дома блог страница 3175

Kучиња херои! Огромна кобра се приближила до куќата додека спиело бебето, а тие херојски се бореле (Видео)

Надзорните камери снимиле вистинска драма пред семејна куќа на Филипините.

Имено во близина на куќата се доближува кобра и во моментот ја забележува куче и почнува да лае, а притоа му се придружува уште едно куче.

Додека кучињата се борат со змијата, еден ја гризе за главата, а другиот за опашот, кобрата е убиена, а кучето Мајл имало неколку сериозни повреди, од кои за жал после неколку минути угинало од змискиот отров.

Инаку ќерката на сопственикот на куќата била ватре и спиела.

Браво! Во оваа македонска општина браковите ќе се склучуваат бесплатно

Усвоена е одлуката со која младите брачни парови од Делчево во наредниот период ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Делчево, во која стои дека во иднина нема да се плаќа надоместок за користење на просторијата за склучување граѓански брак.

Бракот ќе се склучува во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ, а за користење на салата, заинтересираните граѓани за оваа намена е потребно да доставуваат барања до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот датум и час за склучување брак кој ќе се достави до Матичната служба во Делчево, стои во одлуката која беше едногласно поддржана од делчевските советници.

Од Општината велат дека оваа одлука е оправдана, бидејќи идните брачни парови ќе се ослободат од непотребниот трошок кој досега го имаа како обврска.

Ова е еден вид поддршка за младите брачни парови, кои покрај големиот број трошоци, нема да мораат во иднина да плаќаат за нешто што долги години го имаа како финансиски товар, велат од Општината.

Со цел да се збогати свечениот амбинет при склучување граѓански брак во Делчево, за потребите на новата сала за венчавање, Општината има набавено нов инвентар (декоративна маса и столови).

Популарната апликација заработи цело богатство и тоа за само 10 дена

Апликацијата за модификација на селфи , “FaceApp”, која меѓу другото ја има функцијата го “остари” лицето на фотографијата, направи милиони долари за само десет дена, објави американскиот бизнис-магазин Forbes.

Приходите се направени и покрај предупредувањата на американските политичари и нивните апели до граѓаните да не ја користат оваа апликација која е произведена во Русија.

Добривоје Марински: “Ова е вистината за “Пивофест”, еве зошто oвогодишниот фестивал е вистински дебакл”

Добривоје Марински 25 години е сопственик на регионалната телевизија “Сонце” во српскиот град Аранѓеловац. Тој е Македонец по потекло, менаџер со долгогодишно искуство и реноме, а 13 години го организира познатиот “Гуча Фестивал” – врвен собир на трубачи каде доаѓаат над милион посетители од цела Србија и пошироко.

Марински има работено на еден куп други проекти, соработува со мал милион познати музички имиња од Балканот, а неодамна работел и на маркетингот за избор на претставник на Србија на Евровизија.

На “Пивофест” во Прилеп досега ги има донесено: Горан Бреговиќ, Владо Георгиев, Мирослав Илиќ, како и други познати музички имиња.

Марински неодамна преку допис до Маркукуле информираше дека со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, имале неколку средби на кои ја договарале организацијата на “Пивофест”, но и покрај понудата да обезбеди светска продукција за исти пари, со далеку подобра сцена и врвни изведувачи, работата пропаднала бидејќи секој си ги гледал своите интереси.

“Македонец од Србија најавува ли голема афера за организацијата на “Пивофест”?!

Денеска во допис Марински го коментира 17-от по ред фестивал на скарата и пивото, кој заврши во неделата.

Еве како Добривоје Марински гледа на целата организација и на успешноста на фестивалот оваа година:

“Преговарајќи со Илија, градоначалникот на Прилеп, имав впечаток дека разговарам со сериозен човек и желбата ми беше поради моето македонско потекло да го унапредам овој фестивал на кој пред неколку години ги донесов: Горан Бреговиќ, Владо Георгиев, Мирослав Илиќ и други изведувачи.

Советодавно, како искусен организатор кој изминатите 14 години директно работел на организацијата на фестивалот “Гуча”, предлагав дека “Пивофест” за оваа година има само една задача, а тоа е враќање на довербата, пред се’ на спонзорите и народот во овој некогаш прочуен фестивал.

Дека таа идеја му се допадна на градоначалникот и неговите соработници, зборуваат неколкуте состаноци на кои беа воодушевени од предлозите, а мојата желба беше после оваа година фестивалот да може самиот да се одржува, а не да се пикаат раце во џебовите на народот. За организацијата на “Гуча” локалната самоуправа за програма и продукција не плаќа ниту едно евро!

Тука доаѓаме до проблем?

Зошто?

Тука не може да се мешетари!

Во Македонија постои сериозна регионална агенција “Авалон”. “Пивофест” e препуштен на таканаречените менаџери, а јас би рекол препродавачи и нивната спрега со локалните луѓе во градовите, а тоа е случај и во Прилеп. Тука се и Јане и Маре, јас тебе кум, а ти мене …. и како тогаш нешто може да успее? Кумот не е дугме, се вели кај нас.
Од овие предлози кои ги дадов, прифатени беа само два, концертот на Цеца и концертот на Влатко Стефановски, со кого лично обавив разговор околу “Пивофест”, затоа што него го сметам за икона на регионалната музика.

Фестивалот помина и тој никогаш нема да биде “институција”, барем додека го водат вакви луѓе. Тие никогаш нема да гледаат на фестивалот развојно! Зошто?

Тоа ви е како кога кокошка ќе снесе јајце и сите сакаат да го украдат.

Како искусен организатор, го имам снимено тој плоштад во Прилеп, и истиот не може да собере повеќе од 7.000 луѓе, и тоа кога е преполн. Тоа е реалноста!

Можеме ние сега да се занесуваме и да се лажеме самите себе, дека било спектакуларно и подобро од минатите години. Постои изрека, задоволно е магарето што е магаре, но оваа година “Пивофест” доживеа вистински дебакл.

Драги дами, драги кумови, драг градоначалник, жал ми е што изгубивме време во разговори, не знаев дека вие всушност организирате вашар со плескавици”.

Инаку, градоначалникот Јованоски и организаторите, во понеделникот на прес конференција истакнаа дека овогодишниот “Пивофест” е успешна приказна и дека дневно имало по 35-40.000 посетители.

Tурција продолжува да и помага на Македонија: Болницата во Прилеп доби донација ново амбулантно возило

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп доби ново, модерно санитетско возило марка „Мерцедес“ со комплетна опрема за транспорт на тешко болни пациенти , во кое можат да се вршат и операции.

Донацијата е од Владата на Република Турција, преку владината турска агенција за соработка и координација „ТИКА“.
Заблагодарувајќи се на донацијата, в.д. директорот на прилепската болница „Борка Талески“, Драги Богојески рече дека санитетското возило значително ќе помогне во решавање на проблемот со транспортот на потешко болните пациенти.

Амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара истакна дека чувствува големо задоволство што од своето постоење до денес, турската владина агенција „ТИКА“ во нашата држава реализирала преку 1.000 проекти.

– Се надевам дека активностите и проектите ќе продолжат и во идниот период со соработка на државните институции, бидејќи ние како Република Турција преку ‘ТИКА’ реализираме многубројни проекти од сите можни области, рече амбасадорката.

Геровски му одговори на премиерот: Заев да не ме забавува со комични препораки

„Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене – не!“, му пораа новинарот Бранко Героски на премиерот Зоран Заев по денешната прес конференција.

Заев рече дека нема што да разговара за случајот „Рекет“ со Геровски кој во серија објавува колумни за рекет врз македонски бизнисмени и му порача да се обрати до институциите.

„Јас сум слободен новинар, самиот одлучувам што пишувам, кому се обраќам и со кого би сакал да разговарам. За да ја задржам својата слобода, си дадов оставка во „Слободен печат”. Два пати оставка не можам да ви дадам…“-потенцира Героски одговарајќи на кажаното од премиерот.

Героски во одговорот вели дека на крајот на краиштата, секој избира со кого сака да разговара.

„Секој избира со кого му врви муабетот. Секое грне на крајот си го наоѓа своето капаче“, додава Героски.

Сега и официјално: Уште еден Македонец ќе игра во Италија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас и официјално е нов играч на калчолигашот Наполи.

За услугите на Елмас, неговиот веќе поранешен клуб Фенербахче ќе добие 16 милиони евра плус бонуси за презентацијата. Тој потпиша договор за 5 години, кој треба да му носи околу 1,5 милиони евра за сезона.

На Елмас му посака добредојде и првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Внимавајте ако одите таму – ова е мапа на плажите во Грција каде се појавиле медузи

Доколку одлучите да летувате во Грција, за да поминете безболно, добро е да знаете на кои плажи и во кои летувалишта се појавуваат медузи.

За таа цел изработена е мапа која покажува во кое време од годината каде има медузи. Мапата константно се ажурира и им дозволува на корисниците да учествуваат во нејзиното оформување, доколку некаде виделе медуза. Затоа нека не ве буни тоа што мапата се вика Медузи 2018.

Мапата може да ја погледнете ТУКА.

Исто така, Грците предупредуваат и замолуваат да не се вадат медузите од морето, зашто на тој начин се убивaaт

Ова се апликациите кои ја следат вашата локација дури и кога не ги користите

Додека очекувате дека е нормално апликацијата за навигација да ја следи вашата локација за на најбрз и најбезбеден начин да стигнете од точка А до точка Б, можеби ќе ве изненади информацијата дека постојат и многу други апликации кои го прават истото дури и тогаш кога немаат никаква потреба за тоа.

Ова се некои од апликации кои секогаш ве следат дури и кога не ги користите.

Апликација за временска прогноза

Оваа апликација мора да ја знае вашата локација за да ви каже дали наутро треба од дома да излезете со чадор. Да, ова е корисно, но доколку мислите дека е обратно тогаш потрудете се на овие апликации да им го оневозможите следењето на вашата локација.

Фејсбук

Дали постои нешто кое оваа апликација не го следи? Одговорот е поделен на ова прашање.
За среќа, може да ја исклучите опцијата за следење на локација во внатрешноста на оваа апликација.

„Дејт“ апликациите (апликации за наоѓање на партнер)

Овие апликации се корисни затоа што ви кажуваат кој во вашата близина бара партнер. Но, кога ги користите вие им давате дозвола да ги користат информациите за вашата моментална, но и идна локација.

Ченто до Колишевски: Милост не сакам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку што ме осудивте!

Денеска се одбележуваат 62 години од cмpтта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. Потсетуваме на едно сведоштво дадено од Мехмед Али Осман пријател на Ченто од затворот Идризово, за средба помеѓу Лазар Колишевски и Методија Андонов – Ченто.

“…Се сеќавам еден ден дојде Лазар Колишевски, во Идризово, во 1953 г., заедно со Глигор Зафировски, управник на затворот. Дојде кај Ченто и му зборуваше нешто за помилување. Овие зброви ќе ги паметам додека сум жив.

На зборовите за помилување, Ченто свика: „Кога не бев за осудување, ме осудивте на 10 години. Што барате сега? Милост не сакам!

Сте ме осудиле на 10 години – 10 години ќе одлежам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку што ме осудивте!“ така му рече на еден Лазар Колишевски, претседател на Народна Република Македонија, стамено и гласно, како маж!

Тоа секој не може да го каже. Тоа беше голема храброст. Во тоа време немаше правда. За ништо ќе ти го удреа пендрекот.

Колишевски молчеше. Ја спушти главата и молчеше. Кога си замина очите ми се наполнија со солзи, но од друга страна, ми дојде некаква храброст.

Само му реков „А бре, чичко Ченто, да се сите како тебе, оваа земја поинаква ќе биде“ .

Видов дека и нему му се насолзеа оите. Ме пргрна, ме погали и ништо не рече” – по кажување на Мехмед Али Осман пријател на Ченто од затворот Идризово.