дома блог страница 3293

(Видео) Апokaлиптични сцени од Романија: Гpaд со големина на јајце yништyвaшe автомобили

Град со големина на јајце во романскиот град Залау предизвика голема материјална штeTa.

Втор пожар попладнево во Прилеп: Гореше ресторан во прилепско

Во Прилеп и во селото Дебреште, Долненско денеска избувнаа пожари, а во еден од нив едно лице е повpeдeно. Пожарите се локализирани, велат од прилепската поротивпожарна единица. Во Прилеп изгоpe покривната конструкција на куќа, а во селото Дебреште пожарот бил во кујна на угостителски објект каде според првичните информации бил повpeдeн готвачот кој бил сам во кујната. Со приватно возило бил пренесен во Македонски Брод.

Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица, пожарот во кујната на угостителски објект бил пријавен во 13:20 часот. Од се уште непознати причини се разгорел во кујната.

Според првичните информации брзата интервенција спречила пожарот да се прошири и за среќа не биле зафатени плинските боци во кујната, а лицето се повредило со вдишување на чадот. Причинета е материјална штета.

Во пожарот во Прилеп на улицата „Ѓоре Ѓорески“ број 18 во близина на прилепскиот Дом за стари лица изгорела покривната конструкција на семејна куќа.

– Интервениравме со три екипи со вкупно пет возила и имавме помош од јавните претпријатија „Водовод“ и „Комуналец“, бидејќи постоеше опасност пожарот да ги зафати соседните објекти. Нема повредени, но причинета е голема материјална штета, објаснува Стојчески.

Косовските cили ja завршија акцијата: Зад себе оставаа пустош (ВИДЕО)

Kосовските полицајци ја завршија акцијата на северот на земјата која како што објаснија била насочена за приведување на криминални групи. Специјалците на РОСУ упаднаа во Митровица, Зубин Поток и Звечани и беа уапсени 13 Срби додека тројца се приведени.

Се појави и видео за силината на упадот на специјалци.На него се гледа како еден камион излетал од патот откако се забил во барикади.

ВМРО-ДПМНЕ: “Фонтаните се претворени во депонии, градоначалникот не врати во 15 век, шајка нема ставено во мандатот?” (ВИДЕО)

Фонтаните, хортикултурното уредување и чистотата беа препознатлив знак за градот во изминатите години, а денеска, благодарение на негрижата и неработењето на актуелните локални власти и градоначалникот Илија Јованоски, централното градско подрачје се повеќе наликува на периодот од пред 15 години, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Фонтаните се претворени во вистинско ругло, покриени со испокинати церади и полни со ѓубре, како локалната самоуправа да се плаши дека ќе фати мраз во јуни. Состојбата е иста и во парковите на улицата “Димо Наредникот” и Могилата на непобедените, потенцираат од општинскиот комитет Прилеп на партијатаи додаваат:

„Наместо Прилеп и прилепчани, за нив во преден план се благодетите кои ги носи кожената фотеља во канцелариите, која патем ја користат за да се расфрлаат со стотици илјади денари на банални работи. Веќе видовме како директорот на Водовод, за само три месеци успеал да потроши милионска сума на репрезентација, адвокатски и нотарски услуги“.

Бopба на “титани”: Кој ќе победи? Фиќо, Југо, 101, Пегла, Буба или Рено 4? (ВИДЕО)

Словенци решиле да направат трка со петте легендарни автомобили: Фиќо, Југо, Пегла, Буба, Сто еден и Рено 4.

Кој ќе победи, погледнете во видеото во продолжение:

Голем пожар кај типските куќи попладнево избудвнал во Прилеп (ФОТО)

Денеска околу 14:30 часот, на улицата “Ѓоре Ѓорески” во населбата Типски куќи во Прилеп, избувнал пожар во кровната конструкција на куќа – објави порталот “Инфо Компас”.

Oд Територијалната противпожарна единица за порталот велат дека веднаш интервенирале со 5 противпожарни возила и 12 пожарникари.

Повеќе детали за причината за пожарот во текот на денот.

Целата фото галерија погледнете ја ТУКА

КОЛОНИ BOEHИ BO3ИЛА ИЗЛЕГУВААТ ОД KACAPHATA BO KPAЉЕВО

Од воената касарна во Краљево, нешто пред 14:00 часот, започнале да излегуваат колони воени возила, полни со луѓе и опрема – пишува српската новинска агенција “Танјуг”.

Колоната најверојатно се движи кон Рашка – додаваат од “Танјуг”.

Ученичка од Прилеп го напиша најубавиот есеј и си доби еден куп награди од Славјанскиот Универзитет (ФОТО)

На 24-ти мај беа доделени наградите од Конкурсот за средношколски есеи организиран од Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет. Првото место припадна на ученичка од Прилеп.

Доделувањето на наградите се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

Опфатени беа повеќето училишта за средно образование од земјава. Сите пристигнати есеи се издадени во збирка насловена „Средношколски размислувања 3“ и секој од учесниците ќе добие по еден примерок од публикацијата.

Од пристигнати вкупно 168 есеи напишани од 104 талентирани автори, жирито ги издвои следниве победници:

Првото место припадна на Бисера Батаклиева од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп, а нејзиниот есеј беше на тема „Сакам да пишувам за…“. Наградите кои беа предвидени за првото место се златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија во висина од 300 евра.

Второто место беше за Ива Станојковска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово која пишуваше на тема „Субјект број 7101“. Наградите кои следуваа за второто место се сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија во висина од 200 евра.

Третото место го освои Марија Петрушева од СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе со есејот на тема „Ковчег преполн со солзи и сеќавања“, а наградите кои ги доби беа плакета, комплет книги и стипендија во висина од 100 евра.

Годишен концерт на музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Синоќа во преполната сала на ЦК „Марко Цепенков“, учениците и професорите од основното општинско музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп го оддржаа својот традиционален годишен концерт, претставувајќи се со повеќе дела. На концертот, настапија првонаградените ученици од државните и меѓународените натпревари кои музицираа на клавир, виолина, флејта, труба, кларинет, хармоника, народни инструменти и соло пеење.

На свеченоста беа врачени пригодни подароци на сите наградени ученици, а за прв пат беше доделена и плакета за „Најдобар ученик со највисоки достигнувања“.

Видео: “Конкурсот за Претседатели на ОО на СДСМ распишан, Костадинов кажа губитниците да одморат??”

МАКЕДОНИЈА(Видео) Костадинов:Започна процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМОбјавено пред 1 минута – 28 мај, 2019Од Макфакс

,,СДСМ суштински се менува во интерес на граѓаните и државата.Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани. Преку јавен, отворен повик, денеска започнува процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени”, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој ги повика сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.

Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб-страната на партијата и во печатените медиуми.

,,Отворени сме за сите оние кои сакаат да се вградат во овие внатрешни и системски промени, оние кои уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивните средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик.Ги охрабруваме претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат. СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро”, изјави Костадинов.