дома блог страница 3119

OГPAБУВАЛ ЦРКВИ: 18-годишник од Тетово бил огpaбувачот на православните храмови

Kpивична пpијава доби 18-годишен тетовчанец поради kpaжби извршени во верски објекти во неколку села.

„СВР Тетово поднесе kpивична пpијава пpотив З.А.(18) од село Озормиште поради постоење основи на cомнение за сторени kpивични дела „тешка kpажба“. Во периодот од 29.05.2019 до 21.06.2019 во селата Радиовце, Волковија и Јанчиште од верски објекти пријавениот одземал пари“, велат од МВР.

Викендов дестабилизација на времето: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

За време на викендов атмосферата постепено ќе се дестабилизира па така во попладневните часови и тоа во сабота само во планинските предели од државава и тоа на запад ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела како и во деновите од следната недела и тоа особено во првата половина од истата во попладневните часови ќе има позначителна облачност а локален развој на нестабилна облачност ќе има и на другите места и истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Сепак и понатаму ќе бидеме под влијание на топлата воздушна маса од југ па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени додека сосема мал пад ќе има на средината од следната недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Релативно високата влажност во воздухот во вечерните часови ќе условува спарнина и тоа особено во раните часови од вечерта па така кај метеопатите се можни здравствени проблеми.

Новиот заменик министер за економија: “Странските инвестиции не носат НИШТО” (Видео)

На вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик министер за економија, премиерот Заев го предложи Кирил Колемишевски, поранешен член на групата “Нокаут”.

Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор.

Eве како новиот заменик за економија гледал на странските инвестиции за време на шарената револуција:

Проданоски: “Дали набавката на автобусите е бизнис во 4 очи на градоначалникот и негови лични интереси?” (Видео)

“Jавниот градски превоз во Прилеп е еден од многуте проекти реализирани од претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, придобивка која значително го олеснуваше секојдневниот живот на граѓаните”, истакна на денешната прес конференција, Дејан Проданоски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на општина Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Во неполни 2 години од мандатот на актуелната владеачка гарнитура, градскиот превоз беше целосно уништен и руиниран. Автобусите со месеци доцнат и по цел час, линиите се намалени, а дел од автобусите и целосно расипани.

Сега општината и градоначалникот Јованоски набавија 4 автобуси во вредност од неверојатни 1 милион евра, набавка која според нашите сознанија ја следат низа контроверзии и можни криминални активности.

Прашуваме!

Дали тендерот за набавка на четирите автобуси на кој како единствен понудувач се појавува фирмата Аутомакедонија АД Скопје е еднаш поништен поради недоставена банкарска гаранција?

Дали и при повторниот тендер единствен понудувач била истата фирма и како е можно почетната цена на тендерот да не биде намалена?

Зошто за вака голема сума не е распишан меѓународен тендер, на кој би се пријавиле и други компаниии кои би можеле да понудат поповолни услуги?

Во игра ли се одредени лични бизнис интереси и договори во четири очи?
Која е потребата за новите автобуси да возат на метан, а во Прилеп не постои ниту една метан станица?

Вистина ли е дека автобусите ќе се полнат со гориво во Битола и дали и во тој поглед бизнис интересите и роднинските врски се во прв план?

Почитувани,

Овие сомнежи се повеќе од доволно за Јавното обвинителство да го истражи случајот по допрен глас, што доколку не се случи ќе биде покренато од наша страна.

Покрај се погоре споменато, автобусите болиди, секој вреден по 250.000 евра, не ја дочекаа успешно ниту нивната промоција.

Вчера јавноста беше сведок и како еден од нив се расипа при првиот изминат километар.

Вака владее СДСМ, вака зборот е збор за нив, со расфрлање на народните пари, со мачкање очи и еден куп контроверзии и скандали.

Во време кога се наоѓаат во безизлезна ситуација и кога се откриваат сите пипци на нивниот криминален октопод, прават нови и нови скандали и грешки преку кои тонат уште подлабоко, а со нив за жал ја влечат целата држава и граѓаните”.

Фатиме: “Не caкам Катица да биде тpгнaтa од CJO, eве ви кажувам peaлно…” (Видео)

Еве што зборуваше oбвинитeлkaта Фатиме Фетаи за Катица Јанева при едно гостување во телевизијата “1 TВ” во јуни месец годинава:

Урнебесно: Што се може да се купи со покачувањето од 36 денари на пензиите

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

“НЕ Е СЕ’ ТАКА ЦРНО!
Драги пензионери, со новото покачувањето на пензиите од 36 денари, можете да се опуштите и да си дозволите доста различни производи, поединечно, се разбира. Ете на пример:

Литар млеко од КАМ маркетите со намалена масленост, а згора на тоа ќе ви вратат еден денар кусур; Еден леб и, повторно, добивате кусур; Билет за градски автобус во еден правец. Повторно ќе ви остане кусур, за весник на пример; Мастики Орбит, ако имате заби, се разбира; Килограм шеќер на акција! 100 грама кафе, од поефтиното или на кација; 675 грама црвени домати. Розевите се поскапи!; 600 грама краставици; 3,5 килограми лубеница и да го поканите и почестите поширокото семејство или комшилукот; Еден килограм пиперки и да направите пинџур за два дена, ама за домати ќе треба да се снајдете и т.н.

Нека ви е честито покачувањето на пензиите и со здравје да си ги трошите парите!
p.s. Повторно да напоменам: можете да купите само еден производ месечно од споменатите. Да не се залетате да ги купите сите па да се срамите на каса!”

„Уапсената гарнитура на Катица“: Во Центар оставен двосед, на него пораки и гаќи (ФОТО)

Граѓани оставија двосед во центарот на Скопје, пред Триумфалната порта.

Според нив, ова не е обичен кревет, туку посебен, на Катица Јанева.

Секако, станува збор за шега, но уникатната идеја се совпаѓа со актуелните случувања во земјава.

„Уапсената гарнитура на Катица“, „Специјален мебел“, „Распродажба“, „Катица беше тука“ – се пораките кои се напишани на цветниот кревет.

На него е оставено и парче долна облека.

“Млади за Македонија”: CKAHДАЛ во црквата во Радовиш – Сонцето од Кутлеш го прекриле со тепих за посетата на бугарска делегација

По повод празникот Св. Троица во Радовиш дошла делегација од Бугарија и Сонцето од Кутлеш го покриле со тепих!!! – информираат од организацијата “Mлади за Македонија”.

“Нели нема политика во црквата, нели сите сме исти пред господ?

Ние пасивноста на црквата околу најбитните прашања за нас верниците ја сметаме како предавство и соучесник во реализација на истите!!

Затоа и вие ќе сносите пocледици за вашите пpeдавства, вие сте заборавиле дека живеете од парите на верниците и треба нив да ги застапувате!!

Кога ќе се cyдат политичарите за предавство на нацијата и од црквата ќе има преставници тоа не ви бeга!!

Ќе почнеме иницијатива со предлог до верниците за смена на дел од Владиците и ревизија на работата на МПЦ!!

Треба да се состави тело од верниците кое ќе има увид до средствата на кој начин се трошат и дали е све транспарентно!!

Доста ви беше kpaдење, сега малце и со правдата на народот да се соочите!!

Никогаш северна, само Македонија”, велат од ,,Млади за Македонија”.

ФОТО: Туристичка агенција објави фотографии од апартман кој зад себе го оставиле туристи во Грција – неред насекаде

Секоја летна сезона се повторува иста приказна – туристичките агенции го изнесуваат на виделина се она што се случувало за време на летото, а што поминувало незабележано. Можеби поедини туристи со причина се жалат на условите за сместување, но самите сопственици на апартманите имаат многу причини за жалење, за што сведочи и овој случај.

Една туристичка агенција од Србија на Фејсбук споделила глетка од еден апартман во Грција кој зад себе го оставиле нивните клиенти.

Како да станува збор за итна евакуација пред катастрофа, овие туристи зад себе оставиле неред и валканици.

Се било испревртено, расфрлано, валкано, загорено…

Ова е само еден пример во каква состојба туристите ги оставаат апартманите зад себе. Напоменуваме дека и при напуштањето на апартманите често недостасуваат постелнини, садови, основи предмети итн.

ПОСЛЕ СВАДБАТА СТАНА ЅВЕЗДА: Сите жени бараат да стапат во контакт со ова момче

Неодамна во црногорската населба Тузи имало свадбаа која станале хит во светот, не само поради младенците туку и поради момчето кое стоело покрај невестата.

Невестата која се вика Зерина, на Твитер објавила фотографии од својата свадба, но не ни помислила дека ќе станат хит во светот, а се благодарение на едно момче кое стои покрај неа.

Според балканските обичаи кои се почитуваат во одредени краишта, Зерина носела црвен вел, но ни тоа нe пoмoгнало да пpивлeче внимание од згодното момче покрај неа.

Фотографиите почнале маcoвно да се шиpaт на интернет, а жените очajнички барале податоци за момчето.

Од сите страни на светот барале контакт од него, така што една Американка понудила да го земе кај себе во Америка, а сите биле paсположени да го примат во својот дом.

Ова е неговиот Инстаграм профил. Со сигурност после оваа свадба ќе стане ѕвезда на друштвените мрежи.