и оддадат почит, но и да се освежат и уживаат во единствената природна убавина која ја нуди ова место.
Во овој манастир доаѓаат и многу брачни парови кои немаат деца. Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород!

Еве какво е верувањето и што на 6. наспроти 7. август прават брачните парови:

Брачните парови на 6. наспроти 7. август треба да преспијат во просториите на црквата „Света Ана“. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души.
Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек.

Извор: republika.mk

ВИДЕО: Дебар под пoлициcka oпcaдa, ЕБР, Тигрите и екипи на антитepopизам на терен

Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион “.

Ова, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својата денешна изјава по завршувањето на тактичко -показната вежба на припадниците на македонската полиција што се одржа во Дебар

“Оваа вежба ја направивме како дел од активностите во рамки на активностите по повод 7-ми мај на Денот на полицијата, и токму затоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните потикнувајќи ги сите заедно да соработуваме, но и да ги поттикнеме сите младите луѓе кои што сакаат да бидат дел од македонската полиција од овој регион“, нагласи Спасовски.

Заблагодарувајќи се на градоначалникот на општина Дебар, на медиумите, на граѓаните за масовната посета на настанот, како и на учесниците во вежбата, министерот Спасовски потенцираше дека – “сите заедно покажавме пред целата македонска јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста подготвена во секој поглед даги заштити и граѓаните и Македонија“.

Инаку на вежбата на која што граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.