дома блог страница 318

Го пpaзнyваме Светиот маченик Taлaлej: Го фpлиле на ѕвepoвите, а тие ce yмилкyвале околy него

Родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија. Осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање.

Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво.

Но, на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот и наместо Талалеј тие издупчија една штица и ја обесија на дрвото. Кога дозна за ова мачителот помисли дека тоа го направиле намерно и нареди да ги бијат.

Тогаш Александар и Астериј повикаа: „Жив Господ, отсега и ние сме христијани, веруваме во Христа и страдаме за Него!“ Кога го чу ова, мачителот нареди и ги убија со меч. Тогаш самиот мачител зеде сврдел за да му ги дупчи колената на Талалеј, но рацете му премалеа, па мораше да го моли Талалеј да го спаси, а овој тоа и го стори со молитва.

Потоа го фрлија во вода, но тој жив му се јави на мачителот. (Зашто Талалеј во себе Го молеше Бога да не умре веднаш, туку да му се продолжат маките.) Кога го фрлија на ѕверовите, тие се умилкуваа околу него и му ги лижеа нозете. Најпосле беше убиен со меч и се пресели во Царството Небесно, во 284 година.

Заврши 51. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” – Гајдата на Пеце за младиот гајдаџија Александар Ангелов од Штип (ВИДЕО)

Викендов на локалитетот Рудина, во општина Долнени, се одржа 51. издание на реномираниот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Настанот го слави македонското нематеријално културно наследство. Годинава фестивалот на едно место обедини околу 300 учесници од сите краеви на земјата.

Посебен акцент оваа година беше ставен на меѓународната соработка – гости беа членовите на оркестарот „Александар“ од Австрија, кои го негуваат автентичниот македонски изворен мелос, а за тие заслуги и за настапот на фестивалот ја добија “Гранд при” наградата.

-Ние сме среќни што наоѓаме начини да ја негуваме оваа музика. За првпат во дијаспората може секој да дојде и да го учи изворниот македонски мелос. Настапуваме насекаде и ја шириме македонската музика и таа убава енергија, вели Александар Арабаџиев кој го води оркестарот „Александар“ во Виена.

Главната награда – „Гајдата на Пеце“ ја доби Александар Ангелов од Штип.

-Гајдата за мене има големо значење. Пораснав со тој звук, го свиереа моите предци и мојот татко. Ќе продолжам да ги негувам овие „волшебни звуци“, изјави Ангелов.

Годинава двата фестивалски денови се одржуваа на местото познато како “На Рудина” во Долнени, при што изостанаа настапите на Камената бина во центарот на Прилеп.

Како дел од фестивалските случувања пак, во Прилеп се одржа и симпозиум насловен како „Фолклорот во минатото и денес“, со презентација на Зборникот за фолклористичките истражувања.

Фестивалот “Пеце Атанасовски” е најстарата манифестација од ваков тип во земјава, која со децении го негува и зачувува духот на македонската традиција.

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Претходната недела бензините поевтинија за половина денар, а дизелот за 1,50 денари по литар.

Моменталните цени на горивата изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 75,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 77,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 65,50 ден/лит.

(ФОТО) Вандализам или несовесен возач? Кружниот тек “Карпалак” утрово осамна демолиран

Кружниот тек со спомен обележјето “Карпалак” во центарот на Прилеп, утрово осамна со испокршени плочки. Засега не е познато дали некој намерно извршил вандализам, или непознат возач удрил во ѕидот од кружниот тек.

ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ: МИЛИОН ЕВРА ЗА 20 ИГРАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Во проектот Играј со шампионите, со донација од три и пол милиони денари, Видеолотарија Касинос Австрија реконструираше мултифункционално игралиште во Општина Кисела Вода. Ова е дваесеттото игралиште кое е дел од стратегискиот проект со кој сакаме да придонесеме кон подобра спортска инфрастуктура во земјата

Под слоганот Играј со најдобрите, Видеолотарија Касионс Австрија заедно со Општина Кисела Вода го стави во функција најновото повеќенаменско спортско игралиште. Со донација во вредност од три и пол милион денари, просторот доби современо уредено игралиште, но и безбедна и инспиративна зона за спорт и рекреација.

Ова игралиште е дел од стратегискиот проект на Видеолотарија за изградба и реконструкција на повеќенаменски терени низ Македонија, кој го реализираме во рамки на нашата визија за општествена одговорност. Во овој проект со буџет од милион евра, досега ставивме во функција, 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 се детски инклузивни.

„Особено ми е драго што го отвораме и новото мултифункционално игралиште, изградено со поддршка од компанијата ВЛТ. Им упатувам голема благодарност за покажаната општествена одговорност и за вложувањето во заедницата. Ова игралиште го посветуваме на прерано починатиот Драган Крстев, како мал, но искрен симбол на сеќавање на него, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ова игралиште е дел од стратегискиот проект на Видеолотарија за изградба и реконструкција на повеќенаменски терени низ Македонија, кој го реализираме во рамки на нашата визија за општествена одговорност. Во овој проект со буџет од милион евра, досега ставивме во функција, 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 се детски инклузивни. Изминатиот викенд го започнавме и турнирот БИДИ ШАМПИОН на мултифункционалните игралишта во Охрид и Битола, со кој преку спортот промовираме фер игра, тимски дух и позитивни вредности. Во рамки на турнирот планирана е серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години.

„БИДИ ШАМПИОН“-СПОРТ И ДРУГАРСТВО НА ТЕРЕН: ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ И УЛИЧЕН БАСКЕТ

Од 31 мај до 21 јуни, Видеолотарија Касинос Австрија го организира турнирот БИДИ ШАМПИОН. Со 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години, ќе се обидеме да придонесеме за промоција на спортот, фер игра, тимскиот дух и спортските вредности меѓу младите

Видеолотарија Касионс Австрија како модерна и општествено одговорна компанија, веќе цела деценија го поддржува спорот. За спортски успеси, потребна е спортска инфрастуктура и спортски таленти. Во таа насока, споделуваме дека во текот на изминатиов период со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.

Со радост и задоволство информираме дека на реконструираните мултифункционални игралишта ширум Македонија, започнуваме турнир БИДИ ШАМПИОН на 31.05.2025 со кој преку спортот промовираме фер игра, тимски дух и позитивни вредности. Во рамки на турнирот планирана е серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години. Планирани се 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет. Мини турнирот е организиран како систем по групи, по што ќе следи вкрстување во нокаут фаза.

БИДИ ШАМПИОН не е само натпревар, туку и порака-дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Првите натпревари ќе бидат одиграни во текот на претстојниов викенд на 31.05 и 01.06 во Охрид и во Битола. Секое дете ќе добие соодветна спортска опрема и подароци. Финалниот натпревар ќе се одигра на 21 јуни. Турнирот ќе го следи тим на стручни лица.

Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани.

Финалниот натпревар на турнирот, ќе се одигра на 21 јуни. Очекуваме сите натпревари да бидат вистинско спортско доживување за децата.

Се славеше поезијата, но и пријателството помеѓу поетите од цела држава: Уште едно прекрасно издание на “Мајските поетски средби” во Прилеп (ФОТО)

Во организација на Клубот на литературни творци од Прилеп и со поддршка на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески”, вчера (31.мај), се одржа уште едно успешно издание на традиционалната поетска манифестација “Мајски поетски средби”.

Преку убавиот пишан збор, се славеше поезијата, но најсилно се славеше пријателството помеѓу поетите од цела Македонија.

На настанот беше доделена Плакета-благодарница, за особен придонес во основањето и развојот на Клубот на литературни творци Прилеп, на почитуваната авторка на поетски, драмски и прозни дела, Мирјанка Ристеска Селчанец.

Поети од целата држава рецитираа свои дела, а особено е интересно тоа што Македонија располага со голем број млади талентирани пишувачи на поезија.

Повеќе фотографии од настанот на следниот ЛИНК

Поддржувачи на овој настан беа “Меше промет” со Валентина Димоска и “Пекара Маја”.

Ристески пријател на планинарите, моторџиите, вљубениците во адреналинските спортови – омилен кај народот! (Фото)

Во организација на Општина Македонски Брод и здружението “Форум за Авангардна Креативност” викендов во Самоков се одржа четвртиот по ред адреналински фестивал SAMOKOV XTREME, на кој одново учество зедоја неколку стотини спортисти, вљубеници во природата, возачи на џипови, мотокрос, АТВ возила….

Фестивалот и оваа година го красеше одлична организација, одлично маркирани патеки, многу дружење, забава и уживање во недопрената природа на Поречието.

На фестивалот неизбежно е присуството на актуелниот заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, кој и самиот беше организатор на фестивалот во изминатите години, а сега остана голем поддржувач на истиот.

Ристески кој и самиот важи за вљубеник во природата, кој со години активно се занимава со планинарење и велосипедизам… низ годините разви нераскинлива врска со огромен број планинари, моторџии, вљубеници во екстремните спортови….

Тие пријателства ги негува и денеска, па не случајно неговото присуство меѓу стотиците пријавени спортисти на SAMOKOV XTREME беше поздравено, а дружбата овековечена низ голем број фотографии.

Oдлична вест за прилепчани и бизнисот во Пелагонија: За две недели свечено пуштање на втората делница од патот Прилеп-Градско

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, објави попладнево на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски објави и видео на кое се гледаат градежните активности на автопатските делници Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид) и Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид).

На прашање во коментари од објавата кога ќе биде готова втората делница од експресниот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Дреново до Фариш, Николоски одговори дека делницата е веќе готова и следува свечено пуштање во употреба за две недели.

За потсетување, првата делница од експресниот пат, од Градско до Дреново, во должина од 15,5 километри, беше пуштена во употреба на 14. јануари.

Организација за МЕДАЛ! Четвртото издание на SAMOKOV XTREME низ фотографии – Недопрена природа, адреналин, уживање!

Во организација на Општина Македонски Брод и здружението “Форум за Авангардна Креативност” викендов во Самоков се одржа четвртиот по ред адреналински фестивал SAMOKOV XTREME, на кој одново учество зедоја неколку стотини спортисти, вљубеници во природата, возачи на џипови, мотокрос, АТВ возила….

Фестивалот и оваа година го красеше одлична организација, одлично маркирани патеки, многу дружење, забава и уживање во недопрената природа на Поречието.

Сето тоа заедно со традиционалната храна, автентичните села со извонредна македонска архитектура, адреналинот кој го нуди теренот, го става овој фестивал во самиот врв не само во Македонија, туку и пошироко. Нека овие фотографии во продолжение за туристичкиот потенцијал кој го нуди овој фестивал, бидат поттик повеќе за надлежните да го поддржат што повеќе во иднина, а од тоа да имаат бенефит сите, како месното население, така и развојот на екстремните спортови во Македонија.