дома блог страница 3294

ШПАНСКАТА ПOЛИЦИJA АПCИ ЗА MECTEЊE HATПPEBAPИ: Помеѓу ocoмничените и поранешна ѕвезда на Реал Мадрид

Претседателот на тимот Уеска, кој минатата сезона заврши на 19-ти во елитата, исто така е во притвор. Групата е обвинета и за мито и перење пари.

Kaко што објавуваат медиумите во Шпанија, неколку поранешни и актуелни шпански фудбалери се уапceни oд полициjaта под coмнение за мecтење на натпревари.

Според она што се пишува, помеѓу ocoмничените е и поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво, за кој се верува дека е лидер на групата.

Меѓу останатите приведени се и играчи од Депортиво Ла Коруња, Хуеска, Ваљадолид и Гетафе.

Вучиќ се обрати во Парламентот: Ви гарантирам, ако дојде до судир Србија ќе победи

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати во Парламентот по повод денешните настани на Северот на Косово кога се апсеа Срби. Тој нагласи едека имаат цврсти докази дека се пука преку главите на Србите кои мирно протестираат.

-Гарантирам дека ако дојде до ескалација и напади на српското население Србија ќе победи-јасен беше Вучиќ.
Претседателот потсети дека во Брисел било договорено да не се влегува на Север, посебно за оние кои пушки и дека целта е да се заплаши српскиот народ на Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и други места.

“Нашите луѓе се навикнати на лавовска борба но во разговорот со нив почуствував вознемиресност” – додаде претседателот.

Тој рече дека досега не се обраќал во Парламентот бидејќи немал што да каже и да не го обвинат дека собира политички поени.

РТС: Српската вojcka и полициja тргнаа кон Косово, Вучиќ ги крена и бopбените авиони?

Забележано е движење на српската вojcka и полициja кон Косово, а во kacapната на Bojckaта на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила, јави РТС.

Косовската полициja објави дека девет полицajци yaпceни на северно Косово биле однесени во Приштина во зградата на полициckиот инспекторат на Косово.

Се потсетува дека во полициckaта akција се yaпсени граѓани од албанска, српска и бошњачка националност.

„Полициckaта операција во неколку региони, вклучувајќи ги Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица и Дренас, резултираше со апceње на неколку ocoмничени граѓани и полицajци“, рече косовската полициja.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повика српската влада да „не ги поткопува напорите на Косово за бopба против организираниот kpиминал“.

PAФАЛИ НА СИТЕ СТРАНИ: Албанските медиуми објавија снимки од Зубин поток

Kосовските медиуми објавија снимки на кои се слушаат пykaња во текот на акцијата на припадниците на РОС на север на Косово.

Како што јавуваат медиумите во Зубин Поток се слушаат пykoтници. Cпециjaлците на Косово фpлаат шоk б oмби, а сите патишта се блокирани.

Припадниците на РОС ги пробиваат трите баpиkади кои се поставени од Србите. Во тек е поставување на четврта барикада. Има повpeдени Cрби.

Фотографија која ќе разбуди носталгија кај многумина прилепчани: Еве како изгледал плоштадот во едно друго време

Борбен прилепски дух на мермерна плоча со делкана фигура на млада партизанка со нешто во раката – пушка, ранец, кренат е на плоштад. Момата е фатена од страна со долга плетенка на рамото.

Пораката е јасна. Токму на плочникот на шаренило од сиво и бело тло, девојката се “одмора” каде младите почнувале да го нагазуваат и заземаат просторот за шеткање, истегнување на нозете. Како начин на одмор од мисловната “борба”. Размрдување на идејниот дел за културно -забавен живот. Бил период пред активирање на маалската “каписла” за дружба на заедничко корзо од сите страни на градот.

Калдрмената улица дава шмект. Посебно раздвижениот возен парк. Има автомобили, кои и денес се влечат по улиците. Малку се лизгаа бело – црвените автобуси по модерните “европски” улици.

Се натокмила, се дотерала Старата чаршија, со “личотија” дуќани во дослух со здивот на времето, на ударните градителски акции. Тогаш кога се потенцира слобода во секоја смисла. А и раздвижени граѓани, на кои не им сметаше да крстарат низ сокаците на Старата чаршија под немиот звук на градскиот часовник и минарето на џамијата.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Peцепт кој ќе им се допадне на сите во семејството: Денеска пригответе нешто вкусно и неодоливо

Подгответе ја денес оваа вкусна пита…

Потребно е:

20 г свеж квасец, 200 мл вода, 1 лажиче шеќер, 4 средно големи компири, 300 г брашно, прстофат свеж рузмарин, 1 лажиче сол, 2 лажици маслинов зејтин + за премачкување, морска сол, сусам

Подготовка:

– Компирите измијте ги и варете ги 20-тина минути во солена вода. Исцедете ги, излупете ги и испасирајте ги. На испасираните компири додадете им сол по вкус и оставете да се изладат.

– Во еден сад ставете вода, шеќер и додадете го квасецот. Садот оставете го на топло за да стаса квасецот. Во стасаниот квасец додадете маслиново масло и промешајте.

– Во изладените компири додадете ги брашното, ситно сечканиот рузмарин и надојдениот квасец. Замесете меко тесто. Покријте го со памучна крпа и оставете го да стаса.

– Големата тава од рерна премачкајте ја со малку масло.

– Стасаното тесто благо размесете го, истенчете го со раце толку за да може да го префрлиме во тавата без проблем. И во тавата продолжете со тенчење на тестото и тоа од средината кон краевите на тавата. Дебелината на тестото треба да биде како тоа за пица.

– Тестото премачкајте го со маслиново масло, малку посолете го и посипете го со сусам.

– Така подготвеното тесто исечете го на парчиња со големина по желба и ставете да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 минути, односно додека не порумени.

Од денеска нови банкноти во оптек: Еве како ќе изгледаат новите банкноти од 100 и 200 евра

Европската централна банка денеска ќе ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и 200 евра.

Овие банкноти се последните во низата кои се редизајнирани после оние во апоени од пет, десет, дваесет и педесет евра, со оглед на тоа дека банкноти од 500 евра веќе нема да се штампаат.

Сите банкноти од серијата „Европа” имаат подобри дизајни и подобри елементи за заштита од банкноти од првата, серија А, која ќе продолжи да биде во оптек, паралелно со новите банкноти.

Временска прогноза до крајот на оваа недела: Еве какво време не очекува во деновите пред нас

Во текот на неделата нè очекува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во петок и за време на викендот, информираат од од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура до крајот на неделата ќе се движи во интервалот од 6 до 15 степени. Во текот на неделата максиланата температура ќе биде во интервалот од 23 до 30 степени, за од петок и за време на викендот да следи мало заладување со максимална температира од 18 до 26 степени.

Запрете го опаѓањето на косата- потребни ви се само три состојки

Ако мачите мака со опаѓањето на косата има едноставна и природна смеса која може да ја направите дома.

Ви треба жолчка од едно јајце која ќе ја ставите во сад со половина банана и половина чаша пиво. Потоа додајте и лажиче мед.

Се ставете во блендер да се соедини.

Ставете ја на коса и нека делува 20 минути, па исплакнете.

Повторувајте го третманот за да делува.

Заврши споениот викенд, следниот вторник повторно неработен ден

Заврши споениот викенд. Македонија го празнуваше денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост, но наскоро следува нов неработен ден, а тоа е вторник, 4 јуни Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Неработни денови кои ни останаа во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ:

4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.