дома блог страница 3288

Жива срамота сме! Вардар ќе го гледаат во Ангола, Мадагаскар, Мозамбик…, но не и во Македонија – кај нас пренос нема!

ЕХФ завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн привлекува големо вниманиe ширум светот. Оваа година не само Европа, туку и во Африка ќе можат да се проследат најинтересните моменти од полуфиналните и финалните натпревари во Келн, каде е и нашиот РК Вардар.

ТВ преноси од Келн ќе одат во повеќе од 115 земји меѓу кои и Мадагаскар, Капе Верде, Италија, Русија, но не и во Македонија!

Во нашата земја само одреден дел на навивачи ќе можат да го проследат завршниот турнир од Келн на ТВ, останатите за жал ќе мораат натпреварите да ги следат низ видео стримови.

Фото, во кои се земји ќе го гледаат нашиот Вардар во сабота и недела:

Извор: “Vardarfans.mk”

Важнa вест за граѓаните: УЈП апелира, денес е последен ден

Денеска е последен ден од рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава за УЈП. Проверете ја и потврдете ја сметката или пак корегирајте ја ако има потреба за тоа.

Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Даночните пријави можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот.

По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.

Здравко Чолиќ за прв пат ги покажа своите две ќерки (ФОТО)

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ вешто го крие приватниот живот. Него речиси никогаш не можете да го начекате со својата фамилија за која смета дека не треба да ја експонира во јавноста. Но, за неговиот 68 роденеден ќерките објавија фотографија со таткото

За најдобиот татко, мојот идол, моето се.Те сакаме најмногу на свет-напишаа Уна и Лара.

Чола исто така не сака да ја експонира сопругата Сандра со која е 18 години во брак

Вака се воспитуваат деца! Во оваа држава студентите за да добијат диплома, мораат за засадат 10 дрвца

За да добијат диплома, студентите на Филипини мора да засадат 10 дрвца, со што се вклучуваат во глобалната борба против климатските промени.

Со новиот закон сите средношколци и студенти на Филипини се обврзани да засадат најмалку 10 дрвја пред да го завршат своето образование. Властите се надеваат дека законот ќе придонесе во борбата со климатските промени.

CNN пренесува дека садниците ќе одговараат на климата на ова подрачје, а најпосакувани за садење се автохтоните видови. Дрвјата ќе се садат во постоечки шуми, заштитени подрачја, воени подрачја, напуштени рударски места.

Предлог законот, кој го претставил конгресменот Гари Алехано, има за цел промовирање на меѓугенерациската одговорност за заштита на животната средина. Се претпоставува дека ако легислативата се спроведува како што треба, може да резултира со 525 милијарди засадени дрвја по генерација. Додал и дека овие стебла ќе станат живо наследство на учениците и срудентите за идните генерации.

Филипини е една од земјите со најуништени шуми, со вкупна шумска маса од 70 проценти, која се намалила на 20проценти во текот на 20 век. Нелегалната сеча останува проблем за оваа држава, а недостатокот на дрвја во некои области го зголемува ризикот од поплави и лизгање на земјиштето.

Ивица Дачиќ повторно се фати за микрофон и запеја во Грција: Се расположи, пa скрши и чинија (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи на Србија, вчера беше гостин на коалициониот партнер и лидер на “Единствена Србија” во Грција.

На свечената вечера претседателот на “Единствена Србија”, Драган Марковиќч Палма, угостил околу 1200 луѓе.

Па и овој пат Дачиќ не пропушти шанса, па се фати за микрофонот и запеа.

За грчките гости тој ја пееше “Mi mou thimonis matia mou” па скрши и чинија.

За оваа прилика тој ги испеа и песните „Пукни зоро“ и „Миљацка“, додека присутните гости пееја и играа со него.

Вака се оди по невеста како вистински цар! Хрват појде по невеста со пожарна и вклучени сирени (ВИДЕО)

Невестата на Ивица Аљиновиќ, долгогодишен вработен во противпожарната служба од Сплит, долго ќе го памети изненадувањето на венчавката.

Ивица е еден раководителите во сплитската станица, па имаше чест да ја провози својата Даниела во противпожарно возило. Цистерната беше свадбарски украсена и тргна од родното место на Ивица, Жрниовица до куќата на невестата во Мејаши.

Необичната свадбена колона ги воодушеви не само сватовите, туку и сите кои ја видоа украсената противпожарна цистерна.

Вpаботен во „Македонски пошти“ уkpал 23 пензии

Надворешната kанцеларија за kpиминалиcтички paботи Гостивар поднece kpивична пpиjaва пpoтив Ш.Б.(50) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење ocнови на coмнeниe за стopeни kpивични дела „злoупотpeба на службената положба и овластување“, ,,пpoневepa во cлужбата“ и „фалсификување испpaва“.

Во текот на јануари 2019 година пpиjaвeниот, како вработен во АД ,,Македонски пошти“, фалCифиkувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за kopисниците, со што се стекнал со пpoтивпpaвна имотна kopиcт од 223.533 денари.

Денеска не излегувајте без чадор од дома: Не очекува облачно и нестабилно време со пороен дожд

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура низ Македонија ќе биде од 8 до 15, а дневната од 14 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време, утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Од Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во наредните денови времето ќе биде врнежливо со појава на

-Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.

ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

ФОТО: Шекеринска со хеликоптер отиде на пратенички прашања

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави фотографија и покажа како пристигнала на денешната седница за пратенички прашања во Собрание.

– Од брифингот за „Одлучен удар“ на Криволак накај пратенички прашања… Екстра брзо. Благодарност до екипите, објави Шеќеринска.

(ВИДЕО) Милошоски ги помести знамињата за да ја покрие „Северна”

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски не ја признава Северна, а истото го потврди и денес кога ги поместуваше јарболите со македонското и европското знаме во Собранието пред да ја одржи својата прес конференцијата.

Имено Милошоски знамето на Европската Унија го постави на местото каде што пишува Северна, па така визуелно го блокиpaше новото име на државата.

ВИДЕО: “ТВ 21”