дома блог страница 3164

Mладите прилепски велосипедисти освоија второ и трето место на Меѓународната трка во Илинден (ФОТО)

Општина Илинден традиционално по 11-ти пат беше организатор на велосипедска трка која последниве години стана и меѓународна.

Велосипедскиот Клуб & Сервис “ИЛИНДЕН” – Прилеп настапи со двајца свои членови Андреј Maџоски и Константин Костоски.

Двајцата извозија добро на захтевната патека и под тешки времеснки услови, со оглед на високите температури. Андреј го освои третото место во категорија до 15 години, а Константин второ место во категорија до 13 години.

Роналдо се поднови со нова вила вредна цело богатство: Вистински раскош од кој боли глава (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо неодамна купи нова вила и со тоа стана прв сосед со ММА борецот Конор Мекгрегор.

Португалецот купил вила во висина од 1,5 милиони евра во Шпанија оддалечена само неколку врати од вилата на Мекгрегор, пишуваат светските медиуми.

Вилата е сместена со поглед на медитеранот, поседува игралиште за голф, теретана, домашно кино, базен у што уште не…

Исто така има и четири спални соби за кои најсреќна била неговата свршеница Георгина Родригез.

Роналдо на овој начин ја прошири својата сопствена империја вредна 30 милиони евра која се однесува само на недвижности.

Инаку се проценува дека португалецот вреди над 400 милиони евра, вклучувајќи го и договорот потпишан со Најк вреден 800 милиони евра.

Таа е најстарата ќерка на Путин: Сега отпочнува проект за лечење на pak во вредност од 634 милиони долари (Видео)

Најстарата ќерка на Владимир Путин, Мариа Воронцова започнува проект за лечење на paк во вредност од 634 милиони долари, во медицински центар сместен во близина на Санкт Петербург.

Компанијата “Номенко” каде косопственик е Мариа, е основана во јануари 2019 година. Центарот на компанијата ќе биде опремен со најсовремена технологија за третирање на канцер.

Центарот ќе биде со големина од 200.000 метри квадратни и ќе може да прими 20.000 пациенти, како и да извршува 10.000 операции годишно. Во склоп на центарот ќе има центар за онкологија, мултидисциплинарна клиника, центар за рехабилитација, како и комплекс за едукација и нуклеарна медицина.

Центарот се очекува да биде отворен во 2021 година.

(Видео) МАЕСТРАЛНО: Македонец со прекрасна изведба на познатиот хит од Владо Георгиев

Македонскиот пејач Виктор Постолов ја изненади јавноста со летен музички проект и преработка на големиот хит „Шта би пријатељи моји“ од Владо Георгиев.

Зад успешната реализација на овој проект, кој е само најава за серија нови проекти, стојат Виктор Постолов (вокал), Маријан Стоименов – Ѕика (аудио) и Алек Тасевски (видео продукција), а во видеото се појавуваат и Ѓорги Петрушевски (гитара), Јордан Петрушевски (конги) и Леа Ристиќ (модел во видеото).

Постолов е член на музичкиот состав „Театро Бенд“ со кои настапува ширум нашата земја, а за наредниот период планира да објави уште неколку нови проекти.

НАЈУБАВАТА ТУРСКА ДВОЈКА СО СРЕЌНА ВЕСТ: Популарниот пар очекува принова

Турските новинари шпекулираат дека познатата турска актерка Бергузар Корел е повторно бремена

Имено, актерката е видена на роденденот на блиска другарка каде се појавила заедно со сопругот.

Новинарите ги зачудило тоа што актерката постојано го криела стомакот со чантата.

Сомнежот е дека бременоста е рана и дека двојката не сака уште да ја обелодени веста.

Актерите наводно чекаат тоа да се случи по третиот месец. Инаку, Бергузар и Халит веќе го имаат синот Али кој има девет години.

Продолжениот викенд сеуште не почнат, а веќе врие на границата со Грција!

Македонците почнаа масовно да заминуваат во Грција иако продолжениот викенд се уште не е дојден, па турканиците на границата со Грција веќе започнаа. Така на граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Локвенец: “Следува инвестициски циклус од 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА” (Видео)

Најновиот Извештај на Светската трговска организација каде се констатира огромен економски напредок, е уште една потврда за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи – истакна на денешната прес конференција пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец.

Прес конференцијата во целост во продолжение:

“Пред само две години, во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто. Денес, преку успешните економски политики, растот на Брутодомашниот производ изнесува 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година.

Денес, реалниот сектор е носител на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува нивната продуктивност и конкурентност на домашните и странските пазари.

Бруто инвестициите, во првиот квартал растат за 9,9 процентни поени.

Во изминатиот период, политиките на Владата го следеа и учествуваа во растот на економските параметри. Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.

Континуирано растат, плаитите. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, што е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот месец од 2017 година.

Паралелно со растот на платите, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминатно во приватниот сектор.

Но не застануваме тука. Во периодот пред нас следува инвестициски циклус од 5 милијарди евра. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница, над една милијарда евра за енергетика.

Продолжуваме со реализација на зацртаните мерки и политики што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните.

Создаваме силна економија што е шанса за сите”.

Ги носите поради мода, а ви го уништуваат здравјето: Кажете им “збогум“ на овие 4 парчиња од вашиот плакар

Желбата да се изгледа соврешно и прекрасно понекогаш е многу посилна од болката во стапалата од превисоките потпетици, од претеснит фустан или носењето претешки чанти и непријатни, но убави на изглед материјали.

Понекогаш, додека се гледаме во огледо и се воодушевуваме на нашиот изглед, нашиот организам пати. Прочитајте кои модни парчиња и додатоци се непријатели на нашето здравје, важи за момчиња и за девојки:

Високи потпетици

Иако за посилниот пол високите потпетци на женската нога се неодоливи, тие се непријател на стапалата. Носењето на високи потпетици може да резултира со изместен зглоб, плускавци, грчеви во мускуслите и деформации на ножните прстиња.

Големи и тешки чанти

Истражувањата покажуваат дека нееднакво распоредениот товар може да предизвика болки во вратот. Чантите кои тежат од 15 до 17 отсто од телесната тежина можат да предзвикаат проблеми со карлицата. Британска студија покажува дека жените и мажите страдаат од болки поради носење на тешки и големи чанти согласни модните трендови.

Танга гаќички

Танга гаќичките можат да предизвикаат вагинални или инфекции на уриналниот тракт. Ако тие се дел од вашата дневна гардероба, тогаш барам за спиење носете памучна долна облека.

Тесни фармерки

Тесните фармерки се хит меѓу посилниот пол, но во исто време за жените се мака бидејќи предизвикуваат проблеми со мочниот меур. Затоа, гледајте почесто да бидете во поширока гардероба.

Денеска се празнува светицата заштитничка на жените: Нејзините мошти се наоѓаат по македонски манастири (ФОТО+ВИДЕО)

Денеска православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16 годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30/17 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Република Албанија, се наоѓа преубавиот манастир Св. Марена. Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Денеска таму ќе врие од луѓе, а ќе има и многу прилепчани кои ќе празнуваат и ќе се помолат за здравје и благодет.

Ако на денот на Огнена Марија, светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат сите по заслуга.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.

Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Од утре вистински пекол до крајот на неделата: Граѓаните да се придржуваат до овие препораки

Многу топло време со температура од 40 степени не очекува од средината на оваа недела.

Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште денеска, а од утре следува период на многу топло време. Утре и во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Денеска максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, утре од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнување алкохолни пијалаци,… се само некои од препораките на лекарите кои посебно нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Министерството за здравство потсетува дека во сите градови низ државата во соработка со здравствените домови се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден од 18:30 до 21:30 часот – се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.