дома блог страница 3292

Партијата на Меркел против дадум за преговори на Македонија?

Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Македонија и Албанија за приклучување кон ЕУ. Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ.

Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија. Тој за агенцијата ДПА оценува дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот (СПД), пак, притиска за брз почеток на преговорите. „Сега ЕУ треба да испорача“, пишува Рот во гостински коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Треба да го одржиме ветувањето“, пишува Рот, кој оценува дека Северна Македонија и Албанија направиле „опиплив напредок“.

Се очекува Европската комисија денеска да препорача почеток на преговори со двете земји. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за ДП во април изјави дека смета со позитивна одлука. Конечниот збор го имаат државите на ЕУ и тој може да биде даден веќе на 18 јуни, на средба на европските министри во Луксембург.

Во Германија зелено светло мора да даде Бундестагот, а тоа нема да биде можно доколку пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) не се согласи. Членките на ЕУ во основа се согласија со почеток на преговори со Албанија и Северна Македонија во јуни минатата година, меѓутоа почетокот на преговори беше условен со натамошни реформски чекори. Хан веќе предупреди дека одлагање и непризнавање на објективно постигнат напредок од страна на кандидатите би можело да има драматични последици за земјите и за регионот.

Извор: magazin.mk

Дојде живот: Социјалната помош ќе се ykинува ако две лица од семејството по два пати одбијат работа

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашното гостување на телевизија Телма ја објасни новата социјална реформа и мерките кои произлегуваат од неа. Правото на минимален гарантиран приход ќе се укине ако две работноспособни лица од семејството по два пати одбијат работа.

-Од семејството ќе биде избрано едно лице кое најбрзо може да се подготви за пазарот на труд. На лицето ќе му биде дадена обука, доквалификација или преквалификација и ќе биде подготвено за пазарот на трудот. Потоа ќе му биде понудена работа. Ако првата работа ја одбие, ќе му биде понудена втора. Ако два пати одбие, тогаш одиме на второто лице во семејството, на пример преминуваме на мајката и неа ја подготвуваме за пазарот на трудот, со обуки и квалификации. Доколку у второто лице два пати одбие работа, тогаш ќе се размислува што со децата од тоа семејство, а ќе се премине на укинување на мерката социјална помош, изјави министерката Царовска.

Извор: kurir.mk

ЕВТИНО, А НАШЕ: ПЛАЖА КОЈА МОРА ДА ЈА ПОСЕТИТЕ OВА ЛЕТО

Доколку ова лето не заминете некаде надвор на одмор, ви советуваме да ја посетите новата атрактивна плажа во Дојран.

Фотографиите се од Свети Никола Бич Бар во Дојран. Градот кој минатата сезона беше вистински туристички хит, мами со ниските цени, песочните плажи и вкусната храна.

Ова се цените кои се очекуваат годинава да бидат на сите туристички места во земјава.

Агенцијата за промоција на туризмот очекува годинава да се надмине ланската бројка на странски и домашни гости и таа да достигне вкупно над милион домашни и странски туристи.

Годинава цените на приватното сместување низ Охрид не се многу различни од ланските и се движат од 300 до 400 денари за легло во приватна соба. Во апартманите креветот чини поскапо и во зависност од опременоста се нуди од 500 до 1.000 денари по лице.

Што се однесува за изнајмување на еден апартман или стан во централното градско подрачје тоа ќе ве чини од 20 до 60 евра на ден, додека луксузните апартмани крај езерскиот брег чинат и до 100 евра дневно.

Охрид и годинава е најпривлечен за младите, но сепак имаме и гости од повозрасна категорија, како и семејства со деца.

Од Туристичкото биро во Стар Дојран потсетуваат дека на туристите годинава им се нудат околу 6.000 легла во 250 објекти од приватното сметување и осум хотели од кои 6 во Стар Дојран и два во Нов Дојран.

Според нив во приватното сместување леглото чини од 250 до 300 денари, а во студијата и апартманите се нудат од 1.200 до 1.500 денари.

И на Преспанскиот брег има гости, Најпосетени се плажите во Претор, Стење, потоа така наречената Сливничка плажа и секогаш актуелната Долно Дупени бич која важи за најголема песочна плажа во Македонија и една од најубавите плажи на Преспанското Езеро.

Гостите на оваа плажа ќе уживаат во бистра вода, ситен песок, а од таму може да се посети и Островот на змиите од каде се стигнува за час и половина.

Нова можност за заработка: Балканци чистат риби за 3.000 долари месечно

Meѓу Баланците нов трен за брза заработка стана Аљаска. Се повеќе невработени, но и оние кои имаат мали примања се одлучуваат да заминат на далечниот север и да чистат риби.

Иако звучи примамливо се работи за тешка работа со работно време од 12 до 16 часови на ден без слободен викенд. Како што велат оние што заминале, ова е работа за оние кои се ментално силни и можат да ги издржат сите услови.

За три месеци, колку што најчесто траат договорите додека трае сезоната на лов може да се заработи од 7.000 до 12.000 долари.

Кандидатот треба да е минимум една година вработен во својата земја и пожелно е да биде во брак.

Плаќате 100 долари за виза и уште толку за апликација и доколку го поминете интервјуто од свој џеб го плаќате авионскиот лет кој чини околку 1.500 долари. Таа сума работодавецот ви ја враќа кога ќе почнете со работа.

Дирекцијата за заштита и спасување: Од 1 до 10 јуни се очекуваат поројни дождови, надлежните да се подготват

Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.
ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Двојазчиноста е само во главата на ВМРО ДПМНЕ? Погледнете ја таблата од Пробиштип

Уверувањата на претставници на власта дека „двојазичноста е само во главата на ВМРО-вците“, како и дека Законот за употреба на јазиците нема да важи на целата територија на државата, ги демантира нова табла на државна институција во Пробиштип.

Од фотографијата што кружи на социјалните мрежи се гледа дека натписот на обележјето за Државен инспекторат за труд не е ни двојазичен, туку на три јазика – македонски, албански и англиски.

Од 16.193 жители во Општина Пробиштип според последниот попис од 2002 година, Македонци се 15.977 или 98,7 проценти, 89 лица се изјасниле како Срби, по 37 Власи и Роми, 6 Турци, 1 Бошњак и 46 други националности.

Извор: republika.mk

(Видео) Историско откритие кое ја реши вековната мистерија: Вонземска органска материја пронајдена на вулканските карпи во Јужна Африка

Во новото истражување на ЦНРС Центарот за молекуларна биофизика во Франција, научниците открија вонземска органска материја “заробена” во вулканските карпи долж планината Маконџва во Јужна Африка.

Од раната историја на Сончевиот систем, метеорити и други вселенски карпи ја “бomбapдиpaле” Земјата, а според некои теории, го овозможиле животот на планетава.

Пронаоѓањето на вонземски органски материи во планините во Јужна Африка овие теории се потврдуваат.

Само 1% од луѓето можат да ја најдат буквата „С“: Пробајте да мрднете со главата (ФОТО)

На социјалните мрежи повторно кружи тест за забележување, на кој меѓу многуте букви О, треба да пронајдете едно С кое е сокриено.

Во задачата на визуелниот тест пишува дека 99% од луѓето не можат да ја пронајдат буквата С за помалку од 7 секунди.

Дали вие можете да го направите тоа?

Ако не го гледате, обидете се да ја помрднете главата горе-долу/лево-десно.

Каква гpeшка! Тргнал за Рим, а завршил во Германија: Пензионер ја следел навигацијата, па завршил на 1.500 километри од целта

Британски пензионер (81) тргнал од Њукасл за Рим, како би го посетил Ватикан, па ја вклучил сателитската навигација и започнал да ја следи.

Меѓутоа, тој по грешка напишал “Ром” наместо “Рома” па навигацијата го одвела во западна Германија. Имено, таму има мало село кое се вика Ром.

Кога навигацијата го “известила” дека пристигнал на крајната дестинација, тој излегол од автомобилот како би го видел Колосеумот или Систинската капела, но она што можел да забележи биле само една улица и неколку куќи.

Кога дознал каде се наоѓа старецот го променил правецот и тргнал кон Италија, но светот дозна за неговата авантура.

ТРАНСФЕР БOMБA НА ОСТРОВОТ: Еден од најдобрите играчи во Премиер лигата веќе се договорил со новиот клуб

Кристијан Ериксен е еден од најзаслужните играчи што Тотенхем е во финалето на Лигата на шампионите. Петлите ќе имаат историска шанса во сабота против Ливерпул, и токму данецот се очекува да биде клучен човек.

И додека финалето се приближува, се повеќе и повеќе се шпекулира за судбината на овој одличен плејмејкер. Манчестер Јунајтед веќе долго време го посакуваше, и веќе не е тајна, но на “Олд Трафорд” останаа затекнати од информацијата дека Ериксен е блиску до потпис со Реал Мадрид.

Имено, очигледно е дека црвените ѓаволи ќе мора да го засилат средниот ред, но засилувањата ќе треба да ги бараат на друго место бидејќи Дон Балон тврди дека Ериксен веќе има потпишан пред-договор со Реал.

27-годишниот играч од средниот ред на Тотенхем треба да биде долгорочна замена за Лука Модриќ, а како што тврди Дон Балон, тоа и ќе биде поткрепено со шестгодишен договор на кој Ериксен најверојатно се согласил со кралевите.