дома блог страница 3120

Пензионерите “тријат раце”: Минималната пензија зголемена за 36 денари, просечната за 63

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Пензионерите револтирани, велат овие суми не се покачување. Над 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари се ранлива категорија и треба да добијат повеќе пари од државата, објавува СИТЕЛ.

Според Аргировски, решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка. Со новиот закон растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата. Заради ова, додека платите годинава се зголемиле за 4%, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4% повеќе пари на своите сметки. Тој вели дека ваква формула не се применува никаде во европските змеји. Го споменува примерот со Хрватска, каде во предвид при пресметување се зема ставката која е поповолна за пензионерите.

Надлежното министерствто за труд одговара дека презема активности за подобрување на статусот на пензинерите. И покрај препораките на Светска банка за замрзнување на пензиите, тие растат. Претходната влада усогласувањата ги правеше надвор од закон и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите. Актуелната власт обезбеди стабилна исплата и континуиран раст. Доказ за тоа се статистичките параметри. Во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530денари, наведуваат од МТСП.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

Новиот потпретседател на СДСМ бркал новинари од влезот на Министерство за здравство (ВИДЕО)

Додека бил портпарол на Министерството за здравство новиот потпретседател на СДСМ Коста Петров не дозволувал медиумите да земат изјави пред влезот на министерството.

Причината да ја избрка екипата на Алфа од пред влезната врата на сонце кога било забрането да се работи на отворено поради високи температури била затоа што новинарите не биле претставници на министерството за здравство а изјавата не била најавена.

Експертот за односи со јавност Петров беше шеф на македонската екипа која ја придружуваше Тамара на Евровизија.

„И во добро и во зло“: Неговата сопруга дознала дека бoлeдувa од pak, па мажот го исполнил ветувањето дадено пред Бог

Фотографот Менди Паркс неодамна низ серијал фотографии ја долови болката, убавината и храброста на женската борба против ракот на дојка.

На фотографиите, Келси Џонсон ја бричи главата на својата сопруга Чарли и заедно се подготвуваат за борбата против ракот.

За помалку од еден ден фотките станаа вирални, а ретко кој издржа до последната фотка да остане рамнодушен.

Моќта на љубовта, поддршката и заедничката борба низ фотографии, кои точно објаснуваат што значи ветувањето „и во добро и во зло“.

Верувале или не! Странец изработува магистерска на тема “Kopупцијата во Македонија”: Помогнете му и одговорете ја неговата анкета

Алехандро Естесо Перез, студент на мастер студии на Универзитетот во Малме во Шведска, верувале или не, работи на магистерски труд посветен на корупцијата во Македонија.

Тој преку Твитер побара помош и одговори на неговата анкета која би му помогнала да го изработи својот труд.

За одговор на прашањата кои се на македонски јазик ќе ви бидат потребни од 10-15 минути, а темата е повеќе од актуелна што се однесува до овие наши простори.

“Сака ли да каже “ЈП за ПУП” дека со скала ќе се влегува во автобусите?” (ФОТО)

Oпштина Прилеп и Општина ЈП за ПУП ја демантираа веста за тоа дека еден од четирите нови автобуси кои ги набави општината се расипа при првото возење.

“Општина Прилеп и ЈП за ПУП најенергично ги демантираат шпекулативните и клеветнички информации на порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за наводниот дефект на еден од новите автобуси на метан”, велат тие во дел од соопштението.

Според фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција, еден од автобусите на метан бил застанат на патниот правец Прилеп-Битола, а до него може да се забележи скала и друго возило.

Според информациите кои ги добивме, автобусот тука стоел околу 4 часа.

Ако не се работи за дефект, зошто тогаш се вршела интервенција на автобусот и за што била потребна скала?

Заев: “Порасна цената на краставиците”

Заев вчера и завчера објави дека ја дигнале цената и на сливата и пиперките.

“Во јули оваа година откупната цена на краставицата бележи пораст и изнесува 34 денари за килограм, што е за 240% повеќе споредено со истиот период 2013 година.

Трудот на земјоделците се вреднува! За оваа Влада земјоделското производство е приоритет”, пишува на Фејсбук фан страната на Заев.

Чудо: “Пајак крена полициско возило во Прилеп?” (ФОТО)

Наш читател ни испрати фотографија од полициско возило кренато од пајак фотографирано низ улиците на Прилеп.

Не е познато дали полицискиот Шевролет останал дефект или пак се работи за непрописно паркирање…

(Видео) Ловец на богатство пронашол камера, а во неа се криеле зacтpaшувачки снимки

Ловец на богаство Рич Алоха за време на една своја авантура пронашол камера во Тенеси на подрачјето околу Форест Фолст.

Иако можеби се надевал дека ќе најде фотографии од некој друг на неа, сепак не ни претпоставувал дека на снимките кои ги пронашол ќе ги види послените моменти од животот на 22- годишниот Ричapд Paнгланд, кој пред две години се удавил додека бил на пикник на водопадите.

Камерата и после толку време била во функција, а ја пронашол во калта. Родителите на Ричард веќе две години ја барале снимката за да може да го заокружат случајот за неговата cmpт.

Скандал: “Се расипа новиот автобус од 250.000 €, на првиот километар?” (ФОТО)

Еден од новите 4 автобуси, кои општина Прилеп ги набави за цена близу од 1 милион евра, неофицијално останал дефект уште на првата проба?

Автобусот е фотографиран на патниот правец Прилеп-Битола, а според фотографиите на него се врши одредена интервенција…

(Видео) Забележала нешто на таванот, па повикала пчелар: Извадиле 50 килограми мед!

Австралискиот плечар Пол Вуд пронашол големо, но застрашувачко откритие во куќа на жена во Бризбејн, Австралија.

Вуд од таванот на куќата извадил околу 50 килограми мед. Во кошница извадил околу 60.000 пчели.

Заедно со колегите внимателно ги отстраниле пчелите во специјална кутија за транспорт.