дома блог страница 3168

Во приказните беа вечни ортаци, денес едниот кажува “збогум“: По cмpттa на Влахов, се огласи Лазар Бараков

Беа едни од омилените актери кои со децении ја сплотуваа македонската публика.

Како да беа поврзани, како едно.

Денес, за жал, едниот се простува од другиот.

По cmpтта на Гоце Влахов, се огласи актерот лазар Бараков.

„Брат, жалосно но вистинито, не успеавме за последно да се испонаприкажеме, замина без збогум во ова проклето време…Почивај во мир мој скап другар и соборец во нашите заеднички премрежија. Твојата добрина и ведрина е неизбришива од нашите срца“, напиша тој.

Галерија: “Дали е ова FAKE NEWS Градоначалник?”

На речиси половина од мандатот се потсетуваме на најголемите ветувања на актуелниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кои за жал сеуште не се отпочнати со реализација… Во предизборието за локалните избори во 2016 година се ветуваше се’ и сешто, а како најголеми ветувања ќе бидат запомнети оние за 20% пониски сметки за вода, иако сега прилепчани плаќаат за 60% повисоки сметки.

Потоа ветувањето за изградба на едно ново училиште и две детски градинки;

Па ветувањето за чист воздух, иако зимата во Прилеп имаше денови кога воздухот беше со над 500,600… микрограми ПМ 10 честички.

Во однос на инфраструктурните проекти се ветуваше и изградба на две обиколници околу Прилеп;

Се ветуваше реконструкција на старскиот дом, како и на Старата чаршија;

Се ветуваше и асфалтирање на улици и канализација во сите населени места, како и реконструкција на сите главни улици во Прилеп;

Прилеп сеуште го чека и отпочнувањето на градба на нов театар;

Сеуште ја нема ниту најавената гасификација;

Се ветуваа и проекти за младите;

Се ветуваше и изградба на две нови спортски сали, изградба на затворен базен, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, енергетско ефикасни објекти…

Ова е само мал дел од ветувањата на Јованоски пред изборите, па логично се поставува прашањето дали ова е “fake news” градоначалник?

“СДСМ Прилеп наместо меѓу народот, се затвори ли во 4 ѕида?” (ФОТО)

Денеска во Прилеп се одржа работен состанок на ОО СДСМ Прилеп кој го предводеше Генералниот секретар на партијата, а присутни беа пратениците, градоначалникот и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

“Градиме нов концепт на делување. Партијата се менува во интерес на граѓаните. За нас зборот важи”, напишаа од ОО СДСМ Прилеп на нивната Фејсбук страна.

Пред извесно време пак новиот Генерален секретар, Љупчо Николовски, најави дека работењето на партијата во летниот период ќе се одвива преку директни средби со граѓаните.

Загрижувачко видео: Македонската “култура” на дело

На социјалните мрежи се појави видео од течението на реката Вардар во Скопје, на кое може да се види дека најголемата македонска река е полна со најразличен отпад.

Пластични шишиња и разни други предмети пловат во реката, а нашиот срам го гледаат сите странски туристи кои се во посета на Скопје.

Погледнете:

Груевски ќе ја пее химната на Мечкин камен за Илинден

Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година ќе ја пее државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на Гумење. Исто така, тој ќе ја интонира химната и на централната прослава на празникот Илинден на 2-ри август на Мечкин Камен.

Груевски ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона „The Art of Power“, насловен „Во чест на Тоше Проески“, концерт кој ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во склоп на НКС Десет Дена Крушевска Република, со почеток во 20 часот.

Следи продолжен викенд – Потоа уште два неработни дена

Согласно законот за празниците следниот петок 2-Август, Денот на Републиката е неработен за сите граѓани.

Со тоа добиваме споен викенд во кој ќе уживаме.

Во август следни неработни денови се Успение на Пресвета Богородица или 28 август и 11 август Курбан Бајрам за Муслиманите.

Попладнево пресврт со времето: На места во Македонија се очекува пороен дожд и грмежи

Времето претпладне беше сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата.

Минималните температури се движат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38 степени целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје попладнево ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Во наредниот период времето ќе се задржи топло, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник.

Нема да го препознаете: Беше голем заводник, а денес славниот актер изгледа вака (ВИДЕО)

Џон Траволта само сакаше да се добие автограм, но оваа желба го доведе на бизарно патување што не може да заврши добро – ова накратко е содржината на новиот филм „Фанатик”, во кој 65-годишниот Траволта ја игра главната улога.

Неговиот карактер Mус е целосно заслепен од акциската ѕвезда Хантер Данбар (кого го игра од 40-годишниот Девон Соу), а на патот до својот идол овој средовечен човек ништо нема да го запре, меѓу другото, од еден од папараците ја добива адресата на актерот и му се појави пред врата.

-Еј, не можеш да се појавиш само така на мојот приватен имот! Слушај, пријателе, јас не знам како ме најде, но никогаш веќе не сакам да те видам во оваа населба, му се закани Хантер, не знаејќи што ќе му се случи по оваа неочекувана средба.

Трејлерот за филмот Fanatic е објавен овие денови, а Џон Траволта во него навистина изгледа непрепознатливо.

Ако се сеќавате на него како секси заводник во култниот „Брилијантин”, дефинитивно ќе го запознаете во потполно поинакво светло.

Филмот е во режија на Фред Дарст (48), а во американските кина ќе почне да се прикажува во август.

Пронајдена една од најстарите цркви во светот (ВИДЕО)

Архелозите се на добар пат да ја откријат една од најстарите цркви во светот. Таа се наоѓа во руската провинција Дагестан. Моментално се работи на радиографија за скенирање на структурата длабока 12 метри која е сместена кај тврдината Нарвин-Кала.

Скенирањето треба да помогне да се одреди 3Д конфигурацијата на структурата и да се види вистинската функција на објектот, дали тоа бил резервоар, христијански храм или пак заратустиски храм на огнот.

Малкумина го знаат, а е едно од големиот број прекрасни места околу Прилеп: Светилиште со корени од антиката (ФОТО)

Манастир Свети Илија во селото Мелница – Мариово

– Камена црква со антички “корен” и уникатен фрескоживопис од 19 век, обновена од дедо Спасе Чешелков

– “Пресни” конаци и камбанарија

Златни зраци го раскинуваат бистрото небо. “Итаме” низ мариовскиот предел кој личи на камена “крстилница”. Осаменост. Нема луѓе да стишат или разгорат тага и радост. Како да е сé “пусто”. Селото Мелница, во чија близина сме гости, нема жители, а имало огништа во 60-тина куќи.

По сончева жега, брзо ги “освојуваме” 45 километри пат, од Прилеп до манастирот Свети Илија. Пред пет километри пред Витолиште е, на интересна местоположба, до патот.

Кршни дрвца ги шират “рацете” и дел по дел пред нас се открива величенствена глетка. Се “вовираме” низ грандиозната капија, за која легендата вели дека ја направил старешината на војската од Првата светска војна, која манастирот го користела како магацин. Парализираниот старешина ветил дека ако оздрави ќе направи манастир. Оздравел и капијата е негово дело. Манастирскиот комплекс е ограден со камен ѕид, а дворот е чист со истрижена трева.

Разеленетиот “превез” е обалагороден со брест, даб, сливи, јаболка, грмушки, џбунови… Чекор по чекор опива магијата, волшебниот мир, спокојство, тишина. И збор да не прозбориш секое ливче на долгогодишниот даб, како свето дрво, шумоли и гали.

Во прегратка на манастирот

Прегрнува силно манастирскиот комплекс. Камената црква зрачи личотија. Се откинуваат воздишки. Амбиентот мами, со силна верба во Бог да за нахранување со духовност, со порака која извира од секој камен поставен на црквата. Колку камења, толку историја, толку Божји галења. Копнежот може да се смири, животната сила се обновува. “Срцето” на манастирот е пристаниште за љубопитни и светилиште за верниците.

Внатре, ѕидовите говорат преку раскошно бележаните мисли на времето. Царство на фантастичен уметнички израз со посебен сенс кон религијата. Црквата Свети Пророк Илија е катче на врвен фрескоживопис, ризница на светители и настани од Библијата, доловени на квалитетен начин во 1881 година од познатиот Аврам Дичов од Тресонче. Ретка композиција е Страшниот суд низ која провејува пораката за гревовите кои ги правеле луѓето и судот кој следел. Се забележува дека секоја фреска весла со посебна приказна со порака. Сонце огрева, а дожд гасне жед. Фреските се како бисер исплетен од трепет на таинствени зборови. Нешто клокоти, се случува од дамнина.

Антички темели

Дедо Стале Чешелков го обновил манастирот во 1872 година, а фрескоживописан е 1881 година. Според преданијата, тој бил од Полчишта и служел на Атос, во Грција. Некој, таму, го посоветувал да го закуќи манастирот, како да почне градба и како да прибере имот. За итриот дедо Стале кој е насликан во црквата, се раскажува легенда. Тој требало да оди некаде. Ја извадил иконата од Свети Пророк Илија пред манстирот и и’ рекол да го чува манастирот. Кога се вратил ги немало кокошките. Со прачка в раце и се “заканил” и ја карал иконата. Другиот ден се вратиле кокошките живи.

Црквата е градена да биде вечна на темел од урната црква. Во близина има археолошки локалитет со голема населба, од доцна антика – ѕидови, споменици, скулптури, садови и слично. Не е чудно манастирот да има корени од тоа време. Таму има траги од праисторија. Можно е црквата да е остаток од развиена култура. Или од турско, зашто градбата е камена со карактеристична впечатлива архитектура. Се мисли дека во црквата има закопано злато, па пред 15 години, биле искршени плочките од “трагачи”.

“Крпење” на црквата и реновирање на конакот

Црквата треба да се “закрпи”, оти има пукнатини кои “зјаат” над влезната врата. Оштетена е фреската на Свети Пророк Илија. И за внатре има работа. Потребна е санација. Но, проектот е комплициран. Но е нужно, оти манастирот е најатрактивен во Мариово. Ги собира верниците не само за Илинден.

Камбанаријата е во белина, оти е “пресно” градена. Затоа зрачи со педантност. Конаците како понови не се доправени. Во неколкуте соби има чисти стари кревети, а долу е трпезаријата. Се бараат донатори за доуредување на комплексот. Желба им е да го вратиме селскиот и манастирскиот туризам.

Слави на манстирот се Свети Илија, Ѓурѓовден, Цветници и Благовец. Во тие денови во манастирот врие како во кошница, зашто има гости кои кампуваат и околу манастирот.

Ова е приказната за манастирот Свети Пророк Илија. “Талогот” дознајте го, уживајќи во таинственоста и проникнувајќи длабоко во себе.

Уникатен кладенец

Во манастирскиот комплекс се измешани сите бои, мириси и допири со позлата на вековите. На десет метри под манастирот Воислав Ушкоски, градејќи со оникс, го обновил кладенецот Свети Илија. Тој живее во Австралија, а потеклото му е од Врпско, Мариово. Иако кладенецот не жубори, кога има водичка порачува здравје! Од зарастено жбуње активиран е секнатиот кладенец. Тоа е вода за пиење и миење која лечи.

На сто метри подолу од кладенецот “плиска” водата од т.н Витолишка река или Бутурица. Не се гледа од бурјакот каде се испреплетиле џбунести “љубовници”, небаре се бакнуваат. Рајско зеленило околу.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”