дома блог страница 3170

Вечерва по 41-ви пат ќе тргне “Илинденскиот марш” од Горно Лисиче: Меѓу коњаниците има три девојки

Од Горно Лисиче вечерва ќе тргне традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2018“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче вечерва со почеток од 18:30 часот ќе се одржи свечена литургија по што коњаниците ќе бидат испратени за Крушево,

Маршот оваа година се организира по 41 пат, а организиран е од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

“На манифестацијата ќе присуствуваат естрадни уметници, како и КУД ,,Никола Јонков Вапцаров”. Генерален спонзор e општина Аеродром. 41 година достојни на заветот на нашите предци: “Кога ќе порасните да одите во Крушево, да се поклоните на славните илинденци, на славните Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава – МАКЕДОНИЈА!”, пишува во настанот на Фејсбук.

Помеѓу коњаниците оваа година се и трите девојки: Драгана Каловска, Елена Мишева и Марија Стамболиска.

“Победа” пред целосно згаснување, ЛС одново ветува: Се чудат ли легендите на ваквото лицемерие?

Фото/printscreen/infokompas.com.mk

Гордоста на Прилеп, ФК Победа, се наоѓа пред згаснување. Клубот кој сега е во втора лига должи 9 милиони денари, има блокирана сметка, а нема ниту играчи, ниту тренер. 5-те мина акционери се откажаа од спонзорство и ги продаваат акциите за по 1 евра, но и тие никој не сака да ги купи. Од еден од најголемите македонски клубови, Победа сега се наоѓа во безизлез – пишува порталот “Инфокомапс”.

Во обид да помогне да не згасне клубот градоначалникот Илија Јованоски oдново вети дека пред Советот на Општината ќе предложел да се одделат дополнителни средства за да се одблокира сметката.

„Ќе излезам со предлог до советниците на Општина Прилеп, каде што ќе побарам да се вложи дополнителна финансиска инекција за ФК Победа, за да може да ја одблокираме жиро сметката, за да може да функционира финансискиот дел, а со тоа да привлечеме и фудбалери кои во овој период најголем дел заминаа. Победа во овој момент нема ниту тренер, ова е жалосно“, истакна градоначалникот Јованоски.

Но засега не се знае колку ќе бидат тие средства, ниту дали ќе бидат доволни за опстанок на Победа, ако се знае дека ниту во кога Победа беше во прва лига работите не одеа како што треба, па камоли сега во втора.

„Затоа го правиме ово чекор за да Општината ја превземе улогата на почетен инвеститор за во иднина еве ги повикам и сите стопанственици и компании во рамките на своите можности да одделат средства за Победа, затоа што овој клуб нема да биде на Општината туку на градот“, додаде Јованоски.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Научниците зачудени од најголемата коска од диносаурус пронајдена до сега

Два метра долгата бутна коска е најдена во местото Ангеак , а се претпоставува дека станува збор за диносаурусот сауропод, карактеристичен по долгиот врат и опашка.

Овој вид на диносауруси се смета за најголеми што постоеле. Палеонтолозите велат дека се зачудени од зачуваноста на коската, на која се гледа дури и местото на спојување на мускулите.

„Гледаме каде биле мускулите и тетивите. Гледаме лузни. “ вели Ронан Алан од Националниот природнонаучен музеј во Париз. „Ова е реткост. Обично големите парчиња коска се kpшат поради својата тежина и се распаѓаат.“ , додава палеонтологот.

Сауроподите кои живееле пред 140 милиони години биле тешки меѓу 40 и 50 тони , а се тревопасни животни.

Прилепчанец направи оригинално видео за роденденот на Пандев: Среќен 36-ти роденден за легендата на македонскиот фудбал (Видео)

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, денеска полни 36 години, а сеуште активно игра фудбал и ги брани боите на италијанскиот калчолигаш Џенова.

Мартин Пресилски од Прилеп изработи ново оригинално видео, овој пат посветено токму на роденденот од Пандев. Видеото е насловено како “Легендата”, a во него се само мал дел од ѕвездените моменти на Пандев во дресовите на Лацио, Интер и Џенова.

Уживајте:

Емотивна средба на мало момче и фудбалерка родени без една рака (ФОТО)

Мало момче бликаше од среќа кога се сретна со фудбалерка која, исто како него, е родена со една рака.

18-месечниот Џозеф Тид со широка насмевка се поздрави со Карсон Пикет и со возбуда ја бодреше од трибините на стадионот во Орландо.

Слатката средба и навивањето на Џозеф за неговата хероина беа овековечени со фотографии.

„Срцето ќе ми експлодира“, „Не знам што е послатко, нејзината искрена среќа или среќата на детето“, „Чистата радост на оваа прекрасна фотографија ми го одзема здивот. Навистина инспиративно“ – се дел од убавите коментари на социјалните мрежи.

Трамп ќе го гради ѕидот кон Мексико: Врховниот суд му одобри 2,5 милијарди долари

Американскиот Врховен суд и овозможи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп 2,5 милијарди долари што Конгресот првично му ги одобри на Пентагон да ги пренасочи за изградба на ѕидот долж американско-мексиканската граница, иако конгресмените одбија да го обезбедат финансирањето на неговата изградба.

Судот, во кој конзеравативците имаат мнозинство, со пет наспроти четири гласа во целост ја блокира пресудата на сојузниот судија од Калифорнија со која на републиканскиот претседател му се забранува трошење пари, бидејќи Конгресот децидно не му одобрил средства за проектот за изградба на ѕидот.

На проектот, вкупно вреден шест милијарди долари, жестоко му се спротивставија демократите и мексиканската Влада.

Трамп не успеа да го увери Конгресот за финансирање на ѕидот, иако во февраури прогласи вонредна ситуација на национално ниво и најави дека ќе ја овласти управата за изградбата на ѕидот да репрограмира,6,7 милијарди долари од фондовите кои Конгресот ги додели за други намени.

Неколку држави, вклучувајќи ја и Калифорнија, и организации како Сиера Клуба и коалицијата на Јужни гранични заедници, ја оспорија управната одлука во две одвоени тужби.

Окружниот суд во Калифорнија во јуни одлучи дека е незаконит предлогот на администрацијата на Трамп за изградба на ѕидот со пари што се нементи за борба против дрогата. Судијата издаде налог со кој се забранува користењето на парите од фондовите за изградба на овој ѕид. Администрацијата на Трамп се жалеше на оваа одлука.

Трамп, на кого изградбата на ѕидот на границата со Мексико му беше централната тема во неговата претседателска кампања во 2016 година, на Твитер ја поздрави одлуката на Врховниот суд , нарекувајќи ја „победа за сигурноста на границата и владеењето на правото“.

ПРОЧИТАЈТЕ: Зошто постиме секоја среда и петок

Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:

“Никој да не не oбвинyва што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме;

Во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада.

Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.

Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори:

“Тој што самоволно се paзрешува од пост во среда и петок, Го рacпнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го yбијат, а во петок Го раcпнаа”.

Извор: “Инфомакс”

Оригинално! Општина Кавадарци на несекојдневен начин се справува со жештината и ги заштитува сообраќајниците

Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури.

Во текот на вчерашниот ден Јавното претпријатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници. Сол беше расфрлана на обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.

Овој метод се покажал како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт.

Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.

Крај на кариерата? Некогашниот бразилски ас на Вердер, Јувентус и Волфсбург доживеа стравична пoвpeда (Видео)

Бразилскиот фудбалер Диего, најпознат по настапите во дресот на Вердер, а подоцна и во Јувентус, Волфсбург и Атлетико Мадрид, претрпи стравична повреда на ногата, која веројатно ќе значи крај и на неговата кариера, со оглед на тоа дека Диего веќе наполни 34 години.

Диего со неговиот тим Фламенго играл против Емелек во Копа Либертадорес, а во 70-та минута бил фаулиран од Аројо. Диго заработил тешка повреда на лигаментите и прелом на зглобот, а Аројо не добил ниту жолт картон.

Бразилецот после настапите за Сантош, Порто, Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид и Фенербахче потпиша за Фламенго во 2016 година.

Атлетико Мадрид направи биено сирење од Реал Мадрид: Овој ден “кралевите” ќе го паметат како најцрн во историјата

Во рамките на Интернационалниот шампионски куп, во Њујорк се сретнаа лутите ривали од Мадрид, Реал и Атлетико.

Kралскиот клуб овој натпревар иако пријателски ќе го памети како најцрн во целата историја, особено поради тоа што беше мајсторски “нашаран” од најлутиот ривал.

Реал загуби со огромни 3:7, а само на полувреме беше 0:5. За јорганџиите Диего Коста постигна дури 4 погодоци, а по еднаш стрелаа Кореа, Витоло и Жоао Феликс – младиот играч кој пристигна летово за огромна сума го постигна својот првенец.

Головите за Реал ги постигнаа: Начо, Бензема и Санчез.

Ова е втор пораз за Реал во овој куп, а втора победа за Атлетико Мадрид. Кралевите победија на пенали со Арсенал, а загубија од Баерн Минхен. Јорганџиите пак претходно забележаа победа против Гвадалахара на пенали, а на 10-ти август ќе играат уште со Јувентус.

Покрај голеадата во мрежата на Реал, за одбележување е и моментот од 65-тата минута од натпреварот, кога Диего Коста и Карвахал имаа жесток дуел, при што заработија црвени картони.