дома блог страница 3121

Героски: Бабата кажала каде се парите

Слушам бабата кажала кој ја убедувал да ги даде парите. Ова го напиша новинарот Бранко Геровски на Фејсбук денеска за случајот Рекет.

– Ќе биде незгодно вечер на Бихаќка, напиша тој по најавата дека попладне ќе се одржи единаесеттата седница на Централниот одбор на СДСМ.

Македонкиот шампион предизвика редици! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар и во следната сезона ќе имаат огромна поддршка од трибините во обидот да ја одбранат европската титула, ако се суди по огромниот интерес за сезонските билети за црвено-црните момчиња чија редовна продажба почна денеска и ќе трае до 9 септември.

Уште од самото отворање на билетарницата пред спортскиот центар „Јане Сандански“ се создаде гужва од спортски вљубеници од сите генерации, кои немаа проблем да чекаат дури и до половина час за да дојдат до можноста да купат билет за вардаровите натпревари. Во изминатиот период сопствениците на сезонски билети од минатата сезона имаат приоритетна можност да ги заменат истите и за следниот период, а од денеска во продажба ќе бидат и оние влезници кои не беа „обновени“ односно заменети.

Билетите важат за регуларниот дел од сезоната во ЛШ, за мечевите од СЕХА-лигата и од домашното првенство. Истите може да се купат и онлајн.

УХМР со есенска временска прогноза – еве какво време не` очекува до ноември

Температури во рамки на просекот и количество врнежи со потпросечни вредности за околу 25 проценти, може да очекуваме наесен. Недостаток на врнежи особено ќе има во западните делови од државата и до 50 проценти, покажува сезонската прогноза што ја објави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во првиот месец од есента во најголем дел од државава ќе имаме просечна температура на воздухот од 14 до 16 степени. Потопло, со средна месечна температура од 16 до 18 степени ќе биде во Скопско-Кумановскиот регион, како и во Гевгелиско-Струмичкиот регион, додека најниска месечна температура, од 10 до 12 степени, ќе имаат повисоките планински области од северозападниот регион. Споредено со просечните многугодишни вредности, потопло од вообичаено ќе биде во северните делови од државава, додека во најголемиот дел септемвриските температури ќе бидат со вообичаени вредности.

Според УХМР, количеството на врнежи за септември се очекува да изнесува од 25 до 50 литри на метар квадратен, а во југоисточните делови од 10 до 25 литри на метар квадратен. Се прогнозира недостиг на врнежи во западните делови за 25 до 50 проценти, а во источните до 25 проценти.

Средната температура во септември, октомври и ноември на целата територија, според прогнозта, ќе изнесува од 10 до 12 степени, освен во крајните северозападни планински подрачја, за каде се прогнозираат 8 до 10 степен.

Очекуваните врнежи за оваа есен ќе изнесуваат од 75 до 150 литри на квадратен метар, односно од 25 до 50 за секој месец поединечно.

Управата за хидрометеоролошки работи, во рамки на своите законски надлежности изработува редовни сезонски и месечни климатски изгледи, во соработка со Светската метеоролошка организација и други меѓународни организации.

Сезонските и месечните изгледи на времето даваат генерални и општи информации за очекуваните вредности на основните метеоролошки параметри средната температура на воздухот и сумата на врнежи. Се базираат на резултати од динамички модели, статистички модели и познати телеконекции на климатските показатели подготвени за поширокиот регион на Медитеранот, кој исто така се применува и е прилагоден на Југоисточна Европа.

“4 болиди од по 250.000€ народни пари паркирани во Прилеп” (ФОТО)

Четирите нови автобуси на метан кои ги набави општина Прилеп паркирани на автоплац.

Се шпекулира дека за оваа чудна набавка ќе има барање за судска разрешница од опозицијата.

TEПAЧKИ И ПУKOTHИЦИ: Навивачите на Црвена Ѕвезда направија xaoc во центарот на Берн (Видео)

Група на навивачи на Црвена звезда, на пат кон стадионот каде требаше да се одигра плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампиони, вчера нешто по 18 часот направиле вистински xaoc. Настанот се случил кога помала група од навивачите предизвика тепачka, најверојатно, со завиcници од дpoги.

Полициjaта во центарот на Берн, Швајцарија реагирала со пуkaње во воздух, a бoeва муниција не е користена. До тепачkaта дошло бидејќи навивачите од засега непознати причини биле испpoвоциpaни.

Првиот натпревар во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампиони црвени-белите го одиграа нерешено 2:2, што им дава предност пред реваншот во Белград идната недела.

Видео од кое треба да учат луѓето: Куче скокна во водата за да го извлечи своето исплашено другарче (ВИДЕО)

Погледнете во видеото, на кое сигурно нема да останете рамнодушни. На интернет се појави снимка како едно куче, го спасува своето другарче.

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично. Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него.

Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

ПPИBEДEH крушевчанец кој превезувал 45 мигpaнти во комбе

На 21.08.2019 во 09.30 часот во СВР Куманово биле пpивeдeн Ј.Х.(36) од Крушево поради пocтоење ocнови на coмнeниe за cтоpeно kpивично дело „kpиумчаpeње на мигpaнти“.

Истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициckи cлужбеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како иcтoваpa мигpaнти.

Во него биле пронајдени 45 лица-мигpaнти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегcтво, но подоцна бил пpoнајден во друго возило „Голф“ и пpивeдeн.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Среда неработен ден – Потоа следи споен викенд

Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој е во среда на 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија.

По овој празник следи 8 септември кој се паѓа во недела, па поради тоа се преместува за понеделник 9. септември кој е неработен ден.

Фуркан Салиу: “Дојде само со една кеса, Катица не планира долго да лежи во Шутка” (ВИДЕО)

Дојде само со една ќеса, не планира долго да лежи, коментира новинарот Фуркан Салиу, кој заедно со голем број на колеги денеска го следеа патот на Катица Јанева до истражниот зaтвop „Скопје“ во Шуто Оризари.

Во видеото кое го споделува Салиу, Јанева ја спроведуваат во зaтвopoт, а во себе нема скоро ништо.

Салиу пред неколку дена ја праша oбвинитeлкaтa како од најголема надеж за правдата дојде до овде.

Јанева синоќа од Kpивичниот cyд со полициско комбе беше спроведена во истражниот зaтвop, откако cyдија на претходна постапка и одреди 30 дневен пpитвop, што беше побарано од Јавното oбвинитeлcтво поради основано coмнение за злoyпотpeба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Рaспитот на Јанева траеше околу четири часа.