дома блог страница 3169

Убавина за очи и душа! Илинденската коњаница тргна од Горно Лисиче за Крушево (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Од Горно Лисиче вечерва тргна традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2019“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче вечерва се одржа свечена литургија, по што коњаниците беа испратени за Крушево.

Маршот оваа година се организира по 41 пат, а организиран е од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Помеѓу коњаниците оваа година се и трите девојки: Драгана Каловска, Елена Мишева и Марија Стамболиска.

Од црквата коњаницата ја испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на литургијата беше заедно со пратеникот Јохан Тарчуловски и портпаролите на партијата.

Македонец дојден од Швајцарија стана топ тема на социјалните мрежи: Погледнете ја оваа “култура” (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео, на кoе се гледа како во период кога надвор е пекол жешко, некој запалил ѓубре во својот двор и создава вистински хаос наоколу.

Објавата која најпрво се појави на Фејсбук страната “Ѕид на сообраќајниот срам” за кратко време стана вирална, а потоа видеото излезе и на Твитер.

Погледнете:

Мицкоски и Тарчуловски на литургија па ја испратија коњаницата за Крушево на ИЛИНДЕН (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Традиционално почнувајќи од 1978 година до денеска, по 41-ви пат тргна “Илинденската коњаница” од црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче.

На 2-ри Август за Илинден, коњаницата во која оваа година има и три девојки, ќе пристигне на Мечкин камен во Крушево.

Покрај трите девојки, во коњаницата има уште 17 мажи.

Илинденскиот марш од Горно Лисиче до Крушево е во организација на Здружението на граѓани Илинденски Марш Горно Лисиче.

Од црквата коњаницата ја испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на литургијата беше заедно со пратеникот Јохан Тарчуловски и портпаролите на партијата.

(Видео) ФИЛМСКИ ГPAБЕЖ ВО ПРИЛЕП: Со кацига на глава го зел прометот од обложувалница

На 26 јули 2019 година во обложувалница на улица „Моша Пијаде“ бр.119 во Прилеп беше извршена кражба на парични средства. Сторителот веќе неколку дена го посетувал објектот, бил таму на 20, 21 и 24 овој месец, но притоа немал храброст да го изврши делото, како што всушност покажува и снимката од видео-надзорот во објектот – објави порталот “Шеталиште”.

Додека го посетувал објектот тој носел кацига на главата, а до местото на настанот доаѓал со велосипед.

За настанот информираше и СВР Битола под чија надлежност е ПС Прилеп, а во информацијата стои дека на 26 јули во Прилеп на улицата „Моша Пијаде“ во обложувалница едно лице со закана одзело пари и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку некој има некоја информација или го препознава сторителот на делото може да се обрати во ПС Прилеп. Случката може да ја погледнете во видеото.

Извор: “Setaliste.com.mk”

Цела недела помина, а од општината и градоначалникот ниту глас колку чинат пејачите на “Пивофест”

Измина една недела од најголемото музичко случување во државата – фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест”.

Според реакциите на јавноста 17-тото издание на фестивалот ќе биде запомнето како најслабо досега, а причините за тоа се многубројни.

Оваа година на фестивалот имаше едвај десетина штандови, изостанаа вкусовите на пиво од надвор, а програмата на централната сцена беше во поголемиот дел промашена.

Иако според градоначалникот и организаторите фестивалот беше оценет како успешна приказна, со 35-40.000 посетители дневно, сликата беше сосема друга, а тоа го докажуваат и фотографиите кои постојано ги објавувавме.

Дебакл: “Атмосферата на “Пивофест” во 21 часот”

“Во 22 часот, згасна ли духот на “Пивофест”?” (ФОТО)

“Атмосферата на “Пивофест” во 22:30 часот: Дали ова значи очајна посетеност?” (ФОТО)

Прилепчанец кој нема пропуштено ден од постоењето на “Пивофест” jа коментира изјавата на Влатко Стефановски

Фестивалот го прокоментира и Бобан Милошески од “Авалон Продукција”.

Бобан АВАЛОН за “Пивофест”: “НАС НЕ ЈАДЕ НИВНИОТ СРАМ”

На фестивалот за прв пат изостана и телевизискиот директен пренос, а зошто тоа се случи кажаа од “Канал 5” телевизија:

“Канал 5” Телевизија даде одговор зошто оваа година за прв пат нема директен телевизиски преност од “Пивофест”

Oд општината молчат и за тоа колку изнесуваа хонорарите на изведувачите на централната сцена, иако кога беа во опозиција постојано бараа одговори за тоа прашање.

Според Добривоје Марински, менаџер со македонско потекло во Србија, на неговите средби со градоначалникот Илија Јованоски договарале хонорар за Цеца во висина од 40.000 евра, но со оглед дека организацијата на фестивалот ја доби друга агенција, и нејзиниот хонорар не е познат за јавноста.

“Македонец од Србија најавува ли голема афера за организацијата на “Пивофест”?!

Добривоје Марински: “Ова е вистината за “Пивофест”, еве зошто oвогодишниот фестивал е вистински дебакл”

Моника Белучи пали жари: СЕ РАСОБЛЕЧЕ ПОКРАЈ БАЗЕНОТ и покажа со што располага (ФОТО)

Моника Белучи магнетски привлекува погледи кон страниците на најновото издание на „Madame Figaro“. 54-годишната актерка го истакна својот cekсапил за фотосесијата снимена покрај и во базен.

Брендови како Диор, Долче и Габана, Џанвито Роси и Александар Воте позајмија свои креации за едиторијалот за кој се погрижи фотографот Тиемо Сандер.

Белучи кратко време беше во врска со 37-годишниот артист Николас Лефевре, но неодамна одекна веста за нивната разделба. За време на интервјуто за списанието, убавата Италијанка уште еднаш потврди дека романсата со Николас заврши, но изјави дека не е сингл. „Реков дека нашата врска заврши, не реков дека сум сингл“ – изјавила Моника.

Сведоштво на пазар во Скопје: Баба до инспекторот – земи ги oвие 80 денари, немам пари за казна

На Фејсбук повторно се појави статус со сведоштво за ситуација во која инспектори ги бркаат на сила продавачите на малите пазари, пишува “Експрес.мк”

–Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село…И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна…

Да ве прашам вака јавно, дали овие жени од преку 70 години дојдоа на пазар на овие пекол температури, од мака? – Секако дека од мака дојдоа, затоа што да имаа достоинствен живот немаше тоа да го прават. Млад новопечен инспектор, со трето одделение што те вработиле од некој смрден партиски штаб, на стара жена и ги влечеш кофите и се дереш демек јак к…рац си некој? Дали мислите бе дека некој нормален ќе ве гласа веќе, вас и некој сличен на вас?! Македонија е земја искрадена до коска, узурпирана од криминалци, имате неразјаснети убиства, тежок организиран криминал, непотизам од болни размери, очаен животен стандард и бидејќи вие средивте све, ви остана уште бабите од Зелен пазар да ги тегнете. Едната од нив денес извади од престилката 80 денари и му ги даваше на инспекторот земи, земи, му рече, за тебе се париве, од чајот ги земав, ама немам казна да платам…
(Фејсбук статус)

Билка која секоја жена треба да ја има: Се верува дека привлекува љубов и пари, а штити од зло

Се носи во џеб или паричник за привлекување на богатство, а се додава во гелот за туширање за привлекување на љубовна врска и прочистување на телото од негативна енергија.

Август е месец на женската плодност и слободно може да се каже дека е вистински период за идните мајки како заштитник на новороденчињата.

Билка која се препорачува овој месец е босилекот.

Освен во џеб и паричник се става и на подот како заштита од несакани духови и сили.

Џентлменските манири на “старата дама”: Jуве го спаси најстариот фудбалски клуб во светот од згаснување

Најстариот фудбалски клуб на светот е спасен!

Акцијата на Јувентус и неговите спонзори вроди со плод. Всушност, Јувентус е настанат според примерот на Нотс Каунти, а тоа е причината што италијанскиот гигант не дозволи да заврши приказната која трае 157 години. Англискиот нисколигаш е формиран 4 децении пред Јувентус, а “старата дама” ги добила боите токму по примерот на Нотс Каунти.

На отварањето на новиот стадион во Торино пред осум години, Јуве го избра токму Нотс Каунти за ривал.

Оваа сезона Нотс Каунти прв пат испадна од професионален ранг на натпреварување, им се закануваше згаснување поради долгови, а поради неплатени даноци им беше запленета целата опрема.

Најпрво сопственикот на Јуве, Андреа Ањели преку Адидас реагираше и им обезбеди опрема, што пак го донесе англискиот клуб во судир со Пума, со кои Нотс Каунти имал договор. Меѓутоа, Јуве е подготвен да ги плати и пеналите, а Англичаните би требало да потпишат договор со Адидас.

Покрај тоа од Јувентус се ангажирале заедно со сопственикот во заминување Алан Харди, па клубот сега го купи компанијата “Фудбал Радар” од Данска. Оваа компанија постои веќе 10 години, се занимава со аналитичка анализа во фудбалот, а седиштетот и е во Лондон.

Браќата сопственици Александар и Кристофер Риџ го потврдија купувањето на Нотс Каунти и имаат амбиција веќе оваа сезона да го вратат клубот во професионалниот фудбал, иако во конференциското натпреварување клубот ќе стартува со минус 12 бодови.

Ќе се преименуваат улици, мостови, плоштади -Шилегов ги повикува скопјани да даваат предлози

Скопје ќе добие нови имиња на улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, а тие имиња ќе ги предлагаат скопјани почнувајќи од денеска преку анкета. За ова информираше синоќа скопскиот градоначалник Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

„Ве повикувам сите скопјани да дадете свои предлози и со тоа да дадете придонес во искажувањето благодарност на сите кои што дадоа придонес во изградбата на Скопје“, рече Шилегов.