дома блог страница 3178

Koнкурс за 9 нови работни места во Здравствен дом – Прилеп: АПЛИЦИРАЈТЕ!

Jaвната здравствена установа “Здравствен дом” Прилеп, објави оглас за вработување на 9 лица. Се бараат тројца возачи, три лица за работа позиција стражар и три лица за работна позиција чистач.

Ова се условите и висината на месечниот надомест за секое од работните места:

Елмас се прости од Фенер со двеминутен видео-клип: Секогаш ќе бидете во моето срце! (ВИДЕО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас и официјално денеска треба да стане нов фудбалер на Наполи, откако турски Фенербахче вчера го потврди трансферот, па после лекарските прегледи македонскиот бисер ќе стане клупски рекордер на Фенер и македонски рекордер со висината на трансферот од 16 милиони евра плус бонуси и процент од следна продажба.

Фенербахче на заминување за Елмас подготви двеминутен клип, во кој македонскиот бисер им се заблагодари на навивачите за поддршката, на клубот за шансата и им порача – никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце.

„Дојдов од Македонија да играм во најголемиот турски клуб. Овие величенствени бои секогаш ќе бидат со мене. Никогаш нема да ги заборавам навивачите, а се надевам на повторна средба во иднина. Никогаш нема да го заборавам мечот со Галатасарај, за тој дуел сонував од дете и среќен сум што дадов гол, што навивачите беа среќни. За нив секогаш ќе бидам Елмас. Никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце“.

Антилопа стана вистински хит: Изведе дриблинг подобар од Меси и Роналдо и си го спаси животот (Видео)

Дека спортските потези не мора секојпат да ги изведуваат луѓето на спортските борилишта, се покажа во видео во кое антилопа во моментот кога лавот реши да ја нападне прво тргна на една, а потоа нагло ја смени страната.

Лавот буквално со сета брзина „прелета“ покрај неа и заврши во прашина, а антилопата стана вирална на интернет.

Некои ја поистоветуваат со Роналдо кога го дрибла Пике, други со Меси, а трети со кошаркарските ѕвезди Стеф Кариј или Ирвинг.

Тошо се врати во Македонија и веднаш го најде Миле (ФОТО)

Македонскиот комичар Васко Тодоров, во јавноста познат како Тошо Малерот од хумористичната емисија К-15 веќе неколку години живее во Австралија заедно со својата сопруга Марија Христова.

Тој пред неколку дена се врати во Македонија. Дека стигнал во Скопје прв објави неговиот пријател Бранко Огњановски, односно Миле Паника. Тој заедничката слика ја стави на „Твитер“ и напиша дека се пак заедно.

ХОЛАНЃАНЕЦ СО ЛЕКЦИЈА ПО ИСТОРИЈА ЗА ЗАЕВ: Многу збориш за теми кои не ги познаваш, Александар Македонски ја okупиpaше Грција

“Не сум Македонец ама живеам овде од 1991, учев за тешкaта историја на регионот и на Македонија специјално, повеќе од западни историчари и писатели. Регионално дали во Бугарија, Србија, Албанија или Грција отpyeни се со фaшизоиди и нaционализам.

Македонската историја има неколку прашања ама нема кpaдење, има заедничка античка историја, Македонците имаат исто пpaва за Александар Велики како и Грција, кој бил нивен окупатop.

Господине премиер многу зборувате, денес вака утре така, совети и одлуки надвор од вашата област, така не се однесува еден премиер со европски металитет, жaл ми е”, напиша Холанѓанецот Адриан ван дер Флир кој 28 години живее во Република Македонија на статусот од премиерот Зоран Заев.

Академик Ќулавкова до Заев: “Македонија не ви е света, тоа е повеќе од доволно за да престанете да ја претставувате”

Не знам дали премиерот на Р. Македонија има слушнато за „македонското прашање“, ама ако слушнал ќе требаше истото да го има предвид пред да даде било каква изјава за македонската историја, нација и идентитет – напиша на својот Фејсбук профил, академик Катица Ќулавкова, како реакција на изјавите на Зоран Заев за грчката телевизија Алфа.

Понатаму во статусот таа пишува:

И на Википедија можете да најдете основна насока („Македонското прашање претставува еден од проблемите на Балканскиот Полуостров, а се работи за територијалните претензии на соседните држави кон Македонија и прашањата за постоењето т.е. непостоењето на македонскиот народ, а со тоа и постоењето на македонскиот јазик. Србија, Бугарија и Грција, секоја од свои „причини“ имаат свои тези за непризнавањето на македонскиот народ, држава и јазик…“) А во својство на премиер должен е да е запознаен многу поподробно со феноменот на македонскиот идентитет и т.н. дисконтинуитет на историјата на македонската држава. Има не само домашна литература, туку и значајни дела на странски автори. Ќе го спомнам Штефан Лотар кој и на македонски го објави своето дело Македонскиот јазол. Да скратам: македонската историја, идентитет (јазик, народ, Македонија како етнички, а не само како географски поим, територија, црква, име, јазиј, материјална и духовна култура…) – веќе скоро два века – се предмет на оркестрирани негаторски и делбени политики на соседните држави и на западноевропските. Сите оние кои имаат свои претензии и на коишто Македонија им е предмет на желба. Во тие нивни политики повеќе од очигледни се обидите да ја присвојат македонската културна историја и територија и да го осуетат постоењето на македонска национално-граќанска држава. И последните собитија од 2001 до денес, кои ескалираа со Преспанскиот договор, а се најавија со Охридскиот, се еклатантен доказ дека македонското прашање е отворено и дека со помош на инсталации во највисоките слоеви на власта, заинтересираните странки прават сè за да го затворат на брутално негаторски начин и со многу перфидни политики и реторики. Македонија е жртва на украдена и девастирана културна и национална историја, а не субјект на негаториски и присвојувачки политики. Самонегацијата е екстремно опасна политичка игра, рамна на велепредавство.
Престанете да и’ нанесувате штета на Македонија. Вие го рушите она што со децении се обидуваме, македонисти, историографи, археолози, уметници и др., да го изградиме како македонски наратив, како научна аргументација, како почит и стекнато право. Македонија има свој значаен дел во античката, византиската, средновековната, нововековната историја. Немате право ни да негирате, ни да отуѓувате, ни да ја ревидирате македонската историја. Имавте шанси да ја поддржите историската наука и македонистиката, но вие таа шанса ја прокоцкавте. Сега го потпалувате, пиромански, огнот на македонската национална историја. Ја нудите Македонија како монета за поткусурување. Македонија не ви е света, тоа е повеќе од доволно за да престанете да ја претставувате, уште помалку да ја предводите. Оти ја водите во бездна – пишува Ќулавкова.

Бобан АВАЛОН за “Пивофест”: “НАС НЕ ЈАДЕ НИВНИОТ СРАМ”

Бобан Авалон го прокоментира овогодинешниот “Пивофест” на Фејсбук.

Ова е најскапата земја во Европа: Пица чини 17 евра, а чаша вино 10 – погледнете која држава е најевтина и каде се наоѓа Македонија

Според најновите податоци на Еуростат, најскапата земја во Европа е Исланд.

Цените во оваа земја минатата година биле дури 56% повеќе од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.

На пример, пица во исландски ресторан кошта околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7 евра. Вечера за двајца кошта околу 85 евра, шише вино во продавница е 17 евра, а табле јајца чини 5 евра.

Сепак, просечната бруто плата на едно постојано вработено лице изнесува околу 4.500 евра. Киријата за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, најскапа е Хрватска.

Словенија се наоѓа на 19 месето, Црна Гора на 30-то, Србија на 31-во, БиХ на 34-то место, а Македонија е на 36-то.

Вака изгледа листата на земји од најскапи кон најевтини за живеење во Европа:

Исланд, Швајцарија, Норвешка…

Данска, Ирска, Луксембург…

Финска, Шведска, Велика Британија…

Холандија, Белгија, Франција…

Австрија, Германија, Италија…

Шпанија, Кипар, Португалија…

Словенија, Грција, Малта…

Естонија, Летонија, Чешка…

Словачка, Хрватска, Литванија…

Унгарија, Полска, Црна Гора…

Србија, Албанија, Романија, БиХ, Бугарија, Македонија, Турција…

Oвие состојки се гарантот за успесите на Ноле: Еве што јади светскиот рекет број еден

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе подолго време е на специјална исxрана. За неа многу се зборува, но Ноле вели дека тоа за него е начин на живот опишан и во неговата книга „Сервирај за победа“.

Исхраната му ја одреди нутриционистот Игор Четојевиќ, откако утврди дека тој е нетолерантен на глутен.

Ова се правилата до кои се придржува Ноле.

Без глутен и млечни производи

Шеќер на минимум

Многу зеленчук, грав, риба, јаткасти плодови

Без црвено месо

Храната добро да се џвака

Чаша млака вода штом се разбуди

Изјавата на Заев дека Македонија крадела историја со радост пречекана во Бугарија

Скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја, дочекана со радост во Бугарија. Бугарските медиуми со задоволство пишуваат дека македонската страна конечно признала дека им се краде историјата – објави “Курир”.

Имено, Заев во интервју за грчката телевизија Алфа, зборува за точките од договорот со Грција, за јазикот и словенските корени. Притоа тој кажува дека земјава претходно крадела туѓа историја и со тоа ги нарушувала односите со соседите, а како резултат на тоа нашиот евроинтергациски пат бил под блокада.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – изјави Заев

Целиот текст прочитајте го ТУКА