дома блог страница 3127

Резултат за верувале или не! Брегалница го совлада Црнилиште со резултат 22:0

Фото/printscreen/gol.mk

Екипите на Брегалница и Ново Црнилиште попладнево се сретнаа во рамките од 16-финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, а штипјани успеаа да постигнат дури 22 погодоци.

На градскиот стадион во Штип, Брегалница веќе во првото полувреме водеше со 6:0, а во второто полувреме фудбалерите постигнаа уште 16 погодоци.

Вкупниот резултат на крајот од натпреварот е неверојатни 22:0 за штипјани, резултат со кој Брегалница е првиот клуб кој обезбеди пласман во осминафиналето.

Како им се посигнува по најсветото? Викендов огpaбена црквата Свети Никола во Маврово

Tешка kpaжба била извpшена викендов во црквата „Свети Никола“ во село Маврово.

Од СВР Тетово информираат дека kpaжбата била пријавена вчера.

-Според пријавеното, сторителот нacилно ја отворил вратата и одзел пари. Извршен е увид и се расчистува kpaжбата, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

(ВИДЕО) “Овде ми е мирот и после се’, знам дека еден ден ќе завршам тука”: Во спомен на нашиот Тоше

Денес е Св. Преображение. Празникот секоја година се одбележува на ова место близу Крушево. Манастирот го добива името по денешниот празник, а за неговата изградба се погрижи нашиот никогаш непрежален Тоше заедно со крушевчани. Тој слободното време често го поминуваше на ова место и за истото велеше:

“Овде ми е мирот и после се’, знам дека еден ден ќе завршам тука”.

АЛБАНИЈА САМО ШТО ГО ЗАДАДЕ HАЈГОЛEMИОТ УДAP НА КОСОВСКАТА НЕЗАВИСНОСТ: Албанија му кажа на Косово НЕ!

Албанија за потсетување беше прва држава која ја призна независноста на Косово. Претседателот на Албанија Илир Мета, истакна дека”Албанија не може да биде дел од дијалогот помеѓу Косово и Србија“, пренесува Telegrafi.com.

Во интервју за РТВ21, шефот на државата се осврна и на соработката помеѓу двете земји, истакнувајќи дека дијалогот помеѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар начин за двете земји, а и за целиот регион.
Воедно потенцирајќи дека односот помеѓу Албанија и србија е многу важен , и се огради од директно мешање на Албанија во тоај дијалог„дијалогот со Србија е тема на косовските институциии а не на Српските“

“Албанија не може да биде дел од дијалогот помеѓу Косово и Србија, бидејќи секоја интервенција на Албанија во овој дијалог или за одредени теми во врска со дијалогот ќе претставува кршење на независноста и легитимитетот“.

Ова ги вознемири косоварите бидејќи се плашат дека е можно да ја изгубат поддршката од Албанија.

Во меѓувреме само за потсетување дека голем дел држави ја повлекоа и во најава се уште неколку државо за повлекување на признавањето на независноста на Косово.

Секоја година, на празникот Преображение за време на литургијата се појавува мистеризен облак (Видео)

Секоја година, на 19 август (Преображение на Господ Исус Христос), за време на празничната служба, се појавува мистеризен облак над крстот од црквата Свето Преображение, на врвот на планината Тавор во Израел, кој потоа се шири и се спушта над верниците како животворна влага.

Оваа црква е изградена на местото каде што Исус Христос се преобразил пред апостолите Петар, Јаков и Јован и разговарал со Мојсеј и Илија, Евангелие според Марко, глава 9 (Исусовото преображение)… (…И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“)

Овој благодатен облак е едно од трите чуда што се случуваат секоја година во Израел, покрај благодатниот оган на Велика сабота и фрлањето на крстот во реката Јордан (Богојавление – Водици) кога реката почнува да тече во спротивна насока штом крстот ќе ја допре водата.

Руските и израелските метеоролози тврдат дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура и немаат одговор за овој феномен.

Сергеј Миров, кој учествува во истражувањето на руските и израелските метеоролози вели дека научниците заклучиле дека оваа магла не може да се формира на толку сув воздух и на толкава температура.

Тој вели дека овој „благословен облак“ се спушта само на подрачјето на манастирот.

Работник од прилепско се cтeкнал со тeшки пoвpeди додека поправал камион

На 18.08.2019 околу 12.00 часот во Полициската станица Прилеп било приjaвено дека во Прилеп, на местото викано „Црвени Брегови“, во стовариште за песок, О.И.(61) од с.Селце, додека поправал камион се здобил со тешки тeлecни повpeди и бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Шарените гласно молчат: Блиндиран Мерцедес за 600.000 евра, а сега цвеќиња и пластични цвеќиња за 730.000 евра и тоа годишно

Владата се соочува со нов скандал, а тоа е набавката на цвеќиња, природни и вештачки, за одржување на зелените површини за што само владата ќе плати 783 000 евра за една година. Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје.

Ова е најголем износ за цвеќиња кои, патем, во еден дел и се изнајмуваат од фирмата Триста што било која влада во Македонија од осамостјувањето го платила за оваа намена. Бизнисот со цвеќиња сам по себе е сомнителен и затоа што никогаш нема да се утврди колку цвеќиња се навистина засадени, колку се режани цвеќиња испорачани и колку пластични цвеќиња се изнајмени на одредено време бидејќи се работи за производ кој е времено присутен и не може да се утврди со попис, а парите во износ од 783.000 ќе се дадат, пренесува Вечер.

Претходно, максималната сума која владата и ја платила на фирмата Триста, била 47.000 евра. Меѓу скапите клиенти на фирмата е и општина Карпош со 56.000 евра. Општина Кисела Вода и платила на Триста дури 40.000 евра за цвеќиња. Кога ќе се соберат сите износи кои владата и општините предводени од СДСМ ги даваат за оваа намена износот е околу 900.000 евра и сите тие решиле набавките да ги прават само од една фирма, од Триста дооел Скопје.

Според реакциите на ВМРО-ДПМНЕ при промена на власта една од работите кои ќе бидат анализирани како сомнителни ќе биде и овој тендер.

“Уште една брука за Битола и Градоначалничката? Битолчани служат веќе за мајтап?”

ФОТО/оff.net.mk

Жecтока реакција на социјалните мрежи поради визит картичките на градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Според фотографиите кои кружат, на нив има низа на печатни грешки, а очигледно ги изработувал некој на кој слабо му оди англискиот.

-Како е на англиски за општина, municipality или mynicipality??? Слаб сум со англискиот, а прашувам за една градоначалничка што раководи со град во држава северно од Македонија. MAMАТА ВАША HEПИCMEНА БЕ.

(ВИДЕО) Најмалата внука на Гоце Делчев: Да знаат Македонците, Гоце и неговата фамилија се посветени само на Македонија

Катерина Трајкова Нурџиева е македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево.

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.

Завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.

Во јавноста е актуелна веста за тоа чиј револ уционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање било ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за добрососедство помеѓу двете земји разговараат за историјата.

„Чувајте го чисто името, не дозволувајте некој да го присвојува. Чувајте го и чувајте ги зборовите на Гоце, вистинските зборови на еден прекрасен човек кој му беше посветен на народот”, вели внуката на револуционерот во видеото и додава дека тој бил подготвен да ум ре за својата земја и токму тоа и се случило.

Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот рев олуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој…

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата кои ќе важат за оваа недела

Од ноќеска на полноќ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за половина денар по литар, додека бензините ќе се продаваат по истите цени како и досега, објави РКЕ.

Малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска ќе се продава по цена од 50,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се
менуваат, односно ќе продолжат да се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа таа ќе изнесува 31,650 ден за килограм.

Цената важи од полноќ до наредниот понеделник.