дома блог страница 3163

Грчка телевизија направи антимакедонски прилог поради прослава во селото Овчарани (ВИДЕО)

Прославата на Илинден според грегоријанскиот календар во леринското село Овчарани, посебно недогледното оро по тактовите на хитот „Бисер балкански“ на Гоце Николовски, ја испровоцира грчката телевизија “Стар” да направи антимакедонски прилог – oбјави “Eкспрес.мк”.

Соговорниците во него обвинуваат за „скопска пропаганда“, „словенска аспирација кон Македонија“, „крадење од грчкиот мелос“, „грубо кршење на договорот од Преспа“…

Maркукуле пред извесно време објави видеа од македонската прослава во ова село, а истите можете да ги проследите во продолжение:

Во срцето на прилепчани е аманетот да се грижат за светите храмови: Се санира црквата во Чепигово, а камбанаријата доби ново ѕвоно (ФОТО)

Прилепското село Чепигово се наоѓа во прилепско поле и е оддалечено 22,5 килиометри југозападно од Прилеп.

Над селото се наоѓа црквата Св. Никола, каде денеска на празникот Св. Марена (Огнена Марија), група верници започнаа со активности да промена на старата манастирска камбанарија и санација на црквата.

Камбанаријата доби ново црковно ѕвоно, а стартото ќе биде подарено на друг манастир или црква каде што е потребно.

Црквата „Свети Никола“ во село Чепигово е мала и еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна. Подигната е во XIX век. На западната страна подоцна има доградено трем.

Средба Мицкоски-Орбан: Граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Република Унгарија г.Виктор Обран.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.

Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.

Во тој контекст Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

-И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции, подвлече Мицкоски.

-Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро а сиромаштијата и иселувањето стануваат актуни проблеми, изјави Мицкоски.

На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.

Мицкоски истакна дека е за развој на меѓусебната соработка и афирмација на стратешките цели на Република Македонија.

Инаку средбата со премиерот Орбан која беше на државно ниво и со официјален пречек се случи во неговата официјална резиденција во замокот “Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости.

TВИТ НА ДЕНОТ: “Додека некој скенира сметки некој друг peкетира”

На социјалната мрежа Tвитер се појави исечок од анкета на “Радио слободна Европа” која е направена по повод проектот “МојДДВ”. Видеото е вистински хит на Tвитер па одлучивме да го споделиме со вас.

Одговорот од ова видео е повеќе од интересен. Погледнете што одговори овој случаен минувач на прашањето.

Прекрасно е да си Македонец! Стотици Македонци пееа “Велат не нема” и “Бисер балкански” во манастирот Св. Марена во Албанија (ВИДЕО)

Денеска во манастирот Св. Марена, во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Албанија, традиционално се одбележа големиот христијански празник Св. Марена, или кај народот познат како Света Огнена Марина (Марија).

Голем број Македонци од околните населени места, но и од Македонија, како и иселеници во странство, денеска беа присутни во манастирот и заедно заиграа македонско оро и запеаа македонска песна.

Една прекрасна атмосфера која вреди да се проследи во продолжение:

Светата великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Во манастирот Св. Марена кај Туминец цели 17 години редовно одат и група прилепчани, кои постојано собираат средства за помош на ова светилиште и набавуваат предмети кои се неопходни за подобро функционирање на манастирот.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Манастирот кај Туминец датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Maкедонското е најубаво! Македонците во Албанија го празнуваа големиот празник Св. Марена – вистинска убавина (ФОТО ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Денеска во манастирот Св. Марена, во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Албанија, традиционално се одбележа големиот христијански празник Св. Марена, или кај народот познат како Света Огнена Марина (Марија).

Светата великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Манастирот кај Туминец датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Денеска имаше вистински вриеж од народ, а присутни беа и повеќе прилепчани, како и голем број иселеници од овој регион кои празнува и се помолија за здравје и благодет на светицата.

Вистинска убавина за очи и душа. Македонска песна, ора и знамиња… Нам ни ги украде срцата, а веруваме дека ниту вие нема да останете рамнодушни.

Ви пренесуваме мал дел од празничната атмосфера во преубавиот манастир Св. Марена.

Героски ги објави со имиња и презимиња актерите во Меѓународниот сојуз на Боки 13

Сѐ повеќе и сѐ погласно се зборува дека невладината организација на Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, Меѓународен сојуз, неизбежно мора да биде опфатена со истрагата за делата за кои е осомничен Јовановски – рекет, изнудување и перење пари. Моите сознанија, што ќе ги пласирам во овој напис, се дека оваа невладина организација е искористена како покритие за активностите за кои е осомничен популарниот Боки 13-ка – пишува новинарот Бранко Героски на порталот „Плусинфо.мк“.

Во овој текст нема да има псевдоними и измислени имиња. Напоменувам дека како и до сега, така и во овој момент сѐ уште, ниту еден од личностите што ги именувам не ги доведувам во врска со измислените ликови Коки, Фрики, Кики и другите, од моите поранешни фикциски, а сепак вистинити приказни. Нагласувам дека секое самопрепознавање или препознавање е лична одговорност на оние што ќе се самопрепознаат или ќе доведат во врска некои од ликовите за кои пишувам во овој текст со псевдонимите од моите поранешни приказни.

Целиот текст на “ПЛУС ИНФО”

Витаминка стекна право да ги користи симпатичните ликови на “Minions” и започнува да го освојува британскиот пазар

Мега популарните “Minions” ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на сирење што ќе се најде во маркетите во Велика Британија до крајот на септември 2019-та година. „Витаминка“ се стекна со право на користење на ликовите “Minions” за производство на продукти од сопствената производна програма. Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика “NBCUniversal”.

За стекнување со наведените права, односно отпочнување соработка во овој дел, компаниите подлежат на исклучително строга ревизија и контрола на секој аспект од производството и севкупното работење, со цел да се осигураат строгите критериуми кои мора да бидат задоволени. „Витаминка“ доби ревизорски извештај со највисоки оценки што овозможи важност на сертификатот за наредни две години, без задолжителна едногодишна реевалуација.

Како за почеток ќе се произведуваат тематски пакувања по повод празникот “Halloween” на кои ќе бидат претставени омилените анимирани ликови “Minions”. Оваа верзија на Стоби Флипс исклучиво ќе биде наменета за пазарот во Велика Британија, за купувач со стекната лиценца од “NBCUniversal”.

По докажаната сериозност и професионалност на компанијата „Витаминка“, со исполнувањето на строгите критериуми и високите светски стандарди, се постави основа и за понатамошна соработка и отпочнување преговори за дополнително производство на продукти под брендот “Minions“.

Eдна од најголемите земји во Европа се претвора во пустина: Пресушуваат цели реки и езера (Видео)

Стариот рибар Тадеуш Норберчик (85) гледал како се Висла повлекла и го покажала своето исушено корито, што не е само знак на летните суши туку и симбол на сериозен недостаток на водат во Полска.

– Не се сеќавам дека водостојот некогаш бил волку низок како последните години, тоа е трагедија. Малку подалеку, Висла изгледа како бара, вели пензионерот.

Стотина реки во Полска сведени се на потоци, а езерата исчезнуваат, а се смета дека земјата од 38 милиони луѓе можат да искусат сериозен недостаток на вода.

– Статистиката дека Полска има 1.600 кубни метри вода по население, што е трипати помалку од европскиот просек. Нашите извори на водата споредливи се со Египет, стои неодамна во објавениот извештај „ Полска“, европска пустина, државна ревизија која се занимава со таа тематика.

По податоците на Еурстат, европскиот просек е 4.500 кубика вода по население. Полска, сместена во подрачјето помеѓу океанските и континенталните климатски зони, никогаш немало многу вода. Просекот на падините е помал откако подалеку на западот, а исправувањето е еднакво.

Како што тргнале климатските промени, па и честите суши, ситуацијата станала алармантна.

Дел од земјата која се протега од западот кон истокот на земјата полека се претвара во степ. Тоа предизвикува големи проблеми во земјоделството, но и во шумите и врз животот во природа.

Минатата година била многу сушна и количината на вода паднала на 1.100 м3 по население, за малку под прагот на безбедноста.

Се проценува дека и оваа година ќе биде слична ситуацијата. Надлежните предупредуваат дека во две третини од земјата нивото на подземната вода нема да биде доволна за цело лето. Повеќе од 320 општини веќе прогласиле мерки за штедење и забрането е полнење на базени, поливање на бавча или перење на автомобил. Казните се високи за оние кои не го почитуваат тоа

Некои делови на земјата веќе ја чуствуваат хидролошката суша која се случува кога водата не продира во длабоките слоеви на тлото и не се филтрира на пролет.

– Не се сеќавам на вистинска зима во која снегот останува подолго на земјата и полека се топи кој ќе се натапка, додава пензионерот.

Водостојот на Висла во Варшава моментално е околу 40 сантимерти, а некогаш имало и по 6 метри.

Во недостатокот на доволно бројни резервоари, Полска моментално задржува само 6,5 отство вода која поминува на нејзина територија. Ако споредиме во Шпанија се задржува само 9 отсто.

Владата затоа до 2027 година планира да изгради нови резервоари со кои ќе се удвои капацитетот на постоечките, а тоа би требало да чини 3,3 милијарди евра.

Извор: “Магазин.мк”

Уште еден светски гигант започна да гради фабрика во Србија: Инвестицијата изнесува цели 400 милиони евра

Јапонската компанија Toyo Tires во нарениот период почнува со изградба на фабрика во Инџија на парцела од 60 хектари, најави претседателот на Србија , Александар Вучиќ. Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 390 милиони евра, а ќе се отворат над 500 работни места. По повод потврдата од страна на јапонскиот гигант, вонредна прес конференција одржа претседателот на Србија Александар Вучиќ. Изјави дека преговорите траеле 3 години, а во последната фаза Србија ја победила Полска – објави “Pressingtv.mk”.

Инвестицијата од речиси 400 милиони евра во првата фаза е 13% од нашите вкупни инвестиции и повеќе од што на годишно ниво има во БИХ, Македонија или Црна Гора. Да ја победите една Полска, да победите повеќе земји во Европа, а Јапонци да одлучуваат е голема работа истака Вучиќ.

Инаку Toyo е светски познат производител на најквалитетни гуми, а работниците земаат плати повисоки од просекот. Годишното производство се очекува да изнесува од 5 до 10 милиони гуми . Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека инвестицијата е голема работа за Србија и потврда за кредибилитетот на Србија како инвестициска дестинација.