дома блог страница 3174

Сведоштво на пожарникар од Прилеп за синоќешната сообраќајна нecpeќа: Лицата беа вклештени, ги сечевме автомобилите

Вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во бoлницaта во Прилеп, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинитeл и увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Пожарникарот Зоран Граороски од Прилеп кој 15 години работи во Територијалната противпожарна едицина во Прилеп напиша сведоштво за целиот настан и како се одвивала спасувачката акција на повредените лица.

“Синоќа околу 21 час и 35 мин ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЕДИНИЦА ПРИЛЕП, по примена дојава за тешка Собраќајка при директен Удар на две Возила.Беше интервенирано од наша страна Сообраќајката се случи кај Црната Точка према Мало Коњари. Во двата Афтомобили Лицата беа Вклештени во кое мораше да се извадат безбедно од наша страна со сечење на возилата по напорната работа во 22 час и 35 мин Акцијата е завршена Лицата се пренесени во Државна Болница во Скопје. Станува збор за два млади животи, НИКОЈ МЕДИУМ НЕ САКА ДА ПИШИ НИ ЕДЕН ЗБОР ЗА ОВАА АКЦИЈА. Сакам да ги потсетам некои партиски мегафони наречени Медиуми или Портали. Вакви Хумани работи не ги ни имате на ум. Се гордеам што сум дел од тимот кој имаме спасено над 100 човечки животи во моите 15 год работен Стаж во ТППЕ, Прилеп”, пишува Зоран Граороски на својот Фејсбук профил.

Тешка cooбpaќајка се случила во прилепско: На патот Кривогаштани-Житоше се судриле две возила

На 24.07.2019 во 09.30 часот на регионалниот пат с.Кривогаштани-с.Житоше, прилепско, се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(43) од с.Локвени, прилепско.

Во нeзгoдaтa, возачот на возилото „Голф“, Ј.К. се здобил со тешkи тeлecни повpeди, додека возачот на возилото „Пасат“ се здобил со тeлecни пoвpeди.

Двајцата биле пренесени во бoлницaтa во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Тешка cooбраќајна нecpeќа на патот Прилеп-Крушево: Две лица се здобиле со тешки пoвpeди

Вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во бoлницaта во Прилеп, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинитeл и увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Ова не е Ријана: Нејзината мала двојничка ја остави пејачката без зборови (ФОТО)

Ријана остана без зборови кога здогледа фотографија од мало девојче кое екстремно многу наликува на неа.

Славната пејачка ја сподели фотографијата од слаткaта Ала на Instagram и напиша: „За малку ќе го испуштев телефонот. Како?“

Сличноста помеѓу нив привлече огромно внимание и многумина започнаа да пројавуваат интерес за девојчето.

Тајра Бенкс се обиде да ја идентификува со цел да ѝ помогне да стане модел.

Денеска концерт на КУД “Пензионер”

КУД „Пензионер“ при Здружението на пензионери Прилеп денеска, со почеток од 20.00 часот, во кино Мис Стон, ќе одржи концерт. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето што го реализира ЦК„Марко Цепенков“.

Членовите на друштвото ќе се претстават со дел од својот богат репертоар, а како и на секој нивни концерт ќе имаат и гости, овој пат Пејачките групи од Карпош – Скопје, од Кичево и КУД„Преродба“.

Моќни намирници кои го чистат организмот од никотин: Пробајте, ништо нема да изгубите, а резултатите веднаш се видливи

Пушењето е многу штетно по здравјето, а неговите последици можат да траат со години.

Ќе ви дадеме список на намирници кои го чистат организмот од никотин и ја намалуваат потребата за цигари.

Броколата е богат извор на витаминот C, B и B5

Карфиолот и зелката содржат полифенол

Лимонот и портокалот се богати со Витамин C

Морковот е добар за кожата која е оштетена од никотинот, а полн е со витаминот A,C,K,B

Спанаќот содржи фолна киселина и комплекс витамини

Калинката ја подобрува циркулацијата на крвта.

Брусницата го подобрува нивото на шеќерот во крвта како и никотинот

Кивата ги надокнадува изгубените витамини.

Зелениот чај содржи полифенол одличен за антиоксидација.

Водата ги исфрла штетните материи и ја спречува дехидрацијата.

Истражувањата покажуваат дека пушењето цигари е одговорно за околу една петтина од сите смртни случаи предизвикани од срцеви болести. Пушачите имаат два до четири пати поголем ризик од болести на кардиоваскуларниот систем и околу 70 проценти повисок ризик од смртност како последица на болестите на кардиоваскуларниот систем во споредба со непушачите. Пушењето е главен ризик фактор за срцеви заболувања.

(ВИДЕО) Вистинска драма во авион: Погледнал во друга жена, па од неговата доби лаптоп по глава

Пред полетување на авион, кавгата помеѓу пар прераснала во драма, која завршила со тепање, отстранување од авионот и задоцнет лет.

На снимката може да се слушне како жена се расправа со мажот заради тоа што погледнал во друга жена и почнува да го навредува, а од персоналот го замолуваат да стане и да се тргне на страна за ситуацијата да не ескалира.

Откако ќе стане, жената збеснува и го удира со лаптоп, по што останатите патници ги фаќа паника, а повредени се и еден патник и стјуардеса.

Парот е отстранет од авионот, а летот доцнел со полетување 2 часа заради драмата.

Неизвесна преселбата на Гризман во Барселона: Трансферот е стопиран поради оваа причина

Постои можност за блокирање на трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона поради финансиски несогласувања.

Ова денеска го изјави претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас потврдувајќи ја жалбената постапка поведена од страна на Атлетико.

-Можно е да се блокира трансферот на играчите. Атлетико поднесе жалба и не стави во дилема дали треба да ја проследиме лиценцата на Гризман до Барселона. Процесот веќе е покренат и тие кои се надлежни ќе морат да го решат случајот, изјави Тевас.

Гризман дојде во Барселона на 1 јули кога износот на неговата клаузула падна од 200 на 120 милиони евра. Сепак, Атлетико тврди дека договорот е склучен пред 1 јули, така што според нив, Каталонците треба да ја исплатат целата сумa од 200 милиони евра.

Стевананџија:”Закон за основно образование, еве што ќе добијаат наставниците, учениците, родителите..” (Видео)

Во рамките на денешната 106 седница на Собранието, пратениците дискутираа за Предлог на Законот за основното образование во прво читање.

Еве што порача пратеникот од Прилеп, Димитар Стевананџија од собраниската говорница:

Со нивниот глас се разубавуваат празничните литургии и венчавките: Слушнете колку прекрасно звучи црковиот хор Св. Петка од Прилеп (Видео)

Црковниот хор “Св. Петка” e душата на истоимениот храм во населбата “Точила”. Преку гласот на членовите на хорот и диригентската палка на Гоце Секулоски, се разубавуваат празничните литургии, како и давањето на вечен завет пред Бога на голем број брачни парови.

Хорот “Света Петка” е амбасадор на градот и државата, па досега се има претставено и на повеќе места надвор од границите на Македонија.

Слушнете како звучи прекрасната црковна музика испеана во најновиот црковен храм во Прилеп: