дома блог страница 3111

(Видео) Публиката го скандираше името на херојот: Повеќе од 100.000 луѓе од Москва се поклонија пред пилотот кој спаси 233 животи

Ѕвездите на шоубизнисот, научници, јавни личности, како и херои на руската држава, учествуваа во одбележувањето на Денот на националното знаме на Русија во центарот на Москва на 24-ти август.

На концертот посветен на 350 годинишнината од руското знаме, пред повеќе од 100.000 луѓе на Авенијата Сагаров, говореше и Дамир Јусупов.

Овој 41-годишен пилот стана национален херој откако на 15-ти август безбедно го спушти авионот Ербас А321 кој беше онеспособен поради судир со јато галеби.

Јусупов спаси 233 патници и членови на екипажот, а неговата храброст беше наградена со орден за руски херој од претседателот Владимир Путин.

Униkaтните “Фолтин” во четвpтoк со концepт во Прилеп

„Фолтин“, или псевдно-емигрантското кабаре, како што сакаат себеси да се нарекуваат, во четврток ќе одржат концерт на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“, со почеток од 21 часот.

„Фолтиновци“ оваа година се актуелни со албумот „МОМÓМА“, кој според писателот и рецензент Дејан Трајкоски е „најзрелиот албум на битолската група“. Музички клуч под дипле, со кој, вели тој, влегувате којзнае каде. Благо џезиран, а бескрајно љубовен.

Влезници по цена од 100 денари за концертот во Прилеп можат да се набават во кафе „Чоше“ и таверба клуб „1990“.

Крушевчани со огpoмни cpца: Пpoнашле peдок вид зaтpуeн був, го излekувaлe и го пуштиле во шумата (ФОТО/ВИДЕО)

Група хумани крушевчани пронашле затруен редок вид на шумски був и го спасиле!

Според нив бувот се затрул од некаква храна, па откако му дале противотров и антибиотик го однеле на сигурно и го пуштиле во неговата природна средина.

Навистина еден потег кој зрачи со добрина и хуманост и што за денешно време е вистинска реткост.

Секоја чест! Музичкото дуо “ДНК” донира за возобновување на шумата во Велес и ги повикаа сите хумани граѓани и колеги

Музичкото дуо ДНК се меѓу првите естрадни уметници кои изразија желба за донирање и повикаа сите нивни колеги и хумани граѓани да се вклучат во акцијата за возобновување на белите дробови на Велес.

“Драги луѓе
Со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од “БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” на градот, ние како ДНК ( Панчо, Андреј, Лазар ) сакаме да донираме скромни 6.000денари (не сме Леонардо ДиКаприо толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош. Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (БРАВО така треба), но некако нашето најмалце си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе, да донираат на било каков начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ”БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” и да се избегнат други лоши консеквенци, кои не дај боже удираат по нивното здравје. Го повикувам градоначалникот на Општина Велес, во најбрз можен рок да отворат сметки и броеви за донации и јавно и транспарентно да се следат донираните средства кои ќе одат за пошумување на уништената површина. Велес има право на чист и здрав воздух!”
, напишаа од ДНК на Фејсбук.

Галерија: “Битола под “опсада” на прилепски болиди од милион евра”

Како што најавија од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, така и се случи. Новите автобуси на метан кои ЈП за ПУП и Општина Прилеп ги набавија денеска фотографирани како полнат гориво на бензиска пумпа во Битола.

Четирите автобуси чија набавка чини 1 милион евра, во саботата ги промовираше премиерот Зоран Заев, а од опозицијата побараа одговори за низа наводни нерегуларности при набавката и тендерската постапка.

Со оглед на тоа дека во Прилеп нема метан станица, автобусите ќе полнат гориво дури во Битола, што според директорката на ЈП за ПУП не е ништо спорно, бидејќи како што посочи на прес конференција тоа е во согласност со распишаната јавна набавка.

Граѓаните се интересираат и за тоа колкав дополнителен трошок ќе предизвика набавката на овие автобуси со оглед на тоа што редовно ќе одат до Битола за да полнат гориво.

Фотографиите утрово ни ги испрати читател на нашиот портал.

(ФОТО) Црвена Ѕвезда постави тенк пред стадионот “Маракана”: Симболиката на новиот украс е моќна

Црвена Звезда денеска ќе го игра реваншот од квалификациите во Лигата на шампионите против швајцарски Јанг Бојс.

Првиот натпревар заврши со резултат 2:2, а Звезда на свој терен ќе се обиде да дојде до нов настап во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

Пред овој натпревар пред стадионот „Рајко Митиќ“ одлучија да постават – тенк!

Тенкот ја симболизира војничката верност на навивачите на Црвена Звезда и фановите ќе имаат прилика да се фотографираат покрај оваа атракција.

За два дена пад на темпеpaтуpитe, a попладневно пopoeн дожд и гpмeжи

Утре во поголемиот дел од земјава ќе се задржи стабилно и топло време. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Потоа, како што информира УХМР, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите.

УХМР за попладнево најавува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. И во делови на Скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.

Утре утринската температура ќе биде од 11 до 19, а дневната од 24 до 37степени.

Пример за општествено одговорна компанија: Витаминка ќе стипендира студенти на Машински и на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Витаминка ќе додели 4 целосни стипендии за додипломски студии за академската 2019/2020 година. Стипендиите ќе се доделат по две на Машинскиот факултет во Скопје, и тоа во некоја од насоките производно инженерство; материјали, процеси и иновации; индустриско инженерство и менаџмент; мехатроника; автоматизација и управувачки системи. Другите две стипендии ќе бидат за кандидатите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, односно некоја од насоките електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија; електроенергетика, управување и менаџмент.

Со доделувањето стипендии Витаминка има за цел да ги поттикне младите да го изградат својот професионален профил во некоја од техничките насоки и ги повикуваат да се пријават на конкурсот.

„Доделувањето стипендии е во склоп со нашата корпоративна одговорност и со компаниската филозофија за значењето на стручното високо образование како и константната потреба од вакви кадри за производните процеси. Токму затоа, стипендиите се лоцирани во машинските и електротехнички насоки, каде што веруваме дека има големи капацитети и уште поголеми потреби, а сето тоа отвора и многу можности за образованите академски граѓани да станат професионалци“, велат од компанијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат критериумите од конкурсот, да покажат желба и амбиција за образување во овие области. Студентите кои ќе ги добијат стипендиите ќе бидат обврзани за редовно студирање и запишување на семестрите како и на задолжителна феријална пракса во Витаминка, во текот на летниот период во траење од најмалку 30 (триесет) дена.

Просветарите и СОНК со цврст став-ШТРАЈК ЌЕ ИМА

До први септември ако МОН не испорача резултати, протест ќе има во понеделник, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков за Сител.

Покачувањето од 5 проценти е недоволно за просветните работници, писмо со јасни барања испратиле до министерот.

Доколку учебната година не почне навреме вината ќе биде кај министерот. Од него зависи дали ќе има штрајк. Нашиот став останува ист, ако не повика на средба оваа недела и испорача конкретни резултати на нашите барања одлуката ќе биде променета. – порача Неделков од работен состанок на Синдикатот во Куманово.

Неверојатни 560 денари за патарини од Скопје до Гевгелија и назад – ќе се градат уште 3 нови

Од вчера почна да работи новата патарина на автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б-категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари, додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Електронското плаќање од минатиот месец е достапно на наплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Во тек е надградба за приспособување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.

Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево – Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар). Во тек е евалуација на понудите за избор на најповолен понудувач на тендерот за изградба на патарините и електронската наплата што беше распишан во јуни годинава е во вредност од 13 милиони евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.