Им објаснила некои работи и ги научила на памет…
Погледнете го видеото во продолжение и проценете дали се работи за вистинска случка:
Познатиот српски кошаркар Предраг Стојаковиќ, објави фотографии на социјалните мрежи на кои извршува земјоделски работи и за кратко време собра илјадници лајкови од неговите воодушевени следбеници.
Предраг Стојаковиќ е еден од најдобрите европски играчи во историјата – светски и европски шампион, НБА првак, прв стрелец во Евролигата, трократен НБА “Аll star” играч….
“Луѓето од градот ова не го разбираат”, напиша тој во описот на фотографијата.
“По повод слава на храмот посветен на на Св. Преподобна маченица Параскева (ПЕТКА) Римјанката во насeлбата Точила, ве покануваме на празнична вечерна богослужба во среда (07.08.2019 ) со почеток во 17:00 часот, како и Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски
господин Петар, во четврток (08.08.2019) со почеток во 8:15 часот.
Христос помеѓу нас!”, стои во поканата упатена до верниците.
Денеска околу 13 часот на патниот правец Прилеп – Битола, пред мостот кај прилепското село Тополчани, се случила сообраќајна несреќа во која се судриле автомобил марка “Опел Астра караван” и “Цитроен Берлинго”.
Според неофицијални информации кои ги добиваме од очевидци, дури 5 лица биле вклучени во нecpeќата, а едно лице неофицијално го загубило животот.
Останатите 4 лица се префрлени во Клиничката болница во Битола.
Поради несреќата патниот правец од Прилеп до Битола беше во прекин во двата правци.
Содата бикарбона е наречена „медицинско чудо” зашто има многу употреби и голем број здравствени придобивки.
Таа е лесно достапна, а во народната медицина е добро позната како природен лек.
Содата бикарбона е корисна при широк спектар на болести
Постојат повеќе научни докази што укажуваат на тоа дека содата бикарбона без алуминиум може да стане примарен и универзален медикамент за широк спектар на заболувања. Некои истражувања тврдат дека може да се користи од третмани на габични заболувања, па сѐ до подобрување на состојбата при канцер и дијабетес. Поради тоа, одредени истражувачи сметаат дека таа треба да биде дел од третманот и лечењето на многу болести на денешницата.
На што се должи позитивното влијание на содата бикарбона без алуминиум?
Милиони луѓе во светот консумираат од овој „природен лек” во водата за пиење, поради превенција или како терапија кај клиничка ацидоза – во народот многу позната состојба како „киселини во желудникот”.
Во голем број на развиени земји од ЕУ, од страна на онколозите, со децении наназад содата бикарбона рутински се применува со цел да се намали токсичното дејство на хемотерапијата и зрачењето.
Што се случува во телото кога земаме сода бикарбона?
Сите биохемиски реакции, кои се одвиваат во клетките на нашето тело, се зависни од рH-вредноста. Колку е пониска телесната рH-вредност, толку претставува поголем проблем за клеточната физиологија. Некои од причинителите за ниска или кисела рH-вредност се:
* често внесување синтетички лекови,
* исхрана што се темели на намирници кои предизвикуваат киселост во организмот,
* стрес,
* искажување и насобирање на негативни емоции.
Сите овие причини може да доведат до разорување на клетките и до сериозни здравствени заболувања – канцер, кандидијаза, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, остеопороза, чир на желудник.
Фактот дека нашето тело најдобро функционира во алкална средина ѝ оди во прилог на содата бикарбона. Нејзиниот корисен спектар е навистина многу широк. Со внесувањето на сода бикарбона без алуминиум се неутрализира ниската рH-вредност, односно се воспоставува рH-рамнотежа во клетките. Таа дејствува така што ги шири крвните садови и го поттикнува ослободувањето на кислородот во ткивата, зголемувајќи ја притоа рH-вредноста.
Зголемената рH-вредност на урината спречува кристализација на мочната киселина во мочните канали, а со тоа помага против низа последици, како што се дијабетес, срцеви заболувања, срцев удар, гихт, камен во бубрези итн. Се смета дека истовременото внесувањето на сода бикарбона и магнезиум хлорид помага во третманот против срцеви заболувања, невролошки заболувања и потешки облици на грип. Дел од истражувачите тврдат дека заедничкото дејство на овие две супстанции ефикасно ги отстранува токсините и киселините од клетките, ткивата и од органите.
Поминаа неколку денови откако објавивме за нашиот кичевчанец Игор Петрески кој се уште има потреба од нашата хуманост, од нашите донации, кои ќе му овозможат 12 дена да се лекува од „Мултиплекс Склероза“ во „IM Clinic“ – Белград – пишува порталот “Порта.мк” од каде први ја објави сторијата за поранешниот припадник на МВР, Игор кој е татко на три деца.
За “Порта.мк” Игор вели:
“Речиси и да не поминува ден да не се слушнеме на телефон, да не испиеме кафе да не си прокажеме збор-два за животот, понекогаш суров, но мора да го живееме, да се бориме, за себе, за нашите деца, за нашите семејства, никој не знаеме до последен миг што не чека, што ќе дојде…
Како што минуваат деновите, добивам илјадници пораки за поддршка, посакувајќи ми добро здравје, каде што исто така ми потврдуваат дека донирале за мене! Ја користам приликата преку нашиов медиум од дното на мојата душа да ви се заблагодарам, бог да ве благослови и подари бескрај здравје, среќа и се што е најубаво..
Ми се кине срце кога добивам прашања од моите дечиња „Тато кога ќе играме фудбал, ни вети…“
Се надевам дека потребните средства ќе се соберат и повторно ќе зачекорам”.
АЈДЕ МАКЕДОНИЈО, АЈДЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ СО ГОЛЕМО СРЦЕ, ДА ИМ ЈА ИСПОЛНИМЕ ЖЕЛБАТА НА СИНЧИЊАТА КОНЕЧНО ДА ЗАИГРААТ ФУДБАЛ СО ТАТО ИГОР.
Поминаа неколку денови откако објавивме за нашиот кичевчанец Игор Петрески кој се уште има потреба од нашата хуманост, од нашите донации, кои ќе му овозможат 12 дена да се лекува од „Мултиплекс Склероза“ во „IM Clinic“ – Белград.
Речиси и да не поминува ден да не се слушнеме на телефон, да не испиеме кафе да не си прокажеме збор-два за животот, понекогаш суров, но мора да го живееме, да се бориме, за себе, за нашите деца, за нашите семејства, никој не си знаеме до последен миг што не чека, што ќе дојде….
Како што минуваат деновите, добивам илјадници пораки за поддршка, посакувајќи ми добро здравје, каде што исто така ми потврдуваат дека донирале за мене! Ја користам приликата преку нашиов медиум од дното на мојата душа да ви се заблагодарам, бог да ве благослови и подари бескрај здравје, среќа и се што е најубаво..
Ми се кине срце кога добивам прашања од моите дечиња „Тато кога ќе играме фудбал, ни вети…“
Се надевам дека потребните средства ќе се соберат и повторно ќе зачекорам – додаде Игор.
АЈДЕ МАКЕДОНИЈО, АЈДЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ СО ГОЛЕМО СРЦЕ, ДА ИМ ЈА ИСПОЛНИМЕ ЖЕЛБАТА НА СИНЧИЊАТА КОНЕЧНО ДА ЗАИГРААТ ФУДБАЛ СО ТАТО ИГОР.
☎️ Т-Mobile: 143106 – 100 денари донација од повик
☎️ VIP: 143600 – 100 денари донација од повик
Денарска трансакциска сметка:
Шпаркасе Банка
Име и Презиме: Игор Петрески
250-0320004052 – 59
Име и Презиме: Игор Петрески
За сите кои живеат надвор од нашата држава отворена е и девизна сметка, на која ќе може да се направат финансиски прилив со назнака „За донации за Игор Петрески“
SWIFT: INSBMK22
NAME: SPARKASSE BANKA MAKEDONIJA AD SKOPJE
CITY/COUNTRY: SKOPJE, MACEDONIA
NAME: IGOR PETRESKI
IBAN: MK07250322220204189
ADDRESS: UL. MIRCHE ACEV BR.D/2-13 OHRID0401979433004
Сите кои сакаат да контактираат повеќе, информации или било што во врска со лекувањето, донациите и сл. може тоа да го направат на електронската пошта [email protected]
Синоќа на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, пред цело море од публика Влатко Лозаноски го одржа својот втор солистички концерт.
После успехот во “Борис Трајковски”, сега Лозано до последно место го исполни и “Билјанини извори”. Публиката уживаше од почетокот до крајот, а Влатко беше исклучително расположен и приреди шоу за паметење.
Погледнете дел од атмосферата:
Од денеска оние кои ќе уживаат Градиште, ќе платат поскап паркинг. Гостите видно изненадени дека до вчера плаќале по 100 денари, денеска за истиот паркинг треба да платат 150 денари – објави порталот “Скопје 1”.
Наплаќаат паркинг, а гостите ги оставаат сами да се снаоѓаат и да си најдат место, затоа што нема слободни паркинг места.
Но, проблем е што нема место на ниту една од плажите на Градиште. Токму поради тоа туристите обидувајќи се да најдат место влегуваат и излегуваат.
ИЗВОР: СКОПЈЕ1
Судот во Лос Анџелес донесе пресуда дека пејачката Кејти Пери и нејзините коавтори ќе треба да платат 2,78 милиони американски долари обештетување на христијанскиот рапер чија песна беше искористена во спотот „Dark Horse“, пренесуваат светските агенции.
Едногласна одлука на жирито доаѓа пет години откако Маркус Греј и двајцата коавтори ја тужеа, обвинувајќи ја Пери дека ритамот и инструменталниот дел од нејзината песна „Dark Horse“ се украдени од „Joyful Noise“ – на Греј објавена во 2008 година.
„Dark Horse“ стана еден од главните хитови на пејачката од нејзиниот албум „Призма“. Композицијата остана четири недели на врвот на хит-парадата на списанието Билборд, а во 2015 година беше номинирана за Греми награда во категоријата Најдобри поп перформанси во Дует или Група.