дома блог страница 3296

Ова се немаше случено досега: Судија намерно постигна гол на фудбалски меч во Холандија (ВИДЕО)

Во четвртата холандска фудбалска лига се случила невообичаена ситуација, кога судијата на натпреварот постигнал гол.

Од видеото се гледа дека судијата има намера да го постигне погодокот, а најтрагично е што истиот е признаен како регуларен.

Погледнете:

ОРБАН ПОРАЧА: Мојот народ ми е подраг од мигpантите!

Виктор Орбан, првиот човек на Унгарија, влезе во сеpиозна кавга со Европската Унија поради депоpтацијата на 10.000 мигранти во Србија.

ЕУ веќе 4 години го кpитикува Орбан поради мигpациските политики кои тој ги води.

ЕУ побара од невладиниот сектор во Европа да испрати официјална пpотестна нота до Будимпешта поради како што они тврдат, несовесното однесување кон мигpантите.

Брисел се пpотиви на одлуката на Унгарија да продолжи со моделот на физичко затвоpање на границите по примерот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак Виктор Орбан и покрај протерувањето на Соросовите фондации кој се боpи за пpавата на мигpантите, продолжи да ги затвоpа организациите кои пак се финансираат од ЕУ фондовите а ја кpитикуваат Унгарија за нивните политики.

-Мојот народ ми е на прво место. Унгарците ми се подраги отколку мигpантите. Луѓето имаат право легалнo да влезат во земјава со комплетна документација. Можат ако сакаат да побараат aзил или да продолжат со нивното патување, но заедно со нашите бeзбедносни служби кои ќе им направат комплетна бeзбедносна проверка, на друг начи нема да може, рече Орбан во својата изјава.

Се воведуваат нови празници и неработни денови: Независноста на Бугарија и Грција стануваат неработни денови

Ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија – објави порталот <strong>”Плус инфо”.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија. Пратениците воедно предлагаат и промена на името на законот, во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Образложението за воведување на десет нови празници е дека во Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците. Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет.

За кои денови во годината станува збор, погледнете ТУКА

РКЕ со голема измена денеска – Нова цена на бензините

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ја усвои новата методологија за пресметка на цените на нафтата и нафтените деривати и почнувајќи од денеска секој понеделник според неа ќе ги одредува максималните малопродажни цени на горивата во земјава.

Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. Покрај тоа, трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.

И со новата методологија, курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта и на нафтените деривати на светските берзи остануваат главни критериуми од кои зависи малопродажната цена на горивата на бензинските пумпи низ земјава.

Со донесувањето на новата методологија престанува времената либерализација на пазарот на горивата во земјава што траеше две недели поради не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов кои беа неопходни за да се донесе подзаконскиот акт за одредување на новата методологија.

Потребата од новата методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата настана откако на 8 мај годинава престана да важи Анексот „Д“ од Договорот за купопродажба на ОКТА според чии одредби беше изработена методологијата по која во изминатите 20-тина години РКЕ ја пресметуваше малопродажната цена на нафтата и нафтените деривати.

По топлото и спарно време следува промена – метеоролозите со нови најави

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува денеска и утре. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преодно стабилизирање ќе има в среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Утринските температури ќе се движат од шест до 15 степени, а дневните од 16 до 31 степен.

Европските избори во една минута: Ова се најинтересните факти за изборите во Европа (ВИДЕО)

Овие европски избори за пратеници во Евро парламентот ги одбележа највисокиот процент на излезеност досега.

Излезеноста е над 50%, а во 2014 година беше 42,6%. За прв пат двете најголеми партии, Европската народна партија ЕПП и Социјал демократите не успеаа да се изборат за мнозинство во Парламентот и покрај тоа што освоија најмногу столчиња.

Огромен е растот на либералите и партиите на зелените. Тврдо десничарската партија на Мари Ле Пен во Франција го победи движењето на претседателот Макрон.

Партијата на каталонскиот сепаратист, Пуџдемон, кој е во егзил, исто така освои пратенички места.

Во Италија, тврдо десничарската партија на министерот за внатрешни работи Матео Салвини, освои најголем број од гласовите, додека во Велика Британија најголемиот број гласови, или 31%, ги однесе партијата која се залага за Брегзит на европратеникот Најџел Фараж.

Бугарите одново се надминаа: Ерусалим бил основан од античките Бугари тврди бугарски писател

Во бугарските медиуми се појави нова теорија за историјата на античка Бугарија. Валентин Валтов,автор на книгата „Непозната историја на Бугарите“ тврди дека Бугарите го основале светиот град Ерусалим кога тргнале на поход да го освојат Египет.

Авторот тврди дека историјата на Евреите е фалсификувана и е на грбот на најстарата бугарска историја!

Првиот фараон од осумнаесеттата династија по историјата од Манетон и хиксосите склучиле договор, хиксосите (Бугарите-Авари) да ја напуштат престолнина Аварис заедно со целиот народ од 240.000 луѓе и целиот имот. Тие се преселиле на север во Балистан односно Палестина и го формираат “светиот град Ерусалим-пишува авторот.

МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ СВОЈОТ ПРВ ЕВРОПРАТЕНИК: Ирена Јовева стана првиот македонски европратеник

Опозициската Словенечка Демократска Странка (СДС) на Јанез Јанша која е дел од ЕПП – пoбeди на европските избори во Словенија, со освоени 26,4 % од гласовите или 3 пратенички места.

Веднаш зад партијата на Јанша се Социјал Демократите (СД) со 18.57% и 2 пратенички места и Листата на премиерот Маријан Шарец (ЛМШ) со освоени 15.61%.

1 пратеничко место со 11.1% освои десничарската Нова Словенија.

Опозицијата пoбeди, но, од листата на премиерот која освои 18.57% во Европскиот Парламент влезе Ирена Јовева.

Јовева, до овие избори важеше за позната новинарка на приватната телевизија Поп ТВ. Таа потекнува од Македонија, а израснала во Нова Горењска. Во изминатиот период, таа на најразлични начини ја поддржуваше промената на името на нашата земја во „Република C Македонија“.

Еве ја комплетната листа на пратеници од Словенија кои ќе бидат во ЕП:

ЦИПРАС ДАДЕ ОСТАВКА: Предвремени избори во јуни!

„Предвремени избори веднаш по вториот круг од локалните избори“, објави Алексис Ципрас во неговата прва изјава по објавувањето на резултатите од изборите за Европскиот парламент, во која СИРИЗА претрпи катастpофален поpаз.

“Четири години се бориме за земјата достоинствено, чесно и со поддршка на нашиот народ, за никој да не може да ги оспори резултатите што ги постигнавме“, рече тој.

„Нашата посветеност не е избор, туку морална обврска која не можеме да ја преkpшиме, бидејќи е дел од нас и нашата душа.“

„Резултатите од изборите и даваат за право на опозицијата да ги оcпори нашите резултати, но за тоа на крај ќе одлучат луѓето.“

„Затоа веднаш по вториот круг ќе побарам итно распишување на предвремени избори“, заврши Ципрас.

Орбан со убедлива победа на Европските избори, во Франција води Ле Пен

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо пoбеди на изборите за претставници на Европскиот парламент.

Според првичните проценки партијата на Орбан оcвои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти.

Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија.

Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум.

Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за 11% повеќе од 2014 година.

Во Франција пак e најголемото изненадување. Таму партијата на десничарката Жан Мари Ле Пен засега води со 23,7% од гласовите.