дома блог страница 3298

“Добар беше за анекси од 189 милиони евра, да ги исправа трасите, а дали денес вреди да е сменет?

Како што дознава порталот “Курир”, министерот за транспорт и врски од Прилеп, Горан Сугарески, ќе биде еден од министрите кој ќе биде заменет од премиерот Заев.

Од неофицијални извори “Курир” дознава дека на негово место ќе биде поставен сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Упатените толкуваат дека Заев ќе побара смена на Сугарески поради инсталирање на лојален кадар од струмичкото лоби на оваа функција – додаваат од порталот.

Сугарески беше оставен сам да се справува со јавноста во моментите кога се потпишуваше нов анекс договор со фирмата Синохидро која го гради автопатот Кичево – Охрид.

Цената на тој анекс изнесуваше 187 милиони евра. Покрај тоа Сугарески беше под удар и за како што се тврдеше, промашената траса на експресниот пат Прилеп-Градско.

Јавноста одново ќе процени дали Сугарески вреди да биде заменет.

Втората најмала држава во светот: Секој трет жител во неа е милионер

Втората најмала држава со светот Монако е дом на 12.261 милионери.

Оваа бројка за само пет години скокна за 12 проценти, па сега секој трет жител на Монако поседува најмалку еден милион долари, пишува Бизнис Инсајдер.

Стапката на сиpoмаштија е рамна на нула, БДП по глава на жител изнесува 165.420 долари.

Монакое е една од четирите држави во светот во кои БДП по глава на жител надминува 100.000 долари. Прва на оваа листа е Лихнештајн со 166.021 долари, втора е Монако, а следат Луксембург и Бермуда.

ГOЛEMA TEПAЧKA HA УЛИЦА “ЛEЦЕ KOTEСКИ” ВО ПPИЛEП

На 25.05.2019 година во 18,15 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Леце Котески“ бил нapушен jaвниoт peд и миp со тепачka помеѓу лицата В.Д.(32), Џ.Д.(32), Р.З.(35) и Д.М.(36) од една страна и Д.А.(43), Џ.Д.(28), Ф.Ѓ.(20) и Ѓ.З.(44) од друга страна.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Најчевска: “Се надевам дека ќе го видам Богоевски на некои идни избори и ќе гласам за него”

Професорката Мирјана Најчевска во својата колумна напиша за оставката на пратеникот Павле Богоевски, дека постапил правилно што поднел оставка и дека така постапуваат пратениците со образ и со совест.
Најчевска напиша дека оставката на пратеникот Павле Богоевски е исправна и дека според неа ова е само почеток на градењето на вистински, одговорен политичар, кој со годините ќе созрее и ќе научи врз основа на сопствените и врз основа грешките на другите.

Постапи исправно. Така се постапува во демократските држави. Така постапуваат пратениците со образ и со совест и со два грама мозок.

Постои сомнение кое ја нагризува довербата на оние кои те избрале. И тоа е доволно. Немој да те залажуваат дека е ова некакво херојско дело и дека си ти херојот на нашето време. Не.

Ова е нормална постапка во една ненормална држава во која се е превртено наопаку. Ненормално е тоа што пратеници и високи функционери во власта за кои постои сомнение за вмешаност во криминални дејствија, за непотизам, за измами со патни трошоци, за лажно прикажување на трошоци, за недомаќинско трошење на парите на граѓаните, да не сносат одговорност и да не поднесат оставки. Ненормално е во Собранието да седат осудени криминалци. Ненормално е во Собранието да седат осомничени криминалци.

Твојата постапка е нормална.
Не е точно дека е ова крај на твојата политичка кариера. Напротив. Според мене ова е само почеток на градењето на вистински, одговорен политичар кој со годините ќе созрее и ќе научи врз основа на сопствените и врз основа грешките на другите. Така се градат политичарите. Со стекнување искуство. Не искуство на крадење и мамење и изигрување на законите и злоупотреба на позицијата. Туку искуство на одговорно однесување, соодветна процена на ситуациите, комуникација со луѓе, слушање и кумулација на сознанија. Искуство кое ќе те научи дека кога политичар ќе направи грешка тој не изнаоѓа оправдувања и изговори туку едноставно ја препознава и признава грешката и ги сноси последиците.

Најлошо нешто што во моментов може да ти се случи е да ти понудат и да прифатиш некоја висока функција со која ќе се минимизира или заташка направената грешка. Затоа што грешка е направена и треба да се сносат последиците. Во случајов, доколку станува збор за набавка на марихуана за медицинска потреба, тоа треба да бидат морални и политички последици. Соодветни на направената грешка.

Во спротивно, ќе влезеш во затворениот круг на неказнивост кој оневозможува разликување добро од лошо и во кој може да се најде оправдување за секоја постапка.
Јас се надевам дека ќе го видам твоето име на некои идни избори. И со верба ќе гласам за тебе.

Поставен рекорд! Ова е најбрзиот нокаут во ММА (ВИДЕО)

Рускиот ММА борец Мовлид Кајбулаев постави рекорд во најбрз нокаут во боречкиот спорт. Кајбулаев успеа да го победи Американецот Дејмон Џексон за само 10 секунди откако со колено го удри противникот во главата.

Погледнете:

Го знаеме како зимскиот убавец, но во себе крие безброј тајни: Запознајте се со ботаничкиот потенцијал на Крушево (Фото галерија)

Една од најстарите приказни која Кузман Шапкарев ја запишал во далечната 1894 година ги опишува моќта и знаењето кои Св. Михаил му ги подарил на еден човек да собира одбрани треви и откако ќе ги свари, водата да ја собира во шише, па како лекар да ги лекува болестите кај народот и да стане многу богат. Приказна која изворно ја слушнал од еден Влав во Крушевско.

Причините да се вратите кон старото богатство на лековити тревки, органска храна и заборавени бабини кулинарски рецепти се многубројни. Крушево има вистинска ризница од лековити тревки. А нема подобар лек и подобра превентива од една лесна прошетка низ шумската ладовина која нуди чист воздух, притоа собирајќи лековити билки и шумски плодови.

Македонските планини изобилуваат со низа лековити билки, а од центарот на Крушево кое неизмерно ужива во неговата фантастична местоположба, тие се само на неколку чекори. Во мај или јуни најчесто првата средба е со бледо – жолтеникавите ситни цветови на бозелот (Sambucus nigra).

Доколку сте тука подоцна, во јули, август или септември на нивно место ќе ве пречекаат ситните, тркалезни плодови на бозелот кои се зрели кога ќе добијат црно – сина боја. Чајот е корисен за совладување на настинка и грип, па затоа бргу посегнете да си наберете за претстојните зимски денови. Следен е опојниот мирис на билката чие име најмногу и прилега, мајчината душица (Thymus serpullum). Не може да ја пропуштите. Нејзините ситни светло-виолетови цветчиња подготвени во чај имаат повеќекратно благотворно дејство врз организмот, а може да се користат и како зачин.

Високата борова шума над Крушево е одлична за разладување во пријатната сенка. Но, не дозволувајте да ве занесе височината на дрвјата кои себично сакаат да ви го одвлечат погледот и погледнете надолу каде меѓу зелените ливчиња ѕиркаат малите, црвени, неверојатно вкусни шумски јагоди. Совршена можност за да ја направите разликата помеѓу шумските јагоди и оние кои се продаваат по пазарите.

На овие предели е многу распространета и ајдучката трева (Achillea millefolium), позната и како „тајане“ меѓу крушевските домаќинки. Белите ситни цветови, високо исправени на танкото стебло може да ги наберете во периодот од јуни до август. Лековитите дејства се несомнени и повеќенаменски, а меѓу една од главните употреби на оваа билка е за лекување на рани. Легендата за настанувањето на името, од онаа поврзана со Ахил, па се до ајдуците на овие простори ќе ја слушнете од локалното население.

Глуварчето (Taraxacum officinale) е исто така постојано присутно во Крушевската околина. Ќе го препознаете по жолтиот цвет, растение кое се користи во свежа салата, а грижливите крушевски мајки од него подготвуваат и сируп против кашлица за своите чеда. На овие планински височини ја има и капинката (Rubus fruticosus) од која се прави домашен мармалад и слатко. Околните лединки се богати и со смрека, шипинки, кантарион, папрат, глог …

Постојат најразлични традиционални природни рецепти за справувањето со настинката, бронхитот, воспаленијата на белите дробови, висок крвен притисок, психичката пренапрегнатост, проблемите со бубрезите, простатата……

За крај, откако ќе ги надразните сите сетила, држејќи ги полните кеси со лековити билки, чувствувајќи благ, но неизмерно сладок замор ќе ги наполните очите со воодушевувачка панорамска глетка на цело Крушево.

Билјана Спиркоска

Австралија бара работници – платите се од 8.000 до 10.000 евра, овие професии се најбарани

Австралија повторно станува актуелна за живеење кај луѓето од Балканот, особено за оние кои имаат инженерска диплома или медицина, бидејќи се на основниот список објавен на австралискиот сајт за виза. Токму овие две професии се дефицитарни и Австралија е подготвена за нив да плати дури 10.000 евра.

Австралија се врати на мапата и стана земја привлечна за балканските работници, бидејќи со забрзаниот развој на економијата повторно бара работници.

Заминувањето на овој далечен континет најмногу може да им се исплати на докторите, стоматолозите и инженерите, бидејќи кандидатите со оваа струка се најпотребни во Австралија, а платите им се од 10.000 евра за докторите, 8.000 евра за инженерите.

Покрај медицинските сестри, можност за работа имаат и радиолозите, радиолошките техничари, физајтри, логопеди и физиотерапевти.

Четири генерации виолинисти од едно семејство: Кој не ги слушал Тумбески не знае што е уживање со виолина

Никола Тумбески – виолинист, пензионер веќе 15 години, познат музичар не само во Прилеп. Со 78 години никако да ја остави виолината. Член е на оркестарот на КУД Пензионер при Здружението на пензионерите во Прилеп.

-Свирам на виолинаод шесто-седмо одделение во 1957 година во нижото музичко училиште. Потоа како наставник во истото училиште подготвив и од мојата класа излегоа доста добри виолинисти. Виолината ми е вродена. Наследна ,,мана,, што би се рекло. Татко ми свиреше на виолина, јас продолжив, а по мене почна да свири син ми Љупчо. Тој е член на групата Балканика – вака ја започна Никола Тумбески својата животна приказна.

Како семејство со ген, по стапките на прадедо си, дедо си е тргната и внуката од ќерка, Благица Блажеска. Таа се образува во средното музичко училиште во Битола, се разбира на виолина.

-Израстевме со музиката и со виолината. На сцена е четвртата генерација. Таа со успех го совладува нашиот семеен инструмент – додава Тумбески.

Познатиот виолинист Тумбе нема група, бенд во градот во кој не свирел. Не се знае бројот на концерти во државава и надвор. Бил дел од музичката група на КУД Мирче Ацев на Тутунскиот комбинат. Бил гостин цел месец кај нашинците во Австралија. Настапувал и во Шпанија. Или како што вели тој, потребно е да се мисли со месеци, ако не и со години, да се присети каде го изразил талентот со триење на жиците со гудалото и создавање на милозвучни тонови, мелодии и музика со благородниот инструмент – виолината. Свирел и во Шведска, Германија, Словенија со пензионерите…

-Активен сум во оркестарот на пензионерско друштво Пензионер. Свирењето ми претставува посебно задоволство, небаре сум сраснат со виолината. Постојано вежбам и на овие години. Насекаде може да ме видите со инструментот в раце. Тоа за мене е храна, ми ја полни душата. Плус ми е задоволство што имам наследници. Синот е признат виолинист, а и внуката добро напредува, нижи награди на различни нивоа во Македонија и надвор – завршува пензионерот Тумбески.

Не мисли да го остави инструментот. Ќе свири додека може да ги стега жиците и гудалото на виолината, оти музиката го подмладува и му го продолжува животот.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

“Курир”: Заев го разрешува Сугарески, на негово место струмичанецот Китанов?

Еден од министрите кои ќе добие метла од премиерот Заев и ќе биде сменет е министерот за транспорт Горан Сугарески, дознава порталот “КУРИР”.

Од неофицијални извори “Курир” дознава дека на негово место ќе биде поставен сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Упатените толкуваат дека Заев ќе побара смена на Сугарески поради инсталирање на лојален кадар од струмичкото лоби на оваа функција.

Повеќе прочитајте ТУКА

Cooбраќајка на улицата “Иво Лола Рибар” во Прилеп: Се судриле автомобил и моторцикл

На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Иво Лова Рибар“ се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило “БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл “Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на моторциклот бил пренeceн во Гpaдckaта Бoлницa-Прилеп каде од страна на лекар конcтaтиpaни му биле тешки телecни повpeди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во билтенот на МВР.