дома блог страница 3167

Ова е човекот кој ја измисли популарната апликација за “стареење”: За неколку месеци заработи милиони

Јарослав Гончаров моментално е најбарана личност на Гугл.Овој 40 годишен Русин ја направи најбараната апликација со која може да видите како ќе изгледате во староста.

Популарниот „Face app“ го збудале светот и сите сакаа да ја имаат на своите мобилни телефони. Тоа на Јарослав му донесе милионска заработка која планира да ја потроши во нови иновативни методи.

Гончаров дипломирал математика и механика на Универзитетот во Сант Петерзбург и вели дека полека почнува да го живее својот сон.

Тој ги убедува дека неговата апликација е безбедна и оти не ги краде личните податоци на корисниците.

-Луѓето се уплашија дека ги злоупотребуваме податоците што се разбира не е точно. Нашата политика на приватност е слична како на Инстаграм.Но нив никој не ги обвинува бидејќи тоа е Инстаграм-вели Гончаров.

Извор: “Pressingtv.mk”

Жален Прилеп и жална Македонија кога во 21 век сеуште имаме гладни луѓе: Петчлено семејство од Прилеп едвај преживува

Петчленото семејство Дамески од Прилеп живеат само со пензија од 9.500 денари, која ја зема Богоја Дамески, од кои пак секој месец околу 3.000 денари се трошат за лекови на неговата сопруга Вера која мора да ги прима затоа што пред 3 години имала и срцев и мозочен удар.

Секој ден им тропаат извршители на врата. Не плаќаат никакви сметки од 2012 година, а од 2016 година живеат брз струја. Готват или на дрва ако наберат сами во шумата или на плин.

„На пазар човек да појди под 1.000 денари дома не може да си дојди, а не да поминеш со 9.500 денари. Зимоска не можев да поминам, одев дрва сечев и на точак носев. За јадење што ќе се најде тоа, пиперка, домат, што ќе се најде тоа“, вели Богоја Дамески, жител На Прилеп.

Најмногу му е жал за 3,5 годишниот внук кој нема нормално детство, не се храни соодветно и ги условите за развој како неговите врсници. Во куќата од сите страни дува, а на некои места и тече вода кога врне.

„Нема струја, не може да излези, не може да шета никаде, не може ни телевизор да му пуштиш да си гледа телевизија. Веќе од се е одсечено детето. Овде каде што седиме е ламперија, над ламперијата нема ништо. Немаме олуци, во течи внатре, дува“, додаде Дамески.

Ќерката на Дамески Весна и неговиот зет Оливер Павлоски се лица со нарушено психичко здравје. Павлоски работел порано во едно заштитно друштво, но и од таму го отпуштиле од работа. Не работи ниту неговата сопруга. Бара помош од државата пред се за детето.

„Немам работа, збирам понекогаш железо ако најдам продавам, земам некоја стотка за детево. Прашувам на места, не примаат. Барам работа од институциите да ме вработат за детето“, кажа Оливер Павлоски, зет на Дамески.

Дамески се надеваат дека нивниот апел ќе го слушнат институциите и дека ќе им помогнат на некој начин за им овозможат да имаат нормален живот.

Сторијата за телевизија СИТЕЛ ја подготви новинарот од Прилеп, Дарко Штаргоски.

 

Само денеска дожд, до петок многу топло време

Времето денеска во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.

Шампионите со силно темпо! Еве како одат подготовките на Вардарци во пресрет на новата сезона (Видео)

Вардарци пред неколку дена ги започнаа подготовките пред стартот на новата сезона во Лигата на шампиони и во СЕХА лигата.

Со нови засилувања, нов тренер, но и со стара шампионска желба.

Еве како се одвиваат подготовките на црвено-црните:

Шампионката на “Вимблдон” со македонско потекло: “Мајката Божја е секогаш во моите мисли” – црквата и го додели највисокото признание

Oткако го доби највисокото признание на Романската Православна црква, шампионката на Вимблдон 2019, Симона Халеп, ја истакна својата посветеност кон Мајката Божја во интервју за “Basilica.ro”.

Тенисерката истакна дека нејзината љубов кон Бога и Богородица била инспирирана од нејзиното семејство.

“Никогаш не сум се воздржала да ја искажам својата вера во јавноста”, вели победничката на Вимблдон, која секогаш му се заблагодарува на Бога за своите достигнувања и го редовно прави крст на тенискиот терен.

Симона вели дека нејзина заштитничка е Мајката Божја која секогаш ја носи во себе.

Таа титулата на Вимблдон ја посвети на нејзината мајка и вели дека за да се успее во големите нешта во животот, потребна е целосна поддршка од родителите.

“Без таква поддршка, мислам дека немате доволно внатрешна сила”, додава Симона.

Црквата ги ценешe достигнувањата на Симона Халеп во професионалниот тенис и ја препозна нејзината заслуга за јавно истакнување на верата, при што Патријархот Даниел и додели признание “Патријаршиски крст”.

“Лозари Исток” нацртаа големо сонце во Кавадарци и порачаа: “Македонско име нема да загине” (Фото)

Навивачката група “Лозари Исток” од Кавадарци објави фотографија на која се гледа нацртано шеснаесеткракото сонце од Кутлеш на еден трансфроматор во градот.

“Македонско име нема да загине!”, напишаа “Лозари” на својота Фејсбук фан страна.

Има 6 години, а месечно заработува речиси 3 милиони евра: Погледнете како (ВИДЕО)

Шестгодишна Јутјуб ѕвезда од Јужна Кореја позната како Борам неодамна купила вила вредна 8 милиони евра. Станува збор за вила во елитен кварт, Гангам во Сеул, а во неа живее со родителите.

Како што пишуваат медиумите малечката Боран секој месец заработува по 2,8 милиони евра а на социјалните мрежи ја следи „војска“ од 30. милиони претплатници.

Вилата се протега на пет спрата, а изградена е во 1975. година. Околу неа има уште 258 квадратни метри двор.

Борам е една од најпопуланрите ЈуТјуберки во Јужна Кореја и има 17,5 милиони претплатници на каналот Boram Tube Влог и уште 13,6 милиони претплатници на каналот Boram Tube ToyReview.

Најплатен ЈуТјубер во 2018. година бил седумгодишниот Рајан Каји кој заработил повеќе од 20. милиони евра во една година. Него на каналот Ryan ToysReview го следат 20. милиони претплатници.

Прилепчанката објави жешка фото галерија на море: Фановите прашуваат како е возможно така да изгледа на 37 години

Елена Велевска важи за една од најзгодните пејачки на домашната фолк сцета. Таа деновиве го привлече вниманието на публиката од кога ги постираше новите фотографии, кои ги направила на една луксузна локација кај нашиот јужен сосед.

Лавина на коментари не стивнуваат, дел од прашањата се како успева да ја одржува фигурта покрај тоа што е мајка на три деца.

Некој од коментарите велат дека помлади девојчиња можат да и завидат на нејзиниот изглед, а машката публика е повеќе од воодушевена.

Велевска често во интервјуа ја открива тајната на нејзината совршена силуета: Редовно вежбање, здрава исхрана, обврски, движење…

Елена има 37 години и може да кажеме дека годините ништо не и’ можат.

Илинденската коњаница тргна и од Кичево: Вака се сака и почитува споменот за Илинден и револуционерна Македонија (ФОТО)

После положувањето света заклетва, пред свето писмо, кама и револвер – Кичевската Коњаница од дворот на Манастирот Пресвета Богородица Пречиста се упати према градот, каде како и секоја година во спој на браќата и сестрите од Мавровско-Горнореканската Коњаница пристигнаа во светиот храм Св.Петар и Павле – Кичево и присуствуваа на Света Божествена Литургија на свештениците на Кичевска Парохија – пишува порталот “Порта.мк”.

Повеќе фотографии погледнете ТУКА

Светскиот рекордер во освоени титули бара клуб преку оглас: Дани Алвес не размислува за крај на кариерата

Kaпитенот на Бразил, Дани Алвес, и покрај тоа што веќе наполни 36 години, не се откажува од својата фудбалска кариера.

Алвес неодамна покажа дека е во топ форма на Копа Америка, каде неговата репрезентација ја освои титулата, а токму тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Во својата блескава кариера Алвес има освоено 41 трофеј што е светски рекорд. Минатата сезона Бразилецот настапуваше во ПСЖ со кого му заврши договорот, па моментално е без клуб.

Оние кои го следат на социјалните мрежи знаат дека Алвес редовно објавува видеа и фотографии на кои танцува, пее и прави еден мал милион забавни нешта, а сега одново се пошегува.

„Барам работа. Каде да ја испратам мојата автобиографија“, напиша Алвес, кој во кариерата освен аз ПСЖ, има играно и за Бахија, Севилја, Барселона и Јувентус.