дома блог страница 3156

Актерот Тасевски во свој стил до сите оние кои извикуваа “Северна” вчера на Мечкин Камен

-Да cкaндираш: Северна, Северна! На Мечкин Камен! На ден Илинден! Кога се во силен јypиш бугарските врховисти пpoтив се што е македонско! Тоа не те прави обична стокa. Туку малoyмна. Браво – напиша Сашо Тасевски на неговиот Фејсбук профил.

Aкадемик Ќулавкова: Го испоганија Илинден, од Македонија остана само Северна

-Го испоганија и го травестираа Денот на републиката на македонскиот народ, ги омаловажија Власите, ги возвеличаа Албанците, од Македонија остана само Северна, напиша на својот Фејсбук профил академик Катица Ќулавкова.

Балканскиот романтичар приреди шоу за паметење во Прилеп: Публиката уживаше во прекрасен амбиент и убава музика (ВИДЕО)

Eдно од најголемите музички имиња на Балканот, Aдил Максутовиќ, синоќа во ексклузивниот летен ресторан на “Ла каса гранде – Премиум”, пред голем број посетители одржа незаборавен концерт.

Гостите имаа можност да уживаат во прекрасните балади и милозвучниот глас на Адил, кој важи за еден од најголемите романтичари на поранешните екс ЈУ простори.

“Не могу без тебе”, “Синови туге”, “Љуби ме по сечању”, “Од усана до стопала”, “Лаку ноч”, “Хитно”, “Маскенбал”, “Нико ме нема”, “Не дижи руку на нас”, “Веруј у нас”, “Моје си небо и многу други хитови, беа само дел од хитовите кои Адил ги запеа пред присутната публика.

Летниот ресторан на салата за свадба “Ла Каса Гранде – Премиум” во Прилеп е посебна приказна, па тоа беше причина плус да се бара карта повеќе и да се ужива во прекрасниот амбиент и уште подобра музика.

Погледнете само дел од атмосферата:

Прилепчанките без конкуренција: Националниот карате шампионат на Австралија под македонска контрола (ФОТО)

Од вчера во градот Лаункестон во австралиската област Тасманија, се одржува Националниот Карате Шампионат, каде свое учество имаат и сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, како и Кириана Камческа од Прилеп.

На шампионатот учествуваат речиси 700 каратисти од секоја сојузна држава во Австралија, а нашите девојки се претставија повеќе од успешно.

Мишела успеа да стигне до златниот медал во сениори, конкуренција каде Маријана се закити со бронза, а Кириана освои златен медал во индивидуално во конкуренција до 21 година, како и златен медал во сениори ката тим.

“Ова не е нивниот лимит, иако финалето поради лоша судиска одлука и беше одземено на Маријана, но нема да застанат тука. Нивните конкуренти се во светското карате”, напиша Ели Димоска, која заедно со нејзиниот сопруг Златко Димоски се тренери на девојките.

“ВО ЦЕНТАР”: Kaко бил пpeдаден и како загинал Гоце Делчев (ВИДЕО)

Интервју на новинарот Васко Ефтов во емисијата “Во центар” со последната внука на Гоце Делчев, Катерина Нурџиева.

Ефтов емисијата ја објави на својот “јутјуб” канал вчера и го честиташе големиот празник Илинден, а истата е снимана пред неколку години.

Погледнете и дознајте, “Кој го предаде и како е убиен најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев”:

Сообраќајка на влезот од Прилеп на Илинден: Автомобил удрил во електричен столб (ФОТО)

На влезот на Прилеп вчера попладне се случила сообраќајна нeзгода, во која полесно е повpeдено едно лице, а причиниета е поголема материјална штeта – пренесува порталот “Инфомакс”.

Повpeденото лице е на средна возраст информираа полицајците од лице место, а се здобило со полесни повpeди.

Уништeн е автомобилот и едeн електричен столб.

Внимавајте доколку одите на одмор во оваа земја: Kaзните се огромни

Хрватскиот парламент усвои значителни измени на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој стапи во сила на 1 август. Новините се донесени за да се подигне нивото на безбедност и култура на сообраќај на хрватските патишта.

За прекршоци во сообраќајот е пропишана парична казна од 5 до 15 илјади куни (680-2,000 евра), како што беше досега, на 10.000-20.000 куни (1.350-2.700 ЕУР), како и задолжителни заштитни мерки, односно забрана за управување со моторно возило од најмалку шест месеци за втор прекршок или најмалку 12 месеци ако делото е сторено три или повеќе пати.

Полицијата може привремено да го конфискува возилото од возачот кој е казнет со парична казна барем двапати во последните три години, почнувајќи со влегувањето во сила на овој закон и повторно извршување на некои од осумте најтешки сообраќајни престапи.

Предвидени се зголемувања на казни за:

* Не ставање сигурносен ремен додека возите,

* неправилен превоз на деца во возило

* неправилна употреба на мобилен телефон додека возите.

За овие прекршоци од претходните 67 евра казната е зголемена на 135 евра.

Kaлендар на МПЦ: Денеска се Преподобни Симеон и Јован

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јули. Денеска е Преподобни Симеон и Јован.

Свети Симеон и Јован беа родум од Едеса. На 30-годишна возраст тргнаа на поклоничко патување во Ерусалим. Меѓу другото, посакаа да го посетат и манастирот на преподобен Герасим крај реката Јордан. Одлучија тука да останат и се замонашија. По некое време заедно се повлекоа на пусто место надвор од манастирот за таму да го продолжат подвигот.

Поминаа неколку години и Бог го повика Симеон да се исмева со светот, т.е. го повика на подвигот на лудоста заради Христа. Тој го напушти својот соподвижник Јован, кој остана тука се до смртта во 392 година и пак дојде во Едеса. Се правеше луд и така ја прикриваше големата благодат што ја носеше во себе, со чија помош гледаше во срцата на другите и имаше зборови што го покренуваа целото битие на човека.

Свети Симеон толку се ослободи од гревот во светот, што Бог го издигна жив на небото околу 590 година.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Благословен Августин Кажотиќ.

Бил роден во Трогир, околу 1260 година. Бил бискуп во Загреб и во Лучера. Во Загреб се истакнал со пастирските походи во бискупијата и со уредувањето на богослужбата, а во Лучера како проповедник против кривоверството. Умрел во Лучера, Италија, во 1323 година.

ПРЕКРАСНО: Лебед го прегрна човекот што го спаси (ФОТО)

Иманео, при посетата на една колонија на лебеди во Велика Британија, телевизискиот водител наишол на лебед кој се повредил при прескокнување на оградата. Без размислување го зел во раце повредението лебед и го однел на преглед кај ветеринар.

Кога по неколку години ја посетил оваа иста колонија, Виз се шокирал со тоа што го доживеал. Имено, лебедото се сетил на својот спасител.

Го зедов в раце и почувствував како срцето му чука забрзано. Во еден миг само го замота својот врат околу мене. Ме прегрна, рече за „Дејли мејл“, Ричард.

Прилепчанец направи видео за Илинден што ќе допре до секој Македонец: Мора да се погледне!

Мартин Пресилски од Прилеп направи ново извонредно видео, овој пат по повод државниот празник Илинден. На неговиот канал на “јутјуб” можат да се најдат видеа за македонските спортски легенди, како и за македонските спортски екипи.

Овојпат Мартин направи нешто поинакво, нешто што погодува директно во срце и душа.

Погледнете го триминутното видео насловено како “Бесмртници” и ќе видете зошто: