После 4 дена јавање од црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче, вечерва коњаницата составена од 21 коњаник меѓу кои и три девојки, пристигна во славното Крушево.
На Гумење во Крушево ги пречекаа голем број луѓе и го поздравија нивниот подвиг.
(Фејсбук статус на Кристијан Јандриоски)
“Ова е Марко. Му се јавиле од организациониот одбор на Марко, да ја испее химната по повод празникот Илинден на прославата во xeросјкото село Смилево. Меѓутоа, тука имало и едно дополнително барање. Имено поради присуството на бугарска делегација на настанот, од Марко било побарано да не ја пее строфата каде што се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.
Тука за Марко завршил муабетот, им порачал да си побараат друг пеач, зашо тој такваа химна нема да пее. Епа МАрко..Епа Марко… Абе дете Македончиште бе…. Алал да ми ти е тоа млеко што си го цицнал бе јунак. Жив и здрав да си ми!!”
Марко Трпчевски е дел од групата “Плетенка”
Невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, чиј основач е Бојан Јовановски, сега осомничен во аферата „Рекет“, на 25 декември 2017 година потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски. На документот се потпишани Јовановски и министерот Горан Сугарески – пишува новинарот и уредник на порталот Плусинфо Бранко Героски.
Во Меморандумот пишува дека двете страни се согласиле „за меѓусебна соработка при имплементација и реализација на активности и проекти од областа на заштита на цивилно општество и социјално загрозени граѓани“. Поседуваме фотографија од овој документ.
Иако Меморандумот не предвидува конкретни обврски на Министерството за транспорт и врски кон Меѓународниот сојуз, како што се потврди и од објавениот текст на преддоговорот што го склучиле Меѓународен сојуз и ГП „Пелистер“ од Битола, соработката на популарниот Боки 13-ка со институции на централната и на локалната власт, му помогнале на Меѓународен сојуз да стекне имотна корист.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Камерон Дијаз на 46 години ужива во најсреќниот период од својот живот. Убавата актерка неодамна излезе на вечера со својот сопруг Бенџи Маден, а сведоци тврдат дека изгледала покрупно и многу среќно.
По многу години залудни обиди, Дијаз и сопругот дознаа дека наскоро ќе имаат дете. За време на интимната вечера, актерката на пријателите им објаснила дека сака да ги задржи деталите за себе, но потврдила дека таа и Бенџи ќе станат родители.
Актерката и нејзиниот сопруг од 2015 година се обидуваат да добијат бебе, но безуспешно. Близок пријател на двојката, вели дека тие веќе почнале со опремувањето на куќата за новиот член од семејството и дека размислуваат кое име ќе му го дадат.
Топло време со повремено засилен северен ветер ќе се задржи во наредните три дена.
Во сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од недела ќе биде малку посвежо.
Најтопло ќе биде во петок кога се очекуваат масимални 39 степени.
Денеска, пак, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени.
Попладне и кон крајот на денот во Скопје ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Претседателот на општинската организација на СДСМ Прилеп, Миле Талевски, кој денеска се најде во средиштето на аферата што ја објави ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, на прес-конференција, а во интерес на вистината, изнесе „неколку факти поврзани со денешната таканаречена петарда која ВМРО-ДПМНЕ си ја испука во сопствената рака“.
-ДПМНЕ прави очајнички обид да ја дефокусира јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски. Денешната снимка самата покажува на јавноста што значи одделување на партијата и државата. Станува збор за снимка направена на партиски состанок, во партиски простории, во предизборие, кога се бара глас повеќе од граѓаните како и во секоја друга кампања. Повторувам, jас и Горан Сугарески, на тој редовен состанок во партијата, сме во улога на партиски функционери кои одржуваме партиски состанок во партиски простории, надвор од работно време, рече Талевски.
Талевски вели дека на снимката ги повикувал членовите на партијата, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон, професионално, чесно, без најмала доза на ароганција, и сето тоа во интерес на граѓаните.
Интересно видео од границата помеѓу Мексико и Америка каде е поставена висока ограда за да ги спречува мигрантите од Мексико да преминат во САД.
Артисти поставиле детски ништалки од двете страни на оградата, а децата од двете страни заедно се нишале.
“Убаво потсетување дека сме поврзани: она што се случува од една страна влијае на другата страна”, пишува во описот на видеото.
Дали кафето е здраво за нашиот организам и што се случува кога го пиеме на празен стомак? Луѓето секојдневно пијат кафе и го обожаваат неговиот вкус, но сè уште постои дилема за потребното дневна доза и за тоа што ќе предизвика ако го пиеме на празен стомак. Научниците честопати се обидуваат да го најдат точниот одговор на ова прашање.
Согласни се дека пиењето кафе има одредени придобивки за организмот, но постојат некои работи на кои мора да се обрне внимание. Кафето е важен антиоксидант и е докажано дека во некои ситуации спречува развој на малигни клетки, но не е баш паметна идеја доколку го пиете на празен стомак.
Една шолја чисто црно кафе внесена на празен желудник поттикнува создавање желудочна киселина што посебно им штети на луѓето со гастритис. Ни оние кои имаат сосема здрав желудник не се поштедени од создавањето желудочна киселина бидејќи нејзиното зголемено излачување ќе предизвика непријатност во текот на јадењето и пречки во варењето на храната.
Протеините кои не можат да се сварат создаваат надуеност, ждригавица, повраќање, иритација, воспаление, па дури и рак на дебелото црево. Поради тоа експертите препорачуваат да се внесе барем малку храна во желудникот пред да се напиете кафе наутро.
Илинденската коњаница од Горно Лисиче е во последната фаза пред пристигнувањето во славното Крушево на Илинден. Синоќа коњаниците, 21 на број, од кои три девојки, преноќеваше во долненското село Ропотово, а денеска го продолжи патот кон крајната дестигнација Мечкин камен.
Пред пристигнувањето во Ропотово, коњаниците застанале и во Теово, каде ја дале познатата илинденска заклетва.
Погледнете го ова моќно видео во продолжение:
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски сподели видео со изјава од Боки 13 дадена на конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година.
Објавувајќи дел од обраќањето на Бојан Јовановски, Милошоски апелира до обвинителката Вилма Рускоска внимателно да процени кој всушност е главен во аферата и случајот „Рекет“.
-Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки 13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот „Рекет” и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година, порача Милошоски.