дома блог страница 316

Секој може да присуствува, особено младите! Ристески утре во Прилеп ќе ги презентира мерките за самовработување од Оперативниот план на Владата

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број на општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на министерството.

На овие средби покрај претставници од министерството, ќе бидат присутни и претставници од локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд.

Првите информативни денови ќе се одржат утре (05.06.2025 година, четврток) во 10 часот во Салата на Советот на Советот на Општина Прилеп, каде ќе присуствува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Инаку, Оперативниот план на министерството и Владата тежи околу 40 милиони евра и ќе опфати повеќе од 16.500 лица, а преку 9 стратешки и добро темпирани мерки се предвидува:

👉🏻 Поддршка за самовработување во износ до 7.000 евра, додека за млади лица до 29 години во износ до 10.000 евра
👉🏻 Самовработување преку здружување во ДОО на две лица – поддршка до 20.000 евра
👉🏻 Поддршка за вработување во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и невладини организации до 250.000 денари
👉🏻 Практикантство и младински додаток за лица до 23 години
👉🏻 Обуки за најбарани професии и дигитални вештини
👉🏻 Јавни работи за пошумување и заштита од пожари
👉🏻 Зелени инвестиции што отвораат нови работни места

Дојдете утре во собраниската сала на општина Прилеп и запознајте се со сите мерки одделно!

Известување од прилепските црковни храмови за престојната ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА

По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта:

петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта:

петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Петка и храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС):

– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 9.30 часот и од 16.00 до 17.30 часот, двата дена.

Во Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите.

Блудците ќе се пејат веднаш по завршувањето на богослужбата.

Во недела (ДУХОВДЕН) НА ГРОБИШТА БЛУДЦИ НЕМА ДА СЕ ПЕАТ!

Бог да ги прости починатите и да им дарува Царство Небесно.

Николоски за парите од британскиот заем: Ќе добиеме рок на отплата над 15 години, најниска каматна стапка и најдолг грејс период

Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема” вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем.

-На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно.

Во однос на условите за заемот тој додаде:

-Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата над 15 години и многу поатрактивно од она што како услов го има Србија на пример. Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5%. Ние ќе имаме доста пониска – истакна Николоски.

Денеска се празнува Светиот великомаченик кнез Јован Владимир

Јован Владимир бил кнез на Дукља (денешна Црна Гора), управувајќи со областите Зета и Далмација. Познат по својата мирољубивост, благочестивост и добродетелност, се грижел за ширење на православната вера и помош на сиромашните. Во времето на цар Самуил, бил заробен и одведен во Преспа. Таму, ќерката на Самуил, Косара, се вљубила во него и измолила од татко ѝ да го ослободи. По ослободувањето, Јован Владимир се оженил со Косара и повторно управувал со своето кнежевство .
infokompas.com.mk

По смртта на цар Самуил, на престолот дошол неговиот син Гавриил Радомир. Меѓутоа, неговиот братучед Иван Владислав го убил и го презел престолот. Стравувајќи од Јован Владимир, го повикал во Преспа под изговор на мирен договор, но таму го убил, отсекувајќи му ја главата. Според преданието, Јован Владимир ја зел својата глава и ја однел до блиската црква, каде што паднал и ја предал својата душа на Господа на 22 мај 1016 година .

Култот кон свети Јован Владимир е особено силен во западна Македонија, особено во Охридско. Во манастирот Свети Наум имало камбанарија посветена на него, а дел од неговите мошти биле донесени од Елбасан и заѕидани во темелот на црквата . Неговите мошти се наоѓаат во манастирот Шин-Ѓон кај Елбасан, Албанија, каде што се почитуваат од верници од различни народи .

Свети Јован Владимир се празнува на 4 јуни според новиот календар (22 мај по стар стил). На иконите и фреските често е прикажан како ја држи својата отсечена глава во рацете, симболизирајќи го неговото мачеништво и верност кон Христовата вера .

Неговата животна приказна и мачеништво продолжуваат да инспирираат верници низ Балканот, а неговиот култ останува жив и денес.

(Фото галерија) Кому му пречи урбанизацијата на македонските села во Долнени? Запалени градежни машини!

Градоначалникот на Долнени, Урим Ибески, дава пример како се работи во интерес на сите без предрасуди. Ибески е кадар на ДУИ, но независно од тоа, во мултиетничка општина како што е Долнени, каде во различни населени места живеат едни покрај други: Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци… Ибески прави напори малата општина со скромниот буџет да излезе во пресрет секаде.

Деновиве се асфалтирале улици во населените места Сарандиново и Бело Поле каде живее македонско етничко население. Планот на општината било да се продолжи во Секирци, Ропотово, Новоселани, Заполжани… сите македонски села, но пред два дена се случило нешто кое никој не можел да го претпостави.

Непознат сторител/ли ги запалиле градежните машини, како на некој да му пречи урбанизацијата на македонските села, и покрај тоа што во некои од нив со децении не е фрлена ниту една лопата асфалт.

Од општината сепак најавуваат дека за десетина дена активностите ќе продолжат, или како што велат: “И покрај сите нечовечки влијанија, ќе продолжиме да асфалтираме и да го подобруваме животот и секојдневието на сите граѓани”.

Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал според Еуростат 3,2%

Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2%, тоа е бројката што ја објавува Еуростат, истакна на денешната прес конференција премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Македонија се најде на четвртото место Според Еуростат Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.

-Со тоа практично на досега објавените параметри кои што ги објавил Еуростат македонската економија е рангирана на 4 место веднаш позади Ирска, Данска и Полска, рече Мицкоски.

Премиоерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.

-Тоа не е случано и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат, додаде Мицкоски.

Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати рече Мицскоски.

-Знаевме дека не смнееме да губиме време, го затворивме поглавјето на стагнација, несигурност и на манипулација. Отворивме ново поглавје на економски раст, на вреднување на трудот, на поддршка на приватниот сектор, на фер конкуренција. Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите дават резултати, земајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината кој што секогаш е најслаб и најпредизвикувачки. Сепак доколку сакаме да бидеме до 2030тат уште повисоко на европската економска скала мораме да го одржуваме просекот кој што ќе биде поголем од 4 проценти, се разбира тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, тоа многу зависи и од екстерните фактори, појасни премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

Икона на светите Елена и Константин со честица од Светиот Исусов Крст изложена во храмот Св. Петка во Прилеп – Верниот народ се поклони и побара здравје и спасение (ФОТО)

Денес, за време на светата богослужба во храмот „Св. Петка“, пред верниот народ беше изложена иконата на светите рамноапостоли Константин и Елена, во која е вградена честица од светиот Крст на кој беше распнат нашиот Спасител – Господ Исус Христос.

По завршувањето на богослужбата, мноштво верници со длабока побожност и солзи во очите пристапија да се поклонат и целиваат пред овој свет и животворен дар. Верниот народ непрекинато доаѓа во храмот, носејќи во срцата молитви исполнети со надеж за исцеление од телесни и духовни болести, за поткрепа во страдањата, за утеха во тагата и за благослов и мир во домовите и семејствата.

-Овој благослов од Крстот Господов е голема милост за нашиот град, за храмот „Св. Петка“ и за целиот македонски народ.Го повикуваме секого што чувствува потреба за Божја близина и потпора да пристапи со вера и страв Божји. Крстот Христов е наша сила, наша надеж и наше спасение – стои во соопштението од храмот Св. Петка.

Утре сите деветтоодделенци во 12ч. пред Градскиот Саат, се промовираат најдобрите

Во среда, 04.06.2025год., со почеток од 12 часот, на платото кај Градскиот Саат во Прилеп, ќе се одржи  музички настан под мотото “Биди гимназијалец”.

Oд СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ ги покануваат сите полуматуранти и нивните родители, да присуствуваат на овој музички настан и да дознаат нешто повеќе за гимназијата и можностите кои ги нуди истата.

Честит именден Елена, Ели, Ленка, Константин, Кочо, Коста…

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Црква Св. Елена и Константин во населбата “Типски” во Прилеп

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Ученици требаше да одржуваат часови во биологија, ветеринари пракса, а “Рајската градина” да стане мини Зоолошка – денеска се распаѓа и е без птици (ФОТО)

Она што некогаш се нарекуваше “Рајска градина” и беше вистинска атракција за дечињата во “Паркот на револуцијата” во Прилеп, сега е претворена во запуштено место.

Десетина чифта бели пауни, златни, платинести и дијамантски фазани, кинески гугутки, јапонски и други егзотични кокошки во различни нијанси и бои на пердуви, беа населени во украсно дизајнирани кафези, во не така далечната 2012 година.

Идејата според екс градоначалникот Марјан Ристески, беше учениците тука да имаат часови по биологија, а оние од ветеринарната струка да изведуваат практична настава. Беше планирано оваа “Рајска градина” постојано да се надополнува со нови видови, а Могилата да добие мини Зоолошка градина во иднина.

Имаше дури и бели пауни “Албино” се многу ретки птици, и во денешно време вредат над 500 евра.

Денеска украсни птици има само во уште еден кафез, а сите останати се запустени, затревени, разрушени….

Зошто и кој дозволи оваа убавина да исчезне, наместо да се надополнува со нови видови на птици и да привлекува посетители и од други градови…