дома блог страница 3112

Лукот е здрав, ама не секогаш и за секого: Oвие податоци мора да ги знаете

Лукот е преполн со антиоксиданси како што се алицин и алин. Студијата на Институтот за медицинско истражување покажала дека зрелиот и никнат лук е одлично средство против габични и вирусни заболувања, како и против стомачни грчеви, диареја, варење…

Иако многумина мислат дека никнатиот лук треба да се фрли, Naturalcureshouse пишува дека лукот е зрел дури кога ќе пушти никулци и тогаш неговите лековити својства се најефикасни.

Богат е со минерали и нутриенти, помага кај настинки и кај труење, а помага и како заштита од канцерогените клетки.

Ако сакате да се заштитите, користете изникнат лук, додадете го во салати или во други јадења и редовно консумирајте го.

Но, има случаи кога лукот треба да се избегнува.

Еве кој и кога треба да избегнува консумирање на лукот.

Пациентите пред операција

Се препорачува пациентите кои ги очекува операција да престанат да консумираат лук најмалку две недели претходно, затоа што би се продолжило времето на крварење.

Луѓето со низок притисок

Лукот може да го намали притисокот, такашто, теоретски, неговото консумирање може да предизвика премногу низок притисок.

Луѓето кои имаат проблем со црниот дроб

Иако лукот има антибактериско и антивирусно својство и може да убива бактерии и вируси, не треба да се користи во спречувањето на вирусот на хепатитис. Имено, некои елементи од лукот можат да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да ја инхибира секрецијата на дигестивниот сок во дигестивниот тракт кадешто влијае на варењето на храната и така влошува многу симптоми за пациентот со хепатитис, како што е на пример, мачнината.

Освен тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лук може да предивика анемија.

Луѓето кои боледуваат од очни болести

Група луѓе кои не треба да јадат лук се пациентите со очни болести, посебно оние со лошо здравје. Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање на лук во големи количини подолг временски периоди може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така може да предизвика и губење на помнењето зуење во ушите и други здравствени проблеми.

Лицата кои страдаат од диареја

Пациентите кои страдаат од диареја треба да избегнуваат сиров лук зашто неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и вложување на едемот. Ако пациентот боледувал од диареја, треба да консумира лук во помали количини.

Трудници и доилки

Во нормални количини, лук е безбедно да се зема во текот на бременоста. Меѓутоа, не се знае колку точно смее да се внесува во текот на бременоста и доењето затоа што не постојат доволно сигурни информации за неговата безбедност во овие случаи.

Kуќата на Пресвета Богородица во Турција каде секогаш има врвулица од посетители, а сепак владее вистински мир и тишина

Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, Турција е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите – пишува порталот “Шеталиште”.

Според Библијата, Исус додека беше распнат на крстот го замолил Свети Јован да се грижи за неговата мајка Марија. Во тој момент, Исус рекол дека Свети Јован е нејзин син, а таа негова мајка.

Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги помина во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Лашкоска: Со аферата Рекет, Заев сака да го скрие криминалот во неговата влада (ВИДЕО)

Имам впечаток како власта да сака да ја заташка целата ситуација, односно како да сака да бидат амнестирани, скриени, оние кои што биле главни во таа акција, реше во интервју за Курир, Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Лашкоска во продолжение на интервјуто побара брза разрешница на аферата Рекет, но рече дека не е оптимист дека тоа ќе се случи.

Таа посочи дека во целиот случај има многу нерегуларности, од самиот почеток на истрагата па се до денес.

Лашкоска не заборави да спомене дека во моментов власта се бори против политичките неистомисленици, а со тоа дека секој кој не размислува како нив се препрака на други работни места далеку од нивното место на живеење.

Во продолжение погледнетего целосно интервју со Ане Лашкоска за “Курир”:

(ВИДЕО) Брнабиќ ја виде двојазична Македонија на дело – пpотоколот во гpч за превод од албански

Претседателката на Владата на Србија можеше директно да се увери во функционирањето на двојазичноста во Македонија кога новинар на телевизијата Алсат-М им постави прашање на неа и на македонскиот премиер Зоран Заев на албански јазик, пренесува Експрес.

На протоколот му требаше време за да обезбеди превод, барајќи од новинарот да го постави прашањето и на македонски.

На видеото овој момент е по 46:25 минути од почетокот:

Емотивно до срце! Младиот херој од Охрид побара Божја помош за успех! Ќе плива 64 километри за ретките (ФОТО)

Maрко Пејчиновски, малиот херој од Охрид, кој минатата година го преплива Охридското Езеро, оваа година се подготвува за нов голем подвиг.

На својата Фејсбук фан страна Марко најави дека на големиот христијански празник, Голема Богородица, ќе плива од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Марко ќе плива за децата со ретки болести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

Денеска тој се помоли пред Бога за да успее неговиот нов подвиг од 64 километри должина.

“Господе, и денес велам нека биде ВОЉАТА твоја!” Спремен за ГОЛЕМИОТ подвиг – за освојување на езерото и 64км – за РЕТКИТЕ! – напиша Марко на својата Фејсбук страна.

Не е Амазон, туку Велес: Еве колку страшно изгледал пожарот кај велешкото Езеро (ВИДЕО)

Попладнево голем пожар избувнал во близина на велешкото вештачко езеро. Според фотографиите и видеата кои се шират на социјалните мрежи, пожарот бил вистински xopop.

Не е познато дали пожарот има зафатено и од објектите околу езерото. Според информациите на терен се и авиони кои помагале во гаснењето.

Пожарот стигна и до автопатот Скопје-Велес, каде поради густиот чад, сообраќајот се одвива со големи потешкотии.

(ВИДЕО) Лекција за сите: Момче во Црна Гора видело девојче кое тажно го гледа додека јаде сладолед, па направи нешто прекрасно

На Фејсбук страната “Подгорички времеплов” објавено е едно неодоливо видео. Се работи за момче кое забележало како едно девојче тажно го гледало додека тој јаде сладолед.

Момчето потоа потоа отишло до неа и и’ подарило еден.

Навистина еден великодушен потег од кој треба да учат сите!

“Директорката што набави автобуси за 1.000.000 € ќе мора да ја покаже мегународната објава еден ден…?”

На прес конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп околу сомнежите за набавката на 4 нови автобуси на метан од општина Прилеп, реагираше и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска.

Наспорти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека за оваа набавка не бил објавен меѓународен тендер, Цветаноска го тврди спротивното дека таков тендер бил објавен, а компанијата која го добила тендерот била ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ.

Инаку ЈП за ПУП и Општина Прилеп реагираа со демант дека еден од автобусите се расипал при првиот изминат километар, пред нивната промоција.

Но, откако беше откриено дека тендерот за набавка не бил меѓународен како што тврди директорката, нема никаков одговор.

Неодоливо видео: Реакцијата на мaлиот син од Меси при шанса за Барса

По поразот во првото коло од Атлетик Билбао, синоќа Барселона го доби Бетис со 5:2 во рамките од второто коло во “Ла Лига”.

Резултатот на Барса остана во сенка откако во јавноста излезе ова видео од трибините, каде заедно седеа повредените Суарез, Меси и Нето со нивните најмали.

Во еден момент при шанса за Барса, малиот син на Меси, Матео, помисли дека тимот на неговиот татко постигна гол, па реагираше бурно.

Погледнете што се случи:

Пожарот од велешкото езеро дојде до автопатот: Густи облаци чад се издигаат насекаде, а сообраќајот се одвива отежнато (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Голем пожap е зaбeлежан во околината на Велес во близина на Велешко езеро. Огрoмните столбови од црн чaд се гледаат на далечина и од повеќе десетици километри – пренесе претходно порталот “Ти реков ми рече”.

COCTOJБATA АЛAPMAHTHA: Голем пожap кај велешкото езеро неконтролирано се шири (ВИДЕО)

Пожарот околу велешкото вештачко езеро е дојден и до автопатот каде густиот чад создава огромни проблеми во сообраќајот.

Според информациите кои ги добивме од очевидци на автопатот не се забележуваат екипи на противпожарната единица, а автомобилите се движат отежнато.