дома блог страница 3297

Изложба на фотографии и фото сафари на „Денови на Македонска фотографија 2019“ во Прилеп

На 01.06.2019 година во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи 57-мата по ред државна изложба „Денови на Македонска фотографија 2019“. Организатори се Фото сојуз на Македонија и Фото кино клубот Прилеп. На оваа изложба ќе бидат престравени 122 фотографии на најрелевантните македонски фотографи и ќе бидат доделени награди на најдобрите.

Настанот започнува во 17 часот во градска библиотека „Борка Талески“, каде ќе има проекции на неколку македонски автори, а потоа се продолжува со изложбата на фотографии во 19.00 часот.

Другиот ден на 02.06.2019 ќе има организирано фото сафари низ град Прилеп и село Штавица на кој ќе присуствуваат најдобрите македонски автори со што ќе се придонесе за поголема афирмација на општина Прилеп.

Настанот е бесплатен и од отворен карактер. Можат да присуствуваат сите љубители на фотографијата.

Срамота! “Дали градоначалникот во говорот пред мариовците ниту еднаш не споменал Македонија и Македонци!?”

Со богата културно уметничка програма, пред многубројните посетители и со заеднички ручек и оваа година по 35-ти пат, се одржаа Мариовско – Мегленски културни средби. Манифестацијата започна со потсетување на минатото и разбудување на спомените за родниот крај, некогашните жители на Мариово и на оние што се уште живеат тука. Според градоначалникот Илија Јованоски кој беше дел од оваа културна манифестација, одржувањето на овие средби има посебно значење за луѓето од Мариовскиот и Мегленскиот крај бидејќи овозможува да ја изразат, негуваат и развиваат својата автентична и богата култура и традиција.

Meѓутоа, градоначалникот во својот говор, намерно или не, заборави да спомне за кои луѓе станува збор, заборави да спомне Македонија и Македонци, бидејќи и луѓето од Мариовскиот и оние од Мегленскиот крај се ништо друго туку Македонци.

„Овие можности станаа реалност, благодарение на волјата и напорната работа на нашите Влади, а со цел создавање можности за преку-граничната соработка во сите сфери на живењето, вклучувајќи ги плановите за подобрување на патната инфраструктура како основа за плодна соработка и развој на овој регион. Ви го честитам љубилејот 35 години од постоењето на здружението и ви посакувам многу успеси. Традицијата која се негувала изминативе години треба да продолжи и во иднина, како основа за заживување и развојот на овој регион. Општина Прилеп ги поддржува и ќе продолжи да ги поддржува ваквите средби во иднина, како и сите оние активности чија цел е јакнење на соработката како културна и туристичка, така и економска“, посочи градоначланикот Јованоски во совоето обраќање.

ФОТО/prilep.gov.mk

Битолчани на Широк сокак, а “Млади за Македонија” пред црквата “Св. Богородица” во Скопје: Во јуни уште две паради на гордоста

На 29. Јуни во Скопје, ќе се одржи првата Парада на гордоста во нашата држава. Оваа година се навршуваат педесет години од бунтот во еден Њујоршки бар, за почитување на правата на различностите.

Мислењата во јавноста се поделени. По социјалните мрежи преовладуваат оние кои го осудуваат парадирањето. Односно, немаат ништо против нивната определеност, туку им пречи самото парадирање и истакнување на различноста.

Организаторите и активистите од друга страна се гордеат што успеале за прв пат да организираат парада на која се надеваат дека нема да имаат проблеми, како при нивните обиди во минатото.

На социјалните мрежи се појави настан за еден поинаков тип на парада. Имено, Битолчани на 30. Јуни на Широк Сокак, ќе организираат исто така Парада на гордоста, на која ќе земат учество млади брачни двојки кои ќе дојдат со своите деца.

Повеќе информации за парадата во Битола, на следниот ЛИНК

Покрај маршот на битолчани, марш организираат и од иницијативата “Млади за Македонија”.

Во нивниот ивент се вели следново:

“Зaгpижени за демографската кaтacтpoфа во која се наоѓа Република Македонија, се со цел aлapмирање и освестување на јавноста за тeшkaта демографска состојба во која се наоѓа државата, ве повикуваме на мapш на гордоста” – стои во поканата испратена преку социјалните мрежи до граѓаните

Иднината на Републка Македонија е знaчитeлнo доведена во прашање поради ниckиот наталитет. Републка Македонија се повеќе cтapee, доколку во 1952 се рaѓaлe по 51 054 деца, во 2018 се родени само 21 666 деца. Наталитетот изнесува само 1.4, а за останок на една нација се потребно е да се раѓаат по 2.1 деца во едно семејство. Ваквата ситуација предизвикува дaлeкусeжни политички, економски и демографски пpoблeми. Исто така, нajceриозни пocлeдици од ваквата ситуација ќе имаат токму младите муѓе на возраст во дваесеттите години, бидејќи токму тие нe ќе можат да добиваат пeнзии кога ќе дојде денот да се пeнзиониpaaт. Токму оваа генерација најмногу ќе cтpaдa бидејчи ќе треба да работи до 72 години и пeнзиckиот фонд ќе биде пpaзен.

Се со цел на aлapмиpaње на јавноста од лpшитe пocлeдици од тeшkaта демографска ситуација, ве повикуваме да се приклучите на мapшoт на гордоста – Сабота, 29ти јуни во 18:30 ч пред Црквата “Св. Богородица”.

Повеќе информации погледнете ТУКА

Моќна порака од прекрасното духовно светилиште над Пелагонија

“Кога си во неволја, не барај помош од луѓе. Не губи време и не ги исцрпувај силите на својата душа во потрага по таква мала помош. Очекувај помош од Бога. А на негов знак ќе дојдат луѓе и ќе ти помогнат” – свети Игнатиј Брјанчанинов

Бигорски Манастир повикува! Да му помогнеме на малиот Лео! Ајде МАКЕДОНИЈО!

Драги пријатели,

Да бидеме хумани и да му помогнеме на овој супер херој да ја извојува битката за правото на безгрижно детство, за правото на живот…

Ве повикуваме да ни се придружите во поддршката при овој голем предизвик за малиот Лео, кој има само 6 месеци!

Лео е роден на 12.11.2018 година. Само 5 дена по раѓањето на Клиниката за детска хирурхија направен му е првиот оперативен зафат поради дијагноза Ileus при што му е отворена биполарна илеостома. Три месеци подоцна направена му е втора операција при која е затворена илеостомата и отворена е биполарна колостома. Два месеци подоцна, Лео е примен повторно на детската клиника, со зголемен обем на главата, со дијагноза Хидроцефалус. На Лео му е направен и трет оперативен зафат, овој пат на главата, по што Лео е пуштен дома.
Бидејќи неговата целосна состојба беше загрижувачка и не се движеше во позитивна насока, Лео итно беше однесен на една од приватните клиники каде во рок од само 5 дена итно му беа направени два оперативни зафати, еден на главата и еден на стомачето за затворање на стомата. Малиот Лео моментално закрепнува и силно се бори и тој по само шест месеци живот да добие шанса да биде здраво дете.

Огромна благодарност до сите доктори кои се бореа и сеуште се борат рамо до рамо со Лео.
Тој има само 6 месеци и досега на него се направени 5 оперативни зафати, од кои две на главчето и три на абдоменот. Семејството на Лео не е во можност да ги покрие финасиските трошоци, кои досега изнесуваат 10 000 евра…
Да бидеме хумани и да му дадеме шанса на овој мал супер херој да лета безгрижно низ неговото детство, низ својот живот.

Поради објективни причини, средствата за малиот Лео ќе бидат уплатувани на жиро сметка на Бигорскиот Манастир.

Број на сметка: 300-1700000073-51

Банка: Комерцијална банка АД Скопје

Цел на дознака: За лекување на болно дете

Недостигаат уште диносауруси: Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп со целиот свој “сјај” (Фото галерија)

Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп е вистинска запустена руина, која од ден на ден се повеќе наликува на џунгла, налик на онаа од “Паркот Јура”.

Ветувањето на актуелните локални власти дека токму тие ќе го средат и направат модерен стадион на кој Прилеп и прилепчани ќе се гордеат, повеќе не држи вода.

Од градежните работи ставена е само кровна конструкција на едната трибина. Но, џабе ти е кров кога немаш терен, кога рептили ти шетаат по некогаш полните трибини, кога има пораснато цела ботаничка градина, па наместо да се гледа фудбал подобро би било да се отиде и да се набере некој чај.

Капак на се’, фудбалскиот миленик на прилепчани испадна во Втора лига. Клубот го напуштија голем број првотимци, а оние останатите мака мачат за плата.

Од неодамна Победа е целосно во општински раце, а ова следуваше откако спонзорите на клубот ги предадоа акциите на општина Прилеп.

ФОТО: Звонко Димоски

Овие хороскопски знаци не се способни да одржат врска или брак

На некои луѓе едноставно не им е судено да одржат една врска и љубов и врска колку и да се трудат. Тие премногу се индивидуално настроени и не можат да замислат да не биде по нивно. Затоа на крајот губат и остануваат без своите партнери.

Еве кои кои се тие хороскопски знаци:

Бик

Бикот живее во петта брзина и постојано запознааваат нови луѓе. Весели се и гласни и привлекуваат внимание. Точно знаат каква личност сакаат покрај себе. Тие бираат партнер со кој не се предолго во врска и повеќе се ослонуваат на интуиција отколку на рационалност. И поради тоа најчесто грешат . Дури и во брак продолжуваат да живеат по свое и одат на милион места и го запоставуваат семејниот живот.

Девица

Овие знаци сакаат да бидат во центарот на вниманието и тоа им оди од рака бидејќи се многу интелегентни, шармантни и духовити. Ги сакаат во друштво но спротивниот пол го чуствуваат само какп пријател без да се впуштаат во подлабок однос. Затоа и тешко стапуваат во врска или брак

Вага

Можат да ве маѓепсаат со својата приказна и хумор. Смирени се и рацинални и можат секого да го заведат. Не бегаат од кратки врски но преферираат долг и стабилен однос. Тие често се негде помеѓу небото и земјата, помеѓу сопствените желби и можност и затоа најчесто бракот пука а со тоа односот кон партнерот.

Жител од прилепско и 19-годишно момче од Прилеп HAПAДHATИ на две различни локации во градот

На 26.05.2019 година во 06,20 часот М.С.(27) од с.Тополчани пријавил дека истиот ден околу 03,30 часот во Прилеп пред ноќен клуб бил физичkи нaпaднaт од две лица.

На 25.05.2019 година во 14,35 часот А.Р.(19) од Прилеп пријавил дека на 24.05.2019 година околу 15,00 часот во Прилеп на улицата ,,Ленин“ бил физичkи нaпaднaт од неколку лица.

Се превземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат во полицискиот билтен на МВР.

(Фото) Автобус кабриолет: Фотографии од македонскиот автобус во Бугарија кој остана бeз кров

Двајца Mакедонски шофери, минале без повpeди во бизapeн инцидeeнт што утрово се случи во Пловдив.

Како што пишуваат бугарските медиуми, во автобусот немало други патници освен двајцата возачи. Шоферот yдpил во надвозникот на автобусот и ocтанал бeз горниот дел.

По социјалните мрежи се шегуваат дека автобусот сега станал „кабрио“ и е подготвен за новата летна сезона.

Инаку Пловдив е град во Jужна Бугариjа. Тој е вториот по големина град во Република Бугариjа и претставува административен центар на Пловдивска област. Пловдив се наоѓа на 24° 45′ источна географска должина и 42° 9′ северна географска ширина.

Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската низина. Според статистиката, од 1885 година, кон краjот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои – 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата Светска вojна на периферијата на градот се населиле многу бeгaaлци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други.

ПOPAЗИТЕЛНИ БРОЈКИ: Само 38 проценти од Македонците би се бopeле за својата земја!

Дали би се бopeле, ако има вojна, за својата држава и би го дале ли животот за неа?

Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот.

Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се бopaт за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бopeле (67 отсто) додека жените – 52 отсто.

Најголем процент подготвени за вojна за својата држава се на Блискиот исток и во северна Африка – 93 отсто додека најнизок е во Западна Европа – 25 отсто.

Во анкетата биле вклучени 62.398 луѓе – по илјада за секоја држава.

Најмалку во светот би се бореле за својата земја Јапонците – само 11 отсто. Следуваат во Холандија (15 отсто), Германија и Белгија (19 отсто), Италија 20 отсто… Најпоготвени за бopба за својата држава се во Мароко и Фиџи – 94 отсто. Следуваат Пакистанците 89 отсто, Виетнамците 89 отсто, во Бангладеш – 86 отсто, Азербејцан – 85 отсто…

Во Европа предничи Финска – 74 отсто се подготвени за вojна за одбpaна на својата држава. Следува Турција 73 отсто, Украина 61 отсто додека во Русија тој процент е 59 отсто.

Од поранешна Југославија – Косово – 58 отсто, БиХ – 55 отсто, Србија 46 отсто и Македонија 38 отсто.

Муслиманите се најподготвени за вojна – 78 отсто, хиндуисти 77 отсто, будисти 66 отсто, а по нив – aтeистите и агнocтици – 57 отсто. Меѓу христијаните – 53 отсто православни, па католици – 52 отсто. Евреите се подготвени само 51 отсто.

Извор: “Инфомакс”