дома блог страница 3177

KAKOВ HOKAУТ! Oд cилината на удapoт излета низ рингот (ВИДЕО)

Еден од најнеобичните бокс мечеви беше забележан меѓу Касиус Чејни и Џоел Кодл. Славеше Чејни, но тоа и не толку чудно бидејќи беше фаворит, туку начинот до кој дојде до победата

Од силината на ударот Кодл испадна од рингот. Се обиде да се врати но залудно, нокаутот беше неизбежен.

Светски медиуми: Јувентус за Нејмар нуди пари плус овие двајца играчи

Нејмар му порачал на ПСЖ дека повеќе не планира да игра за францускиот клуб, бидејќи сака да се врати во Барселона. Меѓутоа, ситуацијата со Бразилецот ја следат и други клубови.

Gol.com пишува дека Јувентус планира на ПСЖ да му ги понуди услугите на Паоло Дибала и Блес Матуиди плус пари.

ПСЖ ја проценува вредноста на Најмар на 250 милиони евра, што е за 28 милиони повеќе од сумата за која го купија пред две години од Барселона, во најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Пред неколку дена, шпанскиот весник “Мундо Депортиво” и италијанскиот “Раи” објавија дека таткото на Нејмар стигнал во Торино на преговори со Јувентус.

(Видео) Ракометарите на Хрватска најавени како Срби: Слушнете ја реакцијата на коментаторот

Младите ракометари на Хрватска учестуваат на Светското првенство во Шпанија каде пред мечот против Португалија спикерот ги најави како Срби.

-А сега е време за химната на Србија. Овој момент, химната на Србија- рече спикерот, а потоа следуваше реакција од клупата на хрватската репрезентација.

Некои хрватски ракометари ја спуштија раката од градите, па настана молк во салата. По неколку секунди спикерот сфати дека направи грешка и се извини.

Слушнете ја реакцијата на хрватскиот коментатор по интонирањето на химната:

Балканскиот романтичар доаѓа во Прилеп: Единствена шанса да се ужива во прекрасен амбиент и музика

Eдно од најголемите музички имиња на Балканот, Aдил Максутовиќ, доаѓа во Прилеп. На 02.08.2019 (Илинден), тој ќе одржи голем концерт во ексклузивниот летен ресторан на “Ла каса гранде – Премиум”.

Гостите ќе имаат можност да уживаат во прекрасните балади и милозвучниот глас на Адил, кој важи за еден од најголемите романтичари на поранешните екс ЈУ простори.

“Не могу без тебе”, “Синови туге”, “Љуби ме по сечању”, “Од усана до стопала”, “Лаку ноч”, “Хитно”, “Маскенбал”, “Нико ме нема”, “Не дижи руку на нас”, “Веруј у нас”, “Моје си небо и многу други хитови, се само дел од богатиот репертоар на Адил.

Картите се веќе во продажба и се по цена од 300 денари. Телефон за резервации: 077/997-744

Летниот ресторан на салата за свадба “Ла Каса Гранде – Премиум” во Прилеп е посебна приказна. Секој кој бил на некаква свеченост знае за колку естетски добро и совршено место станува збор. Секако тоа е мотив плус да се биде присутен на концертот и во еден таков убав амбиент да се ужива во уште подобра музика.

(Видео) Познатиот режисер го праша Путин дали би сакал да биде кум на неговата ќерка: Рускиот претседател го праша дали неговата ќерка би станала православен христијанин

Познатиот американски режисер Оливер Стоун го замоли Владимир Путин да биде кум на неговата 22-годишна ќерка Тара.

Неочуваната молба не е изненадување, имајќи во предвид дека Стоун и Путин имаат близок однос и дека неодамна имаа детално интервју. Исто така Стоун го сними и документарецот “Откривање на Украина”, во кој открива непознати детали за настаните на Мајдан.

По православните обичаи Путин не ја одби молбата, туку имаше неочекувано прашање за Стоун.

“Дали твојата ќерка ќе стане православна?”, праша Путин, на што режисерот одговори:”Нема проблем, ќе направи се што е потребно”.

“Најдобро е да ја прашаш”, рече рускиот претседател.

Велика Британија има нов премиер: Борис Џонсон ја наследува Тереза Меј

Борис Џонсон е избран за лидер на британската владејачка Конзервативна партија и воедно ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција.

Џонсон утре би требало и службено да стане премиер, и тоа откако кралицата ќе го прифати неговиот мандат

Околу 160.000 членови на Конзервативната партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, а се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант. За Џонсон гласале речиси 100 илјади од членовите на партијата.

Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, беше фаворит и во анкетите спроведени пред изборната трка.

Неколкумина членови на Владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новата функција и самиот да ги отпушти поради противењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската унија без договор.

Британската министерка за образование Ен Милтон денеска поднесе оставка поради „сериозна загриженост“ во врска со Брегзит без договор со ЕУ. Таа во оставката истакнува дека „искрено се надевала“ оти Велика Британија ќе може да ја напушти ЕУ во март со договор.

Министерот за Европа и Америка, Алан Данкан вчера поднесе оставка, а оставки пред три дена најавија и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.

Прилепчанец кој нема пропуштено ден од постоењето на “Пивофест” jа коментира изјавата на Влатко Стефановски

Прилепчанец кој нема пропуштено ниту еден ден од постоењето на “Пивофест” ја коментира изјавата на Влатко Стефановски дека овогодишниот фестивал на скарата и пивото бил најдобро организиран.

Звонко Димоски е патриот со големо срце. Лик позитивен, лик кој не постои човек што не го познава во Прилеп. Човек богат со многу искрени пријателства и човек кој е желен секому да помогне. Луѓето кои го познаваат знаат зошто! Еве како тој го прокоментира штотуку завршениот “Пивофест” во Прилеп:

“Нешто и околу манифестацијата Пиво фест Прилеп..

За да напишам нешто за Пиво фестот ме натера јавната изјава на среде концерт во саботата на Влатко Стефаноски дека ова пази богати бил: “најдобро организираниот пиво фест до сега”!!?
Значи вака: Оваа изјава Влатко да ја дадеше дома во семејството немаше да му се замери.. или да ја дадеше пред луѓе кои два три пати присуствувале на истиот..

Но тој ја даде без око да му трепни пред луѓе кои сме присутни на пиво фестот од првиот ден од неговото отворање и кои бевме сведоци како секоја година расте и расте во една огромна манифестација која стана позната ширум светот и на која на балканските звезди им беше чест и гордост да бидат повикани да пеат тука..

Секоја година во Прилеп се бараше место повеќе по хотелите само за да се биде присутен тука.. Нашите иселеници ги врзуваа своите посети на Македонија со пиво фестот каде мораа да бидат присутни а тој само растеше и растеше секоја година.. А за да расте требаше некој и да се погрижи за тоа..

Тука некој сакал да признае или не најголемите заслуги одат кај бившиот градоначалник Марјан Ристески и неговата екипа од општината која и денес е присутна таму но некои не сакаа да го искористат нивното знаење и искуство за да им пружат 4 дневно задоволство на своите сограѓани и гости од Македонија и странство..

Е сите тие пиво фестови мој Влатко Стефановски кои беа организирани од таа екипа беа најдобри, беа кој од кој подобар.. едноставно не можеше да се издвои кој е подобар.. Секој нареден беше подобар од претходниот.. Луѓето доаѓаа да се забавуваат, да се напијат и да каснат вкусно месо и воопшто не беа оптеретени дека додека се забавуваат некој им ја растура државата..

Драг мој Влатко годинашниот пиво фест беше се само НЕ најдобар.. Немаше редици од луѓе кои чекаат по пола саат за да купат пиво, имаше само два ипол штандови но и тие не го продадоа своето пиво..

Саботата и Неделата кога доаѓале колони од возила кон Прилеп овој пат останаа празни.. Ги немаше редиците кои чекаат пиво.. едноставно ја немаше онаа радост во воздухот кога пиво фестот се одржуваше во државата Република Македонија…

И за на крај моја препорака до сегашниот градоначалник: Ако даде Господ да организира и до година пиво фест нека си ја повика екипата на Марјан Ристески да му го организира или пак нека им плати за да му одржат неколку курсеви на оние од неговиот тим, оти ако вака ја терате ќе ја уништите манифестацијата како што ја уништивте и државата..
п.с. Во прилог се фотографии од мојата архива како треба да изгледа најдобар пиво фест!!!

#ПрилепВЕЧЕН
#МакедонијаВЕЧНА”

Мечки се појавија пред велосипедисти на Шар Планина, погледнете како се спасиле (ВИДЕО)

Овие двајца момци доживеале едно необично искуство на Шар Планина.

Имено, додека ги возеле своите велосипеди, на само неколку метри од нив се појавуваат две мечки. Тие им го пресекуваат патот, но за среќа не доаѓа до директен судар иако само неколку секунди ги делат од него.

Велосипедистите раскажуваат дека по настанот, поголемата мечка започнала да го следи, но искусните велосипедисти вешто успеале да се извлечат од оваа ситуација.

Погледнете како изгледа средбата со двете мечки!

Оглас за 33 вработувања во градската болница “Борка Талески” – Прилеп: Аплицирајте!

Јавна здрваствена установа ОПШТА БОЛНИЦА “БОРКА ТАЛЕСКИ” – Прилеп, oбјави оглас за вработување на 33 лица. Отворени се 20 работни позиции за медицински сестри, 12 работни места за доктор по медицина и за еден физиотерапевт.

Месечниот надомест за медицинска сестра изнесува 17,720 денари, за доктори по медицина 28,490 денари, а за физиотерапевт 24,570.

Огласите се активни до 28.07.2019

Дознајте повеќе за себе и вашиот карактер според врмето во денот кога сте родени

Кога сте родени? Наутро, попладне или пак навечер? Пронајде го својот час на раѓање и прочитајте какви карактеристики на личноста го отсликуваат.

Од 24 до 2 часот наутро се раѓаат љубопитни луѓе кои сакаат да се натпреваруваат.

Од 2 до 4 часот се вреди луѓе кои се ориентирани кон материјалните вредности во животот.

Од 4 до 6 часот се раѓаат храбри личности кои можат да преминат преку секаква препрека и имаат способност за лидери.

Од 6 до 8 часот е време резервирано за мистични луѓе, кои се посветени на религијата и имаат нагласено чувство на емпатија.

Од 8 до 10 часот се раѓаат хуманисти и мошне шармантни луѓе.

Од 10 до 12 часот е термин резервиран за активни типови кои сакаат да го сменат светот на подобро.

Од 12 до 14 часот се необични луѓе, желни за авантура и ризик, со бујна фантазија.

Од 14 до 16 часот е временски термин за силни луѓе, незаменливи во нестабилни ситуации и времиња.

Од 16 до 18 часот се раѓаат мирни карактери кои имаат способност да ја согледаат ситуацијата во целина и со добра нарав.

Од 18 до 20 часот се раѓаат луѓе со силна волја, способни за големи подвизи.

Од 20 до 22 часот е термин за личности кои никогаш не може да се задоволат со скромна животна улога.

Од 22 до 24 часот се филозофски настроени луѓе, кои не ретко се несфатени од другите.