дома блог страница 3172

Борис Џонсон: Британија ќе биде најдоброто место за живеење откако ќе излезе од Европската Унија

Со излегувањето од Европската Унија на 31 октомври Британија ќе стане најдоброто место во светот, рече вчера Борис Џонсон пред британскиот парламент, за прв пат во улога на премиер.

“Нашата мисија е да го спроведеме Брегзит до 31 октомври со цел да ја обединиме и да ја обновиме нашата прекрасна Велика Британија и да ја направиме земјата најдобро место во светот”, истакна Џонсон, пренесува Ројтерс.

Тој повтори дека ќе ја “извлече” Британија од ЕУ со или без договор, наведувајќи дека условите од договорот не се прифатливи за британскиот парламент и за земјата.

Кога македонско девојче ќе затропа на тапан: Нешто што ретко се гледа, но воодушевува (Видео)

Интересно видео се појави на социјалните мрежи на кое едно младо девојче тропа на тапан на некоја семејна прослава.

Видеото е објавено од “Харизма Бенд”, кои напишаа: “Ваквите моменти се многу ретка глетка. Ова е македонско девојче!”.

Погледнете:

Петкоски : Срамна е намерата на СДСМ донацијата од Турција да ја претстави како нешто сработено, здравството во Прилеп е катастрофа

Кога немаш ништо сработено, кога тони секој сектор во државата, добредојдена е секоја донација.
Така е и со СДСМ и нивното раководство во здравствените институции во Прилеп. Едвај чекаат некоја донација од странство, па да се пофалат и да го претстават тоа како нешто сработено – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува донацијата на ново амбулантно возило од Турција и веруваме дека соработката со оваа пријателска држава ќе продолжи и во иднина.

Истовремено смешна и срамна е намерата на СДСМ оваа донација да се претстави како нешто сработено и инвестирано во здравството.

За тоа колку сработиле и во каква катастрофална состојба се наоѓа прилепската болница, јавноста ќе биде запознаена за многу скоро време, кога власта ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ.

Дали директорот на болницата и градоначалникот Јованоски му ги покажаа овие фотографии на министерот Филипче, при некнешната посета на болницата?

Дали вака СДСМ инвестира во здравството и ги подобрува здравствените услуги за над 100.000 пациенти во регионот?
Овие фотографии се реалната слика за здравството во Прилеп и реална слика со која секојдневно се соочуваат пациентите.

Каде се ветените 100.000 плата за докторите и зголемувањето на капитациониот бод за стоматолозите од 40 на 70 денари?

Прашуваме и како е можно портпаролот на СДСМ Прилеп, Филип Попоски, инаку вработен во болницата, по којзнае кој пат во работно време да чита партиски пресови?

За потсетување, сегашното раководство ја наследи болницата во одлична финансиска состојба. Реновирани беа сите одделенија и набавена беше нова и современа апаратура.

Само 2 години подоцна, одделенијата се соочуваат со недостиг на основни средства, како завои, гел за ЕХО прегледи, анестезии….

Граѓаните секојдневно сведочат дека се приморани вакви основни медицински средства да си носат со себе кога одат на преглед.

Состојбата е уште полоша во Здравствениот дом во Прилеп, каде институцијата се соочува со тешка финансиска состојба и е затрупана во долгови, а доверителите веќе преку извршители си ги бараат парите.

Почитувани,

Ова не се лажни вести, ова е реалната состојба од владеењето на оваа однародена и аздисана власт. Ова е резултатот кога кожените фотељи се послатки од тоа да се засукаат ракавите и нешто да се сработи.

За среќа, на нивната авантура им доаѓа крајот! Доаѓа крајот на расипништовото, на понижувањата и распродавањето”.

Ајде МАКЕДОНИЈО да помогнеме сите! Татко на три деца од Кичево и поранешен припадник на МВР боледува од мултиплекс склероза!

Сите луѓе имаат многу желби, а болните само една „да оздрават“

Вербата во Бог треба да не мотивира на дела!

Да се биде хуман е нешто непроценливо…

Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост!

Игор Петрески кој со своето семејство живее во Кичево боледува од „Мултиплекс Склероза“, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов Игор е во инвалидска количка.

За таа цел потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€

Третманот со матични клетки Фондот за Здравство не го покрива бидејќи станува збор за алтернативно лекување.

Да му помогнеме на Игор кој е сопруг на жена-херој Марија и татко на 3 малолетни златни дечиња, исто така беше и службено лице во редовите на МВР.

Да му помогнеме за конечно да застане на нозе и повторно да му се насмевне на животот! ?

Од денес се активни и донации преку:

☎️ Т-Mobile: 143106

☎️ VIP: 143600

Со секој ваш повик, донирате 100 денари.

Или директно на денарска сметка:

250-0320004052 – 59

Шпаркасе Банка

Име и Презиме: Игор Петрески

Да бидеме хумани, да помогнеме, сме покажале и да покажеме повторно дека сплотено и здружено можеме како и секогаш да помагаме кога е најбитно!

Важно соопштение од СВР Битола до сите граѓани кои се греат на дрва

Постапувајќи по ОА Гора од страна на Секторот за внатрешни работи Битола, утврдени се одредени злоупотреби од превозниците (физички и правни лица), кои вршат транспорт на огревно дрво до крајните купувачи, со неиздавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број на печат.

Од страна на Секторот за внатрешни работи Битола се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното ОЈО.

„Имајќи го во предвид горенаведеното, бидејќи се работи за поголем обем на утврдени неправилности, за краток временски период, Секторот за внатрешни работи Битола превентивно сака да ја запознае јавноста, за граѓаните да бидат информирани дека при приемот на огревното дрво исклучиво да бараат соодветни испратници издадени со печат од МЗШВ, а не наместо испратници да примаат друг документ како превозница (потврда за превоз или товарен лист), кои се интерени документи за самиот превозник“, велат од СВР Битола.

Банкарка од Грција била избркана од хотелски бар во САД – навредила келнерка од Македонија!

„Придобивките“ од Преспански договор на своја кожа ги почувствува келнерка од Македонија, вербално нападната од грчка банкарка во хотелот „Моиган сан“ во американската држава Конектикат поради своето потекло – пишува порталот “Eкспрес.мк”.

Ненси Папајоану, претседателка на Атлантик банк, со своите пријатели седнала во барот покрај хотелскиот базен и дошла келнерката на чија плочка на кошулата покрај името стоело и името на земјата од која доаѓа – Македонија. Гркинката укажала на „грешката“ на натписот, велејќи дека Македонија е грчки регион и се повикала на Преспански договор, според кој употребата на новото име Северна Македонија е задолжително и дома и на меѓународно ниво.

Потоа, како што раскажува Папајоану за неделникот на грчката дијаспора „Нешенел хералд“, келнерката заминала и повеќе не се вратила, а дошла нејзина колешка и ѝ рекла на банкарката дека менаџерот наредил да не ја служат понатаму поради тоа што ѝ ги повредила чувствата на келнерката од Македонија и ја расплакала. Додека гостинката објаснувала дека не се однесувала и зборувала лошо со келнерката, покрај нејзината колешка имало уште еден работник на чија плочка исто така пишувало дека е од Македонија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Героски до Заев и Забрчанец: Првиот чекор кон знаењето е човек да сфати дека ништо не знае. Доста се глупирате!

Новинарот Бранко Героски преку својот фб статус реагираше на “дефиницијата” на Забрчанец што значи напад врз демократијата при објавувањето на лажните вести. Героски им одржа лекција на Зоран Заев и неговиот ПР советник Марјан Забрчанец посочувајќи им дека нивниот акциски план за борба против лаќните вести е класичен политички и правен волунтаризам.

“Ова веќе е сериозен теоретски придонес во развојот на политичкиот и правниот волунтаризам во Северна Македонија. ?

И сега, претпоставувам, кога Акциската група ќе презема активности за “одбрана на демократијата”, како дефиниција на тоа што е “напад врз демократијата” ќе го користи овој ФБ статус на Забрчанец. Дечки, кој ве учи вака? Вака ли се градат демократски институции и практики?

Не другарчиња, ова е класичен политички и правен волунтаризам. Поткопување на темелите на демократијата. И сега ќе ви дадам една куса, бесплатна лекција – за повеќе да се пријавите во надлежниот факултет во Скопје! – за да сфатите колку сте несериозни и неуки. А првиот чекор кон знаењето е човек да сфати дека ништо не знае. Ова мора да сте го чуле, реферирам на мисла на познат грчки од нас неукраден филозоф…

Значи, вака стојат работите:

Според Европската конвенција за човекови права, слободата на јавно изразување може да се ограничи заради заштита на некои општествени вредности (државни интереси, државна тајна, јавниот морал и слично – сите прецизно се назначени), но посебно е нагласено дека ограничувањата на оваа слобода МОРА ДА СЕ ПРОПИШАТ СО ЗАКОНИ. Не е дозволено слободата на јавно изразување да се ограничува поинаку, со владини одлуки, волунтаристички и на друг начин што не е пропишан со закон.

Забрчанец веројатно не знае, но во нашиот правен поредок, со неколку закони веќе е ограничена слободата на јавно изразување – Кривичниот законик тоа го прави во неколку кривични дела (говор на омраза, на пример, е едно од нив), клеветењето и навредувањето е санкционирано со граѓански закон итн.

Никој нема право да ја ограничува слободата на изразување на поинаков начин освен со закон. Нашето општество е пермисивно, а тоа значи дека сė што не е забрането со закон, дозволено е.

Предупредувам дека секоја активност на Акциската група според разбирањето на Забрчанец, секое дејсвтвие кое нема да има подлога во законските ограничувања, може и ќе биде оспорено како противуставно, односно како кршење на членот 16 од Уставот кој забранува цензура.

Им препорачувам на Забрчанец и на неговиот шеф, премиерот Зоран Заев, да си ангажираат сериозен правен ескперт да им ја објасни праксата на Европскиот суд за човекови права, кој суди врз основа на конвенција чиј потписник е и Македонија.

Па потоа, ако инистираат на оваа глупава флоскула, некаде, во некој закон, да го опишат делото “напад врз демократијата” и да го санкционираат.

А министерката Рената Десковска ја замолувам уште утре изутрина на Забрчанец да му објасни што значи правниот принцип “nullum crimen sine lege”.

Доста глупирање!”

(ВИДЕО) XAOC во Лондон, фудбалерот на Арсенал нaпaднaт со нoжeви, неговиот колега го бранел со гoли раце

Шокантни сцени доаѓаат од Лондон откако Месут Озил бил нападнат од две лица, кои извадиле ножеви и се обиделе да го ограбат германскиот интернационалец во дресот на Арсенал. Ограбувачите со скутери го следеле возилото на Озил, а штом Германецот застанал тие ги извадиле ножевите во обид да го ограбат.

За негова среќа, за совозач го ималтимскиот соиграч Сеад Колашинац, кој бил вистински херој спречувајќи ситуацијата да излезе од контрола. Босанскиот бек со голи раце тргнал да се пресметува со криминалците, кои побегнале пред него.

Џенифер Лопез наполни 50 години: Сеуште изгледа како на стартот од кариерата (ФОТО)

Една од најголемите ѕвезди во светот на шоу бизнисот Џенифер Лопез денеска полни 50 години. Џеј Ло, кога влегува во шестата деценија од животот, изгледа како од милион долари, а што се однесува до нив, заработува како од шега, имајќи предвид дека има успешна музичката, но и актерска кариера.

Оваа година, според „Форбс“ инкасирала 43 милиони долари и се наоѓа на 76 место на најплатени познати личности.

„Верувајте во своите соништа и сакајте се такви како што сте“, рече Џеј Ло во едно интервју

Меѓутоа, нејзиниот почеток никако не бил лесен. Лопез семејниот дом го напуштила на 18 години. Живеела како бездомник, преноќувала во танцовото студио, а нејзиниот дневен оброк се сведол на парче пица.

Џенифер почнала да работи како танчерка за Џенет Џексон на почетокот од деведесетите, а кариерата почнала да се движи по нагорна линија.

Путин упати ocтри зakaни поради зaплeнaтa на танкерот: „Нема да трпиме, жecтоко ќе одговориме“

Шефот на комитетот за меѓународни односи на руската Државна дума, Леонид Слуцки, смета дека инцидентот со заплената на рускиот танкер претставува притисок на Украина врз истрагата која Русија ја спроведува во врска со апсењето на украинските морнари, за време на инцидентот во Керчкиот проток.

„Украина на сопствената провокација реагира со пиратерија. Тоа е незаконски притисок на истрагата“, истакнале.

„Доколку целта на заплената на рускиот танкер е апсење на државјани на Руската Федерација, со намера да станат шпиуни, одговорот на Русија ќе биде моментален“, соопштеное е од руското МНР.

„Во моментов работиме на утврдување на сите околности во врска со ситуацијата на задржување на рускиот танкер, за да се преземат адекватни мерки“, се наведува во сооппштението.

Исто така се истакнува дека инцидентот со задржување на рускиот брод претставува грубо кршење на сите правила на меѓународните права.

Се огласил и шефот за меѓународни работи на Советот на федерацијата на Русија, Константин Косачов кој рекол дека украинскиот претседател Владимир Зеленски набрзо ќе го соопшти својот став во врска со оваа ситуација.

„Или Службата за безбедност на Украина делува самостојно и се обидува во тоа да го вовлече Зеленски, а тоа би било многу лошо затоа што тоа би претставувало продолжение на политиката која ја водеше неговиот претходник Петар Порошенко“, заклучил Косачов.

Да потсетиме, Украинската служба за безбедност задржала руски танкер „Нејма“ кој бил користен при блокадата на Керчкиот проток кога се случил инцидентот со украинските морнари, пренесуваат медиумите.