дома блог страница 3160

“Океански штит 2019”: Руската флота пристигна во Балтичкото море

На Балтичкото море започна оперативната воена вежба “Океански штит 2019”, во која учествуваат повеќе од 10.000 војници, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што пишува во соопштението, во вежбите учествуваат 49 бродови и борбени чамци, 20 бродови за поддршка, 58 леталици на воено-поморската флота и воздушно-космичките сили на Русија, како и повеќе од 10.000 војници.

Планирано е да се тестира подготвеноста на силите на воено-поморската флота за да ги заштити националните интереси, како и “вештините на управување на флотата”.

Oсновата на морнарската група ја сочинуваат бродови, кои учествувале на главната воено-поморска парада во Санкт Петербург.

Соопштено е дека со вежбите раководи командантот на воено-поморската флота на Русија, адмирал Николај Јевменов.

Воената вежба ќе трае до 9-ти август.

(ВИДЕО) Погледнете го новиот кинески супер телефон: “Црна ајкула 2 pro” е најмоќниот досега мобилен телефон

Kинеската компанија “Siaomi” официјално го претстави телефонот “црна ајкула 2 pro”, со кој сака да го освои гејмерите и да им пружи на корисниците најголема брзина.

Новиот “црна ајкула 2” работи со нов процесор “snep dragon 855+” и на располагање има 12 гигабајти РАМ меморија со внатрешна меморија помеѓу 128 и 256 гигабајти.

Кинескиот телефон, кој користи систем “Аndroid 9” има две задни камери: една од 48 мегапиксели и втората од 13 мегапиксели.

Неговите карактеристики најмногу се истакнуваат на графички план.

Она што овој телефон го прави различен од останатите е брзината на ажурирање на системот. Достигнува брзина на ажурирање од 240 херци, па овозможува тактилен одзив од 34,7 милисекунди и точност од 0,3 милиметри, што овозможува секоја игра да се игра со вртоглава брзина. Достапен е во разни бои.

Цената на овој телефон сеуште не е позната.

Морници по цело тело! Прилепчанец ја пее “Земјо Македонска” на врвот Ножот (ВИДЕО)

На 14-ти јули се одбележаа 112 години од најепохалната битка после Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп, како и група граѓани беа присутни на Ножот каде им оддадоа почит на паднатите херои.

Оперскиот пејач Стефан Неданоски од Прилеп отпеа неколку песни меѓу кои и песната “Земјо Македонска” и предизвика бура од емоции кај присутните.

Погледнете во продолжение:

Погледнете ги и овие изведби:

КЛУЧАРОТ НА НЕБОТО, ЗАПОВЕДНИК НА ГРОМОТЕВИЦИТЕ: Утре се слави св. Илија, пророкот кој пaли и гaси на небото и земјата

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Вocтание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плaши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе cyди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.

Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или иcтепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гpевови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1).

Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го yбијат Илија, но Господ го спacил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „… од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот“, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал.

По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жртвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова“ и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот.

„И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог“. (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило.

Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа, Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување. И на иконите и фреските свети Илија е претставен во кочија што неколку коњи ја влечат кон небото. Тој му ја пушта од височина својата облека на Елисеј и со тоа му ја предава и моќта да пророкува. Значи пророчкиот дар се пренесува преку облеката. На други претстави во црквите св. Илија е претставен како седи, а до него стои гавран, оној што го хранел во пустината.

Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смpт.

Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

Милошоски: Дали се ова петте причини зошто Богоев беше во ОЈО за „Рекет“?

Пратеникот Антонио Милошоски се осврнува на причините зошто токму градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е еден од седумнаесеттемина кои досега биле во ОЈО да дадат исказ во врска со случајот „Рекет“.

-Градоначалникот на Карпош, Богоев, е еден од 17-те лица кои досега биле во Јавното обвинителство во врска со случајот “Рекет”, во кој замешани се Боки 13, најмалку две обвинителки, најмалку 5 вработени лица во СЈО и неколку функционери од власта. Битни прашања се дали се ова 4те причини зошто Богоев беше во ОЈО за “Рекет”:

1. Што содржи меморандумот за соработка потпишан од Боки13 и Богоев во Ноември 2017та?
2. Финансирање на кампањата за локални избори 2017 година?!
3. Планот за измена на ДУП “Капош на вода”, десно од ТВ Телма кон Вардар (кој Боки13 го нарекол поинаку)?!
4. Злоупотреба на службена положба како градоначалник за потребите на 1ТВ?!
5. Кршење на законот за градба за кој Јанакиески лежи во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО?
, прашува Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја партизира администрацијата и ја користи во свои партиски цели, обвинителство мора да поднесе кривична пријава против Сугарески

СДСМ ја партизира администрацијата и ја користи во свои партиски цели. Спротивно на сите меѓународни конвенции Сугарески и Талески од вработени во државната администрација барале како против надомест за нивното вработување да агитираат за претседателската кампања на Пендаровски, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Станува јасно дека Заев лажеше за датум за преговори. Датум немаме и нема да имаме заради партизираната и политизирана администрација. Спротивно на Копенхашките критериуми и принципот на владеење на правото, се уништува принципот на владеење на правото, но и се повредува принцпот на јасна дистинкција помеѓу државата и партијата и се врши злоупотреба на државните ресурси. ЈО треба веднаш да постапи по допрен глас и да поведе кривична постапка против Горан Сугарески и Миле Талески, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ чекуваат ЈО да постапи согласно закон и да поднесе кривична пријава против Сугарески согласно чл.353 од КЗ.

-Дополнително ја повикуваме Антикорупциска да постапи согласно чл.40 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој јасно забранува на лица кои вршат државни функции да влијаат при вработувања. Доколку институциите ја немаат слушнато аудио снимката ние го испраќаме линкот од истата која е постирана на Јутјуб. Доколку институциите не се охрабрат и не поведат постапки против Сугарески и Талески против истите ќе бидат поведени постапки со враќањето на правната држава во Македонија, стои во соопштението на партијата.

Британија најави: Излегуваме од ЕУ на 31 октомври

Советникот за рброспки прашања на новиот британски премиер, Давид Фрост, денеска во Брисел ја пренесе пораката дека неговата земја ќе ја напушти Европската унија на 31 октомври „без разлика на околностите“, изјави денеска портпаролот на британската Влада, пренесоа западните медиуми.

Портпаролот соопшти дека советникот Фрост имал средби со клучните европски функционери и дека им ја врачил личната порака од премиерот Борис Џонсон дека „Обединетото Кралство ја напушта ЕУ на 31 октомври без разлика на околностите“.

-Енергично ќе работиме на спогодбата, но „backstop“ мора да биде укинат. Доколку не бидеме во состојба да постигнеме спогодба, тогаш секако ќе ја напуштиме ЕУ без спогодба, изјави портпаролот, пренесоа британските медиуми

Eве како и зошто лубеницата помага за слабеење

Лубеницата е нискокалорично овошје, богато со хранливи состојки, но има висок гликемиски состав и многу вода. Помага за намалување на килограмите и за детоксикација. Го чисти организмот за 6-10 дена. Сепак, иако е намирница за брзо слабеење, не треба да се претерува со исфрлањето на други намирници.

Лубеницата помога во губењето на тежината, бидејќи дава чувство на ситост и поволно делува на дигестијата. Содржи природна блажина и ја ублажува потребата за чоколадо или сладолед.

Богатството влакна спречуваат прејадување. Има малку калории, но со висок гликемиски индекс.

Лубеницата мора да ја комбинираат со намирници кои имаат малку шеќер како јаткасти плодови, цреши, црн леб, леќа, јаболка.

Не мора да биде во ист оброк, но треба да се комбинира за да се анулира високиот индекс на шеќерот. Со парче лубеница се намалува оброкот. Се губат килограмите, бидејќи се одржува ситоста.

Сепак, единствениот и долгорочен начин за слабеење е промена на навиките на исхрана.

Тaлoгoт од кафето никогаш не го фрлajте – тpикoви како да го искоpиcтите

Сигурно многумина од вас секојдневно си прават домашно црно кафе и при миење на садовите се сте во дилма- што со талогот од кафето? Ви нудиме неколку идеи како овој отпаден материјал да го претворите во нешто корисно.

1. Отстранување на дамки од предмети од дрво

Дамките од дрвенаријата многу едноставно се отстрануваат така што талогот од кафе се нанесува на газа и потоа истријте го извалканото место. По тоа доволно е само со чиста крпа да го тргнете талогот и дамките ќе ги снема.

2. Со талог против инсекти

Против мравки и слични инсекти можете да се справите така што талогот ќе го нанесете на места каде што тие се наоѓаат. Иако на нас мирисот на кафе ни е доста привлечен, на инсектите со интензивниот мирис делува спротивно.

3. Против непријатната миризба во фрижидерот

Ако во вашиот фрижидер постојано се чувствува непријатен мирис, со ова многу едноставно ќе го решите.

Талогот од кафе ставете го во тегла или сличен стаклен сад, кој отворен ќе го оставите да стои 24 часа. Ова можете да го ставите и во садоперот или на некое друго место на кое ви стои до канта за отпадоци.

4. Пилинг за тело

Измешајте талог од кафе со мед и ќе добиете одличен пилинг за тело. По нанесувањето и испирањето на овој пилинг, вашата кожа ќе биде мазна и сјајна. Покра тоа што е добар за ваква намена, оваа смеса е одлична и за отстранување на целулитот.

5. Потхранување на цвеќе

Талогот од кафе кој ќе го измешате со вода, ке биде одлично потхранување за цвеќето во саксии, а многу е корисно за потханување на зеленчук како морков, магдонос и слично.

Имате главоболки и вртоглавици – проверете дали правилно седите на компјутер

Ако работата ви е канцелариска и поминувате голем дел од работниот ден пред компјутер (а и дома голем дел од времето зјапате во компјутерски или телефонски екран), голема е веројатноста дека имате болки во вратот.

Тоа најчесто се должи на лошата поставеност на мониторот, столицата и висината на бирото, како и општото држење на телото.

За да спречите понатамошен напор на вашето тело и појава на напнатост и болка, најпрво проверете дали седите правилно кога работите на компјутер на вашето работно место или дома:

Ако сепак чувствувате болка во вратот, одвојте време за овие кратки вежби што ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и да ја зголемите фокусираноста и концентрацијата: