дома блог страница 3166

Шаховскиот Клуб “Прилеп” го освои високото трето место на Државниот екипен шампионат

Прилепските шахисти со 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз или вкупно 9 бодови се пласираа на високото трето место на Државниот екипен шампионат кој деновиве се одржа во Охрид. Единствениот пораз ШК Прилеп го претрпе од убедливо најдобрата македонска екипа Алкалоид, која во своите редови има тројца странци и веќе 20-тина години е државен шампион – објави “Радио Пела”.

За екипата на Прилеп настапија Тони Кироски, Славе Трајкоски, Богољуб Златановиќ, Мирослав Миљковиќ, Горан Готовуша и Марјан Дамчески. Со освоеното трето место екипата на Прилеп се избори за настап на Европскиот куп кој што годинава ќе се одржи во ноември во Улцињ, Црна Гора.

На државниот шампионат во Охрид учествуваа 8 екипи и тоа 5 од Скопје и три екипи од внатрешноста.

– Ова за ШК Прилеп е голем успех. Во изминатиот период ангажиравме 2 шахисти од соседството, или онолку колку што ни дозволуваат финансиските можности, со цел клубот да биде во врвот на македонскиот шах и да обезбеди учество во европските натпреварувања, истакна Тони Кироски за Радио Пела.

Инаку, прилепскиот интернационален мајстор Тони Кироски од 1 до 11 август во Словачка, Братислава, ќе биде единствен македонски арбират и тоа како заменик главен судија на Европското јуниорско првенство, што исто така е големо признание и успех за прилепскиот шах.

Извор: “Радио Пела”

Фановите во ШOK! Чендлер од “Пријатели” конечно уловен од камерите и никогаш не изгледал полошо (ФОТО)

За многумина фанови ширум светот, ликот на Чендлер од „Пријатели”, улога која ја толкуваше Метју Пери, беше една од омилените во ултра-популарната серија. Поминаа многу години од емитувањето на Пријатели, а актерот драстично се промени.

Неговата трансформација не е само резултат на поминати години, што е сосема нормално, но кај него промената се должи на многу турбулентен живот зачинет со наркотици и алкохол.

Пери иако избегнува да се појавува пред камерите и папараците, месецов бил „уловен“ на улица во Њујорк, а откако фотографиите од него беа објавени во таблоидите, неговите и фановите на серијата коментираат дека никогаш не изгледал полошо. Со неурена коса и тренерки, актерот се појавил во придружба на негова соработнички и повторно ги засилил гласините дека им се вратил на проблемите со зависностите кои ги имаше во минатото.

ВИСАТ НОВИТЕ ДИРЕКТОРИ НА СДСМ И ДУИ: Опозицијата ја надгласа власта во Комисијата за избори и именувања

Членовите на собраниските комисии од редовите на ВМРО ДПМНЕ и на БЕСА ги надгласаа пратениците на СДСМ и на ДУИ во комисијата за избори и именувања со која претседава Илија Димовски, а на која треба да се расправа за Програмскиот совет на МТВ и за избор на членови на Агенцијата за медиуми. Пратениците од владеачкото мнозинство побараа да се расправа само за овие две точки (тие се ставени последни на дневниот ред), а за останатите 14 расправата да се одложи за по одморите.

Но со 7 гласови против – 6 пратеници од ВМРО ДПМНЕ и еден од БЕСА предлогот беше одбиен.

Фадил Зендели – пратеникот од БЕСА кој гласаше против предлогот на СДСМ и на ДУИ за НОВА рече дека и претходно соодносот на силите во оваа комисија бил во корист на опозицијата, но дека досега се наоѓал начин комисијата да работи.

„ Нека си се договораат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ – гласав против затоа што мислам дека се важни точките од дневниот ред и не треба да се пролонгира нивното изгласување“ – рече Зендели.

Пратеникот Зендели досега ги поддржуваше предлозите на владејачката коалиција.

Ова значи дека власта практично нема повеќе мнозинство во една од најважните комисии во Собранието – на која се гласа за сите нови директори и членови на совети, агенции, а преку оваа комисија мора да поминат и сите именувања на пратеници во собраниските комисии.

Опозицијата сега инситира испразнетото место на пратеникот Весел Мемеди во комисиите да припадне на Алијансата на Албанците затоа што тој на изборите настапил на заедничка листа со партијата на Села. Доколку се прифати нивниот предлог, тогаш парламентарното мнозинство ќе го изгуби мнозинството и во законодавно- правната комисија . Изборот на нови пратеници на местото на Весел Мемеди е прва точка на дневниот ред.

Пратеникот Мемеди, кој си поднесе оставка од функцијата пратеник беше потпретседател на Собранието и член на повеќе собраниски комисии.

Инаку, бројот на пратеници – членови во собраниските комиси се одредува според бројот на пратеници кои една партија ги има во Собранието.

Пратеници од власта објаснуваат дека распоредот во некои собраниски комисии мора да се менува затоа што се сменил и бројот на пратеници на опозицијата.

„Рсапоредот на членови во собраниските комисии се правеше врз основа на резултатите од изборите – кога СДСМ имаше 51 пратеник, а ВМРО ДПМНЕ 49. Но, сега бројот на пратеници на ВМРО ДПМНЕ е 39, пратеничката група на БЕСА се преполови, а се формираше и нова Независна пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ“ коментираат пратеници од СДСМ.

Од 21 собраниска комисија ВМРО ДПМНЕ претседава со 10.

Извор: “Инфомакс”

Заев: Поддршката за СДСМ кај Албанците расте (Видео)

Премиерот Заев вели дека подршката кај Албанците за СДСМ расте и оти тоа е резултат на тоа што сега овие граѓани ја чуствуваат државата за своја.

– “Поддршката расте.Секој поединец има право да биде поддржувач, а некој пат да биде негативен кон одредени политики, тоа е слободата и демократијата. Огромен Албанци со кои што комуницирам велат во минатото сите си ја сакавме својата земја но не ја чуствувавме за своја. Сега ја чуствуваме за своја, покрај тоа што ја сакаме. Колку повеќе државата ќе води рамноравно грижа за сите граѓани толку ќе ја чуствуваат за своја” – вели Заев.

ИЗВОР>: “Pressingtv.mk”

Koњаниците од Кичево и Бигорски Манастир пристигнаа во Белица и во еден глас ја отпеаа државната химна (ВИДЕО)

Утрово Илинденските коњаници од Кичево и од Бигорски манастир пристигнаа во селото Белица, каде мештаните им приредија топло добредојде.

Коњаниците одморија и седнаа на заеднички ручек, а претходно во еден глас ја отпеаа државната химна.

Потоа го продолжија својот пат кон славното Крушево, каде се очекува да пристигнат на централната прослава на Илинден.

Нова одлука на Регулатoрна: Неделава ќе возиме по стара цена

Нема промена на цените на горивата за оваа недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека ценовниците остануваат како и минатата недела, па така бензинот Супер од 98 октани ќе се точи за 71,50 денари литар, безинот Супер од 95 октани ќе се точи за 69,50 денари литар.

Еуро дизелот и оваа недела ќе се точи по цена од 61,50 денари за литар.

Боки 13 пренесен на Клиника, ова се деталите

Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ денеска е пренесен на скопските клиники поради испитувања за закажана операција од претходно, потврди Есад Рахиќ, директорот на затворот во Шутка. Според извори од Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ направени се неколку прегледи – oбјави “Фокус”

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.

Mонодрамата „Пауна“ по текст на Мирјанка Ристеска Селчанец во вторник пред прилепската публика

Во вторник 30 јули 2019 од 20.00 часот во киното Мис Стон ќе биде изведена монодрамата „Пауна“ по текст на Мирјанка Ристеска Селчанец.

Монодрамата ја изведува Сара Марковска, 16 годишна ученичка од Ресен, која неодамна се закити со наградата млад актер на годинашниот 17 –ти Интернационален фестивал „Актерот на Европа“ .

Режисери на претставата се Сотир Чаушевски и Даринка Веслиевска од Ресен, а кореографијата е на Виолета Колодезни.
Настанот е во рамките на Прилепското културно лето, што го реализира ЦК„Марко Цепенков“.

ВМРО-ДПМНЕ: “Предлагаме по 2000 денaри месечно за учениците со попреченост”

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Предлог законот за основно образование предлагаат амадман, преку кој се предвидува месечен финансиси надомест во висина од 2.000 денари, за секој ученик со попреченост запишан во основно училиште.

ДОЈДЕ ЖИВОТОТ: Бројот на лице иселени во Германија зголемен за 30%

Бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува, пренесува „Дојче Веле“, повикувајќи се на податоци од германското Биро за статистика.

Според податоците, во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.

Во однос на претходната, 2017 година, нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти. Споредувајќи ги податоците, може да се забележи дека рекордната 2015 година, кога беа забележани преку 24.000 заминувања од државава, од кои 12.000 не се вратија, сѐ уште не е достигната, но бројот на наши државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува.

Како што пренесува „Дојче Веле“, германската статистика покажува дека растот на бројот на доселеници од Македонија започнува во 2011 година. Тогаш во земјата пристигнале 5.679 имигранти, но останале само 495. Веќе следната, 2012 година, се бележи драстичен пораст. Од нешто над 11 илјади имигранти, во Германија останале нешто помалку од половината, односно- 5.351. Растечкиот тренд продолжил и во следните години.