дома блог страница 3176

Заев одбива да го прими Бранко Героски

Премиерот Заев одбива да го прими на средба новинарот Героски, кој во серија колумни пишуваше за рекетот врз македонски бизнисмени, кој се претпоставува дека го вршат високи функционери на СДСМ заедно со веќе уапсениот Бојан Јованоски, со тоа што ја искористувале нивната блискост со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Новинарот Бранко Геровски гледам јавно побара средба со мене токму повикувајќи се на еден текст токму на таа тема. Уште еднаш во духот на тоа што претходно го кажав, има истражни органи и треба да оди таму да си пријави. сите документи, сите докази на еден жанр кој што го направи, ред е да оди да ги пријави заради тоа што презумцијата на невиност постои за секого. Ред е да оди таму и да ги пријави, нема што кај Заев јас не сум иистражител, обвинител. Јас пијам кафе со секој, јас седам со секој и немам проблем но на оваа тема нема што да разговара со мене. Треба да си пријави во истражните органи, Јавното обвинителство, МВР или ако е нешто финансиски во Финансова полиција. Каде тој мисли дека е соодветната институција за доказите и аргументите што ги има за ваков жанр да прави треба да си ги пријави, рече Зоран Заев од прес центарот на Владата на Македонија.

Имено новинарот Бранко Героски преку една од своите колумни побара пријателска средба со премиерот Заев, за како што напиша сакал лично да му објасни зошто било важно тој сам да ја решел кризава која наста по случајот “Рекет“, во кој се претпоставува дека се вклучени и високи функционери на владеачката СДСМ.

Ристески: “Бесрамно полагаат цвеќе кај ЧЕНТО, уништувајќи ги неговите идеали за МАКЕДОНИЈА” (Видео)

Денес на 62-годишнината од смртта на првиот претседател на Република Македонија, Методија Андонов-Ченто, со посебна чест сме тука да се поклониме пред неговиот споменик, пред ликот и делото не Ченто – истакна во денешната изјава за медиумите претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Изјавата на Ристески ја пренесуваме во целост:

“Навистина сум посебно горд, бидејќи како член на ВМРО-ДПМНЕ, стоиме на патот кој го трасирал Методија Андонов-Ченто, работиме на остварување на идеалот за кој тој живеел и се борел, самостојна, суверена, независна и силна Република Македонија. Но, морам да го изразам моето огромно незадоволство од лицемерието на политичарите од власта. Тука се, со една рака положуваат цвеќе на споменикот од Ченто, а со друга рака потпишуваат распродавање на македонските национални интереси. Го сменија уставното име на Република Македонија, воведоа двојазичност на целата територија во државата и тука во Прилеп, ја распродаваат најевтино македонската историја, се’ она за кое Ченто не се борел. Не само што распродаваат се’ што е македонско, туку во своите намери газат преку најголемите великани како Ченто и неговото семејство и фамилија. Како што Ченто настрадал од нивните предци, сега му ја кројат судбината и на неговиот правнук Јане Ченто, кој борејќи се за истиот идеал на својот прадедо, сега отслужува затворска казна одредена од оваа предавничка власт. На крај да запрашам, зошто се одбележува 62-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, без присуство на членови од неговата потесна или поширока фамилија? Оваа предавничка власт мора да падне и ќе падне, но последиците ги чувствуваме сите. Македонскиот народ е свесен за се’ што се случува и верувајте на првите избори ќе ги смести овие предавници онаму каде што им е местото, на буништето на македонската историја, заедно со најголемите предавници на македонската историја”, истакна Петар Ристески.

Прилеп и Македонија одбележуваат 62 години од неговата cмpт: Духот на Ченто и денес се бунтува во заштита на македонизмот и државноста

19990419_10213928034702773_1579953429325132026_n

Прилеп и Македонија денес одбележуваат 60 години од смртта на првиот Претседател на државата,  македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

Човекот чиј идеал била независна и обединета Македонија вечно остана во сеќавање кај прилепчани, кои со длабок наклон се поклонуваат на неговото дело и жртва за татковината.

Несогласувањата со тогашниот комунистички режим и спротивставувањето кон тогашните први луѓе, го однеле Ченто во затвор , што било причина за неговата смрт после излегувањето од затворската ќелија, но она што го оставил зад себе, како идеја, непокорност и непопусливост, му обезбеди вечен паметник во алеата на херои и заслужни борци за човекови права и државност.

che00005

фото: oldprilep.com

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов – Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Metodija_Andonov-Čento_with_his_parents

Ченто со мајка му Захарија и татко му Андон

Политичка активност пред Втората светска војна

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Miting_2_tif

Ченто на митинг

Антифашизам

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелницаф, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

Makedonski_partizani1-630x404

Учество во НОВ

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата функција, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

19

Споменик на Ченто на плоштадот Македонија во Скопје

Судирот со новата комунистичка власт

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

13700152_10210435834359947_3199505315473439889_n

По смртта

Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

DSC_3426

Споменик на Ченто во Прилеп

Jа искритикуваа дека пее на “плејбек”, а Анета ги разубеди сите: Евровизиската песна ја пее подобро од сите (Видео)

Евровизиската песна “Proud” на Тамара Тодевска веќе во неколку наврати е препеана од наши изведувачи, а пред извесно време на еден настап тоа го стори и пејачката Анета од групата “Молика”.

Изведбата на Анета наиде на многу позитивни коментари, но и такви кои сметаат дека таа пее на плеј бек.

За да ги разубеди, Анета сними видео во живо на кое одново ја отпеа песната.

Погледнете и слушнете, пејачката по кој знае кој пат докажа дека располага со невиден талент:

Денеска се празнува чудото на светата великомаченичка Ефимија

Света Ефимија била родум од Халкидон. Родителите и биле христијани, а татко и покрај тоа бил сенатор. Во времето кога Ефимија веќе била пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Приск одредил обилно жртвопринесување во Халкидон.

Четириесет и девет христијани, меѓу кои и Ефимија, се засолниле од градот, зашто не сакале да учествуваат во овој бесмислен колеж. Меѓутоа, војниците ги пронашле и ги довеле пред антипатот. А овој цели 19 дена смислувал и спроведувал најразлични мачења врз нив. Дваесеттиот ден била изведена пред него и Ефимија.

Приск се обидел најпрвин да ја придобие со ласкање, но кога тоа не му успеало, ја предал на мачење. На примерот на св. Ефимија се исполнија Христовите зборови: на змии ќе газите и ќе останувате неповредени, бидејќи таа чудесно поминуваше низ сите мачења. Најпосле ја фрлија на ѕверовите и тука свети Ефимија го предаде духот на Бога. Чесно пострада за Христа во 304 година.

Тарчуловски: “Голем е стравот кај Владата за 2-ри Август”

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски пишува дека кај Владата постои страв околу организацијата на 2-ри Август (Илинден).

“Голем е стравот кај организаторот(владата) за 2-ри Август. Нема друг изговор на тоа да се бараат копии од лични карти и список од сите учесници.Ке се враќа народ од Мечкин камен. Ова ни Тито ни Колишевски не го правеше. Џабе ви е се!”

Инаку, премиерот Зоран Заев најави дека ќе се обрати пред присутните на Илинден на Мачкин Камен.

ВИДЕО: Рамуш Харадинај со cпуштена глава стигна во Специјалниот cуд во Xаг- спроведен кај cудијата на сослушување

Рамуш Харадинај пристигна во Специјалниот суд во Хаг, каде ќе биде сослушан поради злосторствата кои ги направиле поранешните припаднаици на ОВК врз српските и неалбански жители .

Харадинај пред специјалниот обвинител денеска ќе биде сослушан како осомничен за воени злосторства на територијата на Косово за време на воениот конфликт кон крајот на 90-те години.

Рамуш Харадинај во петокот поднесе оставка од местото премиер поради сослушувањата пред Специјалниот суд, а денеска ќе се појави пред истражувачите.

Наредните потези во судот во врска со Харадинај не се познати, но ќе биде сослушан во својство на осомничен.

Тој на Фејсбук напиша дека „Косово тргнало напред на евроатланскиот пат и дека е посилно од било кога, на линијата на мирот и во сеприсутните пријателства со САД“.

Ќе биде јака журка: “Тhe Hounds” го најавија својот 11-ти роденден – повторно ќе скока цела чаршија (ВИДЕО)

Фото/Tone Bandits

Mузичката група “Тhe Hounds” го најави својот единаесетти роденден. Журката за 11 години постоење на музичкиот бенд од Прилеп ќе се одржи на 14.08. (среда) во срцето на чаршијата, спроти ‘Jazz Club Take Five’.

Минатата година дечките прославија јубилеј од 10 години постоење, а атмосферата беше повеќе од одлична. Скокаше и ечеше целата чаршија, а ништо поинаку нема да биде и оваа година.

СЈО го вртат чудни закони, еј како го врти Катица од трето три – нов хит на Сашо Тасевски (Видео)

Актерот Сашо Тасевски излезе со нов музички хит. Овојпат се јави од тоалет во Скопје…

(Документ) КОСА ЦРТА НАМЕСТО МАКЕДОНСКО: Лицата родени пред уставните измени, во изводот ќе останат без име на државјанството

До редакцијата на “Инфомакс” пристигнала фотогорафија од Известување испратено од Управата за водење на матични книги, во Подрачното одделение Куманово, Подрачна канцеларија Крива Паланка. Во ckaндалозното известување раководителот им посочува на вработените дека при издавање на извод од матичната книга на родени, кај сите оние лица родени пред февруари месец 2019-та година, односно пред промената на името, наместо Република Македонија мора да стои обична коса црта.

Досега во графата државјанство кај оние родени во Република Македонија, пишуваше македонско, но очигледно и ваквите ситни детали каде е останата придавката македонско и пpeчaт на официјална Атина, па така Владата на Заев прави се за им удоволи. За сите оние деца родени по февруари месец во графата државјанство задолжително ќе стои Република С Македонија.

Извор: “Инфомакс”