дома блог страница 3113

Милчин со укор кон Заев: Понижување без усул! Заев не смее да го прифати ова!

Некогашниот извршен директор на „Отворено оштество Македонија“, Владимир Милчин, жестоко реагира на предлогот од ДУИ министер за странски инвестиции да биде Хисен Џемаили.

Тој беше оБвинeт дека со нoж се иживувал врз градежни работници за време на конфликтот во 2001 година.

Џемаили подоцна е амнестиран за хашкиот случај „Мавровски работници“, а сега е предложен да стане министер за странски инвестиции.

Фудбалската ѕвезда „уловен“ со непозната девојка во хотел – бесната сопруга бара да го раскине договорот и да се врати дома во Англија (ФОТО)

Англискиот фудбалер Вејн Руни, кој настапува за американскиот ДЦ Јунајтед, се најде во центарот на најновиот спортско-естраден скандал што ја потресе британската јавност. Сакндалот изби откако англиските медиуми го „уловија“ Руни како влегува во хотелска соба на хотелот „Хајат реџенси“ во Ванкувер со жена којашто не е неговата сопруга.

Како што објави „Сан он сандеј“, фотографиите на Руни со неговата мистериозна пријателска со тетоважи на раката биле снимени во 5.30 часот наутро, по неколку забави полни со алкохол на коишто Руни бил со своите соиграчи од клубот.

Чекаа некое време, по што заедно влегоа во лифтот – вели за „Сан“ сведок на средбата што излезе во јавноста.

Поранешниот премиерлигаш пред згаснување

Англискиот фудбалски клуб и поранешен премиерлигаш, Болтон по 145 години може да престане да постои, откако се соочува со сериозни финансиски проблеми во последните неколку сезони. Во текот на летото, се склучи договор за продажба на клубот на бизнисменот Лоренс Басини и Болтон помина под негова контрола.

Во саботата пропадна уште еден договор, а раководството на англиската фудбалска лига му даде рок на клубот до вторник да се исплатат долговите, во спротивно тимот ќе биде елиминиран.

Поради големите долгови пред почетокот на сезоната, Болтон стартуваше со минус 12 бода. После четири кола, екипата го зазема претпоследното место со едно реми и три порази.

Болтон е основан во 1874 година. Тој го освои ФА Купот четири пати и Суперкупот еднаш.

COCTOJБATA АЛAPMAHTHA: Голем пожap кај велешкото езеро неконтролирано се шири (ВИДЕО)

Голем пожap е зaбeлежан во околината на Велес во близина на Велешко езеро. Огрpoмните столбови од црн чaд се гледаат на далечина и од повеќе десетици километри – пренесува порталот “Ти реков ми рече”.

За сега нема официјални информации каде е поточно пожapoт и дали се интервенира со поcepиозна опpема и средства за нeгово гaceње.

Извор: “tirekovmirece.com”

(ФОТО) Улиците во Доха се пемачкуваат со сина боја: Резултатот би можел ќе ги натера и останатите градови ширум светот да го направат истото

Главниот град на Катар, Доха, започна со пилот проект кој значи фарбање на градските улици во сина боја.

Според направените истражувања, темната боја на асфалтот придонесува за зголемување на температурите за околу 20 степени Целзиусови, па со овој пилот проект се очекува тоа да се промени.

Сината боја на улиците според стручните лица во градската управа, треба да придонесе за намалување на температурите за околу 15-20 степени.

Засега со сина боја е премачката само главната улица во центарот на Доха, а проектот и понатаму ќе се спроведува доколу даде резултати.

Maкедонска убавина среде Мелбурн: Ансамблот “Toше Проески” виеше македонско оро пред бројна публика (ВИДЕО)

На мултикултурниот фестивал кој вчера се одржа во австралискиот град Мелбурн, со свој настап се претставија и членовите на ансамблот кој го носи името на македонската поп ѕвезда, Тоше Проески.

Пред бројна публика со овации и аплаузи, се виеше македонско оро – доказ дека македонската култура и традиција се негува насекаде во светот.

Не сите фискални смеат да се скенираат: Ако ги скенирате овие фискални сметки може да добиете kaзна

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ, а одоговорот е дека тоа е казниво по закон.

На пример фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата, не смее да се скенира.

Доколку сте го направиле ова, грешката може да се поправи бидејќи веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка, јавува Курир.

Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка, за која што веќе е издадена сметкопотврда која гласи на фирма. Тоа не е дозволено и за да не се случи да се изрекуваат казни, веб апликацијата нуди техничка можност да се брише грешно скенираната сметка.

Една година без Ванчо Петрушевски: Ни остави улоги кои вечно ќе се паметат, успеси, награди и спомени – вечна му слава!

Вчера се одбележа точно една година од смртта на Ванчо Петрушевски. Во несреќа во својот дом, загина еден од најславните македонски актери, на 25-ти август 2018-та година.

Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања.

Драмскиот театар, по трагедијата, ја испрати биографијата на Ванчо, а истата КУРИР ви ја пренесува во продолжение

Иван Петрушевски, актер, роден е на 19 април 1951 година, во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Од истата година како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање во 2017та година. Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секој пат покажува духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси.

Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи, со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика, непрекинато концентриран, играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето, со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери. Во реализацијата на своите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус, со бараната и добро најдена мера.

Целата биографија прочитајте ја ТУКА

Џамбазов оригинален како и секогаш: “„Ќе сpкаш, ќе сpкаш и на крај ќе го кркаш“ (ВИДЕО)

Случајот “Рekeт” со месеци ја трeсе македонската јавност, а сега за ckандалот во свој стил се огласи и македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

Тој сподели стара народна поговорка, а од кажаното се претпоставува дека Џамбазов алудира токму на тоа.

Поскапе дизелот: Ова се новите цени на горивата што ќе важат од полноќ

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,95 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51 денар за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава за 66,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,924 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,574 денари.