дома блог страница 3128

За Колумбија повеќе не постои Македонија: На Македонец му рекле дека Грција е задолжена за македонски пасоши и го регистрирале како Грк

(Фејсбук статус на Никола Божиновски)

“Дечки моментално сум во Колумбија и само да ве информирам дека овде Македонија веќе не постои како држава. Во хотелот кога пробаа да ме регистрираат на официјалниот сајт на миграционо не можеа да ја најдат Македонија под ниту едно име од сите што ги имаме, од миграционо ги исконтатирале во министерството за надворешни овде и им рекле дека од сега Грција е задолжена за Македонски пасоши и мора да ме регистрираат како грк и дека Македонија не постои повеќе во системот. За ова ме известија откако ме регистрирале, не беше возможно да се смени ниту имав време да исконтактирам наша амбасада. Никогаш во животот не сум се чувствувал вака посрамен и понижен”, пишива Никола на неговиот Фејсбук профил.

Нема повеќе грчка салата во македонските ресторани: Погледнете како реагираат македонските угостители (ФОТО)

Младен Јаневски на својот твитер профил објавил слика која како што вели тој душата му ја исполнила. Во менито на познатата кафана ,,Старо Буре” наместо грчка салата стои ,,Јужно-Македонска”.

Македонците се повеќе и повеќе го искажуваат својот револт против договорот од Преспа. Изнаоѓаат најразлични креативни начини за му пркосат.

Редакција до порталот “Инфомакс” пристигна и од велешката кафеана ,,Меаната на Дацe”, каде придавката ,,Грчка” е пречкртана, а на нејзино место стои Егејска салата.

Македонците се почесто го изразуваат својот peволт од промената на името на најразлични иновативни начини, а ваквите постапки добиваат огромна поддршка на социјалните мрежи.

“Дали Боки и Костадин се “журкале” во соседна држава??” (ВИДЕО)

Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална – октопод мрежа која што тој сака да ја заштити. Но постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да така отворено лаже и да манипулира за овој случај. Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа прашуваме: Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“? Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја? Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава? Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?, запраша Стоилковски и додаде:

„Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски? Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“? Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер? Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години? Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава?“

Скандал во Крушево: “Куќарки пред Веле Марковиот споменик?”

На „Гумење“ во Крушево во тек е поставувањето на куќарки-сувенирници во рамки на Проектот за развој на авантуристичкиот туризам.

Како што информираат од крушевската локална сампоуправа, веднаш до спомен-куќата „Тодор Проески“ ќе бидат поставени пет вакви куќарки кои ќе им бидат достапни на локалните производители за понуда на сувенири на посетителите и туристите.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски со поставувањето на сувернирниците ќе се уреди овој простор.

– Со куќарките ќе го уредиме просторот и ќе отстапиме место на локалните производители кои секојдневно работат со туристите кои доаѓаат во Крушево. Со ова ја подобруваме услугата спрема туристите, но и ја подобруваме локалната економија, вели Христоски.

Вкупната сума на целосната инвестиција за поставувањето на овие објекти е околу три милиони денари, додека целиот проект е во вредност од 500.000 евра.

Во рамки на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ и имплементиран од Кацеларијата на вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, во тек се: реконструкција на спортската сала, обележување на патеки за велосипедизам, изработка на веб-сајт, веб-апликација и видео, спроведување работилници, поставување информативни табли и други содржини.

Баерн Минхен се подготвува да грми: Филипе Кутињо денеска претставен во Баерн Минхен

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен утрово го промовираше Филипе Кутињо како свое ново засилување. Бразилецот стигнува во Минхен како позајмен играч, а доколку „баварците“ сакаат да го откупат неговиот договор следното лето ќе треба да платат 120 мил. евра.

-Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Филипе Кутињо. Бразилецот ги помина медицинските тестови во неделата и го потпиша договорот. Тој ќе игра една година како позајмен играч од Барселона. Баерн Минхен има опција целосно да го откупи по истекот на позајмицата. Сите страни се договорија да не се објавуваат финансиските детали, стои во соопштението на Баерн.

-За мене овој трансфер значи нов предизвик, нова земја со еден од најдобрите клубови во Европа. Како и Баерн Минхен, и јас имам големи амбиции и уверен сум дека ќе ги остварам заедно со моите нови соиграчи, изјавил Кутињо.

(Видео) Вистинска ризница под земјината површина: Научниците пронашле древен “резервоар” со лава и дијаманти, стар колку и Месечината

Пронајден е древен резервоар со лава и ризница со дијаманти околу 410 километри под Земјината површина.

Се смета дека таканаречениот резервоар на лава е стар колку и Месечината, а дека е настанат пред 4.5 милијарди години.

Постоењето на овие резервоари го потврди меѓународен тим на истражувачи кои ги мереле изотопите на хелиум во дијамантите, кои на површината на Земјата излегуваат со силни вулкански ерупции.

Трагите на елементите го потврдиле нивното потекло и им овозможиле на научниците да ја состават целата приказна. Како се формираат резервоарите со лава и дијаманти сеуште е мистерија.

Украдена е целата опрема: Ограбено службеното возило на хрватската претседателка Китаровиќ

Службениот автомобил на хрватската претседателка Колина Грабар Китаровиќ е ограбен.Обезбедуваето го оставило отклучен и крадците ја однеле целата опрема, пишува „Нова Тв“.

Обезбедувањето било повикано на одговорност, но тие се правдале дека имале премногу работа и оти во моментот на кражбата се вршело примопредавање на смената.

Геровски со нова порака до СДСМ: Онака, ми текна…

Кога СДСМ ќе се преименуваат во СДССМ. Ова на Фејсбук вчера го напиша новинарот Бранко Героски кој периодов е актуелен поради Рекет.

Героски пред неколку дена побара извинување од Заев откако тој на прес-конференција рече дека нема да дозволи еден педер, суетен новинар и неколку криминалци да му ја срушат власта.

Героски постојано пишува за случајот Рекет во кој првоосомничен е Боки13 и Зоки Кичеец, а на снимките од ла Верита се слушна и гласот на Катица Јанева, се спомна и името на Заев.

ОД ШУТКА ДЕМАНТИРААТ: Боки 13 не примал леkови за смиpување, ниту барал преместување на пcиxијатрија

Есад Рахиќ директорот на затвopoт во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од пpитвоpените за случајот „Рekет“ ги дeмaнтира информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во зaтвop бара помош и прима инјeкции за смирување.

Есад Рахиќ директорот на затвopoт во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од пpитвоpените за случајот „Рekет“ ги дeмaнтира информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во зaтвop бара помош и прима инјeкции за смирување.

Српскиот портал објави дека Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во пcиxијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе доkази за нивната вмешаност во рekeтирањето.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за пcиxијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инјекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на пcихијатрија – вели Рахиќ за Канал 5.

Денеска е еден од најголемите празници во годината: Верниците не треба да се капат во отворени води

Православната црква и нејзините верници денеска ќе го одбележат големиот празник, Преображение Христово.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Како што се верува, на денешниот ден никако не треба да се капиме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!