дома блог страница 3165

Решение за испуканите пети – со една намирница во чорапите за еден ден ќе ја снема тврдата кожа

Нема жена која барем некогаш во животот немала мака со овој проблем. Колку и да сакаме понекогаш навистина немаме доволно време за нeга на стапалата, па се појавуваат испукани пети кои се ноќна мора на сите.

Па затоа наместо да трошите пари на скапи третмани и креми постои едноставен, лесен и евтин метод.

Се што ви е потребно е лимон, т.е неговата кора.

Земете лимон пресечете го на пола и извадете ја внатрешноста, потоа наместете ја кората од лимон на петата и преку тоа облечете чорапи за да ја фиксирате кората и оставете во текот на ноќта.

Уште по првиот третман ќе почувтвувате промена, кожата ќе биде помека и нежна. Наутро намачкајте ги стапалата со обична крема или млеко за тело и повторете ја процедурата неколку пати.

Резултатите ќе ве воодушеват.

Руските пранкери повторно за Заев: Ниту еден друг политичар не успеавме да лажеме на таков начин една година

Руските пранкери Владимир Кузњецов-Вован и Алексеј Стољаров-Лексус во интервју за „Политика“ повторно се осврнуваат на телефонските разговори што ги имале со премиерот Зоран Заев и оти тој бил единствен случај толку долго да не забележи дека се шегуваат.

-Макрон е прилично блага и фина личност, додека пак Гваидо не остави впечаток на независен политичар. Борис Џонсон е многу интелегентен и ладнокрвен. Харадинај сака да остави впечаток на љубезен дипломат, но слабо му успева. Но, премиерот Заев е навистина неверојатен, на ниеден политичар до сега не ни успеа да го лажеме на таков начин речиси една година, велат комичарите.

Ѓорчев: Попис според стандардите на ЕУ и ОН, а Не според пазарењата на Зоран Заев

На денешното заседавање на седницата на собраниската Комисија за европски прашања свое излагање имаше Владимир Ѓорчев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кој апелираше на разумот и сенсот кај владејачкото мнозинство, особено кај СДСМ да не ги прифаќа политичките договори на Зоран Заев.

Оваа власт треба да прекине да ги тера проектите на сила, да прекине да ги тера проектите со спротивставување на граѓаните на Република Македонија. И да не ги принудува граѓаните на Република Македонија преку своите постапки, мислења или уверувања да им искажуваат недоверба на институциите на оваа власт на Зоран Заев, посочи Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека граѓаните имаат инструменти со кои што ќе можат да искажат недоверба кон инструментите, постапките и неевропските закони на Зоран Заев.

Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, според критериумите на Европска Унија и Обединети Нации. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој што немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Ова треба да се повлече, затоа што граѓаните на Република Македонија се масовно незадоволни од предлогот за законот за попис на население вака како што е предложен од Зоран Заев, истакна Ѓорчев.

Заборавете за миг на море и езеро и посетете ја оваа недопрена природа во Македонија: Мал рај на земјата кој вреди да се посети (Фото галерија)

По кривулестиот кањон на една од најубавите македонски реки, Радика, во непосредна близина на патот Маврово – Дебар се наоѓа неверојатно живописното село Јанче. Површината на селото изнесува само 4,8 km2, а се извишува на надморска височина од 760 метри. Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион. Од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.

Селото прв пат се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467 година, кога имало само 1 христијанско семејство (Ѓерѓ Илиевиќ). Потоа се споменува и во 1536/39 година со 6 семејства и 1583 година со 8 семејства и 3 неженети.

Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите качачки пљачкосувања. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.

Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.

Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.

Јанче е едно од најубавите места во западниот дел на Македонија, а неговата архитектура и местоположба плени уште на прв поглед. Селото е како во гнездо сместено во живописната природа и планинските масиви кои се издигаат насекаде наоколу.

Едноставно остава без здив и пружа уживање како ретко каде има.

За селото Јанче е врзана една легенда, која ја отсликува климата во овој дел. Според кажувањата ако во Јанче паѓа снег, паѓа и во Солун. Ова тврдење многупати било потврдено.

Инаку Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше. Во негова непосредна близина се Галичник, Присојница, Ростуше, Битуше, Требиште, Велебрдо, Видуше, Требиште, Скудриње, а нешто подалеку Лазарополе, Тресонче, Могорче, Селце, Гари и други.

Понудата на местото е повеќе од атрактивна. Доволно е само да се земе во предвид дека во реканскиот регион има и други природни убавини и локалитети кои се интересни и привлечни за туристи. Во оваа понуда се вклопува и незаобиколното културно-историското богатство и мноштвото споменици.

Како најатрактивни ви ги нудиме да ги посетите : водопадите ДУФ, во непосредна близина на село Ростуше, селото Галичник по патека Скала, пеш или со коњи, манастирот Св. Јован Бигорски, прошетка низ село Јанче, глацијалното езеро Локув, над селото Битуше, на планината Крчин, мостот Елен скок на Тресонечка река, пикник во борова шума кај планинската куќа, посета на останатите села во реканскиот регион.

Познато која е пејачката што пееше и пуkaше на свадба во Србија, а во еден момент се качи и на багер (ХИТ ВИДЕО)

Пејачката која среде песна почна да пука со пиштол, го шокираше целиот регион, а сите се прашуваа која е.

Таа не една свадба во Србија која траела три дена, толку ја загреала атмосферата што во еден момент се качила на багер, а момците околу неа танцувале и пукале со пиштол. Во еден момент се соблекле и скокнале во базенот.

Пејачката се вика Тамара и професионално се занимава со пеење.

Еве кој е нов Директор на Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп

Kaко што дознаваме, Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп има нов директор.

На местото на Менче Караџоска, која на функцијата беше како вршител на должност, доаѓа Марија Спиркоска Илијеска, повеќегодишна актерка во Народниот театар “Војдан Чернодрински”.

Maрија Спиркоска Илијеска е ќерка на легендарниот актер Благоја Спиркоски – Џумерко.

Јавноста сеуште нема одговор зошто беше разрешена Караџоска, која беше опфатена со така наречената “метла” на премиерот Зоран Заев.

“Виз Ер” со важно соопштение: Ова се новите дестинации до каде ќе се лета од македонските аеродроми

Нови четири авиодестинации се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Скопје и Охрид, а кои ќе бидат оперирани од нискобуџетната компанија „Визер“.

Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации на 1 август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер“ во Скопје.

„Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.

“Некст Тајм” приредија спектакл во Илинден: Ечеа “Нешто ќе те питам бабо” и “Ја излези Ѓурѓо” (Фото галерија)

Со прекрасен концерт на групата „Некст Тајм“ Општина Илинден на свечен начин го одбележа патрониот празник „Илинден 2-ри Август““ и националниот празник на македонскиот народ.

Централната манифестација од одбележувањето на Денот на Општината се одржа во прекрасниот амбиент во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, каде голем број граѓани уживаа во преработките на старите македонски песни „Слушам кај шумат шумите“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“…

На почетокот на свеченоста најнапред со честитки за Денот на Општината и националниот празник на македонскиот народ, на присутните им се обрати градоначалникот Жика Стојановски, кој најави многу нови проекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден.

Во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ пред почетокот на манифестацијата се одржа и свечена седница на Советот на Општина Илинден.

Во рамките на одбележувањето на Денот на Општината и националниот празник на македонскиот народ и годинава се одржа традиционалниот Спортски викенд „Илинден 2019“, на кој учествуваа над 700 спортисти, кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини: велосипедизам, шах, атлетика-трчање, баскет, тенис и фудбал.

Централен настан беше традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. На трката настапија 70-на велосипедисти од земјата и од странство кои се натпреваруваа во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Покровителот на оваа традиционална манифестација, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци им додели соодветни награди, маици, пехари и медали.

Дел од одбележувањето на патрониот празник беше и традиционалната крводарителска акција во која 45 крводарители ја даруваа драгоцената течност што живот значи, како и отворањето на изложба на Снежана Колевска.

Позитив на денот: Еленче плива во Охридското езеро кај Свети Наум (Видео)

Младо еленче кое најверојатно се спуштило од планината Галичица, решило да се освежи од летните горештини во водите на Охридското езеро кај Свети Наум.

Уживајте во краткото видео.

Утре се празнува Св. Огнена Марија, заштитничка на жените, која казнува со оган – нејзините мошти се наоѓаат во македонски манастир

Утре православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16 годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30/17 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Ако на денот на Огнена Марија, светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат сите по заслуга.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Како што може да се види во народното верување сиве овие три дена се поврзани со оган. Името на Кирик во некои краишта според дијалектниот говор е блиско до чурук-чуруци (народен назив на овој празник), во Антиноген, исто така, имаме асоцијација на оган, а и светата великомаченица Марина народот ја вика Огнена Марија. И не случајно овие три дена во народниот календар и во народното сфаќање одат заедно, под едно име Горештици (од горештина ‒ многу топло) или Чуруци (од чур, чад-оган), бидејќи и во народното верување бројот три има посебно значајно место.