Православната црква и нејзините верници денеска ќе го одбележат големиот празник, Преображение Христово.
Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.
Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.
Како што се верува, на денешниот ден никако не треба да се капиме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.
Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!
Вечерва бев на роденденот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. А Прилеп секогаш најверно се борел за слободата. Меѓу првите се кревал на пркост и отпор спрема неправдите, така било отсекогаш. Денес живееме во време кога не е проблем што системот лошо функционира, туку главен проблем е што систем воопшто нема. А тој е атрофиран, ослабен до точка на недејствување затоа што криминалци го водат. Нема друга држава каде власта наместо во борба против корупција води борба за заштита на криминалот. И додека криминалниот октопод блеска, владата непропушта да удира по идентитетот, историјата, иднината, по џебот на граѓаните. Наша обврска е тоа да го промениме. Прилеп е на нозе, Прилеп се крева против неправдите, и Прилеп ќе победи затоа што за Македонија се работи. Честит роденден ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, заеднички да се избориме за Обнова на Македонија, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски од Прилеп исто така порача дека нема да има простување за никој што се огрешил пред законот, а истакна и дека емисарите кои ги испраќаат да бараат прошка се залудни.
Ларис Гаисер, новинарот од Словенија кој на италијанскиот медиум „Ла верита“ објави снимки за аферата „Рекет“ за Пресинг ТВ најавува „завршен удар“.
Што значи попрецизно тоа, Гаисер не ни кажа.
„Преслушував многу важен материјал за аферата „Рекет“, има многу интересни докази, јас сум сигурен во нивната автентичност. Тие ќе предизвикаат големи реакции. Но, дали наскоро ќе ги објавам, најпрвин морам да бидам сигурен дека моите извори се безбедни“, вели Гаисер.
Според неговата најава многу е веројатно наредната недела да се објават нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“. Има индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“.
Комарците ги има насекаде, освен на Антарктикот. Тие живеат на сите континенти и на различни клими. Има околу 3.000 различни видови комарци низ светот.
Сите комарци не цицаат крв, само женките се хранат со крв, додека машките комарци се хранат со нектар. Добрата вест е дека лесно може да ги распознаете.
Комарците се мистерија, преживеале и еволуирале во инсекти какви што ги познаваме денес. Интересно е тоа што тие имаат шест иглички преку кои цицаат крв, штом еднаш ја пробијат кожата тие испуштаат плунка со ензими кои ја запираат крвта. Дејството на плунката престанува и почнува да се јавува чешање.
Некои луѓе се алергични на тие ензими и се појавуваат отоци. Зошто женските пајаци цицаат крв? Тајната е во размножувањето. За јајцата им се потребни протеини и токму затоа им е потребна крвта.
Сопственик на ресторан во Албанија бил фатен од камерите како им се заканува и им го крши автомобилот на турсти од Шпанија. Тој се обидел да ја отвори вратата од автомобилот во кој биле туристите со намера да ги тепа. Кога не успеал во тоа почнал да ја крши шофершајбната од возилото.
Како што пишуваат медиумите во Албанија, газдата бил бесен што туристите не биле задоволни од храната и одбиле да ја платат.
Работата отишла дотаму што министерот за туризам на Албанија морал да им се извинува на туристите и да ги прими во кабинетот.
Extreme road rage caught on camera in Albania, after an Albanian restaurant owner attacked a group of Spanish tourists. pic.twitter.com/kLMYzWkRVH
После цели 18 години ФК Борец од Велес се врати во најелитното фудбалско друштво во државата, а тоа е причината што денеска на вториот дуел од новата сезона, стадионот “Зоран Паунов-Паун” е исполнет до последно место.
Борец во моментов игра против Вардар, а резултатот на полувреме е 0:0.
Секоја чест за велешани, уште во првиот дуел на домашен терен покажаа и докажаа дека заслужуваат да играат прволигашки фудбал.
На трибините навивачките групи “Комити” и “Гемиџии” имаат свое шоу, а истакнаа и знамиња со сонцето од Кутлеш како и порака која гласи:
Споменикот на Александар Македонски во Прилеп на кој денеска беше поставена табла дека припаѓа на Хеленската култура согласно Преспанскиот договор со Грција, е поставен во 2006 година.
Прилеп, во 2006-тата година беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски, кој сега, ете, според Преспанскиот договор треба да признаеме дека тој не бил Македонец, туку бил „историска фигура од античката Хеленска историја и цивилизација и дел од светското културно-историско наследство“?!
Инаку, Сонцето од Вергина освен што го има на штитот кој во рацете го држи Александар Македонски, го има и на платото под постаментот од Споменикот во Прилеп, кој пак, е донација од американскиот бизнисмен со прилепско потекло, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, а изработен од познатиот скулптор, исто така од Прилеп, Жарко Башески.
Донаторот на Споменикот, бизнисменот Атанасоски, своевремено изјави дека „Само Сонцето е постаро од Македонија“
Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.
Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски.
СДСМ и до гуша заглавениот во криминал Зоран Заев се во паника и демонстрираат нервоза. Заради тоа што живи се фатени во случајот „Рекет“, наместо да побараат одговорност тие водат борба за заштита на криминалот. Затоа се и тие панични прес конференции каде што се конструираат и креираат, сеат лаги, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во тоа предничи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој што според сомневањата има и лични причини за тоа. Имено, отворено прашуваме и отвораме дилема, дали причините заради кои што Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените? Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов? Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина?, прашува Стоилковски.
Тој прашува и дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата?
-Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените? За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од осомничените во „Рекет“. Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста? Јасно е дека СДСМ го штити криминалот на главата на октоподот, а сега треба да одговори и дали Костадинов го крие и штити сопствениот срам?, прашува на крајот Стоилковски.
Провокацијата од Гркинката Анастасија Мерѕу со фотографијата на Твитер со маичката со избрусеното сонце од Кутлеш на капак од шахта во Скопје доби одговор од македонска страна исто така во вид на маичка.
Покрај 16-кракото сонце, споменикот на Александар Македонски во Скопје и тој од Херонеја, каде што неговиот татко Филип Втори Македонски им нанел тежок пораз на Атињаните и на Тебанците, а во битката учествувал и Александар, пишува: „Ги поразивме во 338 г.п.н.е. и ќе го направиме тоа повторно“.