Сведоштво на пожарникар од Прилеп за синоќешната сообраќајна нecpeќа: Лицата беа вклештени, ги сечевме автомобилите

Вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во бoлницaта во Прилеп, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинитeл и увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Пожарникарот Зоран Граороски од Прилеп кој 15 години работи во Територијалната противпожарна едицина во Прилеп напиша сведоштво за целиот настан и како се одвивала спасувачката акција на повредените лица.

“Синоќа околу 21 час и 35 мин ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЕДИНИЦА ПРИЛЕП, по примена дојава за тешка Собраќајка при директен Удар на две Возила.Беше интервенирано од наша страна Сообраќајката се случи кај Црната Точка према Мало Коњари. Во двата Афтомобили Лицата беа Вклештени во кое мораше да се извадат безбедно од наша страна со сечење на возилата по напорната работа во 22 час и 35 мин Акцијата е завршена Лицата се пренесени во Државна Болница во Скопје. Станува збор за два млади животи, НИКОЈ МЕДИУМ НЕ САКА ДА ПИШИ НИ ЕДЕН ЗБОР ЗА ОВАА АКЦИЈА. Сакам да ги потсетам некои партиски мегафони наречени Медиуми или Портали. Вакви Хумани работи не ги ни имате на ум. Се гордеам што сум дел од тимот кој имаме спасено над 100 човечки животи во моите 15 год работен Стаж во ТППЕ, Прилеп”, пишува Зоран Граороски на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.