дома блог страница 3171

„Љубовникот од Будва“ e хит на социјалните мрежи (Видео)

Видео од Будва се шири со брзина на светлината по социјалните мрежи во целиот регион. На него, маж виси на ограда на тераса од зграда.

Вистинската причина за ваквиот чекор не е позната, па секој си направи своја приказна од тоа што го гледа.

Сепак, она што најмногу се коментира е дека тој најверојатно се одлучил на ваков излез од станот, бидејќи сопругот на „неговата пријателка“ се вратил дома порано од очекуваното.

Видеото се појави на страницата „Подгорички времеплов“, а според достапните податоци, главниот актер е од Ужице.

Израелскиот амбасадор застана на една рака во кабинетот на Пендаровски (Фото)

Претседателот Стево Пендаровски објави фотографија со амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Орјан, на која амбасадорот е застанат на една рака.

“Оваа фотографија, “стој на раце” со израелскиот амбасадор Dan Oryan, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно :)” – напиша Пендаровски на Фејсбук.

Нејзината мајка се породи пред Државна болница- таа е првото новородено бебе по земjoтpecот во Скопје

Скопје на 26 јули 1963 година загуби многу свој жители, роднини, пријатели, туристи, но доби и нови жители еден од тие жители е и Сузана…

„Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври.

Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната болница. Но, судбината сакаше поинаку…. Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината.

Одеднаш, се слушнаа страшни звуци – мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

НБА играч од наредната сезона ќе игра во македонски кошаркарски клуб

Актуелниот кошаркарски првак, екипата на МЗТ Скопје, го ангажира првото странско засилување во пресрет на новата сезона, откако денеска потпиша договор со кенискиот интернационалец Нуни Омот (24 год, 206 см), кој доаѓа од филијала на Бруклин нетс од НБА.

Според голем број американски стручњаци, станува збор за исклучително квалитетен крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „3“ и за кого не би било чудно ако во блиска иднина заврши во тим од најсилната лига во светот. Тој веќе знае како е да се биде дел од НБА-екипа, со оглед што минатото лето прво настапи на пет средби во Летната лига во дресот на Голден стејт вориорс, а потоа беше дел од тренинг кампот на Бруклин нетс и играше за овој тим во претсезонски меч против Њујорк никс.

Омот непосредно пред почетокот на минатата сезона беше префрлен во филијалата на „мрежичките“ во развојната ЏИ-лига, што воедно значи дека и понатаму е интересен за челниците на овој НБА-тим. Во дресот на вториот тим на Бруклин нетс, новото засилување на аеродромци настапи на 44 средби со просек од 5,5 поени и два скока. Претходно, имаше и повеќе од солидна универзитетска кариера во дресот на Бејлор универзитетот, за кој играше и доскорешниот кошаркар на МЗТ, Лестер Медфорд. Омот во последната сезона во НЦАА-лигата на 34 средби имаше просек од 9,9 поени, 3,6 скока и 1,7 асистенции.

Кениецот е осмиот кошаркар кој во моментов е под договор со тимот од „Јане Сандански“, откако претходно беа ангажирани Кристијан Николов и Бојан Крстевски, а беа обновени договорите со Андеј Магдевски и Андреј Маслинко. Од минатата сезона обврски кон актуелниот првак имаат Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ. Тренерот Ѓорѓи Кочов ќе продолжи да ја предводи екипата и во следниот период.

Ласовска: “Премиере еве го 16-кракото сонце од Бонче: Кој ја краде историјата, а вие молчите?” (Видео)

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на вчерашната седница на Собранието наменета за пратенички прашања, му одржа лекција на премиерот Заев околу шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Ласовска зборуваше за книгата “Антички македонски штитови од Пелагонија” и за сонцето кое е пронајдено на штитовите во локалитетот на прилепското село Бонче.

Пратеничката му укажа на премиерот дека сонцето од Кутлеш не е ексклузивно право само на нашиот јужен сосед, како што тоа е предвидено со Преспанскиот договор, туку и право на македонскиот народ.

Премиерот потоа влезе во конфликт со Ласковска дофрлајќи од место.

Еве како изгледа сонцето пронајдено на штитовите во Бонче, кои се наоѓаат во Археолошкиот музеј.

Кучиња скитници опколија туристи во Скопје (Видео)

Главниот град сеуште не може да најде решение за големиот број кучиња скитници кои ги има насекаде.

Денеска група туристи се соочија со кучиња во централното градско подрачје во Скопје, што е навистина неубава слика и крајно време е надлежните овој проблем да го решат, а кучињата да бидат згрижени.

Удинезе му посака добредојден на Несторовски: Илија Несторовски официјалнo e дел од “малите зебри”

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Удинезе.

Македонскиот голгетер после исфрлањето на Палермо во Серија Ц е слободен играч и веќе има постигнато договор со Удинезе.

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Несторовски веќе ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе стави потпис на договорот.

Тоа денес го потврди и директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино, кој изјави дека македонскиот голгетер ќе се пресели на „Фриули“.

На официјалната страна од Удинезе веќе ја објавија информацијата, а добредојде на “Нестор-гол” му порачаа и преку социјалните мрежи:

Пиво течи на Плетвар: Се судриле два камиoни (Фото)

ФОТО/Ѕид на сообраќајниот срам

Сообраќајна незгода попладневно се случила денеска на париот правец Приле-Градски, помеѓу ресоранот “ЧЕ” и планинскиот превој “Плетвар”.

Според информациите кои ги добиваме од наш читател, се судриле два камиони товарени со пиво, а засега нема информации за повредени лица.

Од фотографијата може да се забележи дека на патот има распослано срчи.

Повеќе информации подоцна…

(Видео) Драма на аеродром: Двегодишно дете заврши на лента за багаж

Двегодишно дете од американската држава Атланта се качило на аеродромската лента за багаж , по што завршило во болница.

Детенцето избегало од мајка си и се качило на подвижната лента на аеродромот Хартсфилд- Џексон во Атланта. Мајката Едит Вега вели дека само за момент го оставила детето, за да пополни формулар за багажот, а кога се свртела детето исчезнало.

Малиот се качил на лентата по која се возел меѓу торбите и коферите и завршил во просторијата каде што се врши безбедносна проверка на багажот. Таму го забележал еден од вработените и ја сопрел лентата.

Витаминка и Кожувчанка во акција: Освежување за сите патници на граничниот премин “Богородица” (Фото)

Витаминка и Кожувчанка за оние кои денеска го поминаа граничниот премин Богородица, како и за оние кои ќе го поминат во текот на утрешниот ден, подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци – Цевитана и природна Изворска вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности. Или, пак, да ги понесат со себе и да уживаат во освежувањето попатно или додека престојуваат на некое од одбраните места за одмор.

Консумирањето на поголема количина на течности е задолжителна и е од исклучителна важност за човечкиот организам во летниот период. Дополнително, дневниот внес на витамини е потребен за правилно функционирање на човечкото тело и е поддршка на имунолошкиот систем.

Токму затоа Витаминка, во соработка со Кожувчанка, решија оваа потреба на патниците кои ја поминуваат границата да ја задоволат со еден ваков подарок. Нашиот познат бренд Цевитана, кој е достапен во седум вкусови (лимон, портокал, манго, ананас, грејпфрут, минт и лимон и лимон и бозел) е освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, Б-комплекс, Ц и Е).

Три до четири чаши Цевитана, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана. Цевитана е напиток кој содржи природни состојки без вештачки засладувачи, бои и ароми. Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата.

Со освежителното изненадување двата познати бренда денеска им понудија на патниците момент на уживање и освежување посакувајќи им среќен пат и убав викенд надвор од државата. Активноста ќе продолжи и во текот на утрешниот ден кога се очекува голем број патници да го поминат овој граничен премин.