Антилопа стана вистински хит: Изведе дриблинг подобар од Меси и Роналдо и си го спаси животот (Видео)

Дека спортските потези не мора секојпат да ги изведуваат луѓето на спортските борилишта, се покажа во видео во кое антилопа во моментот кога лавот реши да ја нападне прво тргна на една, а потоа нагло ја смени страната.

Лавот буквално со сета брзина „прелета“ покрај неа и заврши во прашина, а антилопата стана вирална на интернет.

Некои ја поистоветуваат со Роналдо кога го дрибла Пике, други со Меси, а трети со кошаркарските ѕвезди Стеф Кариј или Ирвинг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.